Macedoniae acta archaeologica 12 (1991) · стр. 145–161

Прилог кон вреднувањето на долновардарската - пајонска група на железното време

Сегашните сознанија за пајонските заедници во текот на железното време се темелат главно на археолошките наоди, од територијата која е посведочена во историските извори како пајонска. Така, во самиот наслов на оваа работа, од една страна ја имаме „Долната или Јужновардарската“ група определена како пајонска, а од друга, сугерираме постоење на уште една, посеверна пајонска група. Со други зборови, во текот на железното време, сметаме на еден поширок пајонски културен простор, со најмалку две регионални групи. Територијата на овие две групи, чиј скелет го чинат долините на Вардар и Брегалница, со првите зраци на историската светлина е посведочена како пајонска, иако, во последно време,1 повторно се актуелизираат старите размислувања за трибалско присуство во северните делови на акедонија во текот на железното време!. Меѓутоа, за дефинитивен суд по ова прашање потребни се далеку посеопфатни и подлабоки проучувања, пред се на оние елементи што се со поголема валидност за една етничка интерпретација. Затоа, во оваа прилика ќе се служиме само со сигурно фиксираните моменти, во сегашниот степен на истраженост. Така на пример, еден од клучните моменти во решавањето на етно-културните проблеми секако е постоењето на културниот континуитет. Во сегашниот степен на истраженост на регионот северно од Демир Капија, неоспорно е постоењето на континуиран културен развиток низ целото железно доба, заклучно до времето на пишуваните историски извори, во кои, долината на Брегалница с посведочена како пајонска земја. Овој момент, како и сите сродни манифестации во материјалната и пред се во духовната култура со долновардарските заедници дозволуваат културата на железното време во овој регион да ја прифатиме и третираме, пред се како култура на северно-пајонските заедници.

Во секој случај, предмет на оваа работа е Јужното или Долно Повардарје, кое за разлика од северно-македонските области е далеку поистражено и претставува еден од најдобро документираните региони во овој дел на Балканот, што сс однесува на железното време. Во таа смисла, како носители на тамошната железновременска култура безре-Георгиев З., Рачно изработуваната керамика од долноповардарските некрополи, Масед. acta archaeol. 9, Скопје 1988. sled J зервно се поставуваат јужните Пајони, со нивниот неоспорен етногенетски развиток низ повеќевековното културно наследство на истата територија. Од првиот помен на Пајонците од Долен Вардар (Вардар со широкиот ток), во Илијадата на Хомер, за време на Трајанската војна, до VI век пред н.е. кога повторно се потврдува Долното Повардарје како пајонска земја, евидентно е постоењето на непрекинат културно-историски развиток. Неговото следење е можно преку наодите од повеќеслојните праисториски населби (Вардина, Вардарофца, Кастанас) и преку појавата и развојот на долновардарската група на железното време. Затоа, откривањето на карактерот, особеностите и хронологијата на долновардарската група значи истовремено и запознавање со пајонската култура на железното време.

Целосното нејзино познавање е неопходно за правилното следење на понатамошниот антички ток на културните збиднувања во овој дел на Балканот и за донесување посериозни историски заклучоци.

До само пред десетина години Долното Повардарје беше земја со недостаток на археолошка граѓа, несоодветна за решавање и на елементарните археолошки проблеми. Познати беа само одделни стари истражувања и наоди уште од времето на Првата светска војна, кои беа користени во глобални цели, главно како воопштени податоци за карактерот и хронологијата на железното време во Македонија и Северна Егеја. Дури последниве години, со интензивните истражувања во Валандовско-гевгелискиот регион, на југословенската и со систематските ископувања на тумбата Кастанас на грчката страна, Долното Повардарје го сврти вниманието на научната Јавност, како регион со засебен и мошне динамичен општествено-економски, стопански и културен развиток низ железното време.

Оваа територија, од Демир Капија по долината на Вардар, преку Валандовско-гевгелиската котлина, на југ под Дојранското Езеро до непроодните мочуришни терени на Вардарија, неколку десетина километри северно од вливот на Вардар и Бистрица (Халиакмон) во Егејското Море, претставува единствена геоморфолошка целина. Во неа, наоѓалиштата од железното време откриваат единствени форми на материјалната и духовна култура.

