Macedoniae acta archaeologica 13 (1993) · стр. 9–16

Палеолитот во Македонија

Во нашиов делокруг на интересирање за палеолитот во Македонија влегува селектирана позната материја која сумарно ќе ги отслика досегашните резултати во оваа насока, како и дополнувања со нови скромни сознанија, коишто, се надеваме, ќе ги прошират каналите и вилиците по кои ќе треба допрва да се упатат истражувачите.

Ако со взаемно дејство на ерозивните и седиментните сили се создаваат т.н. истражувачки пунктови од слоеви на земјата, во случајов оние на старите речни тераси, прапорните наноси. слоевите од глина и глечерските морени — карактеристични места за препознавање и идентификација на пребивалиштата од прачовекот - тогаш такви пунктови сигурно има на почвата за која станува збор. Но досега, овој научно - истражувачки предизвик не ги возбудил адекватните субјекти во македонските археолошки сфери. Оние што во оваа смисла нешто попатно призабележале се истражувачи спелолози. геолози, истражувачи на фаунистичките заедници или, во краен случај. археолози од други краишта или други држави. Како што е познато, единствениот специјален и официјален аналитичко - прегледан осврт за досегашните сознанија на палеолитот во Македонија е на г-дин Мирко Малез од Загреб во првиот том на големата серија на студии под наслов „ПРАИСТОРИЈА НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ ЗЕМЈИ“."1

Инаку. први појдовни истражувања кои на некој начин и отвораат простор за комплексни сознанија, започнуваат со J. Цвијиќ од Белград и неговите три монографски публикации за геологијата и географијата на Македонија објавени во периодот од 1903 до 1913 година“.2

Во 1918 година младиот француски археолог - праисторичар Етиен Пат (Etienne Patto), тогаш војник, враќајќи се од Солунскиот фронт кај селото Кристифорово јужно од Битола за околу 3 км открил камено орудие, првиот познат и објавен палеолитски артефакт од Македонија.3 а со тоа и го регистрирал првиот палеолитски локалитет во Македонија. Тој прв палеолитски предмет од територијата на Македонија на прв поглед бил сомнителен и не личел ни на автентично орудие заради особено грубата фактура, но анализата покажала дека се работи за еден вид на „џебна алатка“ (Coup – ԁе – poing) која во основата имала ретуш а едниот крај од таа основа бил и подоста заострен. Инаку, предметот бил од кварцит со црвенкасто - зеленкасти ленти, со замазнети рабови кои укажувале на подолготрајно миење со вода, тркалање, а димензиите му биле: 9,0х8,0х4,0 см. Според Пат. овој вид на кварцитна алатка („џепно оружје“) се јавува повеќе или помалку во сите степени на подалечната праисторија, но големата фреквенција на употреба во рамките на културите Шелен, Ашелен и Мустериен од стариот палеолит, упатува на тие најстари хронолошки рамки. Во атипичните артефакти го сместува и С. Бродар, но врз основа на пресметаниот индекс, предметот го сврстува во рамките на ашеленската култура, со што му обезбедува статус на најстар археолошки предмет од територијата на Македонија. А предметот, се разбира, не се наоѓа во својата „татковина“, туку се наоѓа во холекцијата на Е. Пат во универзитетскиот град Поатје во Франција“(Сл.4 1).

Илустрација, стр. 10
Сл. 1 Локалитет Кристифорово, Битолско: „Џебна алатка“ (Coup-de-poing) од кварцит, палеолит, Ашеленска култура (според. Etienne Patte) Fig. 1 The site Kristiforovo near Bitola: ,,pocket tool* (Coup-de-poing) of quartzite, Paleolithic, Acheulian cultu
Сл. 1 Локалитет Кристифорово, Битолско: „Џебна алатка“ (Coup-de-poing) од кварцит, палеолит, Ашеленска култура (според. Etienne Patte) Fig. 1 The site Kristiforovo near Bitola: ,,pocket tool* (Coup-de-poing) of quartzite, Paleolithic, Acheulian culture (according to Etienne Patte)

Е. Пат, во споменатата статија (фуснота5 2)“ спомнува уште еден предмет - стругалка од бел кварц, мошне груб и тесен, но за истиот не дава понатака никакви други податоци, освен тоа дека е најден во близиита на селото Буково, јужно од Битола. Кристифорово и Буково кај Битола се значи првите евидентирани палеолитски локалитети во Република Македонија.

