Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 125–140

Култовите и симболизмот кај пајонските племиња компарирани со илирските и тракиските

Како и за останатите сфери на пајонската историја и култура, за култовите, симболизмот и духовниот живот на Пајонците, имаме сосема мал број на информации. Кога станува збор за податоци пред се се мисли на античките автори кои за ова материја се особено оскудни. За овој сегмент на пајонскиот живот најмногу информации добиваме од материјалната култура на пајонските племиња, и подоцна од нумизматичкиот материјал, а историските податоци и митологијата само делумно успеваат да го надополнат тоа.

Почитувањето на сонцето е еден од најстарите култови застапен кај народите од еден поширок медитерански и европски комплекс. Неговата појава во симболизмот на бронзеното време во Европа и на Балканот е во контекст со почитувањето на сонцето на европскиот север како извор на: топлината и светлината, односно како елементарен извор за нивното егзистирање. Поврзувањето на постоењето и воопшто животот на сонцето направило тоа да биде сметано како нивно елементарно божество кое влегло во култот на бронзенодопските популации. Од друга страна почитувањето на сонцето и неговото обожествување било застапено и кај медитеранските и ориентални народи уште во најстарите периоди на процутот на цивилизациите. Преку Египет и Анадолија елементи на соларниот култ наверојатно се донесени и на грчкиот простор1 каде делувањата одела преку Крит и подоцна микенската цивилизација за да на крајот стигнат и до пајонскиот простор.

Така делувањата на соларниот култ и почитувањето на сонцето па дури и елементи на сончевата симболика продреле од север и од југ до пајонскиот простор уште во најраните времиња и придонесле неговата улога да стане доминантна во текот на долга низа векови. Соларниот култ бил скоро единствен и примарен, иако материјалната култура на пајонските племиња покажува и елементи на хтоничноста, односно култови и симболизам врзани за почитувањето на земниот и подземниот свет. Највообичаен и најраспространет начин во прикажувањето на почитувањето на сонцето бил кругот како негов наједноставен приказ. За овој сончев симбол постои податок кај грчкиот ретор од И век пред н.е. Максим Тирски, дека Пајноците го обожувале сонцето во форма на мал диск, прицврстен на висок стап. Во некрополите од железното време на просторот на Македонија се среќаваат голем број приврзоци во форма на круг, или круг поделен со две, четири или шест пречки. Оој симбол на сонцето се среќава и како орнамент на сликаната керамика, во вид на концентрични кругови или кругови поврзани во непрекинат ред па дури и како украс на бронзените предмети. Доказ за широката распространетост на овој симбол и во протоисториските времиња кај Пајонците се претставите на деронските пари со реален или шематизиран приказ на сонцето на скоро секој примерок.

Освен прикажувањето на сонцето во различни видови и форми како елемент на соларниот култ, на деронските пари и на парите на други племенски организации од овој простор, се јавува и магичното тркало? во двојна соларна улога. Прво како сонце - круг што се движи, а потоа и како дел од колата за ко:з подоцна ќе стане збор.

Вториот соларен симбол карактеристичен за бронзеното и железното време во Европа се барските птици или птиците преселнички. Помеѓу наодите од некрополите од железното време во Македонија тие се широко застапени пред се како бронзени приврзоци и како завршетоци односно протоми на други култни предмети на пр. макови чашки, белегзии и др.7 Чест составен дел на соларниот симболизам заедно со птиците преселнички е светата кола. Нејзиниот приказ уште во бронзеното време го среќаваме на поширокиот балкански простор, конкретно во примерот на познатата глинена кола од Дуплаја од Дубовачко-жутобрдската група.8 Овој примерок е целиот во знакот на соларниот култ. На него се прикажани барски птици односно птици преселнички, соларно божество и света кола. За да соларноста биде уште повеќе потсилена, целата композиција е украсена со концентрични кругови, кои како што укажавме, го симболизираат сонцето. Сите овие, би рекле, индоевропски, подоцна балкански елементи, се длабоко прифатени од пајонскиот етнос за што сведочат горепосочените наоди од материјалната култура на пајонските племиња.

На Долномакедонскиот простор елементите на соларноста, соларниот култ воопшто и симболизмот којшто произлегол од него се вткаени во духовната и материјалната култура на пајонските племиња. Со појавата на парите и зголемената монетна продукција кај племињата на поширокиот пајонски,

? Maximus Tyrius II, 8. Коментар за почитувањето на овој култ кај Пајонците се појавил во Rivista 4, Albania 2, 1941, 110, од R. Pettazoni.