Во последниот, У том од едицијата „Праисторија југославенских земаља“, за првпат на едно место, Р. Васиќ ги претстави наоѓалиштата од овој регион во засебна целина, именувана како Гевгелиска група?.2 Во зависност од расположливите податоци, тој добро ги определи основните карактеристики на наоѓалиштата и на групата во целина со што отвори пат за понатамошна надградба. Во меѓувреме во Долното Повардарје, а и во соседните региони вршени беа нови археолошки истражувања и публикувани бројни дотогаш необјавени наоди, меѓу кои од посебна важност е публикувањето на резултатите од двете систематски истражувани некрополи во Милци и Дедели“.3

? Vasié R., Gevgeliska grupa starijeg gvozdenog doba, PJZ M. Sarajevo 1987, 701-711. > Пашиќ Р., и други, Некрополата Милци кај Гевгелија, Култ. Наслед. 10-11, Скопје 1987, 75-102; Митревски Д., Дедели, Скопје 1991 Во оваа прилика ќе презентираме уште неколку значајни, а се уште необјавени наоди и ќе ги сумираме најновите податоци пред се во врска со хронологијата на долновардарската група.

На некрополата Милци, кај Гевгелија, изведени беа две истражувачки кампањи, во 1979 и 1983 година. Резултатите од првите истражувања, со кои беа откриени 45 гроба, веќе се објавени, додека наодите од 1983 година, со исклучок на гробовите од број 48 до 54, се уште не се публикувани“.4 Во оваа втора кампања беа истражени 14 гробови (од број 46-59), меѓу кои, најзначајните наоди беа врзани за гробот број 56. Овој гроб, во секој поглед се одвојува од останатите гробови, не само во оваа, туку и во останатите Валандовско-гевгелиски некрополи. Претставува еден вид могилка од нафрлани, поточно наредени аморфни камења на елипсовидна основа со димензии 1,5 х 3,5 м во височина од 1 м (ел. 1). Погребувањето е скелетно, при што се зачувани единствено делови од покрупните цевкасти коски и од карлицата. Големата маса камења врз инхумирањето направиле да неможе со сигурност да се утврди бројот на извршените потреби и да се изврши идентификација на сите прилози. Единствено се сигурни наодите на една бронзена

Cu. 1 Гроб 56 од Милци, Гевгелија Photo 1. Grave 56 from Milci. Gevgelija.
Сл. 1 Гроб 56 од Милци, Гевгелија Photo 1. Grave 56 from Milci. Gevgelija.

игла, откриена во северниот крај на гробот и остатоци од железен меч, откриени по целата должина на гробот (Т. I-1,2). Иглата е единствен наод од овој тип во Долновардарската група, но и во соседните региони. Вакви игли се познати на јаподската територија, каде се датираат од IX-VIII век,5 додека сличен наод е откриен и во околината на Врање од VIII-VII век“. Железниот меч, иако доста оштетен, содржи доволно елементи за реконструкција, такашто, според типолошките особсности, со долгото, двосекло ссчило и завршеток на држалката во форма на опашка од риба, се врзува за средноевропските мечеви од крајот на бронзеното време. Со големите преселби во текот на раното железно време, овие типови продреле на југ, каде се продолжува нивната употреба до длабоко во железното време, при што најмладите примероци се изработувани од железо, Најблиски аналогии на нашиот меч се наодот од централниот гроб од тумулот во Висои, Беранци кај Битола и мечевите од Вергина, кои зборуваат за време не6 помладо од VIII вск пред н.е.. Меѓутоа, истивс мечеви, заради големата вредност, со одредени преправки и скратување на должината, како бодежи или долги ножеви, можеле да бидат и во подолга употреба, веројатно до VII ѕех. За ова сведочи железниот меч од едно погребување до гроботциста бр. 7 исто така во Милци или уште повеќе преправениот меч од централниот гроб во тумулот У од Орлови Чуки, Стар Караорман, кај Штип".7

Во секој случај, гробот 56 и веќе познатиот гроб 31/35 од Милци, се издвојуваат како посебен тип на конструкции-могилки, во однос на останатите гробови-цисти (сл. 1,2). И по прилозите, кои се датираат од VIII до најдоцна во раниот VII век пред н.е., тие претставуваат единствени и сдновремсно најстари гробови не само во Милци туку и во другите некрополи во Валандовско-гевгелиската котлина“.8

Следните наоди се случајно откриени во границите на неколку Валандовско-гевгелиски некрополи.

