Macedoniae acta archaeologica 12 (1991) · стр. 163–181
Раноантичка рачно работена керамика од Македонија
Содржина
- ВАРДАРСКИ РИД - ГЕВГЕЛИЈА
- ИСАР-МАРВИНЦИ - ВАЛАНДОВО
- ВАЛАНДОВО
- ДЕМИР КАПИЈА
- ГРАДИШТЕ - НЕГОТИНО
- СТОБИ
- ДАБИЦИ - СОПОТ
- ГРАДИШТЕ-КНЕЖЈЕ - СВЕТИ НИКОЛЕ
- ПИЛАВО - БУРИЛЧЕВО - КОЧАНИ
- КРИВИ ДОЛ - РАДАЊЕ - ШТИП
- ГОРНО ПОЛЕ - КАРАОРМАН - ШТИП
- ГРАДИШТЕ - НЕРЕЗИ - СКОПЈЕ
- ГРАДИШТЕ - СТУДЕНИЧАНИ - СКОПЈЕ
- ГРАДИШТЕ - БРАЗДА - СКОПЈЕ
- ГЛАУЧИЦА - ЛИПКОВО - КУМАНОВО
- ЖЕГЛИГОВСКИ КАМЕН - КУМАНОВО
- ГРАДИШТЕ - ПЕЛИНЦЕ - КУМАНОВО
- ТРИ ЧЕЉУСТИ И ВРТУЉКА - ОХРИД
- ПЕЛАГОНИЈА
- ТИПОЛОГИЈА, анализа И ДАТИРАЊЕ
- Паници
- Бокали и шолји
- Минијатурни садови
Како евтин производ достапен на сите општествени слоеви, грубата керамика е присутна во сите времиња и на сите простори. Едноставноста на формите и фактурата на глината често пати го оневозможуваат нејзиното попрецизно хронолошко и културно детерминирање, особено кога се работи за осамени или спорадични наоди. Притоа, не треба да се заборави дека извесни форми и декоративни елементи имаат долг век на траење или како сирвивали оживуваат во определени моменти на општествениот развој на еден простор, што често пати создава забуна која може да доведе до негативни последици.
Последниве децении ископувањата на античките локалитети во Македонија дадоа значителен фонд од рачно работена керамика, која покажува извесна меѓусебна сродност во типологијата, квалитетот и составот на глината, а условите под кои € откривана навестуваат можност за нејзино сместување во потесни временски рамки. Се работи за керамика изработена од груба непречистена глина со значително присуство на кварцни зрнца и лискун. Се среќава во разни нијанси на темносива или светло до темнокафена боја. што стои во зависност од составот на земјата, степенот на печењето и намената. Користена с за приготвување на храна, за чување житарици, а како што ќе видимие подоцна, употребувана е и како гробна керамика за погребување на кремираните остатоци на умрените.
Раноантичката рачно работена керамика досега не претставувала предмет на посебна студија кај нас. Сепак, објавувана е редовно од страна на истражувачите макар и во помал обем и нивните размислувања и констатации ќе бидат корисни за нашата тема.
Заради поцелосен увид ќе се осврнеме најпрвин на локалитетите каде е наоѓана, како и на условите под кои е откривана.
ВАРДАРСКИ РИД - ГЕВГЕЛИЈА
На влезот во Гевгелија, од десната страна на Вардар, се издига благо возвишение, познато како Вардарски Pun, каде се констатирани траги од античка населба. Со заштитните ископувања од 1979 год. установено е дека нејзините зачетоци се врзуваат за архајскиот период. Може да се каже дека животот на населбата трае до подоцнежното хеленистичко време. Значително присуство на рачно работена керамика констатирано е во најстарите слоеви кои се карактеризираат со силни траги од пожар!1 (Т. 6, сл. 1,2).
ИСАР-МАРВИНЦИ - ВАЛАНДОВО
Локалитетот Исар - Марвинци познат е во стручната литература како античка населба, каде се вршени систематски ископувања од 1978- 1985 г. Притоа беа истражени поедини делови од предримската акропола и дел од Јужната некропола, со што се добиени драгоцени податоци за времетраењето и културниот развој на населбата. Во најстарите слоеви на акрополата откриено е мноштво фрагментирана рачно работена керамика во контекст на спален хоризонт со силни остатоци на куќен леп и покривни керамиди.
На просторот од Јужната некропола опфатен со квадратите C-6, С-7, Д-б и Д-7, откриено с мноштво фрагменти од урни, делумно уништени со подоцнежните укопи, но во прв ред развлечени под дејство на ерозијата и земјените работи. Урните се плитко вкопани, на длабочина од 0.20-0.30 м под денешното ниво на теренот. Една целосно зачувана урна, означена како гроб 77, го потврдува овој вид погребување на некрополата. Од уште едно појасно погребување, гроб 87, зачувано е дно од урна со нагорени коски и поголем дел од длабока паница употребена како капак“2 (Т. 1, сл. 2и 7; 1. 3, сл. 2; T. 6, сл. 2и 4).
ВАЛАНДОВО
На северната периферија на Валандово, на просторот каде се протега дел од доцноантичката некропола, при изработка на археолошката подлога на градот, откриена с една целосно зачувана урна (T.26,
ДЕМИР КАПИЈА
Со археолошките ископувања во Демир Капија 1947-52 г. не се добиени позначајни податоци за погребувањата во урни, макар што грубата керамика € откривана во културните слоеви од пространата античка некропола. Ископувањата изведувани во 1970-72 год. на секторот Болница, дадоа нешто повеќе податоци. Констатирано е дека под нивото на гробовите од 4 век пред н.е. е присутна рачно работена керамика - големи садови во фрагменти, секако користени како урни за погребување. Макар што на прв поглед се чини безначаен, овој податок зборува за начинот на погребување во времето што му претходи на 4 век.
T. 2 Сл. 1 и 2 - Валандово: Сл. 3 и 4 - Стоби; Сл. 5 - Дабици-Сопот; Сл. 6-10 - Градиште-Кнежје; Сл. 12 - Градиште-Неготино; Сл. 13 Криви Дол-Радање; Сл. 14 и 15 - Горно Поле-Караорман
РЕП3 Fig. 1 and 2 - Valandovo, Fig. 3-4 Stobi Fig. 5 Dabici - Sopot, Fi j
_ Be, Fig. 12 Огадне-Черокто, Fig. 13 Krivi DotRadanje, Fig’ Це Kao
ГРАДИШТЕ - НЕГОТИНО
Случајното откривање на содржината од една керамичка работилница со печка од локалитетот Градиште, познато како Циглана, во која доминира локална сива керамика, најден е и еден добро зачуван сад со една држалка (Т. 2, сл. 13) Рачно работена керамика откривана € и во културните слоеви на населбата расположена на Градиште.
СТОБИ
Со истражувањата на палатата Перистерија, во темелните зони на објектот, откриени се фрагменти од рачно изработени урни. Околноста што на овој простор, под палатата Перистерија и под другите доцноантички објекти во Стоби, се протегала раноантичка и хеленистичката некропола на градот, само ја потврдува нивната намена како урни за погребување на кремираните остатоци од покојниците5 (Т. 2,
сл. 3 и 4).
ДАБИЦИ - СОПОТ
Локалитетот се наоѓа на околу 8 км северно од Велес, пресечен со новиот автопат. Се работи за некропола од постарото железно време, каде се вршени погребувања под тумули. Со ископувањата од 1986 год. помеѓу тумулите IV и У откриен е сад во фрагментирана состојба (T. 2, ел. 5). Според истражувачите садот немал улога на урна, туку тука бил поставен како жртвен прилог.6
ГРАДИШТЕ-КНЕЖЈЕ - СВЕТИ НИКОЛЕ
Античката населба расположена на Градиште-Кнежје според својата големина од 20 хектари, се вбројува меѓу водечките градови во Пајонија. Значајни податоци за локалитетот прибрани се преку теренските опсервации и археолошкиот материјал откриван површински и преку наодите откривани од страна на мештаните. Ископувањата on помал обем изведени во 1986 год. ги потврдија и надополнија сознанијата за овој град, што одат во прилог на предлогот дека тука се наоѓал градот Билазора.7 Меѓу керамичкиот материјал се издвојуваат Си менти од рачно работени лонци, кои според местото каде са наоѓани треба да се вбројат во населбинска керамика (Т. 2, сл. 7-10).8
ПИЛАВО - БУРИЛЧЕВО - КОЧАНИ
За време истражувањата на една енеолитска населба на локалитетот Пилаво, откриен е културен слој од времето на раната антика. .
5 Три. 44, Сл, 13, 1-3.
" икулчиќ, Наоди од Кнежје. МАА 11. Скопје 1990, Си. 2. Покрај сивата пајонска керамика работена на колце, откривана е груба керамика - фрагментирани садови, веројатно урни. Ако се установи дека се работи за некропола на спалени покојници, би можеле да сметаме на една постара, одн. почетна етапа на овој вид погребување на пајонскиот просто и садови, веројатно урни. Ако се установи дека се работи за некропола на спалени покојници, би можеле да сметаме на една постара, одн. почетна етапа на овој вид погребување на пајонскиот простор.
КРИВИ ДОЛ - РАДАЊЕ - ШТИП
Ревизионите ископувања на познатата некропола од постарото железно време на локалитетот Криви Дол, покажаа значително присуство на груба рачно работсна керамика што припаѓала на погребни урни. Судејќи според карактерот на локалитетот може да се забележи дека погребувањата се вршени во текот на подолг период, опфаќајќи ја и раната антика"“ (Т. 2, сл. 13).
ГОРНО ПОЛЕ - КАРАОРМАН - ШТИП
Со заштитните ископувања на локалитетот од 1959 год., кога се откриени неколку гробови од архајскиот период, во културните слоеви на некрополата наоѓана е рачно работена керамика11 - делови од големи садови. Според местото каде е откривана може да се вброи во гробна керамика (T. 2, сл. 14, 15).Н
ГРАДИШТЕ - НЕРЕЗИ - СКОПЈЕ
На јужната периферија на Скопје се издига Нерешкото Градиште, каде се установени остатоци од раноантичка населба.12 Сондажните ис копувања од 1974 и 1978 год. покажаа значително присуство на рачно работена керамика, откривана во културните слоеви од населбата.
ГРАДИШТЕ - СТУДЕНИЧАНИ - СКОПЈЕ
Сондажните ископувања на Градиште-Студеничани од 1979 год., во културните слоеви што припаѓаат на раната антика, дадоа мноштво керамика13 работена на рака, проследена со сива хеленизирана пајонска керамика“ (Т. 6, сл. 5).
ГРАДИШТЕ - БРАЗДА - СКОПЈЕ
Градиште-Бразда може да се смета како водечка населба во скопската котлина во времето на раната антика. Сондажните ископувања од 1986 год. покажаа дека населбата достигнала значителен културен ? Материјалот не е објавен.
пи. Микутон, gd a гробови из околине Штипа, Старинар Књ. XIII-XIV, Београд 1965, Сл. 29A и 30. i : : .
И. Микулчиќ, - В. Соколовска, Гробница во Бразда кај Скопје, мад 11, Скопје 1990,
напредок и висок степен на хеленизација. Индициите за развиена металургија, присуството на импортирана стока, како и локалната керамичка продукција на високо техничко ниво ова го потврдуваат. Особено значајно е откривањето на владетелската гробница, лоцирана на западното подножје на Градиште. Нејзиното истражување кое се уште трае, покажа дека гробницата била засипана со голема количина земја проследена со значително присуство на фрагментирана керамика, меѓу која доминираат рачно изработени груби садови“ (Т. 4, сл. 1-10).
ГЛАУЧИЦА - ЛИПКОВО - КУМАНОВО
Покрај селото Липково, кос се наоѓа западно од Куманово, се издига издолжен карпест гребен познат како Глаучица. Врз неговото највисоко плато егзистирала населба уште во текот на постарото железно време. Меѓу површинскиот материјал значително е присуството на груба рачно работена керамика, меѓу која се издвојуваат големи садови
ЖЕГЛИГОВСКИ КАМЕН - КУМАНОВО
Врз платото и на подножјето на локалитетот, при ископувањата изведувани од страна на Музејот во Куманово, откриени се раноантички хоризонти од населбата, проследени со значително присуство на рачно работена керамика (Т. 5, сл. 2.4). Наодите од импортирана грчка керамика во стил на црвени фигури мошне добро служат за нејзиното временско определување.15
ГРАДИШТЕ - ПЕЛИНЦЕ - КУМАНОВО
Северно од Куманово, кај селото Пелинце, се наоѓа локалитетот Е радиште. На неговото највисоко плато и околните тераси констатирани се траги од бронзенодопска и раноантичка населба. Со ископувањата на Музејот во Куманово, во културните слоеви од раноантичкото време, откриена е груба рачно изработена керамика16 (Т. 5, сл. 5, 5."
ТРИ ЧЕЉУСТИ И ВРТУЉКА - ОХРИД
При ископувањата на локалитетите Три Чељусти и Вртуљка кои се наоѓаат во просторните рамки на требенишката некропола, открие-НО е мноштво груба керамика во фрагментарна состојба. Забележано е дека на одреден простор е концентрирано нејзино големо брисуство, објаснето како намерно ритуално кршење на садовите при погребната церемонија. И тука доминираат лонци со потковичести држалки што ја навестува нивната употреба како урни за кремираните остатоци на покојниците.17
ПЕЛАГОНИЈА
На раноантичките локалитети во Пелагонија во последниве децении не се вршени археолошки ископувања. Драгоцени податоци за овој простран регион, во најголема мера добиени се по пат на рекогносцирања на теренот. Бројните населби, меѓу кои доминираат Градиште кај Граиште (Брианион?), Кале кај Бучин (Алкомена?) и Бедем кај Чепигово (Стибера), чии зачетоци се поставуваат во архајскиот период, судејќи според керамичките и монетните наоди, интензивно живеат во времето на раната антика. На ова време припаѓа сивата локална керамика, како и грубата рачно работена керамика, адекватна според стилот и формите со повардарската.
ТИПОЛОГИЈА, анализа И ДАТИРАЊЕ
Лонци
Меѓу рачно работената керамика откривана на сите локалитети во Македонија, според расположивиот материјал може да се уочи дека во најголем број се застапени големи садови — лонци. Нивната основна карактеристика е конусовидна или бочваста форма, тесно и рамно дно и знатно проширен отвор со едноставно завршен рамен или заоблен венец. Потковичестите држалки се јавуваат како најчести, поставени во висина на венецот или незначително под него. Јазичестите држалки се исто така присутни, најчесто поставени под венецот. Според зачуваните фрагменти може да се установи дека на ЈІОНІЈНТС се среќаваат ни тркалезни држалки, аплицирани хоризонтално на најширокиот дел од телото или вертикално под венецот на садот. Декорацијата што повремено се среќава сведена с на пластични ребра, украсени со отпечатоци од прсти или понекогаш со коси зарези, кои како гирланди течат околу рамото или мевот или се спуштаат вертикално врз стомакот на садот. Поретки се украси во вид на пластични пупки или чепасти израстоци што претежно се среќаваат кај садови од помали димензии. Површината не е мазнета. Степенот на печењето условил да се добие знатна цврстина на садовите. Височината на лонците се движи до 32 см, преч-. никот на дното варира од 10-14 цм, а пречникот на отворот од 18-27 см. Дебелината на зидовите е околу 1 см.
Макар што се масовно употребувани, зачувани се во најголем број во фрагменти, било да се работи за населбинска или гробна керамика. Кај вторите, фрагментираноста с резултат на плитко вкопаните погребни урни на некродолите, каков е случајот на Исар-Марвинци или се работи за намерно кршење на садови во погребниот ритуал, како што е забележано на некрополата Три Чељусти и Вртуљка,18 како и во .
"ЕК, 1, Глаучица-Липково; Сл. 2-4 - Жеглиговски Камен; 5и 6 — Градиште-Пелинце; PIV Fig. 1 ~ Glautica-Lipkovo. Fig. 2-4 Zegligovski Kamen, Fig. 5. 6 Gradikte-Pelnice. Fig. 7-10 Tri Celjusti and Vitulike , ene 8 radiSte-Pelnice, Fig насипаниот слој врз владетелската гробница во Бразда. Меѓутоа, некои целосно зачувани и реконструирани примероци овозможуваат да се согледа нивната форма и величина и на извесен начин да се установи нивниот типолошки развој.
- Лонецот од некрополата Дабици-Сопот изработен е од светлокафена глина со примеси на лискун и бели кварцни зрнца. Обликуван е конусовидно, со рамно дно и хоризонтално зарамнет венец. Четирите потковичести држалки, две помали и две поголеми, спротивно поставени, прилепени се нешто под венецот на садот. Под нив започнува издадена „крагна“, сега оштетена. Висина 32 см, пречник на дното 10 см, пречник на отворот 39 см. Дебелината на зидовите варира од 8-10 мм (Т. 2, сл. 5). За разлика од останатите лонци, примерокот од Сопот има значително поширок отвор и е мошне слабо печен. Оваа околност навестува дека се работи за урна.
- Урната од Валандово изработена е од бледоцрвена глина, со конусна, нешто заоблена форма. Две изразито издадени потковичести држалки поставени се под работ на венецот. Под држалките започнува масивна „крагна“. Висина 30 см, пречник на дното 10 см, пречник на отворот 27 см. (T. 2, сл. 1 1. 6, сл. 3)
- Еден фрагмент од урна, најден на некрополата во Валандово, содржи траги од сега искршена „крагна“. Слично на урната од Сопот и овој примерок има изразито широк отвор од 42 см (Т. 2, сл. 2).
- Два фрагменти од веројатно ист лонец, откриени се во културните слоеви на акрополата на Исар-Марвинци. Изработен е од црвенокафена груба глина. Формата покажува тенденција кон мешесто обликување на телото. Под зарамнетиот раб на отворот поставени се потковичести држалки, под кои започнува масивен израсток - „крагна“, сега сосема оштетена. Пречникот на отворот изнесува 28 см. (Т. 1, сл.
Категоријата на лонци-урни со карактеристичната „крагна“ се чини дека можеме да ги сметаме како најстари примероци меѓу рачно изработената раноантичка керамика. Овој детаљ, како и општата форма наоѓа добри паралели во садовите од Варош-Прилеп" и Вардина, датирани во постарото железно време. Додуша, Ѕора на лонците од Вардина и Прилеп19 се разликува од нашите — ТНС имаат стеснет врат и вертикални држалки. На овој тип лонци припаѓа фрагментот од Вардарски Рид (Т. 6, сл. 1). Лонецот од Прилеп има заоблено-проширена форма и изразито издадена „крагна“, додека примерокот од Вардина е значително издолжен, а неговата „крагна“20 не с така масивна. Ако можеме лонецот од Вардина да го сметаме како помлад од прилепскиот примерок, тогаш во нашите лонци од Сопот и Валандово треба да ја имаме следната фаза во развојот на овој тип садови. Стеснетиот дел од вратот се губи, а под венецот се поставуваат потковичести држалки. Истата слика ја даваат и наодите од поновите ископувања на Кастанас, каде овој детаљ се среќава на садовите почнувајќи од доцното бронзено време, па до времето на раната антика.
Што се однесува до нивното датирање, мислиме дека засега би можеле да се издвојат постари и помлади примероци. Како појдовна точка може да послужи садот од Сопот. Лонецот е поставен помеѓу два тумула, според истражувачите најверојатно како ритуален прилог. Наодите од двата тумула не излегуваат од рамките на VI век, па според тоа и лонецот припаѓа кон крајот на векот. Урната од Валандово можеме да ја сметаме за нешто помлада и да ја сместиме во рамките на V век. Фрагментираниот примерок од акрополата на Исар-Марвинци би можел да се вклопи во истото време. Откриен е во културен слој од населбата, кој временски може да се припише на доцниот У век пред
Се чини дека ова е краен временски термин за лонците со „крагна“. На истовремените примероци, кои навлегуваат и во IV век, овој детаљ се губи.
– Урната од Исар-Марвинци е изработена од мрка глина. Венецот на садот с рамен со малку извлечен раб, на горната површина со жлеб. Четирите потковичести држалки спротивно поставени, незначително го надвишуваат венецот. средишниот дел на садот е нерамномерно мешесто издаден. Има височина 32 см, пречник на дното 14 см, пречник на отворот 23 см. Урната е откриена на Јужната некропола како гроб
- Долен дел од урна, откриен на Јужната некропола на Исар-Марвинци, како гроб 87. Зачуван е до височина од 17 см. Пречникот на дното изнесува 14 см. За оваа урна карактеристично е тоа што од дното се издига вертикално, а потоа телото брзо се шири (Т. 1, сл. 7). Во урната се најдени парчиња нагорени коски, а како капак служела паницата на Т. 3, сл. 2. Од овој тип урни најдени се повеќе примероци на некрополата.
Бројноста на фрагментите со потковичести и јазичести држалки откривани на сите локалитети во Македонија, овозможува да се установи еден ист тип на лонци-урни, без оглед на разноликоста и величината на држалките и нивното обликување – масивни или плитки, полукружни или правоаголни. Кон истиот тип се приклучуваат и лонците-урни со тркалезни држалки. Хронолошки определените контексти во кои се овие садови наоѓани - Вардарски Рид, Исар-Марвинци, Градиште-Бразда, Костоперска Карпа, Градиште-Пелинце, овозможуваат да се установат потесни временски рамки на овој вид садови: втора половина на У и првите децении на IV век пред н.е. Овис типолошки и хронолошки критериуми се однесуваат и на локалитетот Кале-Кршевица, недалеку од Врање, како и на Каципуп-Врањски Прибој, кои имаат дадено соодветен, мошне карактеристичен аналоган материјал.
Паници
Како preps форма на поголеми садови од оваа категорија се јавува паницата. Според зачуваните фрагменти не може поблиску да се установи во која мера се присутни меѓу рачно работената керамика кај нас. Меѓутоа, неколку подобро зачувани примероци овозможуваат да се согледаат неколку типични и јасно издвоени ари,
- Фрагментирана (реконструирана) паница, која служела како капак на урната од гроб 87 од Јужната некропола на Исар-Марвинци изработена е од светлокафена-црвеникава глина. Тесното дно конусно се шири и завршува со навнатре свиткан венец. Зачувани се траги од четири јазичести држалки. Височина 20 см, пречник на дното 9 см: пречник на отворот 26 см. (1. 3, сл. 2).
- Дел од паница со заоблена форма и делумно зарамнет раб на отворот, со траги од јазичеста држалка. Височина околу 19 см, пречник на отворот 22 см. Најдена е на акрополата на Исар-Марвинци (Т.
— Дел од мошне фино изработена паница со заоблена форма и две убаво обликувани потковичести држалки. Од обете страни површината на садот е измазнета. Височина 8,5 см. пречник на отворот 19 см. Откриена е на акрополата на Исар-Марвинци (Т. 3, сл. 6).
= Дел од масивна паница со широко дно и широк хоризонтален венец, врз кој се изведени две низи овални втиснати украси. Изработена од светлоцрвена груба глина. Височина 5,8 см, пречник на отворот 28 см. Најдена е на акрополата на Исар-Марвинци (T. 3, сл. 5).
- Рамна паница - вршник. Зачуван е мал дел кој овозможи да се реконструира целиот сад. Целата површина на внатрешната страна на садот е исполнета со отпечатоци од прсти. Глината е мрка со груба фактура. Височина 6 см, пречник на дното 32 см. Најдена е на акрополата на Исар-Марвинци (Т. 3, сл. 7).
Наведените форми на паници покажуваат извесна разнообразност и диференцираност која стои во зависност од нивната намена. Според контекстот во кој се откривани, овој збогатен репертоар на кујнски садови временски може да се смести во последните децении на У и во првите децении на ТУ век пред н.е. Како најстар примерок може да се смета паницата со јазичести држалки од гробот 87 (Т. 3, сл. 2). Вакви форми се јавуваат во Кастанас уште во раното железно време, што покажува нивен долг век на Трасіѕе.23
Бокали и шолји
Во групата садови со помали димензии застапени се повеќе форми со различна големина, со држалки или без нив, кои можат да се вбројат во категоријата бокали и шолји.
- Од керамичкото депо откриено во подножјето на Градиште-Неготино (локалитетот Циглана), потекнува еден сад - шолја со една ;
држалка која веројатно го надвисувала венецот. Шолјата е висока 9 см, пречникот на отворот изнесува 12,5 см, а пречникот на дното 10,5 см. Изработена е од темносива до црна груба глина. Садот е најден во контекст на раноантичка сива пајонска керамика, проследен со квалитетни примероци од атичка керамика, која може да се смести во вреене рамки од крајот на V до средината на IV век (1. 6, сл. 10; Т.
- На Градиште-Кнежје, во рамките на еден затворен наод, собран во питос, најден е сад изработен од груба сивокафена до сивоцрна глина. Држалката со овален пресек го надвиснува венецот од садот. Висина 10,5 см, пречник на отворот 12,5 см. На работ, од обете страни на држалката се издига по еден израсток (Т. 6, сл. 9; Т. 2, сл. 11).
- Во гробот 100 од Јужната некропола на Исар-Марвинци откриен е сад со една лентеста држалка и три пупчести украси на телото. Садот има цилиндрична форма, при дното е заоблен. Висина 20,5 см, то ци на дното 7,8 см, пречник на отворот 8,4 см (1. 3, сл. 12; Т. 6,
- Мал сад мешесто заоблен, со рамно, незначително проширено дно. Висина 12 см, пречник на дното 7 см. Откриен с на Градиште-Студеничани (T. 6, сл. 7).
- Мал сад со бочваста форма. Под венецот спротивно се поставени два пупчести израстоци. Изработен е од груба кафеноцрна глина. Висина 12 см, пречник на отворот 11,5 см, пречник на дното 9 см (Т. 3, си. 9; Т. 6 сл. 8). Најден е на акрополата на Исар-Марвинци.
- Сад со благо заоблена форма, широк отвор и мал изливник. Висина 7,5 см, пречник на дното 7,5 см. Најден е на акрополата на Исар-Марвинци (Т. 3, сл. 8; Т. 6 сл. 11).
- Сад со конусна форма и рамно, нешто проширено дно. Зачуван е корен на држалка. Зачувана висина 7,7 см, пречник на дното 5,4 см. Изработен е од кафена глина (T. 3, сл. 13; Т. 6, сл. 12). Најден е во населбински слој на акрополата на Исар-Марвинци.
- Од Горно Поле - Караорман потекнува еден помал сад со една држалка, рамно дно и едноставно завршен венец. Садот е најден во културните слоеви од акрополата, првобитно веројатно како гробен
прилог (Т. 2, сл. 15).
Минијатурни садови
- Садче со заоблена форма, рамно дно и едноставен раб на отворот. Зачувани се траги од вертикална држалка. Висина 3,8 см, пречник на дното 2,3 см, пречник на отворот 2,8 см. Најден е површински на акрополата на Исар-Марвинци.
- Минијатурен сад со две потковичести држалки. Висина 3 см, пречник на отворот 4 см. Веројатно претставува детска играчка. Најден е во најстариот хоризонт на акрополата на Исар-Марвинци (Т. 3,
сл. 11; Т. 6, сл. 14).
Шолјите со една држалка од Градиште-Кнежје и Градиште-Негопотекло од раножелезнодобските форми. Како најрани аналогии можат да се посочат наодите од Кастанас со благо заоблено дно.24 Сличен, но значително помлад примерок е наодот од Сува Река-Гевгелија, најден на некрополата вон гроб, а нешто помлад примерок, од Сува Река, гроб 36, има широко рамно дно и необично потсеќа на нашите наоди.25 Нашите шолји откриени се во контекст проследен со импортирана атичка керамика и сива пајонска керамика со грчки ое кон временски можат да се определат од последните децении на V до околу средината на IV век пред н.е. Во овие временски рамки може да се сместат и другите садови - помалите грнци и чаши. Сите се откриени на акрополата на Исар-Марвинци во културен слој што одговара на ова време. Според тоа и наодите од Студеничани и Горно Поле секако припаѓаат на истото време. Белезите што го носат - потковичестата држалка на минијатурното садче (Т. 6, сл. 14), пупчестите украси на чашата (Т. 6, сл. 8), како и на повеќе фрагменти на кои е зачуван овој детаљ, зборуваат за долга традиција на декоративните елементи која се уште трае. Меѓутоа, во гроб 100 од Јужната некропола на Исар-Марвинци најден е сад - кригла со една држалка и пупчести украси врз телото (Т. 6, сл. 5). Според гробната содржина криглата би требало да се датира во подоцнежното хеленистичко време. Но, не е исклучена можноста дека при извршувањето на ова погребување се наишло на постар гроб во кој е најдена криглата и сега повторно употребена како
прилог на гроб 100. Ваквата појава е инаку честа на Јужната некропола на Исар-Марвинци.
Познато е дека рачно изработуваната керамика од времето на раната антика според особеностите и декоративните елементи влече потекло од старите бронзенодобски и железнодобски форми, што се потврдува и со наодите од Македонија. Инаку, присутна е на поширокиот балкански простор, особено на романските и тракиските наоѓалишта. Сродни примероци со лонците од Македонија најдени се во Бугарија на Равна кај Варна.26 И некрополата Фериџиле во Романија, која се датира од средината на VI до крајот на У ВеК се наведува како аналогија за помладата фаза на Михајловац во североисточна Србија, каде се откриени лонци од типот на тие во Македонија.27 На Кршевичко Кале кај Врање, во културните слоеви од населбата, меѓу грубата рачно работена керамика доминираат големи садови - лонци, најчесто со потковичести, но и со јазичести држалки и чепасти украси. Слична
слика даваат и наодите на утврдените населби во Врањско-прешевската котлина.
Врз база на досегашните согледувања и анализа на рачно работената керамика во Македонија, би можеле да се извлечат неколку констатации: - Дефинирање на нејзините карактеристики по однос на квалитетот, формите и декоративните елементи, што ја определуваат како раноантичка со рамковно сместување во времето од крајот на УТ век до околу средината на IV век пред н.е.
- Изразито ограничен репертоар на форми, особено во текот на V век. Незначителен пораст на форми во почетокот на IV век во групата паници со дефинирана намена: црепни, рамни или подлабоки паници во неколку варијанти.
- Истовремена употреба на лонците како садови со кујнска намена и како урни за погребување во масовна примена.
Овие особености кои можат да се сфатат како стилски обележја на еден регион, позволуваат раноантичката рачно работена керамика од Македонија да ја дефинираме како пајонска, во рамките на истовремената сродна керамика која се јавува на поширокиот простор на Бал-KaHOT,
Како последица на ваквите согледувања и констатации искрснуваат две прашања во контекстот на културно-историските настани суштествени за Пајонија во раната антика:
- Кога и зошто започнува кремацијата на пајонскиот простор и под какви општествени околности, кога знаеме дека во текот на претходниот период, УП и VI век, инхумацијата се практикува како единствен погребен вид?
- Како да се објасни брзото развивање на грубата рачно работена керамика во времето на раната антика, кога претходниот период обилува со фина керамика работена на колце или со рачно изработувана керамика, но со далеку подобар квалитет?
Со првото прашање и досега се занимавале одделни истражувачи. Така, Иван Микулчиќ, ас Ѕеа ја појавата на спалувањето на Некрополата Горно Поле-Караорман во источна Македонија, доаѓа до заклучок дека кремацијата се јавува кон крајот на архајскиот период како резултат на економските, културните и историските превирања на нашиот простор.28 Тргнувајќи од оваа прифатлива и неоспорна констатација, треба да се запрашаме кои се тие културно-општествени промени што се случиле кон крајот на архајскиот период?
Ако тргнеме од претпоставката која во поново време се повеќе добива во вредност, дека пајонските племиња го населувале просторот од Јужно-моравскиот регион и Косово до устието на Вардар уште во текот на постарото железно време, каде е констатирано погребување во урни (Донја Брњица, Пирот, Хиподром), тогаш појавата на спалувањето кон крајот на архајскиот период треба да"се сфати како враќање кон овој вид погребување Кај Пајоните. Овој континуитет во текот на постарото и развиеното железно време с прекинат со носителите на инхумацијата во гробови од типот цисти, елемент кој ќе се наметна врз локалното население и ќе се практикува скоро без исклучок. Кон крајот на архајскиот период пајонските племиња притиснати се од нова опасност: растечката македонска моќ и нејзината експанзионистичка политика. Овој кризен период доведува до драстични промени во општеството, што ќе се одразат и во начинот на погребувањето. Во контекстот на овие околности треба да се бара одговор и на второто прашање. По Грчко-персиските војни, во текот на У век, Македонија ги шири своите територии, во прв ред на сметка на Пајоните. Долното Повардарје е во нивни раце, кон Пелагонија се шират Линкестите, а нешто подоцна во Охридскиот регион навлегуваат Дасаретите. Ваквите политички промени придонесле да настане осетно осиромашување на популацијата на пајонскиот простор, што условило да таа морала да ги задоволува своите потреби со евтина рачно работена Керамичка продукција. По сјајниот доцноархајски период, кога Пајоните ја достигнале својата најголема економска моќ, кога пајонските племиња и владетели коваат монети и ги погребуваат своите покојници со извонредно богати гробни прилози за што сведочат откритијата во Синдос, Беранци, Речица и Требениште, кога во погребувањата од типот цисти среќаваме локална фина керамика и скапи бронзени предмети, наеднаш, во полниот У век имаме крајно груба керамика со ограничен репертоар на форми. Кон крајот на29 УМ век настанува извесна економска стабилизација, кога започнуваме да се среќаваме со полуксузни стоки, но рачно работената керамика ќе потрае и во децениите на следниот век. Мораме да сметаме дека во овој период вниманието на пајонските племиња е свртено кон обединување во една политичка организација што ќе добие полна афирмација во текот на IV век.
VIKTORIJA SOKOLOVSKA - Skopje
Белешки
- Дел од археолошкиот материјал објавен е во: В. Соколовска, Исар-Марвинци и Повар- " дарјето во античко време, Скопје 1986, 52, Сл. 21, 1-10. ↩
- Ibid. 71, T. 1, 8. ↩
- Ibid. T. 9, 3. Pl.II Fig. 1 and 2 – Valandovo, Fig. 3-4 Stobi, Fig. 5 Dabici – Sopot, Fig. 6-10 Gradište-Knežje, Fig. 12 Gradište-Negotino, Fig. 13 Krivi Dol-Radanje, Fig. 14. ↩
- Ibid. 46, Сл. Сл. 15, 1. ↩
- Ibid. 44, Сл, 13, 1-3. ↩
- Резултатите од ископувањата не се објавени. На истражувачот на некрополата Драги Митревски му благодарам за податокот. ↩
- И. Микулчиќ, Убикација на Билазора, Годишен зборник на Ф. Ф., Скопје 1975,... ↩
- Г. Микулчиќ, Наоди од Кнежје, мад 11, Скопје 1990, Сл. 2. И. Микулчиќ, Илирско-архајски гробови из околине Битина, Старинар н.с. XVI, Београд 1965, Сл. 29А и 30. ↩
- М. Гарашанин, — ЈІ. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету „Криви Дол“, Зборник на Штипскиот Народен музеј, Штип 1959, Сл. 27, 46. ↩
- И. Микулчиќ, – В. Соколовска, Гробница во Бразда кај Скопје, мад 11, Скопје 1990, 80. ↩
- В. Соколовска, Исар-Марвинци, 39, 1-6. 80. ↩
- Gorno Pole-Karaorman ↩
- Ископувањата ги изведува Ленка Алексовска. За податоците и отстапениот материјал во оваа прилика и се заблагодарувам. ↩
- П. Кузман, Три Чељусти и Вртуљка, Требеништа 1972, Охрид 1985, Т.Ѓ, 1-7. ↩
- Ibid., 47. skopresevske kotline. Godišnjak. Knj. XX. Centar za Balkanološka ispitivanja. Sarajevo 1982. 190 и н. ↩
- Б. Китановски, Праисториско керамичко депо од Варош во Прилеп, мад 6, Скопје 1983, Сл. 7. ↩
- A.W. Hertley, Prehistoric Macedonia, Cambridge 1939, .... ↩
- A. Hochstetter. Kastanas. Die Handgemachte keramik. Berlin 1984. Tafel 76. 1. sto Studenicami; Fig. 8 Isar Marvinci; Fig. 9 Gradiste-Knezje, Fig. 10 Gradiste = Negotino Fig. 11-14 Isar Marvinci ↩
- И. Микулчив, - М. Јовановиќ, Хеленистички oppidum из Кршевице код Врања, Врањски Гласник Књ. ГУ, Врање 1968, Рак Ре : ; ; “2 M. Vukmanovié, - P. Popovié, Sondazna istrazivanja gradinskih naselja па podrutju Vranjsko-preSevske kotline, GodiSnjak. Knj. XX. Centar za Balkanolo’ka ispitivanja, Sarajevo 1982. 190 и н. тино можеме да ги сметаме како типични претставници кои влечат 24 Ibid. Tafel 61, 4. ↩
- Георгиев, Рачно изработената керамика од Долноповардарските некрополи, мад 23 Ера 1988, Сл. 2, Б и Сл. 1, В. ↩
- Citikova, Ceramique Thrace fabriquee a la main du VIsau I siecles avant notre ere, yy Lhracia IV, Serdicae 1977, 127, Pl. I, 1-4. ↩
- M. Jevtić, Keramika starijeg gvozdenog doba na centralnobalkanskom području, Beograd 1983, 43. 28" И. Микулчив, Илирско-архајски гробови, 208. ↩
- The archeological excavations carried out in the last decades on the ancient sites in Macedonia gave a valuable fund of hand made pottery, which shows a certain relationship in the typology, the quality and the content of the clay, while the conditions under which it was ducoversd, initiates the possibility this pottery to be dated towards the end of the 6th and to the middle of the 4"century B.C. The most numerous appear to be the pots, used as kitchen ware, but also the urns for burial of cremated remains of the deceased. All the sites in Macedonia give such a picture, starting from Isar-Marvinci and Valandovo, through Stobi and Dabice Soot, GradiSte. Brazda and Gradiste-Studeniéani near Skopje, GradiSte-Peince and Kostopelska karpa in the vicintiy of Kumanovo, as well as Vrtuljka near Ohrid. Towards the end of the 5“ century B.C. a minor rise is evident in the forms specially in the group of the bowls. ↩
- These characteristics, which can be considered as stilistic features of an area, allow the early ancient hand made pottery from Macedonia to be defined as Paeonian and in the frames of the similar pottery which appears on the wider Balkan space. ↩