“ За просторот на Северна Македонија и Косово, Praistorija Jugoslovenskih zemalja У, Sarajevo 1985, Сл. 38, 17, Белаќевац, стр. 677., и Т LXIX 10, Орешани. T LXXI 10, Влаштица. За поширокиот Балкански простор, A. Stipčević. Kultni simboli kod Ilira, Posebna Izdanja CBI LIV/10. Sarajevo, 1981,16-17. ;

Ibid.

“ J. Svoronos, L, Hellenisme primitif de Ja Macedoine prouye par la numismatique, 1919, reprint 1979, 9-13.

Pl. - 1 Elements of the13 solar cult (circles, concentric circles, discs, circular ornaments on bronze artefacts and pottery, and water-fowls and migratory birds) from different sites in Republic of Macedonia,
Pl. - 1 Elements of the13 solar cult (circles, concentric circles, discs, circular ornaments on bronze artefacts and pottery, and water-fowls and migratory birds) from different sites in Republic of Macedonia,

односно долномакедонски простор, елементите на соларниот култ започнале да се појавуваат на аверсните и реверсните прикази на голем број примероци. Тоа е сонцето во повеќе негови стилизации, магичното тркало, богот возач, светата кола и птиците преселнички“9 односно сќ она што веќе го видовме како репертоар на предметите од материјалната култура од железното време. iW Дел од елементите н: соларната сим ика на пошиј от Пп! T a бол ки балкански росто

Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128
Илустрација, стр. 128

ро Р (според A, ko - II Part of the elements of the solar symbolism in the Balkans in wider sense (according. to A. Со зголемувањето на влијанијата на развиениот културен југ и со прифаќањето на хеленските делувања врз Пајонија, кои веќе во V и IV век пред н.е. извршиле знатни промени во пајонската материјална култура, се прифатила и употребата на грчкиот пантеон. Почитувањето само на едно одредено божество од тој пантеон е уште една потврда на доминантниот соларен култ, бидејќи главно божество кај Пајонците од У век пред н.е. станал Аполон. Симболот на сонцето е толку евидентно поврзан со Аполон, што не би навлегувале во таквото толкување. Но исто така и светата кола, барските птици, односно птиците преселнички, се поврзуват со Аполон преку легендата за Хиперборејците.10 Аполон, сончевото божество, патува на север во зимските месеци, а доаѓа повторно на пролет и ги носи со себе светлоста и топлината. На патот кон земјата на Хиперборејците, која Грците ја сместувале на север, Аполон возел кола која што ја влечеле барски птици. ~

. Хиперборејскиот култ исто така води потекло од бронзеното време и на некој начин е поврзан со почетоците на трговијата со килибар која се одвивала на просторот помеѓу грчкото копно и Балтикот. Првите примероци на . наодите од килибар се јавуваат околу 1250 г. пред н.е. а пред ова време ги нема помеѓу инвентарот на истражените локалитети и некрополи на југ. Тоа покажува дека оваа трговија е востановена кон крајот на бронзеното време и преодниот период. Толкувањето на килибарот кој од север доаѓа на југ, и на некој начин го претставувал доаѓањето на Аполон од земјата на Хиперборејците е мошне интересно, бидејќи килибираните зрна изгледала како место каде што останале засекогаш зачувани сончевите зраци.

И понатамошното почитување на Аполон од страна на Пајонците е многу присутно. Во текот на IV век пред н.е. Аполон станува единстен аверсен приказ на парите на пајонските владетели Ликеј и Патрај.

Освен основниот атрибут врзан за Аполон, како бог на сонцето и светлината, тој бил и божество кое често е поврзувано со лекувањето и музиката. Исто така сметан е како заштитник на полињата и чувар на стадата. Познато е дека едно од животните кое најчесто е поврзана со неговото име и појава е волкот. Оттука произлегува и честиот Аполонов епитет Ликејос (Волчји). Според хеленската митологија неговата мајка Лето се претворила во волчица за да го избегне Хериниот гнев; при неговото раѓање на Лето И помогаат волци, а самиот Аполон често зема облик на волк. Искажани се мислења дека но древните времиња волкот укажувал на светлината и бил луминозен сим-

За поврзаноста на Аполон со пајонските племиња наоѓаме потврда и во античките извори. Во пеанот за граѓаните на Абдера, Аполон е наречен Tepajuoc.% Овој епитет несомнено укажува на врскит со племенското име Дерони. Сличен епитет, Деронајос, се јавува и на тетрадрахмите на Ликеј. Исто така познато е дека името на богот на лекувањето кај Македонците било Дарон. За неговата блискост со Дероните веќе се изјасниле повеќе

ЧА. F, Harding, Illyrians, Italians and Mycenaeans: Trans-Adriatic Contacts during the late Bronze age, 215-221, Studia Albanica 2, IX, 1972, Tirana; W. Pajankowski, Frigowie пе polwiispie balkanskim, Commentationes, EOS LXVIII, 1980, 209. автори.14 Cure овие само нафрлени етимолошки блискости укажуваат на подлабоката поврзаност на Пајонците, Дероните и Македонците со апололо-новиот култ.