Во реонот на некрополата во Марвинци случајно е откриен бронзен приврзок со атрибути на птица. Претставена e стилизирана птица со раширени крилја, изработена во стилот на останатите Пајонски бронзи (T. 1-3). Познати се само уште два вакви наоди, и тоа откриени во некрополата Криви Дол, Радање кај Штип“.9 вр основа на ликовните карактеристики, потсстува на познатите т.н. „W“ приврзоци, што се карактеристични за УП век, токму за регионот на севернопајонските заедници (Куново-Оризари, Кршла-Виница, Немањици-С.Николе, Вражогрнци - К. Паланка, Дабици - Сопот).10 Нсоспорна е нивната идејна сличност, а можеби и генетска поврзаност, за што се убав пример непубликуваните наоди од Вржогрнци кај Крива Паланка (T. I. - 4)".11 Во секој случај, нашиот наод од Марвинци, како и приврзоците од Радање, можат да се смстаат за уште една форма од фамилијата на Пајонски бронзи. Таа е нов сведок за богатството на форми со кои располагале пајонскитс мајстори за да ја изразат својата религиозност и уметничките сфаќања.

Cu. 2 Гроб 31/35 од Милци, Гевгелија Photo 2. Grave 31/35 in Milci, Gevgelija.
Сл. 2 Гроб 31/35 од Милци, Гевгелија Photo 2. Grave 31/35 in Milci, Gevgelija.

Меѓу бројните случајно откриени наоди во реонот на некропола-

та Сува Река, Гевгелија, се издвојуваат два нови наоди на лачни фибули од бронза, што се откупени за музејот во Гевгелија (Т. I-5,6). Прва- 9 Kilian K., Trachzubehor der Eisenzeit zvischen Agais und Adria, Pr, Z 50, Berlin 1975, Taf. Naodite на „W“ приврзоци од Кршла, Вржогрнци и Дабици се наоѓаат изложени во Постојаната музејска поставка на Музејот на Македонија во Скопје, recip аа Здравковски Д. - Шурбановска М., Извештај од заштитното ископувања на X. A. Мавровица во село Намањици-Светиниколско, Зборник на Археолошкиот Музеј X/XI,

Скопје 1983, T. IV/1; Kilian-Dirlmeir 1.. Anhanger in Griechenland, P. B. XI-2, Miinchen 1979, Taf. 17-267, 268 -

"' On овој локалитет потекнуваат вкупно три идентични ,,W" приврзоци, од кои даваме та е од типот на еднопотлести фибули со асиметрично издолжена нога и копјест завршеток на лакот кон главата, која е добро позната преку наодите од Криви Дол, Радање кај Штип или фибулата откриена во околината на Валандово (Музеј на град Београд)“:12 Врз основа на ликовните белези и изработката, овие фибули биле направени од домашни мајстори, а потекнуваат секако од грчките геометриски фибули од т.н, островски тип, кои се прецизно датирани во раниот II век

