Macedoniae acta archaeologica 12 (1991) · стр. 183–199

Жданец, Скопје 1990, раноантичко погребување

Содржина
  1. СКЕЛЕТЕН МАТЕРИЈАЛ
  2. МЕТАЛНИ НАОДИ
  3. Украси на огламниците
  4. Бронзени вази
  5. Бронзени украси
  6. Оружје
  7. КЕРАМИКА

Ранноантичката некропола во Жданец, на јужната периферија на Скопје, позната е од пред две децении“.1 Локалитетот претставува рамна тераса со стрмни страни во северното подножје на планината Водно. Висока е 60-70 м над рамницата северно од неа и доминира врз широката околина. Од западната страна на Жданец се издига идентична тераса, одвоена од првата со длабоко поројно долче. го носи името Градиште и на неа била изградена утврдена населба. Со ископувања тука беа констатирани остатоци од населбински слоеви во распон од 7. до 4 век пред н.е...2 Умрените on населбата на Градиште ги закопувале на просторот на Жданец.

Целиот простор на Жданец е урбанизиран и густо изграден во годините по земјотресот, со исклучок на две куќни парцели на с/3 агол на терасата, каде изградбата започнала во 1989 и 19 година?.3 Во мај 1990 г. Музејот беше известен за археолошките остатоци на ова место. Макар што беше интервенирано веднаш, веќе беа однесени слоевите од целата градежна парцела, со исклучок на еден појас во ј/и агол долг до 6 м и широк до 2 м. Направен беше ископ длабок 2,5-3м. Во северниот профил на преостанатиот појас беа забележани п ресечени човечки и коњски коски. Во ископаниот простор најдовме дел од железен обрач од кола и парчиња од неколку раноантички керамички садови. Дознавме дека ископаната земја со 13 камиони била исфрлена некаде. На депонијата крај Вардар во Карпош III, откривме дел од оваа земја, по чие пребарување собравме делови од човечки и коњски скелети и железни окови од кола. На депонијата спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“, во исфрлената земја најдовме неспоредиво повеќе остатоци: коски од луѓе и коњи, окови од 3 колски тркала, 2 железни врвови од копја и мал нож, речиси цела бронзена кана и мала чинија, делови од керамички садови.

Сл. 1 Поглед на локалитетот пред ископувањата, од север Ph. 1 A north view of the site before the excavations.
Сл. 1 Поглед на локалитетот пред ископувањата, од север Ph. 1 A north view of the site before the excavations.

Со пребарување на преостанатиот сегмент во ј/и агол на парцелата констатирани се (in situ) остатоците на ова погребување: глави, пра. тови и дел од градниот кош на два коња, легнати еден крај друг. На просторот помеѓу муцките, лежеа во куп два комплета од коњски огламници: железни узди со браници сребрени токи кои биле зашиени на кожните ремени на огламниците.

Врз вратовите на коњите, попречно на нив и во слојот 0,30 м повисоко од нив, констатиравме склет на возрасен маж, испружен на грб, со рацете крај телото и главата полусвртена кон левото рамо (нозете му беа однесени со булдожерот). На вратот, веднаш под десното уво, затекнавме in situ 3 бронзени двојни игли.

По снимањето на профилот на јужниот раб од градежниот ископ, стана јасен и карактерот на античкиот укоп. Јасно се издвојуваа два слоја. Здравицата се состои од терцијарни слоеви на петрифициран песок и бледожолтеникав лапор. На западниот крај од работ на терасата здравицата допираше до 1 м под површината на теренот, додека на источниот крај на профилот достигнуваше околу 3 м длабочина под површината. Истата започнуваше косо да паѓа надолу од средината на профилот. Врз здравицата се протегаше темна земја - насип, со која беа засипани и археолошките наоди. Профилот очигледно претставуваше надолжен пресек низ пристапниот ходник (дромос) што косо слегувал кон една гробница. Гробницата би требало да лежи неколку метра понатаму кон исток, под коловозот на денешната улица „Деволска“. На ова мислење наведуваат, освен карактерот на најдените археолошки остатоци и следните податоци:

Сл. 2 Скелет бр. 1 (коњоводец) - детањ: иглите на вратот Ph. 2 Skeleton num.1 (horseleader) - detail: the pins on the neck
Сл. 2 Скелет бр. 1 (коњоводец) - детаљ: иглите на вратот Ph. 2 Skeleton num.1 (horseleader) - detail: the pins on the neck

- Врз човечкиот скелет (бр. 1) што лежеше врз коњските врато-ВН, 6еа наредени како капак неколку парчиња од плочи од зелен шкрилец, рі ba кршени, но и еден блок од травертин. Блокот е голем 45 x 30 x 30сМ, правилно изделкан, а едната страна украсена со рустика (барботина) околу која се протега испакната мазна рамка. Идентичен е со ваквите блокови од истовремената гробница во Бразда, близу Скопје4. Блокот несомнено претставувал градежен вишок од соседната гробница, шкартиран поради преломот и употребен за покривање на телото на коњоводецот.

сл. 3 Коњски черепи со железни узди и сребрени токи меѓу нив Ph. 3 Horse skulls with iron reins and silver buckles between them.1
сл. 3 Коњски черепи со железни узди и сребрени токи меѓу нив Ph. 3 Horse skulls with iron reins and silver buckles between them.1

- Во 1968-70 год., при ископот и планирањето на куќниот двор на истата улица, а веднаш источно од посочената локација, сопственикот ископал енормно големо количество на човечки коски (24 колички) како и повеќе железни врвови од копја, ножеви, меч и др.".5 Ова укажува на исклучителна концентрација на погребувања околу споменатата локација. Според откопаните археолошки остатоци што ги затекнавме in situ, материјалот прибран од депониите и информациите на работниците што се ова го ископале, може да се изврши оптимална реконструкција на погребувањето. Јасно е следното: по завршениот погребен чин на личноста во претпоставената гробница, во дромосот (ходникот) биле доведени два коња впрегнати во парадната кола. Коњите биле убиени впрегнати еден до друг, потоа бил усмртен коњоводецот и ставен врз коњските вратови, попречно на нив, со главата на север и нозете на југ. Помислуваме дека бил отруен со пијалок од една керамичка чашка, најдена близу до неговата лева рака".6 Четирите телохранители биле усмртени веројатно на ист начин и наредени околу колата што стоела зад коњите односно западно од нив. Потоа целиот ходник бил засипан со темна земја до површината на теренот (насип дебел 2-2,5 м) врз погребувањето; за се сп. сл. 13 - реконструкција на наодот).

СКЕЛЕТЕН МАТЕРИЈАЛ

Скелетите на 5-те индивидуи, најдени во ходникот, проучени се и прикажани одделно".7 Тука ќе истакнеме само дека сите 5 потекнувале од мажи на зрела возраст, добро градени. нема жени, деца и старци, а тоа зборува за одреден карактер на ова погребување. Очигледно е дека сите 5 мажи умреле веднаш, насилно и жртвувани како придружници на претпоставениот главатар (кнез).

Скелетите на коњите уште не се стручно анализирани. Според состојбата на забите се гледа дека тне биле во полна животна сила, користени очигледно како репрезентативна (парадна) запрега на кнезот. За ова зборуваат и нивните луксузни огламници.

МЕТАЛНИ НАОДИ

Окови за кола

Со грижливо пребарување на ископаната земја, во гореспоменатите депонии низ градот, успеавме да ги собереме речиси сите железни делови од 3 колски тркала, како и делови од други спојки на колата. Тркалата имале дрвена основа, врз која биле наковвани следните дело- - Обрачи поставени однадвор околу ское тркало. Обрачите имаат правоаголен пресек, широки 26-30 мм и дебели 10 мм, долги 240 односно 280 см. Според нив, двете зани тркала имале дијаметар од 90 см, а двете предни 77 см. На обрачите се пробиени по 24 правоаголни дупчи-

Сл. 4 Дел од железните окови И обрачи од колски тркала Ph. 4 A part of the iron over-lays and the hoops from the3 wheels
Сл. 4 Дел од железните окови И обрачи од колски тркала Ph. 4 A part of the iron over-lays and the hoops from the3 wheels
Сл. 5 Колско тркало со железни делови8 (реконструкција) Ph. 5 A cart wheel with iron parts (reconstruction).
Сл. 5 Колско тркало со железни делови8 (реконструкција) Ph. 5 A cart wheel with iron parts (reconstruction).

ња, низ кои биле забиени големи железни клинци. Овие имаат испакнати глави со издолжена чолнеста форма, долги 64 и широки 18 мм. На тој начин тркалата изгледала „назабени“, многу репрезентативни и веројатно подобро, совладувале“ секаков терен (сл. 4,5).

- Оковите што ги штителе бочните страни на дрвените обрачи на тркалата, биле исковани од железни плочки, дебели 4-5 мм, широки 55 мм и долги 60 односно 70 см. Плочките биле оформени лачно - сегментно и покривале една четвртина од кругот на тркалото; четири вакви сегменти покривале цела една страна на тркалото. На секој сегмент има по 7 дупчиња за железни клинци. Клинците имале кружна испакната глава, со дијаметар од 17 мм. Сегментите по средина се благо испакнати.

at Дрвените глави на тркалата биле стегнати со железни алки, во вид на ленти со правоаголен пресек. Имале дијаметар од сса 12 и 18 см.

Колски тркала со вакви окови досега не се најдени кај нас. Меѓутоа познати се идентични - или сосема блиски — наоди од неколку кнежевски гробници во соседните земји: во Враца во северозападна Бугарија, во Атеница кај Чачак (западна Србија) и во Перету (југозападна Романија)!.8 Наодите во Атеница се датирани во доцниот 6 век пред н.е. а оние во Перагу и Враца околу 375-350 г. пред н.е. Нивното датирање е изведено доста прецизно врз наоди на атички вази во Враца. Инаку, тркалата од Враца и Перету се меѓусебно идентични и Е. Москалу помислува дека потекнуваат од една иста работилница. Не е исклучено дека и тркалата од Ждансц потекнуваат од истата работилница, бидејќи одговараат во сите детали и димензии, а нивната луксузна изведба укажува на можен импорт (од Олинт, Амфиполис?).

Најдовме in situ два комплета на узди, меѓу себе идентични. Се состојат од бочни браници (Псалија, Тренсен) и попречна жвала што ги поврзува. Браниците се исковани како шипки со четвртес пресек, на средина пошироки, а со стеснети краеви; широки се 6-10 мм и долги 225-230 мм. На средишниот дел се наковани три алчиња (со дијаметар од 17-18 мм): едно од внатрешната и две од надворешната страна. На внатрешното алче с поврзана жвалата, а надворешните служеле за врзување на кожни ременчиња, што стоеле попречно преку муцката на коњот.

Краевите на браниците се стеснети и завршуваат со пластично топче и прстенче под него. Горните краеви се сосем куси, долните се долги и лачно извиени, со краевите свртени кон внатре, опфаќајќи ја на тој начин муцката на коњот.

Сл. 6 Железни коњски узди Ph. 6 Iron horse reins.
Сл. 6 Железни коњски узди Ph. 6 Iron horse reins.

Жвалата се состои од две „осумки“, меѓу себе споени како синџир. На ист начин се споени и со браниците, што овозможувало лесно движење во устата на коњот. Двете алки на секоја „осумка“ не лежат во иста рамнина, туку се сврзани меѓу себе под агол од 30-40 степени. Целата жвала е робустна и многу помасивно искована од браниците, а рабовите на алките остри. Со вака грубо и цврсто искован дел од уздата, можеле да се скротат и најнемирните коњи. Должината на жвалата изнесува 12 см. На нејзините крајни алки биле прицврстени и носачите на кожните дизгини.

Овие носачи се исковани како шипка со кружен пресек. Долната половина е права и завршува со алка, наметната на жвалата. горната половина е овално свисна - подвиткана наназад, за на неа да се закачи крајот на кожниот дизгин. Врвот од шипката завршува со пластично топче и прстенче под неа. Носачите се долги 115-120 мм. Секој комплет имал по два вакви носачи, леви и десни (сп. сл. б).

Украси на огламниците

Покрај железните узди, на просторот меѓу коњските муцки лежеа и 14 сребрени токи што некогаш биле прицврстени на кожните огламници. Според распоредот на истите може да се замисли и нивната реконструкција. Тие им припаѓале на два комплета од кои едниот е најден целосно (in situ) и се состоел од 9 големи и 4 мали токи. Од другиот комплет е затекната само една голема и седна мала тока; останатите предмети работниците ги уништиле со булдожерот и тие не се најдени.

Сл. 10 Сребрени токи од коњските оглавници (тип А и Б) Ph. 10 Silver buckles from the head pieces (type a and B).
Сл. 10 Сребрени токи од коњските оглавници (тип А и Б) Ph. 10 Silver buckles from the head pieces (type a and B).

Големите токи (сл. 10, тип A) имаат правилна сферна калота со дијаметар од 35-37 мм и испакнатина висока 8 мм. Од внатрешната страна налемена им е ушка, направена од сребрена лента кружно свиткана, широк 7 мм и со дијаметар 7-10 мм. Срепрото е фино и без примеси на бакар, прекрасно со сјајна црна сулфидна патина. Токи од овој тип, идентични на нашите, најдени се во веќе споменатата кнежевска гробница со коњ во Перету, во низа други истовремени гробови, се до скитскиот кралски курган во Аржан, во далечниот Сибир.9 Помалите токи (сл. 10, тип Б) се состојат исто од сферна калота, со дијаметар од 24-25 мм и испакнатина висока 8 мм. Калотите се ковани погрубо и рабовите им се неправилни. Од внатрешната страна има налемен долг носач, клинец, исто од сребро, во форма на шипка со четвртест пресек, долга 30 мм. Крајот што се налемен бил претходно сплескан - раскован во плочка, за да може лемот подобро да фати. Носачите се различно извисни, укажувајќи дека биле протнати низ подебела цврста подлога (дрвен ам?).

Бронзени вази

Во шутот исфрлен во депонијата најдовме и 2 фрагментирани бронзени вази. Една од нив с мала чинија со сферно тело и рамен венец, висока 30 мм и со дијаметар од 104 мм. Дното и е откршено. Другата ваза ја составивме од три дела; тоа е поголема топчеста кана со цилиндричен врат, широка 19 см и зачувана висина 23 см. Дното (со пречник од 10 см) И е одделно работено, а беше налемено на телото. Има форма на рамна кружна плочка со тесен подвиткан раб (висок до 2 мм), со кој била зацврстена за телото. Држалката и венецот на садот недостасуваат. Тие очигледно биле одделно изработени (веројатно лиени) и при ископот на земјата откршени. Не ги најдовме.

Двете вази немаат поголема типолошка вредност за нивното KyJIтурно и временско определување. Венецот и држалката на каната најповеќе би помогнале во таа смисла. но тие недостасуваат (сл.8,9).

Сл. 11 Бронзена кана Сл. 8 Bponsena чинија Ph. 11 A bronze pitcher. Ph. 8 A bronze plate.
Сл. 11 Бронзена кана Сл. 8 Bponsena чинија Ph. 11 A bronze pitcher. Ph. 8 A bronze plate.

Бронзени украси

Скелетот бр. 1 имаше на вратот, веднаш под десното уво 3 бронзени двојни игли. Изработени се од жичка со кружен пресек, долги 81 и 85 мм. Игливе спаѓаат во т.н. „требенишки тип“, датиран на балканските наоѓалишта од доцниот 6. до 4 век пред н.д.!0,10 Толку широк временски распон не користи за поблиското датирање на нашите наоди

Сл. 7 Бронзени игли и пинцета, скелет бр. |
Сл. 7 Бронзени игли и пинцета, скелет бр. |

Ph. 7 Bronze pins and tweezers. skeleton num. 1. Во профилот близу до истиот скелет најдовме и мала бронзена пинцета. Работена е од лента широка 3 и дебела 1 мм. која по должина е лачно извиена, потоа преклопена и на тој начин се оформени овалната ушка и лачните краци. Долга e 38 мм; едниот крак е прекршен.

Пинцетите се појавуваат во низа гробови на балканскиот простор, во временски распон од полното железно време до хеленизмот. Нашиот наод нема типолошка вредност за поблиско определување (сл. 7).

Оружје

Во ископаната земја најдовме и осттатоци од 3 копја и еден нож. Едниот врв од копје е зачуван целосно, убаво искован од квалитетно железо. Долго е 363 мм, широко до 37 мм. По должината на листот, од двете страни се протега силно пластично ребро, кое на долниот крај се проширува и преминува во тулец.

Сл. 9 Железни врвови од копја Ph. 9 Iron spear heads.
Сл. 9 Железни врвови од копја Ph. 9 Iron spear heads.

Другиот има целосно запазен лист, послаб е од претходниот и со слабо средишно ребро, зачувано само во долниот дел. Поголемиот дел од тулецот недостасува. Долго e 336 мм (сл. 11).

Најден е и поголем дел од тулец, кој не одговара на претходниот врв, туку на некое трето копје. Како на интересен детаљ укажуваме дека на врвот бр. 1, од едната страна, се гледа фино ситно ткаење - отпечаток од текстил (лен?) што е зачуван во оксидираната површина.

Формата на копјата од Жданец, е вообичаена во класичниот период (одминат 5. и 4 век пред н.е.) во Македонија.11 Макар што имаат голема должина и развиени класични елементи, овис врвови се уште не ја достигнале формата.на сариса, употребувана во Македонија во Крај главата на скелетот бр. 1 е најден и мал железен нож - силно оксидиран, чија што држалка недостасува, (скршена е). Сечилото € благо завиено надолу. Нема типолошка вредност.

КЕРАМИКА

Горе споменавме дека близу до левиот колк на скелетот бр. 1 откривме мал керамичен сад – чашка без рачки. Работена е на грнчарско колце, сиво е печена, со профилиран венец и прстенесто дно. Венецот е откршен. Висината изнесува 60 мм, пречникот 74 мм (сл. 12.1). Ph. 12 Pottery vessals: 1 a grey baked cup next to the skeleton num. 1; 2 a grey baked

Сл. 12 Керамички садови: 1 - сиво печена чашка крај скелетот бр. 1; 2 - сиво печен скифос; 3 – црно фирнисован скифос од атички тип
Сл. 12 Керамички садови: 1 - сиво печена чашка крај скелетот бр. 1; 2 - сиво печен скифос; 3 – црно фирнисован скифос од атички тип
Сл. 13 Реконструкција на погребувањето во дромосот Ph. 13 A reconstruction of the burial in the dromos.
Сл. 13 Реконструкција на погребувањето во дромосот Ph. 13 A reconstruction of the burial in the dromos.

Во јужниот профил најдовме уште неколку12 фрагментирани садови, од кои прикажуваме два со типолошка вредност. Тоа се:

- Скифос работен на колце, сиво печен, со благо извиен венец и прстенеста нога. Хоризонталните држалки се скршени, горе е делумно фрагментиран. Висок е 83 мм, а пречникот на телото изнесува 86 мм (сл. 12.2). Најден е крај главата на скелетот бр. 2.

- Долна половина од скифос, работен на колце, керамично печен, боен одвнатре и однадвор со сјаен црн фирнис. Не е обоена само една тесна лента на горната страна од ногата, која е прстенеста и остро профилирана. Зачуваната висина изнесува 50 мм (сл. 12.3). Најден е крај скелетот бр. 3.

Последниот примерок претставува атичка ваза, импортирана или работена во некоја локална работилница кај нас, како атичка копија. Повеќе вакви вази ископани се неодамна во насипот врз владетелската гробница во Бразда13 кај Скопје, а можат да се датираат на самиот крај на 5. и почетокот на 4 век пред н.е."..

И сиво печениот скифос има бројни аналогии меѓу наодите од Бразда. Тоа е впрочем, најчестата форма меѓу хеленизираната домашна керамика во скопскиот регион и поширокиот севернопајонски простор низ 5. и 4 век пред н.е.14

Прикажаното погребување во Жданец може преку археолошките наоди да се датира во првата половина од 4 век пред н.е. или можеби на крајот од 5 век пред н.е. Без обзир што наодот го затекнавме во најголем дел раскопан и уништен, можеше сепак да се изврши делумна реконструкција како појдовна база за натамошни размислувања. Така реконструирано, жртвеното погребување на парадната запрега — колата, коњите со луксузни огламници, коњоводецот и 4 воини, претставува посебно ретка и исто толку значајна појава што се вклопува во раната антика и почетоците на државното уредување во нашите краишта. Останува да се надеваме, под посреќни околности во иднина да се откопа и гробницата на непознатиот пајонски кнез, чии што придружни елементи ги прикажавме во оваа прилика.

Г. Микулчиќ, Кантароси и скифоси од гробницата во Бразда, мад бр. 11, Скоп! 1990, 97, 1000 TL Wet, от од ГР men ihe lel 3 Истата, о.с., 97, T.IV. V.

Марненци и Повардарјето во античко време, скопје 1986, 38 ив сл. 9, 41 и ел. 11, 35 GORICA MIKULČIKJ - Skopje

ZDANEC, SKOPJE 1990, EARLY ANCIENT BURIAL

(SUMMARY)

The early ancient necropolis at Zdanec on the outskirts of steps has been known since two decades ago. The site represents a plateau with steep sides on the north foothill of the mountain Vodno with a 60-70 m. height, above the plane from a north direction wich dominates over a wider area. From the west side of Zdanec aidentical plateau rises and is separated from the first one by a small and deep valley. It is called ,,GradiSte“ and on it a fortified settlement was erected. Remains of a layer of a settlement dating from the 7" to the 4“ century B.C. were stated with the archaeological research, The deceased inhabitants of the settkement were buried on the spot at Zdanec.

The Museum of Macedonia in May 1990, intervened during the builging of a house on this site. With this intervention we gathered: bones from 4 human skeletons, 2 horse skeletons, an over-lay from 3 cart wheels, 2 iron spears heads, a pitcher, a small knife, a small bronze plate and 3 ceramic cups (skiphoi). In the j/i corner of the site in situ remains from a burial were discovered. The front parts from two horse skeletons, which were side by side, on the space between the heads two sets of head pieces were found with iron reins and silver buckles sewed on to the leather bands of the head pieace.

On the necks of the horses a male skeleton was discovered, placed with his back down and the hands by the body. On the neck, next to the right ear 3 bronze double pins were found in situ.

In the south profile an ancient burial was stated. The bottom consisted of thercial layers of petrified gravel and pale yellow clay, that on the east end of ae profile had a 3 m. depth below the surfice which rises obliquely eastward.