Трет палеолитски локалитет кој официјално се спомнува е околината на Титов Велес (според нас, можеби околината на селото Караслари) забележан на Ј. Скутил во 1950 година“.6 Податоците презентирани според кажувањето

3 Мм. Malez, op. cit. 415.

“ Е. Раце. op.cit., 233.

" . на некој жител од градот T. Велес. не биле доволни за негова научна идентификација и верификација.

Од 1955 - 1965 година Р. Гаревски од палеонтолошкиот оддел при Природонаучниот музеј во Скопје, како што е познато, вршел систематски истражувања на плеистоценските наслаги во пештерите Макаровец и Макаровец Ил, две од системот на пештери распоредени во долината од реката Бабуна, од двете страни на стрмните стени од мезозојска геолошка структура, југозападно од Титов Велес. Двете пештери се наоѓаат на околу 110 м над коритото од десната страна на реката Бабуна. а со влезови на 300 м надморска висина!7 (види поопширно). Во Макаровец II Р. Гаревски открил керамички фрагменти поради кои геолошката старост на седиментите ја определил како холоценска, поточно во периодот од младото камено време — неолитот“.8

Истражувањата на квартарните седименти во пештерата Макаровец се преземени заради интересот за проучување на фаунистичките заедници. а попатно „собрани се повеќе палеолитски артефакти и кремени одбитоци. На тој начин Р. Гаревски го установил првиот палеолитски локалитет во пештерите на Македонија, а палеолитските наоди се проследени (ги проследил) со потребната стратиграфска, седиментолошка и палеонтолошка документаци-9 ја. Во фосилоносните стратуми од антропозојската (квартарната) седиментација во пештерата Р. Гаревски открил повеќе коскени и кремени артефакти И одбитоци со припадност на палеолитските ловци од времето на граветиенската култура скалозма на помладиот палеолит10 10)

Бидејќи при систематските истражување на квартарните седиментни наслаги во пештерата Макаровец археолошките артефакти имале секундарен третман, македонската официјална археологија, во смисла на научна сеопфатност од една страна и музејска презентација од друга страна, досега не поседуваше ни еден единствен палеолитски артефакт. без разлика на неговата хронолошка атипичност или неговата повисока или пониска археолошка вредност. Истражувачите на пештерите Макаровец и Макаровец П проф. д-р Д. Манаковиќ и д-р Р. Гаревски, во своите кабинети или во своите збирки поседуваат археолошки предмети откривани во разни плеистоценски или холоценски стратумски состави, меѓу кои, оние кај проф. д-р Д. Манаковиќ припаѓаат на неолитскиот (и енелоитскиот) период (фрагментирана керамика и една камена секира), неколку керамички фрагменти се од средниот век, а пак оние кај д-р Р. Гаревски се, како што е кажано, главно, од палеолитскиот период.11 Овие последниве, според едиа усна информација добиена од почитуваниот истражувач на пештерата Макаровец, од поодамна се наоѓале кај Ф. Осоле во Словенија, со недоволно јасно образложение „зошто“. Во пролетта 1990 година, долупотпишаниот, со помош на словенечките колеги (г-дин Драго Своњшак) и д-р Ф. Осоле, наиде на пет кремени орудија со територијална провениенција од споменатата македонска пештера, уредно заведени во регистарот на збирката од Институтот за квартарологија при Биотехничкиот факултет во Љубљана. Истите беа уште веднаш благона-

PL. I, Figs. 1-5 The cave Makarovec near Veles: flintstone artefacts, Palaeolithic, Gravettian culture
PL. I, Figs. 1-5 The cave Makarovec near Veles: flintstone artefacts, Palaeolithic, Gravettian culture

клоцо отстапени и донесени во Македонија со согласност на д-р Ф. Осоле и благодарение на раководителот на Институтот за кварартологија д-р Вида Похар, на кои долупотпишаниот јавно им се заблагодарува. Археолошките предмети натака ќе бидат своина на државниот музеј НА МАКЕДОНИЈА.

Pl. Il, Fiogs. 1-5 The cave Makarovec near Veles: flintstone artefacts, Palaeolithic, Gravettian culture (skethes)
Pl. Il, Fiogs. 1-5 The cave Makarovec near Veles: flintstone artefacts, Palaeolithic, Gravettian culture (skethes)

Опис на предметите

1. Кремен, масивен, аморфен, малку сплоснат, на долниот дел има замазнета основа: поголемиот дел од површината на една страна и дел од основата се мазни и речиси сјајни, најверојатно поради тркалање во вода; другата страна со поголемата површина како и горниот дел се грубо делкани. Бојата е жолтеникаво — црвенкаста на замазнетите површини и белузлаво — сивкаста кај грубо делканиот дел. Димензии: висина 7,8 см; ширина 7,6 см; дебелина 5,0 см. Предметот е одбележан како Макаровец 2 (T.1,1; Т.П. 1).

Примерокот најверојатно претставува chopper или ,,chopping коо!“ фаза од обработката на каменот и неговата употреба, што значи, некаква врста на орудие за удирање и сечење од кого сосема грубо претходно биле делкани кланктонски одбитоци.

2. Кремена алатка, нож - стругалка, сплосната, долната страна замазнета, горната делкана, заоблена; горниот дел е неправилно триаголно зашилен, а долниот зарамнет; рабовите десно и лево заострени и назабени; има жолтеникава боја. Димензии: должини 3,8 см; ширина 2,8 см; дебелина 0,8 см. Предметот е одбележан како Макаровец 3 (Т. 1,2; Т.П.2).

3. Ноже, светликав бел кварц, триаголна форма, напред сплоснат и заострен, назад зарамнет, рабовите лево и десно остри и назабени. Бојата е белузлава со жолтеникави нијанси згора и кај основата. Димензии: должина 3,1 ем; ширина 2,2 см; дебелина 1,1 см. Одбележан е со Макаровец 8 - 9 (Т.1.3;

4. Алатка, chopper, кремен, недооформена структура, неправилна триаголна форма, делкана и мазна на горната површина и делумно кај левата бочна страна, зашилена напред, зарамнета назад, во основата; груба фактура на долната страна; бојата е кафеава со сивкасти нијанси, долната страна светло - кафеава. Димензии: должина 5,3 см; ширина 2,9 см; дебелна 1,9 см. Предметот е одбележан: Макаровец 24 - 26 (T.1,4; Т.П 4).

5. Кремена алатка, ноже од нуклеус, здепасто, долната површина зарамнета, згора е стрмно заокружување. Бојата е сивкаста. Димензии: должина 2,6 см; ширина 2,0 см; дебелина 1,6 см. Одбележан е со Макаровец (нечитко)

Како што е веќе спомнато, повеќе врз основа на стратиграфските околности отколку според типолошките особености, овие палеолитски предмети влегуваат во младопалеолитската граветиенска хронолошко — културна скалозма.

При систематските истражувања на квартарната седиментација во пештерата Макаровец веќе е кажано, примарен третман имале фаунистичките фрагментирани егземплари, кои, во оваа прилика, би било занимливо да бидат спомнати како попостојани жители на дотичната пештера во однос на престојот во таа пештера на палеолитскиот ловец. Од пронајдените животински остатоци идентификувани се: пештерната мечка (Ursus spelaeus), господарката на пештерата, пештерната хиена, волкот, лисицата, пештерскиот лав, пантерот, козорогот и уште некои други."2.12 Контактите меѓу човекот и животното во контекст на проучувањето на пештерите како „заеднички живеалишта“, секако имале „селективна“ конотација во смисла на меѓусебно човек13 во однос на присуството и количеството на ископани животински коски, што сепак не е доволен податок за да се заклучи дека изумирањето на животните во пештерата не е дело и на палеолитскиот човек. "

Накрај, неопходно е да се посочат резултатите од стручните размислувања и проучувања во смисла на одвоени територијално = истражувачки пунктови на интересирање кои натака би биле предмет на арехолошко посматрање, теренска проспекција, рекогносцирање или топографско прегледување на македонските простори со убикации на можни палеолитски локалитети после кое би се формирала листа на приоритетни истражувачки пунктови во смисла на проучување на најстарите праисториски култури во Македонија. Нам ни се чини дека такви првично - истражни области би морале да бидат оние кои досега во геолошка смисла се регистрирани како простори со плеистоценски наслаги во кои се констатирани фосилни остатоци од занимливи примероци на квартарната флора и особено, квартарната фауна. Такви простори се: подножјето на планината Мариово меѓу селата Манастир и Бечиште (југоисточно од Прилеп) каде се констатирани наслаги од најстариот плеистоцен (вилафранциум), потоа, Пелагонија во поширока смисла, скопската котлина, високите тераси на реките Вардар, Лепенец, потоа Овчеполието, Осоговските планини, котлината Тиквеш, басените на трите македонски езера, како и следните поконкретно определени простори: потегот меѓу Трпејца и Љубаништа на источното крајбрежје од Охридското Езеро, со посебен акцент на пештерата Црна Пеш, потоа долината на реката Дрим од Велешта до Џепиште, долината на реката Радика, тиквешката котлина и Осоговската планинска област во Источна Македонија. И покрај тоа што пештерата Јаорец кај с. Велмеј, Охридско, е истражувана од Р. Гаревски (откриени се притоа 30 индивидуи ua Ursus spelaeus и попатно откриена железновременска керамика), сепак кавартарните наслаги би можеле да содржат и палолитски артефакти. од причина што пештерата не е доистражена и што истата има незаменлива т.и. „палеолитска пристапница“.14 Во оваа прилика можеби е потребно да биде спомената и пештерата Шупља Карпа кај с. Шупљи Камен во близината на коритото од реката Пчиња, Кумановско, поради претходно наведените причини за пезаменливата „палеолитска при-

Како што се гледа, на овој степен од развојот на археолошката наука во Македонија не може да стане збор за сигурно констатирани посодржајни палеолитски локалитети, а како што е познато, не може да стане збор исто така, ни за еден систематски истражуван палеолитски локалитет на македонската територија.

Оттука, ако за светот важи прекрасно искажаната мисла во видниот Андре Лероа - Груан дека без праисториската наука (без палеолитската), најчудесна и најзагатливата страна на светската судбина би останала непозната, тогаш тоа особено важи и за праисториската судбина на Македонија. PASKO KUZMAN - Ohrid

Белешки

  1. M. Malez, Prirodni okviri, rad na israZivanju i паѓаа paleolitskog doba и Makedoniji, Praistorija jugosiovenskih zemalja, Sarajevo 1979. ↩
  2. J, Lisnjuh, Основе за географију и геологију Македоније и старе Србије, Српска крањевска академија, Књига прва. књига друга. књига Тренд, Београд 1906.1911. ↩
  3. E. Patte, Coup-de-poing, en Quatzite. des environs de Monastir (Serbie), Bull. société prehistorique francaise XV, 4, 232-234, Paris 1918, ↩
  4. M. Malez, op. cit. 415. ↩
  5. E. Patte, op.cit., 233. ↩
  6. J. Skutil, Balkanské paleolitikum, Ozbor prehist., 14/2, PRAHA 1950, 280. Р. Гаревски, Стратиграфско и палеонтолошко значење на плеистоценската фауна од пештерата Макаровец во клисурата на реката Бабуна во околината на Титов Велес, Природонаучен музеј-Скопје (посебно издание) 6, Скопје 1969, 5-6. Р. Гаревски, Остатоци од глодар во пештерите Макаровец П во околината на Титов Велес, Fragmenta balcanica, Tom V. Изданија на Природонаучниот музеј-Скопје, Скопје 1964,58. ↩
  7. M. Malez, 417. ↩
  8. се заблагодарувам на проф. д-р Д. Манаковиќ за љубезноста и пресретливоста во врска со скерамичкиот материјал од пешерата Макровец П и воопшто во врска со целата проблематика околу наодите во споменатите пештери. ↩
  9. Сл. 1-5 Пештера Макаровец, Велешко: кремени артефакти, палеолит, Граветиенска култура ↩
  10. Сл. 1-5 Пештера Макаровец, Велешко: кремени артефакти, naneonut, Граветиенска култура (цртежи) истребување заради биолошки опстанок. ↩
  11. Во пештерата Макаровец, како што не известува Р. Гаревски, пронајдени се многу малку археолошки податоци за присуството на палеолитскиот ↩
  12. Гаревски, op.cit., 51-56. ↩
  13. Рр. Гаренски, op.cit., 54. ↩
  14. My благодарам на колегата D, Георгиевски од KYMUHORO за скренатото внимание и другите пресретливости во врска со локалитетот Шупла Карпа. Кумановско. ↩

Summary

The Palaeolithic in Macedonia

(SUMMARY)

The Palaeolithic in Macedonia has not so far been subject to systematic investigations. The scholars that have incidently noted down something in that sense are either speleologists, geologists, faunists or, at the worst, archaeologists from other regions and countries. As far as we know , the only specific and offical mention of the knowledge gained so far about the Palaeolithic in Macedonia is the one of Mirko Malez from Zagreb (Republic of Croatia) in vol. 1 of the ample series titled „Tpe Prehistory of the Yugoslav Countries“ (Group of authors, THE PRE-HISTORY OF THE YUGOSLAV COUNTRIES, ACADEMY OF SCIENCE AND ART OF BOSNIA AND HERCEGOVINA - CENTRE FOR BALKANO-LOGICAL INVESTIGATIONS, SARAJEVO 1979, 407-417).

Only few Palaeolithic sites have been recorded until now at the territory of the - Republic of Macedonia. The first one is near vil. KRISTIFOROVO, some 3 km. south of Bitola, the second is near vil. BUKOVO, also south of Bitola. We have по precise data about the third site, apart from the fact that it is in the vicinity of the city VELES, and the fourth one, the cave MAKAROVEC, is on Babuna, southwest of Veles.

On this occasion, we will present five Palaeolithic flintstone artefacts, which are officially the first Palaeolithic finds that have been found in Macedonia and are possession of Macedeonia. They are the following: 1) Chopping tool, flintstone, dimensions: 7,8 X 7,6 X 5,0.cm: 2. Tool—blade, scraper, flintstone, dimensions: 3,8 x 2,8 x 0,8 ст; 3. Blade, white quartz, 3,1 x 2,2 x 1 1 ст; 4. Tool, chopper, flintstone, 5,3 x 2,9 x 1,9 cm; 5. Tool — blade from nucleus, flintstone, 2,6 x 2,0 x 1,6.

These artefacts have been discovered in the course of investigation of the Pleistocene deposits in the cave MAKAROVEC located at the site of „Реми“ in the Babuna River Valley near Veles. The research activities were carried out in the period from 1955 to 1965 by R. Garevski from the Palaeontological Department at the Museum of Nature and Science in Skopje.

The explorations of the Quatternary deposits of this cave were aimed at studying the faunal communities, a number of bone and flintstone artefacts and debitages being gathered at the same time, belonging to the Palaeolithic hunters from the time of the Gravettian industry in the Upper Palaeolithic. These pieces were not available to the corresponding archaeological circles in Macedonia, the listed five items having been ,,property“ of the Institute for Quatternary Investigations at the Bio-Technical Faculty in Ljubljana (Republic Slovenia). In 1990 the above mentioned objects were delivered to the State Museum of Macedonia in Skopje.

ja The fact of the Palaeolithic research areas and spots in Macedonia is definite and inevitable, and those are the areas that are geologically confirmed to be rich in Pleistocene deposits, which contain fossil remains and interesting samples of Quatternary flora and fauna (in addition to the ones already mentioned: the region of the Osogovo Mountains in east Macedonia, the cave Šuplja Karpa by the Pčinja River, Kumanovo, the region of Mariovo, the valleys of the Rivers Drim and Radika in west Macedonia, the east coast of the Lake of Ohrid, etc.).