Втората фибула од Сува Рска е уште подобар пример за компилаторските можности на пајонските леари. Со специфична, еднопетлеста конструктивна шема, со ребрест лак, поточно, лак со 9 биконусни задебелувања, оваа фибула претставува досега непознато и тешко замисливо решение, со оглед на сосема различното потекло на елементите од кои се составена. Фибулите со една петелка во долновардарската група се обично во зависност од егејските влијанија, меѓутоа во овој случај ситуацијата е сосема поинаква. По општата конструкција недвосмислено потсетува на најстарите лачни фибули од железното време, познати како Peschiera тип и тоа на варијантата коленесто прекршена над ногата, која е типична за периодот Халштат-А. Од друга страна, најсилен елемент за определба с секако ребрестиот лак. Идентични задебелувања на лакот имаат добро познатите фибули со две петелки и нога во форма на т.н. песочен часовник, чести наоди во северните делови на Балканот, каде што CC типични за вториот хоризонт на нај кокимерските наоди или за постарата фаза на железното време ЦП“. Меѓутоа, во општата распространетост на оваа популарна форма, регионот на соседната, северна пајонска група познава посебна концентрација на вакви фибули (Куново-Кочани, Кршла-Виница, Дабици-Сопот, Катланово-Скопје и Дубиче-Волково)". Долновардарските мајстори секако тука, преку13 своите соседи ја запознале идејата за ребрест лак кој го накалемиле на еднопетлеста конструкција.

Покрај овие одделни наоди, во последниве години се откриени и низа нови гробови. На улицата „Илија Мијов“ во Гевгелија, што влегува во пошироките рамки на некрополата „Сува Река“, истражени се 15 гробови-цисти со наоди блиски до оние од некрополата во Зелениште кај Валандово.16 Заедно со најмладите погребувања во другите некрополи, што ги следат наоди со доцноархајски белези, овие гробови ја одбележуваат последната стапа од развитокот на долновардарската група на железното време. Уште позначајни се наодите откриени во близината на Кукуш. на локалитетот Genikokastro, 15-тина км јужно од Дојранското Езеро".17 Таму е истражувана некропола која била употребувана низ раното железно време. Нејзините најстари гробови содржат спалени покојници, погребсни во урни и заштитени со конструкции од редени камења. Преку нив, оваа некропола комуницира со појавите и наодите од т.н. група Доња Брњица и посебно со новооткриената некропола од преодниот период во Хиподром кај Скопје".18 Од друга страна, помладите гробови претставуваат конструкции со инхумирани покојници и наоди кои се во дирекна врска со соседната некропола во Чаушица.19 Овие моменти наведуваат на одредени насоки кон генезата на Долновардарската група. Како прво, се покажува поврзаноста на долновардарска група на железното време со претходните археолошки појави кои се познати на еден доста широк простор, од наоѓалиштата во групата „Доња Брњица“ на север па се по долините на Варди И Струма на југ, преку некрополите како Хиподром кај Скопје и Genikokastro кај Кукуш или наодите од населбите по Долен Вардар (Вардарофца и Кастанас) до Stathmos Aggista кај Серез или тумулите од околината на Неврокоп, кај Драма (Potamoi, Exochi)~’.20 Со ова се истакнува заедничката и подлабока етно-културна основа на заедниците меѓу трачкиот, илирскиот и грчкиот свет, од која, меѓу другите, во текот на железното време се издвојуваат и двете пајонски групи.

Најмладите гробови на Genikokastro, заедно со најстарите од Чаушица истовремено го одбележуваат и почетокот на железнодопскиот развиток на Долновардарската група. Со нив е најавено новото време на стабилизирани општествено-економски прилики, кое се манифестира и со постепена смена на погребниот ритуал. Покојниците по-ВСКе не се спалуваат и полагаат во урни, туку се прават гробови за скелетно погребување кои и понатаму се покриваат со аморфни камења, со што се создаваат основните погребни карактеристики на долновардарските заедници од железното време. Така, настанокот на долновардарската група може да се поврзе за претходните праисториски фази и да се смета како резултат на логичните етнокултурни процеси условени од внатрешниот економски, социјален и културен развиток Т.І-1) Бронзена игла од гробот 56 во Милци, Гевгелија; 2) Железен меч од хросот 56 во Милци, Гевгелија; 3) Бронзен приврзок од Вржогрнци, Крива Паланка; 5-6) Лачни фибули од Сува Река, Гевгелија

Илустрација, стр. 152

T. 11) A bronze pin from grave 56 at Milci: 2) An iron sword from grave 56 at Milci; 3) A bronze pendant from Marvinci; 4) A bronze W pendant from Vréogrnci, Kriva Palanka; 5 and Понатамошниот ток на железното време во Долното Повардарје можеме да го следиме низ наредните векови преку континуираниот растеж на долновардарската група. Од VIII до V ввек сведоци сме на интензивен и брз економски и културен подем но и на време на постепено прифаќање на критериумите од југ, до целосното хеленизирање на домашната железнодопска култура.