Белешки

  1. В. Соколовска и Р. Пашиќ, Еден гроб од Жданец, Зборник на Apxeon. музеј кн. 6-7, Скопје 1975, 231-244. ↩
  2. Р. Пашиќ, Градиште, Ср. Нерези кај Скопје, мад Ф 10, Скопје 1989, 91-100; И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 29-31 и сл. 10-12. ↩
  3. За ископот на наведената парцела и постоењето на археолошки остатоци пријави еден добронамерен сосед, додека сопственикот на парцелата и натаму се обидуваше да ја прикрие ситуацијата, отежнувајќи ги и интервентните работи на теренот. По информацијата on Pen. завод зазаштита на спомениците на култура и со нивна дозвола) на TepeHor интервенираше потпишаната, со повремено учество на м-р i. Митревски, м-р Ф. Велјановска и препараторите од Музејот на Македонија. Работеа група студенти по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. ↩
  4. И. Микулиќ и В. Соколовска, Гробница во Бразда кај Скопје, М А А бр. 11, Скопје 1990, 79-92. ↩
  5. Податоците се добиени при пробните сондирања на овој простор од страна на потпишаната во 1985 г. Еден врв од копје и нож прибрани се тогаш за збирката на Музејот на Македонија, Скопје. ↩
  6. Чашката е дадена на хемиска-токсиколошка анализа на Хемискиот факултет во Скопје ↩
  7. Сп. ја студијата на Ф. Велјановска во овој број на списанието. Воедно И се заблагодарувам на истата за помошта во теренските работи и околу идентификувањето на остеолошкиот материјал. ↩
  8. M. Djuknik - B. Jovanovik, Illyrian princely2 necropolis at Atenica, Archeologia Iugoslavica oh 6. Belgrad 1965. 14 ff. Taf. 10. 12: 1 1-10: - I. Venedikov. Le tumulus de Vraca, Etudes Balkaniques 5, Sofija 1966, 234 ff: - E. Moscalu, Das thrako-getische Fiirstengrab von Peretu in Ruminien. Bericht der RGK Band 70, Frankfurt 1989, 5. 129-190, os. 155-158, Abb. 17-18, Taf. 63 - тркалата се речиси идентични со нашите! ↩
  9. E. Moscalu, ор. cit., 136; Abb. 18; – М.П. Грјазнов, Аржан, царскиј курган раннескифского времени, Ленинград 1980, стр. 20, сл. 10. i0 И. Микулчиќ, Илирско-архајски гробови из ок. Штипа, Старинар Н.С. 13-14, Београд ↩
  10. , 205, сл. 16: - Истиот, Jenna античка некропола из ок. Битола, Старинар Н.С. ↩
  11. Београд 1970, 140, Т.И. - Исто и: F. Maier, Zu einigen bosnisch — herzegowischen ↩
  12. Bronzen in Griechenland, Germania 34, Frankfurt 1956, 59 ff.; - P. Jacobsthal, Greek Pins, Oxford 1956, 137. MAA времето на Филип1 II и по него. лу, Микулчиќ, о.с. 1970, 140, 7.IIl. skiphoi: 3 an Attic type black glazed skiphoi. ↩
  13. Истата, о.с., 97, Т.IV. V. ↩
  14. Истата, о.с., 100; – И. Микулчиќ–М. Јовановиќ, Хеленистички опидум из Кршевице код Врања, Врањски гласник књ. 4, 1968, 355-373, Т.XII; – И. Микулчиќ, скопје со ок. тврдини, 1982, 20 и сл.11; – Р. Пашиќ, н.д., 93, сл. 4, 5; – В. Соколовска, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време, скопје 1986, 38 и сл. 9, 41 и сл. 11, 35 и сл. 5. ↩

Summary

Ždanec, Skopje 1990, Early Ancient Burial

‘The stratigraphy is visable on the south profile: a poured layer of dark soil with archaelogical remains, above a layer of a petrified base that obliquely lowers eastward and forms a trench 2,5-3 m. wide and 6 m. long. Most-probably this is the partt of the hall-dromos which lead to the tomb. The tomb was probably built from travertinus cut blocks, fragments from them were found in the hall.

The reconstructed burial in the hall consisted of: two horses set in a cart and later killed; the cart had a number of iron overlays. The front two wheels had a diameter from 0,75m., while the back two wheels 0,90 m. Beside the hoops, also the iron over-lays which covered the wheels sideways were found in strip fragments 4 cm wide. By the cart four human skeletons were layed down. All the five skeletons originate from middle aged males. Next to them iron spear heads were discovered and опе сегаmic cup. Obviously they were killed-sacrificed to escort the unkown duke, who’s tomb is below and undiscovered, under the present day street. The luxurious head pieces (with 12 massive silvegbuckles) also speek for the sacrificial act. i

The pottery finds - among them the attic black glazed vase date the burial in the early 4" century B.C. The over lays from the cart have direct analogies with the duke tombs in Vraca (Bulgarria) and Peretu (Romania).