Почитувањето на сонцето и култот на Аполон се нераскинливо врзани со религијата и животот на Пајонците. Како соларен репрезент веќе го споменавме богот возач и светата кола, но дали и претставата на волот односно говетчето што ја влече колата е исто така дел од почитувањето на сонцето односно Аполоновиот култ. Дали можеби приказот на овие животни може да се донесе во врска со најкарактеристичното животно на пајонските шуми — бизонот кое му било посветено на Аполон. Како пример за тоа би можел да послужи подарокот којшто пајонскиот крал Дропион го подарил на Делфиското пророчиште. Ова светилиште било посветено на Аполон а подарокот бил бронзена глава на пајонски бизон што секако упатува на некаква релација помеѓу нив.15

Како што погоре нагласивме, освен соларниот култ, пајонците почитувале и симболи коишто се поврзани со хтоничниот култ, односно култот на земјата.

Хтоничноста кај Пајонците очигледно била потисната од соларноста и репрезентите на земјиниот култ се јавуват подоцна на пајонскиот простор и најверојатно повеќе како влијанија од други култури и делувања а помалку како автохтоно почитување.

Меѓу наодите од материјалната култура на пајонскиот простор, најбројни се змиските симболи кои се јавуваат главно во вид на змиски протоми, вкомпонирани како завршетоци на накит, украси или приврзоци и разни други предмети.16 Во пајонската материјална култура за нив може да се каже дека се дојдени и употребувани под влијание на поширокиот балкански простор, кои во подоцнежниот период и историското време губат на интензитет.

Другиот хтоничен симбол,17 коњот, не е документиран помеѓу наодите од материјалната култура кај Пајонците. Тој продрел на поширокиот балкански простор како резултат на упадот на номадските коњанички народи од источноевропските степи, но на пајонскиот простор, што е особено значајно, пе е карактеристичен ниту за железното време ниту како хтоничен симбол." Кај Пајонците тој најчесто е сврзан за соларноста и како таков секако е со постар датум, а го среќаваме во античкиот период, можеби затоа што за него имаме повеќе податоци кај античките автори. Коњите се поврзуваат со античката претстава на Хелиос, божество со исто така соларен карактер.18 Коњите се принесувале како жртви на сонцето, а Херодот пишува дека Ксеркс тргну-T. I — Хтонични симболи на завршетоци од накит (змиски глави) од различни локалитети OF P, Македонија.

Pl. - Ш Chthonian symbols at the ends of yewellery (snake heads)24 from different sites in Macedonia
Pl. - Ш Chthonian symbols at the ends of yewellery (snake heads)24 from different sites in Macedonia
Т. IV2 – Дел од хтоничните симболи на поширокиот балкански простор (според А. Стипќевиќ) Pl. IV Part of the chthonian symbols found in the wider Balkan space (according to A. Stiptevic)
Т. IV2 – Дел од хтоничните симболи на поширокиот балкански простор (според А. Стипќевиќ) Pl. IV Part of the chthonian symbols found in the wider Balkan space (according to A. Stiptevic)

вајќи : за Хелада, принел за жртва бели коњи како би го смилостивил Стримон, што бил обичај во тие области. За Пајонците уште во хомерово време19 е познато дека одгледувале коњи, а Хомер самиот ги нарекува „хипокористај“, борци на коњи (коњоборци).2920 На еден примерок на тетрадрахма на Патрај, со глава на коњ на реверот и претстава на Аполон на аверсот, уште повеќе е потсилено соларното во овој култ. Понатаму коњот се среќава и како симбол на реверсните претстави на парите на Аудолеон.

Непостоењето на прикази на коњи, коњски глави, или протоми во вид на коњи кај Пајонците во железното време укажува дека во овој култ не продрела балканската хтонична симболика, а познато е дека кај Пајонците коњите биле почитувани и во употреба уште од бронзеното време, па нивната појава во антиката и поврзаноста со Хелиос21 јасно ја определува и припадноста на коњот кај Пајонците помеѓу соларните симболи.