Врз основа на промените во материјалната култура, кои, благодарсниѕ на големиот број затворени целини, релативно лесно се воочуваат, можат да се одвојат 4 развојни, поточно хронолошки фази. Тие во целост го покриваат железното време II, од хронолошкиот систем на М. Гарашанин, надоврзувајќи се една на друга и тоа како: фаза 1 околу 750-700 год.), фаза П (700-625), фаза Ш (625-550) и фаза IV 550-480) (план 1).

Во најстарата фаза I (750-700), како последица на историските настани во текот на претходното рано железно време, се јавуваат мноштво манифестации пристигнати со продорот на халштатската култура во јужните делови на Балканот, но и влијанија од југ, поврзани со грчкиот геометриски период. Со прифаќањето на овие елементи отстрана, постепено се формирале критериумите на железновременската култура во Долното Повардарје. Во вакви околности, разбирливо с што во материјалот од ова време водечки форми сс најпопуларните типови на халштатскиот, поточно општобалкански накит, што се добро познати од Вергина, Патели, Висои-Беранци и од другите истовремени наоѓалишта во соседните региони.

Во оваа смисла, најстарите гробови во групата се датираат глав-НО во текот на VIII век пред н.е. Тие се карактеристични, како по својата конструкција, така и по карактерот на гробните прилози. Градени се од аморфни камења, во форма на мали могилки врз еден инхумиран покојник, како напред изнесените гробови 31/35 и 56 од Милци или најмладите гробови од Genikokastro и најстарите од Чаушица.

Во оваа фаза културните појави покажуваат недоволна локална обоеност, што е секако резултат на се уште единствениот културен развиток на целиот пајонски простор.

Со почетокот на УП век пред н.е., нашиот регион влегува во квалитативно нова развојна стапа-фаза II (700-625). Создадени биле максимално стабилизирани прилики во секој поглед, што значело одлични услови за развиток и експонирање на домашното културно творештво но и зголемени можности и потреби за прифаќање и адаптирање на идеи отстрана. Надворешните влијанија, нивниот интензитет и правецот од кај што доаѓаат, поточно географијата на пајонските заедници, во вакви околности, продуцирала одредени разлики во материјалната култура. Нашата долновардарска група, отворена спрема југ, со сите природни потенцијали и предиспозиции за брз економски просперитет, остварила далеку подинамичен развиток од поконзервативните северни пајонски заедници. Се јавуваат низа новини кои сведочат за мирен и творечки живот. Постепено се формираат големи некрополи со гробови организирани во родовски-фамилијарни групации. За жал, единствено гробовите во месноста .Мелезник“ во Дедели претставуваат комплетно истражена целина. Таму на простор од 750 м откриени се 72 гроба, организирани со тенденција за кружен распоред околу централниот слободен простор. Во нејзините рамки постојат помали фамилијарни групи на гробови, со што претставува една врста на родовска некропола.21

Слабото присуство на оружје во гробовите, богатството со накит, култна пластика, како и силната изедначеност во ставањето на прилози во гробовите зборуваат за заедници во кои општественото раслојување се уште не фатило длабоки корени, иако била создадена сил-На економска основа.22

И во оваа втора фаза од развитокот на долновардарската група продолжува употребата на стариот гробен тип од аморфни камења, какви што се поголемиот број гробови во Чаушица. Во Валандовскогевгелиските некрополи такви се гробовите 55 и 73 од Дедели и гробот 48 од Munuu.23 Меѓутоа, во исто време, тне го одбележуваат и крајот на употреба на стариот гробен тип. Постепено влегуваат во употреба гробни конструкции градени од камени плочи-цисти. Во Видин, face тие ќе бидат основниот гробен облик во Долното Повардарје. Меѓутоа, оваа новина во погребувањето не ја следат и соодветни промени во материјалната култура. Напротив, истите форми врзани за гробовитемогилки се среќаваат и во раните гробови цисти.

Најзначајни продукти на домашната култура од ова време секако се бројните форми на култна бронзена пластика, познати како Постари Македонски или Пајонски бронзи.24 Овис приврзоци и амулсти произлегуваат од заедничките религиозни и уметнички свакања на Пајонците. Во таа смисла тие се единствени за двете пајонски групи и претставуваат најчист израз на општопајонската култура на железното време.

Од друга страна највпечатливиот белег во материјалната култура го дава окер печената и лентесто боена керамика, работена на грнчарско колце. Токму во оваа фаза се омасовува нејзината употреба, пред се како гробна керамика, поточно како садови со строго определена намена и форми. Во гробовите од оваа фаза се приложува како обавезна керамична гарнитура on бокал со косо засечена задна страна на вратот и длабока шолја со една или две држалки. Во речиси сите извршени потреби, дури и во најсиромашните гробови какви се најчесто детските погребувања, овие садови се редовен прилог. Притоа детските гробови, наместо големиот бокал со косо засечен врат, по правило содржат мало бокалче-олпа. Сето ова зборува за силна локална продукција, но и за еднаквите права на секој член од заедницата при неговото испраќање. Долновардарска гробна керамика, како типичен јужнопајонски продукт, настанат врз основите на домашната керамографија со примена на современите технолошки достигања, во оваа фаза била изработувана исклучиво во техника на окер печење, при што домашните мајстори се уште не успевале.да постигнат изедначеност во печењето и прецизност во лентестото боење.

Меѓу останатиот материјал од оваа фаза, очигледно се различните влијанија, како идеи, најповеќе од халштатската, поточно централнобаканската култура,26 но и од грчката доцногеометриска уметност. Од една страна присутни се разни форми27 накит (двопетлести лачни фибули, големи очилести фибули, торквеси, фалери, големи спирални белегзии и сл.) кои во посеверните балкански области се карактеристични за постарата фаза на железното време П или за фазата IV B од гласиначката култура.?е од друга страна, наодите на еднопетлести лачни фибули секако произлегуваат од грчките геометриски форми.?7Меѓутоа, ниту во првиот, ниту во вториот случај не се работи за готови производи, импортирани од север или југ, туку за идеи кои ги имаат инспирирано локалните мајстори на производство по домашен вкус.

Врз повеќе од овие предмети, главно бронзен накит со различна идејна провениенција, вршена е хемиска анализа, при што е констатиран изедначен состав на бронзата, поточно единствен технолошки процес. Бакарот е застапен со околу 9095 додека останатото им припаѓа на сите други елементи како: железо, олово, цинк, калај итн., што сведочи за потоење на локални работилници и развиено рударство и металургија на ниво на основна стопанска гранка. Бројните стари рударски јами, кои се регистрирани на падините на Беласица и Кожуф, а од кои биле вадени, главно бакар и железни руди, најверојатно биле експлоатирани уште во железното време.28 Едноставно, се работи за такви ресурси кои не можеле да бидат заобиколени. Поволните услови за интензивно рударство и металургија би можеле да бидат разбирлива причина за брзото и невообичаено зголемување на бројот на жителите во Валандовско-гевгелиската котлина. Само во гевгелиското поле, со некрополите Сува Река, Милци, Раул, Рит, на улицата „Илија Мијов“ и ТН. треба да се смета на неколку илјади гробови од времето на втората половина на УП и првата на VI век пред н.е. што би морало да значи одредено населување. Најверојатно станува збор за силно концентрирање на население во потрага по брз економски просперитет кој можел да биде остварен само со богати рудни ресурси и интензивна металургија. Ова населување на Валандовско-гевгелискиот регион паѓа токму во оваа фаза, а Р. Васиќ го доведува во врска со намалувањето на бројот на жители и промената на урбанизацијата на појужните долновардарски населби.29

Следната хронолошка стапа - Фаза Ш (625-550) претставува континуирано продолжение на повеќето појави од претходната но и време со доста новини, кои значат квалитативно нов степен во развитокот на групата. Се јавуваат низа нови форми на накит, како израз на големените можности за контактирање и непосредна поврзаност на долновардарските заедници со соседните региони, поточно со заедниците од поширокиот северно егејски круг, посебно со занатско-трговските центри на брегот на Егејското Море. Во таа смисла, доминантно место во материјалот од оваа фаза имаат таканаречените помлади форми на Македонски бронзи, во чија продукција и дистрибуција Долното Повардарје имало значајна, ако не и клучна улога. Најголемиот број вакви наоди (гроздовидни приврзоци, т.н. затварачи за кани, разни видови на бобчести приврзоци, ѕвонести приврзоци, елипсовидно издолжени приврзоци и т.н.) се откриени токму во долновардарските наоѓалишта и на Халкидик. Нивната содржина и современите ликовно-естетски решенија, најверојатно биле соодветна замена за постарите култни еѕ ми на Македонските или Пајонските бронзи, бидејќи тие, во оваа фаза веќе не се среќаваат. Исто така, повеќето, веќе стари халштатски форми на накит, како: големите лачни и очилести фибули, торквеси, масивните спирални и други30 белегзии, фалери и т.н. излегуваат од употреба или добиваат помала и поелегантна форма. Нивна замена се бројните популарни балкански форми, карактеристични за помладата фаза на железното време П во Централниот и Северниот Балкан, како: двопетлести лачни фибули со нога т.н. Беотски штит, фибули со правоаголна или триаголна нога, двојни игли со двопетлеста или проста триаголна глава и друго.“". Како најчест наод во женските гробови се јавуваат ѓердани со мониста од килибар. Од друга страна, домашните тореутичари ја откриваат и декоративноста на одделни облици кои се карактеристични за северните балкански области, како што се разни делови од коњска опрема, од пробиени бронзени појаси или композитни ажурирани приврзоци. Овие предмети, по своите стилско-ликовни карактеристики, се блиски со истовремените наоди од Источна Србија и Северозападна Бугарија, поточно со т.н. Злотски декоративен стил, меѓутоа, во нашата група добиваат сосема други вредности. Така на пример, бројните крстести, празно лиени предмети на север биле употребувани за раздвојување на ремените на коњот, како и сличниот предмет со линулест додаток од гробот 81 во Дедели, кој обично се толкува како украс за на челото на коњот. Меѓутоа, овие предмети кои на север претставуваат делови од коњска опрема, кај долновардарското население служеле како вообичаен накит приложен во женски

Во оваа фаза локалната керамичка индустрија од претходната стапа доживува полн подем. Се јавуваат бројни поразвиени форми, а старите облици се изработуваат и во техника на сиво печење.32

Во текот на втората половина на VI век пред н.е. долновардарската група влегува во последната стапа од железнодопскиот и вооп-

План I Хронологија па Долиовардарската група со најкарактеристичните форми Plane I Chronology12 of the Lower Vardar group with the most characteristic shapes.
План I Хронологија на Долновардарската група со најкарактеристичните форми Plane I Chronology12 of the Lower Vardar group with the most characteristic shapes.

Меѓу појавите кои се уште го одржуваат континуитетот со претходните фази е начинот на погребување. Често пати новите покојници од оваа фаза се полагаат како секундарни потреби во старите конструкции-цисти. Меѓутоа, во начинот на градењето на новите гробови се јавуваат одредени новини што се карактеристични само за оваа фаза. Се пастојува, во формирањето на цистите да се користат монолитни, помасивни и далеку пообработени плочи, кои во аглите се спојуваат со глина.33 Сепак, од друга страна, преку најмладите погребувања, кои веќе практикуваат кремирање на посмртните остатоци, се најавуваат крупни општествено-историски и културни промени и почеток на новото време. Во прилог на ова е и се позачестеното присуство на оружје во гробовите, меѓу кое, доминантна форма е железниот крстест меч-ксифос. Ова е доволен сведок за нарушениот мир, творечката клима и благосостојбата на јужнопајонските заедници. Набрзо настапува и крајот на погребувањето во старите железновременски некрополи.

Во текот на У век, без сомнение, крупни историски настани предизвикале прекин во континуираниот развиток и одредена празнина во следењето на археолошките појави.

Понатамошниот историски тек на настаните во Долното Повардарје може да се следи преку новите појави врзани пред се за животот на раноантичките населби како: Извор-Валандово, Исар-Марвинци, Глоска Чука-Грчиште, Туфка-Смоквица, Вардарски рид-Гевгелија и Т.Н.,34 меѓу кои секако се кријат некои од историски познатите градови како: Добер, (на Исар-Марвинци (?)), Идомене, Гортинија, (Вардарски рид), и ТН.

На крајот можеме да сумираме дека во процесот на формирање-ТО на пајонскиот народ и држава, двете културни групи на железното време претставуваат една значајна етапа во која е створена препознатлива пајонска култура.

Пајонските заедници од територијата северно од Демир Капија, по долините на Вардар, Брегалница и Пчиња покажуваат единствени културни манифестации, условени од својата конзервативност и традиционална свртеност спрема централно-балканските области. Од друга страна јужно пајонските заедници, кои биле поблиску до егејскиот свет и во непосреден контакт уште со придобивките на микенската култура 3 Ристов K., истражувања на улицата Илија Мијов..., 103. од доцното бронзено време, својот израз го имаат во долновардарската група.

Поврзаноста на археолошките појави од железното време со претходните епохи се уште не е доволно проучена иако во последно време се откриени низа нови наоди, кои даваат одредени насоки и дозволуваат извлекување барем на најопшти заклучоци. Така, евидентно е дека на Пајоните како релативно оформена етничка заедница треба да се смета уште во времето на преминот од бронзеното во железно доба и дека својот полн економски социјален и културен развиток го доживуваат во текот на железното време, посебно во VII и VI век пред н.е. Од друга страна, со податоците од праисториските населби по Долен Вардар и со најновите наоди од Градиште, Пелинце кај Куманово и Тумба, Радобор кај Битола се повеќе се јавуваат елементи за континуиран културен развиток и низ бронзеното доба, поточно од основите на т.н. Подунавско-балкански комплекс на раното бронзено време.35 Од овој етнокултурен супстрат, низ вообичаените процеси на општествениот развиток, а во зависност од надворешните влијанија и културни мешања во текот на немирните времиња, меѓу другите, се изградила и пајонската култура на железното време, каква ја познаваме преку двете локални групи, на северните и јужните пајонски заедни-

Делењето на оваа култура на две сродни групи, зборува дека се работи најверојатно за племенски групи, со кои можеме да влеземе во историските фази на развиток, поточно во времето на пишуваните извори, а преку процесот на нивното обединување и до политичкото организирање на Пајоните.

Истражувачите на палсобалканската географија истакнуваат повеќе пајонски племиња кои би можеле да бидат носители на железнодопската култура. Што се однесува на носителите на долновардарската група, веќе ја имаме претпоставено можноста тоа да биле Дероните, најповеќе заради карактерот на железнодопската култура и местото и улогата на Долното Повардарје во однос на соседните региони, што несомнено потсетува на местото и улогата што ја имале раноантичките Дерони.

. DRAGI MITREVSKI - Skopje

Белешки

  1. MAA “ Митревски Д., Карактеристични форми на Македонски:бронзи од наоБалиштата по долианта на Вардар, Масеԁ. acta archeol. 9. Скопје 1988, сл. 2, Сл. 5. ↩
  2. Raunig B., Grob ranog ie pocoed J doba iz OstroSca kod Cazina, GZM/NS 37, Sarajevo 1982, ↩
  3. I-1; Bacnh.P. - Manamaposuh O., Археолошке белешке из околине Врања, Врањански Гласник 17, Врање 1984, 135-144 ↩
  4. a оч: И., Пелагонија у светлости археолошких налаза, Скопје-Београд 1966, 51. ↩
  5. c; Каде W., Die fruheisenzeitlische Hugel nekropole bei Vergina in Macedonien, PBF _ XX-1, Miinchen 1977, Taf. 41. ↩
  6. Пашиќ Р. и др., Некропола Милци... Т. V-8; Mawnh P., Археолошка испитивања на локалитету „Орлова Чука“, