Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 149–161

Три доцнохеленистички гробници во стена од лок. „Дибек“ с. Суводол-Битола

Во 1931 година Франце Месеснел вршејќи увид на новооткриената ранохристијанска базилика кај месноста „Сланец“ с. Суводол-Битола извршил увид и на локалитетот „Дибек“ каде што констатирал остатоци од влезниот дел на една гробница во стена и остатоци од друга гробница чијашто сводна конструкција веќе се руинирала. По негови упатства првата гробница ја „исчистил“ месниот учител а потоа Месеснел го дал нејзиниот опис.1

Во рамките на долгогодишната програма за заштита на археолошките локалитети загрозени со експлоатацијата на лигнитот од страна на рек-Битола во 1991 година екипа од Заводот, Музеј и Галерија од Битола вршеше заштитни истражувања и на локалитетот „Дибек“ којшто се наоѓа на едно мало возвишение североисточно од с. Суводол и доминира над некогашната античка населба со базилика.2

Во 1991 година целосно се истражени три гробници. Најпрво е истражена гробницата чијашто сводна конструкција беше делумно срушена уште во времето кога Месеснел извршил увид на теренот.3 Потоа е очистена од ерозивниот нанос гробницата отворена во 1931 година и накрај е откриена и истражена уште една гробница којашто се наоѓа во непосредна близина на претходните две гробници.

ГРОБНИЦА 1

Димензии: Дромос

Должина 7,13 м; широчина на почетокот 0.70 м; широчина на крајот (пред влезот во преткомората) 1,20 м. Страничните зидови на дромосот се вертикално вделкани во стрмната карпа,

Преткомора

Влезот во преткомората го фланкираат мали банкини со димензии: 0,36 X 0,16 м. Тој е со широчина 0,80 м, длабочина 0,48 м и височина 1,40 м. На "0,10 м над горниот раб од овој влез има водорамно вдлабена линија којашто го означува надвратникот. Откако бил извршен погребниот ритуал влезот бил

Илустрација, стр. 150

затворен со сувозид од мазни речни камења што укажува на тоа дека гробницата не била ограбена. Преткомората има правоаголна основа со димензии: должина 0,97 м, широчина 1,70 м. Кровот е срушен.

Комора

Влезот во комората е со широчина 0,60 м и длабочина 0,40 м. Горните делови од довратниците, надвратникот и покривот се срушени. Комората има правоаголна основа со должина 2,28 м и широчина 1,95 м. На височина од 1,40 м од подот од страничните зидови почнува полукружно засведување, но поради оштетеност не може да се одреди височината на сводот.

На подот во комората од источната, западната и северната страна во стената е изделкан по еден правоаголен блок коишто формираат гробна јама отворена од страната на влезот со димензии: должина 1,60 м, широчина 0,62 (0,68) м и длабочина 0,55 м. Ј

Димензии на блоковите: источен: 1,42 X 0,67 X 0,55 м; западен: 1,26 X 0,70 X 0,52 м; северен: 1,62 X 0,62 X 0,57 м.

Висинската разлика од-затекнатата површина на теренот до подот во главната комора изнесува 2,98 м. (Сл. 1; скица 1).

Сл. 2
Сл. 2
Сл. 3
Сл. 3
Илустрација, стр. 152

Наоди

1. Биста на Афродита облечена во тенок деколтиран фустан опашан веднаш под градите и со набори коишто паѓаат следејќи ги контурите на телото. Има кратки ракави со по три брадавичести украси. Цртите на лицето се правилно дадени, косата е поделена на патец во средината и собрана позади. На главата има српоидна дијадемна којашто е украсена со венец од осум чашкасти цветови со пупки во средината. На ресиците од ушите има кружни отвори. Левото рамо е нешто пониско. Телото на бистата е празно а зидовите се дебели сса 0.8 м. Од задната страна бистата има два отвори со неправилна кружна форма и тоа едната од задната страна на главата со пречник 0,7-0,8 м, а другата на плеќите со пречник сса 0,8 м.

Земјата е добро прочистена и средно печена со светлоцрвенкаста боја. Димензии: височина 0,39 м, широчина 0.30 м (Сл. 2).

2. Амфора со крушковидна форма. Стои на ниска прстенеста нога, вратот е конусовиден а венецот е оштетен. Од рамото излегуваат две лентести држалки коишто завршуваат во висина на венецот. На горниот дел на мевот има две плитко врежани кружни линии.

Изработена е од средно прочистена и добро печена глина со црвенкаста боја. Димензии: височина 0,45 м, пречник на дното 0.10 м (Сл. 3).

3. Сад со крушковидна форма, со низок цилиндричен врат којшто завршува во заоблен венец. Ногата е конусовидна а од рамото на телото излегуваат две држалки со кружен пресек кои го надвисуваат венецот и се извлечени малку косо спрема надвор.

Сл. 5
Сл. 5

Изработен е од добро прочистена и средно печена глина со светложолтеникава боја. Од надворешната страна има траги од светложолт премаз. Димензии: височина со држалките 16,3 см; височина без држалките 13,2 см; пречник на венецот 8,6 см; пречник на дното 7,2 см (Сл. 4).

4. садче со биконусен мев, ниска прстенеста нога и цилиндричен врат којшто завршува во венец малку извлечен спрема надвор. Од мевот излегуваат две лентести држалки коишто завршуваат под венецот.

Изработено е од добро прочистена и печена глина со светлосива боја. Од внатешната и надворешната страна има остатоци од црна глазура. Дименa височина 5,2 CM; пречник на венецот 11,7 см; пречник на дното 5,5 см (Сл.

локалитет Дибек с.Субодол

Илустрација, стр. 153
Upecek a -a
Upecek a -a

ГРОБНИЦА 2 R=1: 50 БИТОЛА

ГРОБНИЦА 2

Описот на оваа гробница го има дадено Ф. Месеснел и тој главно се совпаѓа. со описот што го дадовме при нејзиното второ чистење во 1991 година.4

Дромос

Димензии: должина 8,40 м; широчина на почетокот 0,80 м; широчина пред влезот во преткомората 1,05 м. Страничните зидови на дромосот се вертикално вделкани во стрмната карпа.

Преткомора

Горните партии од влезот во преткомората се срушени. Влезот е со широчина 0,60 м и длабочина 0,67 м. Од извештајот на Месеснел дознваме дека влезот во преткомората бил затворен со сувозид.5 Преткомората има правоаголна основа со димензии: должина 0,75 м; широчина 1,55 м. На 1,55 м од бочните зидови почнува сводот којшто во средината е на 1, 65 М ОД ПОДОТ ВО преткомората.

Комора

Димензии: широчина 0,75 м; длабочина 0,62-м и височина 1,33 м; височина на прагот 0,10 м. Над влезот се наоѓа единствениот архитектонски украс во гробницата. Тоа е длабоко врежана линија која што асоцира архитрав а довратниците се означени со вертикално спуштени линии на 0,20 м од работ на довратниците.

Комората има правоаголна основа со димензии: должина 2,50 м; широчина 1,90 м. На височина од 1,60 м од бочните зидови започнува лачно засведениот свод којшто во средината е висок 1,80 м. Висинската разлика од затекнатата површина на теренот до подот во комората е 4,05 м (Сл. 6 скица

Наоди

За движниот материјал од оваа гробница дознаваме од споменатиот извештај6 на Ф. Месеснел. Амфората дадена на сл. 6 е наполно идентична со онаа од гробница 1 (Сл. 3) од овој извештај.

ГРОБНИЦА 3

Во непосредна близина на претходните две гробници, северозападно од нив, откриена е уште една гробница за чиешто постоење немавме претходни сознанија.

Илустрација, стр. 155

Nokonuied Дибек“ c. Cybogan ГРОБНИЦА Еј

Илустрација, стр. 156

Дромос

Димензии: должина 7,10 м, со тоа што на почетокот е со широчина 0,75 м а пред влезот во преткомората 0,95 м. И кај оваа гробница страничните зидови на дромосот се вертикално вделкани во стрмната карпа.

Преткомора

Димензии: широчина 0,73 м; длабочина 0,34 м и височина 1,20 м.

Над влезот со длабоко врежана линија е означен архитрав којшто вертикално се спушта од страните на влезот асоцирајќи довратници. Овој влез беше затворен со една камена плоча со димензии: 1,31 X 0,74 X 0,8 м. Рабовите на плочата беа пополнети со ситен камен поврзан со глина што укажува на тоа дека гробницата не била ограбена. Преткомора

Преткомората има неправилна правоаголна основа. На почетокот е широка 1,43 м а на другиот крај 1,20 м. Должината изнесува 1,00 м. На височина од 1,25 M од страничните зидови започнува полукружно засведениот покрив којшто во средината е висок 1,70 м. Комора Влез

Димензии: широчина 0,80 м; длабочина од 0,37 M; височина 1,25 м. Прагот е висок 0,12 м.

Комората има неправилна правоаголна основа. Димензии: широчина на почетокот 1.96 M; широчина на крајот 2,17 м; должина 2,34 м. На височина 1,45 м од страничните зидови започнува полукружно засведениот покрив чијашто височина во средината изнесува 2,05 м. Височинската разлика од затекнатата површина на теренот и подот во комората изнесува 4,30 м (Сл. 7,

скица 3).

Наоди

1. Сад со крушковиден мев, ниска прстенеста нога и кус врат којшто завршува во венец благо извлечен спрема надвор. Има две држалки со кружен пресек коишто излегуваат од рамото на садот и вертикално се издигнуваат над венецот. Непосредно под вратот е врежана плитка брановидна линија.

Изработен е од средно прочистена и средно печена глина со светлокафеава боја. Димензии: височина со држалките 21,2 см; височина без држалките 19,3 см; пречник на венецот 9,7 см; пречник на дното 10 см: (Сл. 8)

2. Сад со благо нагласен биконусен мев, ниска прстенеста нога и кус врат којшто преминува во венец благо извлечен спрема надвор. Од горниот дел на телото излегуваат две држалки со кружен пресек коишто вертикално се издигнуваат над венецот. On страните на држалките има по еден брадавичест украс.

Изработен е од добро прочистена и средно печена глина со светлоцрвенкаста боја. Димензии: височина со држалките 13,5 см; височина без држалките 12.0 cm; пречник на венецот 8,5 см; пречник на дното 9,0 см (Сл. 9).

Сл. 11
Сл. 11
Сл. 12
Сл. 12
Сл. 13
Сл. 13

3. Сад со биконусен мев, слабо нагласена нога и кус цилиндричен врат од којшто спрема надвор се извлекува венецот којшто е профилиран. Од внатрешната страна во височина на долниот раб на вратот садот е затворен и има пет кружни отвори. На горниот дел од мевот излегува изливник и една јазичеста држалка која што е откршена. Горната половина на мевот, помеѓу изливникот и држалката е украсен со ред од пет рамнокраки триаголници пластично дадени и со темињата надолу а помеѓу нив има крвчиња и брадавичести испупченија.

Изработен е од добро прочистена и средно печена глина со светлоцрвенкаста боја. Димензии: височина 12,0 см; пречник на венецот 8,8 см; пречник на дното 7,8 см (Сл. 10).

4. Сад со биконусна форма, ниска прстенеста нога, цилиндричен врат од којшто е извлечен спрема надвор венецот (делумно откршен) и две лентести држалки коишто се во висина на венецот. Најверојатно на венецот имало H3JIMBHHK.

Земјата е добро прочистена и средно печена со црвенкаста боја. Димензии: височина 21,0 см; пречник на дното 10,0 см; пречник на венецот 7,0 см

5. Паниче на ниска прстенеста нога од којашто спрема надвор е извлечен мевот којшто завршува во заоблен венец. Изработено е од добро прочистена и средно печена глина со светлокафеава боја. Од внатрешната и надворешната страна има остатоци од темнокафеава глазура. Димензии: височина 3,8 см: пречник на венецот 10,0 см; пречник на дното 5,0 см (Сл. 12).

6. Поклопец за земјен сад со конусовидна форма и држалка со кружна форма.

Изработен е од средно прочистена и средно печена глина со светложолтеникава боја, на места со трагови од глазура. Димензии: височина 3,7 см; премини 11,0 см; пречник на држалката 4,0 см; височина на држалката 0,6 см При обработката на движниот материјал откриен во суводолските гробници земен е предвид само оној којшто е целосно зачуван или ги имаше потребните елементи за реконструкција.

Сл. 14.
Сл. 14.

Во гробницата 1 поради целосната руинираност на сводната конструкција во преткомората и комората движниот материјал е најден во фрагменти во просторот на преткомората, освен остатоците од калцинисаните коски коишто се најдени во гробната јама во комората.

За гробницата 2 на почетокот истакнавме дека за содржината на движениот материјал дознаваме од извештајот на Ф. Месеснел. Во гробницата 3, кадешто исто така имаше извесни оштетувања на сводовите на преткомората и комората, движниот материјал е најден во двете простории.

Гробниците во стена, т.н. „македонски гробници“ се сконцентрирани по источниот раб на пелагониската рамница - во неговиот среден и северен дел (кај селата Суводол, Бонче, Марков град, Горно село)“. За разлика од монументалните гробници кај Бонче, тие се со едноствна изработка, со скромни димензии и без никаква архитектонска или боена декорација, освен кај трите гробници во Суводол кадешто со вдлабена линија се означени архитрави и довратници на влезовите.

Заеднички карактеристики на овие гробници се следните: - имаат комора со остатоци спален покојник и гробни прилози;

- преткомора,

- дромос чијашто должина и длабочина зависат од конфигурацијата на теренот,

Комората и преткомората се со неправилна правоаголна основа, освен кај гробницата 3 во лок. „Дибек“ с. Суводол кадешто комората има трапезо-

Реконструкцијата на земјаните садови и теракотата со претстава на Афродита ја изврши Ефто Димовски а фотографиите ги израбори Љубе Николовски, вработени во Завод, Музеј и Галерија-Битола.

Н. Вулиќ, Гробнице и гробови у стени, Споменик XCVIII, Београд 1941-48,190-197. видна основа. идовите се вертикално засечени а таваницата најчесто е полукружно засведена, поретко рамна.

Гробниците во стена од лок. „Дибек“ с. Суводол-Битола се само еден дел од синџирот на т.н. „македонски гробници“ карактеристични за доцниот хеленизам. И покрај тоа што се разликуваат една од друга, ги имаат основните елементи (дромос, преткомора и комора). Заедничко им е тоа што по завршувањето на чинот на погребување влезот во преткомората бил затворан со сувозид од камен (гробници 1 и 2) или со монолитна камена плоча (гробница 3), а потоа дромосот бил исполнуван со земја. На овој начин гробната конструкција била маскирана а со тоа и заштитена од непожелните ограбувачи.

Застапеноста на чинот на спалување на покојните и движниот материјал откриен во гробниците, особено садовите со крушковидна форма и две вертикално поставени држалки коишто го надвисуваат венецот, амфорите со крушковидна форма и бистата-теракота со претстава на Афродита упатуваат на доцниот хеленизам, односно втората половина од Џ век пред н.е.

TOME JANAKIEVSKI - Bitola

Белешки

  1. Ф, Месеснел, Једна гробница код села Суводола, Гласник Скопског научног друштва ки. XIV, Скопје, 1935, 201. ↩
  2. Екипата ја сочинуваат: Т. Јанакиевски, Г. Филиповска-Лазаровска, Љ. Лозановски и В. Кочанковска. ↩
  3. Ф. Месеснел, н.д. 205. ↩
  4. Ф. Месеснел, н.д. 201-205. ↩
  5. Ф. Месеснел, н.д; 201. ↩
  6. Ф. Месеснел, н.д; 204. ↩

Résumé

Trois tombeaux hellenistiques de Suvodol

(RESUME)

En 1931, dans la localité appelé ,,Slanec“, prés du village de Suvodol, Bitola, Messesnel a découvert deux tombeaux dans un rocher; il en a étudié un et па déterminé que l’emplacement de l’autre.

Les recherches archéologiques entreprises en 1992 4 cet endroit en vue de protection par l’institut et Musée de Bitola ont permis non seulement I’étude du tombeau situé par Messesnel, mais aussi la découverte d’un autre a sa proximité immédiate.

Tombeau 1 Dromos: 7,13 m de long, 0,70 m au début, 1.230 m devant l’entrée de l’antichambre. : Antichambre: l’entrée a 0.80 т de large, 0.48 т de profondeur, et 1.40 m de haut. Dimensions de l’antichambre: 0.97 m de long, 1.70 m de large. Le toit est éboulé. Chambre: l’entrée a 0.60 m de large et 0.40 m de profondeur. Les parties supérieures de l’entrée sont éboulées. Dimensions de la chambre: 2.28 т de long, 1.95 m de large. A 1.40 m au-dessus du sol, une voiite semi-circulaire commence des murs latéraux. La voiite est endommagée. Sur le sol de la chambre, a!’est, a l’ouest et au nord sont taillés dans le rocher trois blocs rectangulaires qui forment la tombe. La différence de hauteur entre la surface actuelle du terrain et le sol de la chambre principale est 2.98 m. Trouvailles: un buste d’Aphrodite (terre cuite) avec 0.39 m de haut, une amphore piriforme, un récipient piriforme, un petit plat 4 ventre biconique.

Tombeau 2

Dromos: 8.40 de long, 0.80 т au début et 1.05 m devant l’entrée de I’antichambre. Antichambre: |’entrée a 0.60 m de large et 0.67 m de profondeur. .L’antichambre a 0.75 m de long et 1.55 m de large.

Chambre: Yentrée a 0.75 m de large, 0.62 m de profondeur et 1.33 m de haut. Dimensions de la chambre: 2.50 m de long et 1.90 m de large. A 1.60 m des murs latéraux commence une voiite arquée qui a 1.80 m de haut au milieu. La différence de hauteur entre la surface actuélle du terrain et le sol de la chambre est 4.05 m. Trouvaille: une amphore piriforme.

Tombeau 3

ieee 7.10 m de long, 0.75 m au début et 0.95 m devant l’entrée de l’anticham-Antichambre: l’entrée a 0.73 m de large, 0.34 m de profondeur et 1.20 m de haut. Dimensions de l’antichambre: 1.43 m (1.20) de large, 1.00 m de long. A 1.25 m des murs latéraux commence le toit en semi-voiite qui a 1.70 m de haut au milieu. Chambre: l’entrée a 0.80 т de large, 0.37 m de profondeur et 1.25 m de haut. Dimensions de la chambre: 1.96 m (2.17 m) de large. A 1.45 m des murs latéraux commence la votite semi-circulaire qui a 2.05 m de haut au milieu. La différence de hauteur entre la surface actuelle du terrain et le sol de la chambre est 4.30 m. Trouvailles: un récipient 4 ventre piriforme, un récipient 4 ventre biconique, un récipient 8 ventre doucement biconique, un récipient de forme biconique, un plat, un couvercle.

Les tombeaux dans le rocher de la localité appelée „pek“ au village de Suvodol ne sont qu’une partie de la chaine de tombeaux appelés ,,macédoniens* qui sont caractéristiques de hellénisme tardif. Des tombeaux de ce type ont été découverts 4 proximité immédiate des localités Bonée, Markov Grad et Gorno Selo, tout prés de Prilep.

Deux éléments indiquent qu’il s’agit ici de ’hellénisme tardif, c’est-a—dire de la deuxiéme moitié du Пе siécle avant notre ére: l’acte de l’incinération des défunts et les objets découverts dans les tombeaux, surtout les récipients piriformes avec deux anses posées verticalement qui surmontent le rebord, aussi bien que les amphores piriformes en terre cuite avec la représentation d’Aphrodite.