Постои уште еден пајонски бог кој го репрезентира сонцето. Тоа е Кандаон или Кандавон кој според Томашек бил пајонски Хелиос. Кандаон бил бог на Крестонците и Мигдонците кои се блиски со пајонските племиња, а во постарите времиња делови од Мигдонија биле населени со Пајонци, па затоа изгледа веројатно дека Кандаон би можел да биде пајонски бог.

Интересна е паралелата помеѓу Аполон и Хелиос кои се свушност две соларни божества но со различни атрибути и различна функција. Ако Аполон во антиката е претставен како бог на пророкувањето, музиката и лечењето заедно со функцијата заштитник на стадата и посевите, тогаш сите овие елементи заедно го прават мошне значаен, неопходен и хуман за целокупниот човечки род. Хелиос пак е само една персонификација на сонцето, без функција корисна за луѓето освен при излегувањето и заоѓањето на сончевиот диск. И името на посебното божество22 Кандаон со значење пајонски Хелиос упатува повеќе на потсилување на соларното, отколку на почитување на паралелно божество со Аполон. Дури во доцната антика кога и самото значење на боговите се изменило, Аполон бил поистоветен со Хелиос и бил сметан за врховно божество.

Укажувајќи следователно на божествата кои Пајонците ги почитувале, од хеленскиот пантеон треба да се спомене почитувањето на Диалос — пајонскиот Дионис.23 Неговото посебно име покажува дека би требало да биде особено почитуван кај Пајонците, но за новиот култ на природата и подземниот живот чиј репрезент бил Дионис, има докази дека биле прифатени во Пајонија. Уште една недоволно позната божица била почитувана од Пајонците, а тоа е кралицата Артемида.24 Херодот пишувајќи за Хиперборејците, укажува дека тие ги виткале своите заветни дарови во пченична слама и ги испраќале на Делос. Истото тоа го правеле и Пајонките и Тракијките, кои ги виткале даровите кои ги принесувале на кралицата Артемида. Принесувањето на жртви на кралицата Артемида било тесно поврзано со овој култ кај Хиперборејците. Хиперборејците пак, особено го почитувале Аполон, кој на Делос имал храм подигнат во негова чест, а Делос бил центарот на хиперборејскиот култ.25 Извесен број автори кралицата Артемида ја поистоветуваат со Somuuara Бендида и сметат дека тоа нејзино име било во употреба во Тракија. Малубројните текстови коишто се однесуваат на неа, зборуват за Бендида како за Кибела, односно како за голема божица (мегале Тхеа).26 И почитување на кралицата Артемида кај Пајонките кои принесувале жртви во пченична слама, е приказ на плодноста и вегетацијата и тука релацијата со големата божица е очевидна.

На крајот треба да укажеме дека Пајонците ги почитувале најверојатно и другите божества од хеленскиот пантеон, како што се Зевс, Атина и Херакле, но за нивното почитување за жал немаме податоци кај античките автори. Единствениот заклучок. ако тој може да биде меродавен, го направивме врз основа на анализата на пајонските пари поточно на аверсните прикази што можеби покажува само копирање на грчките примероци, а можеби и оригичално пајонско почитување.

Во секој случај во антиката, особено во IV и ІТ] век пред н.е. на пајонскиот простор веќе не станува збор за пајонски култови, туку за култови прифатени од нелета хелеиска цивилизација, каде преку материјалната кулатура биле прифатени и елементите на духовниот живот од развиениот југ, со потсилување на сопствениот автохтон елемент, пред cè во соларниот култ.

Имајќи ја централната местоположба во овој дел на Балканот, Пајонија освен во примањето на влијанијата од хеленскиот југ, не била ослободена и од делувањето на илирската и тракиската сфера. Тоа е уште понагласено кога се има предвид податокот дека во времето на полната бронза, преодниот период

Т. V - Соларни симболи: реалистичен и шематизиран приказ на сонцето, света кола, магично тркало, стилизирано сонце и барски птици или птици преселнички на парите на племенските организации од долномакедонскиот простор во У1-У век пред н. е. (според С
Т. V - Соларни симболи: реалистичен и шематизиран приказ на сонцето, света кола, матично тркало, стилизирано сонце и барски птици или птици преселнички на парите на племенските организации од долномакедонскиот простор во У1-У век пред н. е. (според Своронос).

Pl. V Solar symbols: realictic and schematized depiction of the sun, sacred chariot, magic wheel. stylized sun and waterfowls or migratory birds on the coins of the tribal organizations from Lower Macedonian territories dated to the 6th-Sth century BC (according to Svoronos)

Илустрација, стр. 136

T. УЕ-- Претстави на Аполон како репрезент на соларниот култ на аверсите на парите на Ликеји Патрај; претстави на коњ на реверсите на парите на Аудолеон (според Своронос). и железното време, голем број манифестации на духовниот живот биле заеднички на еден поширок балкански простор, вклучувајќи ги тука и илирските и тракиските територии.

Во укажувањето на блискоста и разликите помеѓу пајонската и другите соседни популации, повторно би започнале од почитувањето на соларниот култ, кој како што констатиравме бил особено застапен во Пајонија. На поширокиот илирски простор, различните елементи на соларниот култ биле исто така многу почитувани, меѓу кои особено предничеле концентричните кругови, свастиката, барските птици, а помалку знакот С, крстот, еленот и консекративните рогови.27 Од хтоничните симболи, особено почитувани и чести во симболизмот на западнобалканскиот простор биле претставите на змија, коњ и други животни.28 За илирскиот простор биле карактеристични и симболите на плодноста,29 но веќе на прв поглед може да се изведе разлика помеѓу пајонските култови и симболизам и илирските, кои кај Пајонците доведе недвосмислено до надвладување на соларниот култ над другите и тоа особено е видливо во почитувањето на кругот, птиците и колата, што кај Илирите не е случај. За античкиот период не може да правиме понатамошни споредувања, бидејќи Пајонците го прифатиле хеленскиот пантеон и главно Аполон како репрезент на соларниот култ, а развојот на илирските племиња не одел кон формирање на државна организација под силни хеленски влијанија.

Што се однесува до споредувањето на пајонските и тракиските култови и духовен живот, тука сме соочени со обратен процес на примање на информации. За тракискиот простор имаме помалку податоци за бронзеното време, преодниот период и железното време, но се укажува на фактот дека како и за останатиот балкански простор, почитувањето на соларните и хтоничните култови се преплетувале. Во историското време, односно за периодот од VI век пред н.е. за Тракија имаме повеќе податоци. Според Херодот, Тракијците ги почитувале единствено Арес, Дионис и Артемида, а нивните кралови Хермес.30 Според мислењата на бугарските историчари, развитокот на религиозното мислење и формирањето на тракиската религија, водело преку обединувањето на соларниот и хтоничниот култ персонифицирани преку Аполон и Дионис.31 Кај Тракијците, борбата на постариот соларен и поновиот хтоничен култ се завршила со победата на Дионис. Сепак, тракиската идеја на хтонизмот била неделлива од идејата на соларноста. Сето горенаведено укажува на разликите но и блискостите помеѓу пајонското и тракиското религиозно мислење. Меѓутоа, кога кон сево ова ќе се додаде дека во тракискиот духовен живот играла голема улога појавата на кралот во форма на кралотжрец и кралот-бог, родоначелник и господар,32 елемент кој никогаш не се здобил со популарност кај пајонските племиња. разликата помеѓу Пајонија и Тракија останува непремостлива.

39 Her. V, 17.

Проучувајќи го култот на сонцето односно Аполон во пајонската историја и материјална култура и споредувајќи го со култот на Аполон во Тракија, дојдовме до некои нови сознанија што упатуваат на фактот деке соларниот култ односно култот на Аполон преминал од Пајонија во Тракија. Во прилог на ова одат податоците од материјалната култура во железното време, кои дури и за просторот на Горна и Средна Струма, една пајонско-тракиска гранична област, покажуваат мал број на наоди сврзани за соларниот култ во однос на чисто пајонскиот простор.33

Второ, востановувањето односно прифаќањето на Аполон, репрезент на соларниот култ, како клучно пајонско божество во У односно ГУ век од сте.е карактеристично само за пајонскиот простор додека на тракискиот функцијата на соларно божество ја имал Хелиос па дури и Орфеј. Орфеј иако во суштина е дел од Дионисовиот култ, ги поседува дарбата кон музиката и лекувањето преку кои го споредувале со самиот Аполон. Од друга страна, тој самиот се јавува како почитувач на Хелиос и основоположник на Дионисовите мистерии, односно најголем почитувач на Дионис во Тракија.34 Имајќи ги сите овие разлики во почитувањето на одредени култови во Пајонија и Тракија, можеме да констатираме дека "Тракијците имале различни афинитети кон соларните култови и божества во класичниот и хеленистичкиот период.

Меѓутоа, хтоничното и соларното како два антагонизми во античката митологија, често одат и заедно. За Аполон и Дионис се сметало дека се два дела од исто божество. Аполон владеел девет месеци во годината кога за време на трите зимски месеци патувал во земјата на Хиперборејците. гаместо него владеел Дионис.35

Значајно за ваквиот вид на истражувања е и фактот што на таков мал географски простор каков што е гореразгледуваниот, во текот на различни историски периоди од бронзеното време до хеленизмот се констатирани такви разлики во приодот кон соларниот и хтоничниот култ. Уште поинтересно е да се констатира дека во доцниот хелинизам и римскиот период пак, Аполон станал мошне популарен и почитуван во цела Тракија за што сведочат големиот број на вотивни плочи, натписи, посвети и епитети на овој бог.36 Неговата популарност на тракискиот простор е многу голема во римско време, но тука не смее да се изостави фактот дека почитувањето на овој бог во Тракија е дојдено или преземено од Пајонија од постарото почитување на соларниот култ преточено во почитување на Аполон. Почитувањето на соларните кул-

Тракиски легенди, Ив. Мазаров, Аполон, Дионис и Орфеи 51–76; Д. Срејовић, А. Цермановиќ, ор. cit. 310-312. С. Освалт, ор. cit. 255-257. тови на пајонскиот простор во текот на долга низа векови условило прифаќање и масовност на култот на овој бог и во Тракија.

Така започнувајќи и завршувајќи со сонцето и соларниот култ како битен елемент во животите на луѓето во праисторијата и антиката, констатираме дека неговата симболика не е само застапена во медитеранскиот и европскиот простор во овие посочени временски рамки, туку низ целиот универзум и во сите времиња, како култ во вербата во постоењето воопшто и опстанокот на човековата цивилизација.

ELEONORA PETROVA

Белешки

  1. Зборувајќи за соларниот култ. како најшироко застапено почитување кај голем број стари народи мораме да укажеме дека во овој труд се третираат главно делувањата на соларниот култ оу европскиот простор што не значи дека делувања и почитување на сонцето не постоело H во Египет, Месопотамија, Далечниот Исток, Јужна Америка па дури и кај многу племенски организации низ светото до денешни дни. Меѓутоа, една таква студија која би ги опфатила ориенталните и египетски елементи во соларниот култ на овој простор би барала поопстојни понатамошни истражувања во оваа проблематика што би покажало дека во пајонското почитување на соларниот култ секако има елементи од Египет и Крит. A. Evans, The Palace од Minas in Knossos, ги London 1921-1935. 3. Косидовски, Kay је сунце било бог, Београд 1979, 218, 228.. ↩
  2. PJZ V, R. Vasi¢, Devdeliska grupa 705, R. Vasi¢, Srednja i Isto&na Makedonija, 692-693, SI. 39, 17. A. Stipéevié, Kultni Simboli... 23-28. ↩
  3. Д. Гарашанин, Прилог проучавању дупљајских колица, Старинар II, 1951, 270-272, PJZ, IV, Sarajevo 1983. M. Garašanin, Dubavačko-Žutobrdska grupa, 531-532. Bronze age, 215–221, Studia Albanica 2, IX, 1972, Tirana; W. Pajankowski, Frigowie ne polwiispie balkanskim, Commentationes, EOS LXVIII, 1980, 209. ↩
  4. J, Syoronos, op. cit. ↩
  5. Her IV, 33, С. Ocsanr, Грчка и Римска митологија, Хиперборејци 387-388, Београд 1980, D. Srejovié, A. Cermanové, Retnik gréke i rimske mitologije, Beograd 1979, 484-485. ↩
  6. Д. Срејовић, А. Цермановић ор. cit. 38, 42, 231–232. ↩
  7. Pindari Carmina cum fragmentis A 61-62, Историја на Тракија и Траките, 76, Софија ↩
  8. Kaj Tomaschek, Die Alten Thraker, Wien 1980 reprint, И, 2, 31-32, постојат повеќе имиња од овој корен како Δερναῖος татко на Котис, потоа Δερδόνιχος одомантски династ и др. Hammond. N. G. L., A History of Macedonia II, Oxford 1978, на стр. 75, за Дарон ги цитира Хезихиј и Калерис. ↩
  9. Паус. X, 13. 1. ↩
  10. A. Stipéevié, Кина! Симболи... 48-59, карта на стр. 49. ↩
  11. Коњот како хтоничен симбол на просторот на Македонија во железно време воопшто не фигурира како симбол. Меѓутоа на поширокиот балкански простор чест во источно-алпскиот културен круг, и појужно на јаподска територија, каде што е особено застапен со поголем број варијации. Затоа се заклучува дека во симболизмот и религијата на Јаподите коњот имал истаката улога. Тој исто така се среќава и на просторот на Хисторите, додека на Либурнска и да"матска територија претставите на коњ, сосема недостасуваат. VI Images of Apollo as a representative of the solar cults on the averses of the coins of Lykkeius and Patraus; depictions of a horse on the reverses of the coins of Audoleont (according to Svoronos). ран3 приказ3 на водач кој во своите раце ја држи целата духовна воена и политичка власт. (A. don, Тракија и Балканите през ранноелинистичката епоха, Софијал 1975, 62-63. ↩
  12. R. Grevs, Gréki Mitovi I, Beograd 1974, 80-81. ↩
  13. Her, VII, 113, 1. ↩
  14. Homer, IL. XIV, 287. ↩
  15. Kavdauv, Каубатос, Кауба Fov, Kavéa Frog W. Thomaschek, Die Alten Thrakher, Wien 1980, reprint, II, 1, 56. ↩
  16. Д. Cpejosuh, A. Цермановит, ор. си. 38-42, Аполон, С. Освалт ор. си 48-51, Аполон, исто и R, Greys, ор. си. 55-58, 77-83. ↩
  17. Г. Кацаров, Пеонија, Принос км старата историја и географија Софија 1921, на crp., 61, го цитира Хезихиј. ↩
  18. Her, IV, 33, 1. Op. cit. 87-92. ↩
  19. Her. IV, 32-35, Освалт, Хиперборејци, 387-388. ↩
  20. Херодот нирани разлика помеѓу Артемида и Артемида кралица, или Бендида. (ТУ, 33, 1). Хиповакс пингува за Бендида како за Кибела (Hiponax, И, fgr. 120). Во Аристофановите комедии Бендида e цитирана Aristophanes I, 423–490, Th. Koch, Comicorum Aticorum fragmenta, Leipzig 1888. Кога ја споменува Бендида Хипонакс вели дека Кибела за Тракијците е Бендида а за останатите Артемида T. Bergk, Poetae Lyrici Graeci БЕН, Leipzig, 1878-82, и делото на Хипонакс цитирано погоре. Во источниот свет Кибела била поистоветена со Артемида Ефеска која била божица на плодноста и изобилието. (Д. Попов, Тракиски легенди, Софија 1981, 26). Кацаров сметал дека Бендида постоела во Мала Азија во постаро време и дека кај "Тракијците се почитувала како остаток од постарото автохтоно население. (Г. Кацаров, Бендида, ибид 2, 1906; 30-40). Оваа претпоставка на Кацаров би можела да се потврди со претставите на Бендида на рељефите и скулптурите, каде нејзината облека а особено капата се фригиска односно малоазиска. За малоазиската припадност на Бендида сведочи и податокот дека кај Битинците во календарот постоел месец којшто се нарекувал Бендидис. (D. Popov, Esseence, origine et propagation du сине ԁе la ԁееѕѕе thrace Bendis, Paris, 1976, Vol. 21, 297). Во контекстот за Бендида се вклучува м приказната за двајцата Пајонци Пигрет и Мантија и нивната сестра (овде во функција на Бендида) Herodot, У. 12-13. (Слична приказна се среќава кај Никола од Дамаск, само што тука се работело за Мизијка која што се преселила во Лидија (кај Const. Porphyrogenitus, ԁе Thematibus, 1, 3, 193, II, fre 71, 413.) Подоцна во житието на Св, Хинатиј, постои приказна од овој светец кој патувал во Битинија на празникот на Артемида, кога му се појавила жена висока како3 десет27 мажи која истовремено прелела и macena снињи. Тој се прекрстил и појавата веднаш исчезнала. Свињите инаку симболизираат плодност и изобилетво, него е карактеристика врзана за големата Божица. Истата приказна во неколку варијанти може да укаже на претпоставката дека во приказната на Херодот upra по хронолошки ред е претставена земната2 персонификација на Големата Божина - Кибела - Бендида. A Бевлида спроед Д. Попов, ор. си. 32-33, има допирни точки освен со горенаведените божества и со Селена Хеката и Персефона. ↩
  21. Stipgevié, Kultni Simboli... 16-32, за консекративни рогови од Радање, vo PJZ IV, 694. ↩
  22. Op. cit. 47-65. ↩
  23. Op. cit. 87-92. ↩
  24. Heг. V, 17. ↩
  25. Тракијски легенди, А. Фол, Тракиското религиозно мислење, София 1981, 11. ↩
  26. Тракијски Легенди, А. Фол, Верата во бесмртието, Софија 1981, 18–19. Наодот на камена статуа од Калиште кај Перник, бугарските археолози исто така го сметаат за шематизиран приказ на водач кој во своите раце ја држи целата духовна воена и политичка власт. (А. Фол, Тракија и Балканите през раннoелинистичката епоха, Софијал 1975, 62–63. ↩
  27. Р. Георгиева, П. Аљакова, Т. Спиродонов, Проучвания по долината на Драговищица, Exhpeditio Thracica, Софија 1981, 7-51. ↩
  28. Тракийски легенди, Ив. Мазаров, Аполон, Дионис и Орфеи 51-76; Д. Срејовић, А. Џермановић, ор. cit. 310-312. С. Освалт, ор. cit. 255-257. ↩
  29. Tpaxnjcxu легенди, ор. си. 69-71, во Античката митологија особено е интересен митот, според кој Аполон го убива питонот во Делфи. Толкувањата на оваа случка е дека новите народи со нови божества на тој начин се наметнале врз старите, но може да се протолкува и како надвладување на соларниот култ на новите индоевропски населувачи од ранобронзеното време, над земниот кој го репрезентира2 питонот - змија, хтонично божество кое можеби го почитувало постарото1 неолитско? — енеолитско население на тој простор. За убиството на питонот од Аполон види R. Greus, op. cit. 83. ↩
  30. М. Тачева - Хитова, Античные культы долины верхней и средней Струмы, 105-118, Spartacus Symposium Rebus Spartaci Gestis Dedcatum 2050a, Sofia 1981. Z. Gočeva, Epitheta des Apollon im Trakien, Thracia IV, 1977 107-233. ↩
  31. Apollon im Trakien, Thracia IV, 1977 107-233. diversities between them. ↩

Summary

Cults and Symbolism among the Paionian Tribes Compared to the Ilyrian and Thracian Ones

(SUMMARY)

Very few data on the cults and symbolism among the Paionian tribes have come down to us, and the same applies to the other spheres of Painonian life. The worship of the sun, which was specific characteristic of the entire Balkan space already in the Bronze Age, has found its devotees among the Paionians as well. In the Paionian long history, the solar cult has became predominant and almost exclusive one, althougfh the evidence of their material culture show37 elements of adoration of the chthonian cult.

The sun, i.e. the solar cult, has been worshiped in a form a circle (a stylized sun) and also by means of the representatives of the sun, the waterfowls i.e., the migratory birds. The circle and the waterfowls were distinctive for the entire Balkan space in the Iron Age, including Paionia, whereas in the Classical Period, when the Paionians have adopted the Hellenistic pantheon, Apollo has become main diety incorporating in itself all the elements of the solar cult. An example of this is provided in the depiction of Apollo, to be found represented on the coins of almost every Paionian ruller throughout the 4th century BC.

In the Iron Age, elements of adoration of the chthonian cult, i.e. the cult of the earth, can be encountered to some extent, in addition to the solar one. The snake symbols appear to be most frequent, whereas the horse, which has been worshiped as chthonian diety in the west Balkan areas in the Iron Age, in Paionia has solar properties with tradition going back to the Bronze Age.

By adopting the Hellenistic pantheon in the Classical Period, the Paionians have also adopted adoration of certain dieties to a greater extent than the others. Those are, above all, Kandaon, the Paionian Helios, Dialos, the Paioninan Dionis, the queen Artemis or Bendis, and the official dieties Zeus and Heracles. The queen Artemis has appaired in Macedonia bearing the properties of several dieties, and, as an older Asia Minor cult, she included in herself the elements of Cybele, the Great Goddess, Selene and Hecate.

The comparison of the symbolism among the Paionian tribes on one hand, and the Thracian and Illyrian, on the other, has shown a considerable extent of In the Iron Age, there are close relations between Paionian and Illyrian tribes in regard to the adoration of the solar and the chthonian cult, but in the Classical Period it is not possible to make that kind of comparisons, because Paionia has grown into a kingdom of Hellenistic type, whereas the Illyrian tribes have not followed the entire path of that develompent. On the other hand, the diversities between the Paionian and the Thracian space are even more apparent, because the chthonian cult with Dyonisus as a representative has prevailed among the Thracian tribes in the Classical Period, whereas the solar Apollo was more prominent among the Paionians. Among the Thracian tribes, the cult of the king was also very prominent, ascended to the rank of a diety, whereas ascension of the king to a rank of a god has never been experienced among the Paionians.

Foliowing furthermore the different influences in the adoration of cults, we could come to a conclusion that the worship of the solar cult and Apollo as its later representative, has been transferred to the Thracian territories from the Paionian ones. This conclusion is based on the fact that the adoration of the solar cult was not so frequent in Thrace in the Bronze Age according to the evidence of the material culture and when compared with Paionia.

Throughout the Late Hellenistic Period and in Roman Times, Apollo has become very popular and was worshiped to a considerable extent in Thrace, which is additional evidence that it had been taken over from the Paionian territory in the west, where it must have been adored for a whole range of centuries up to that time.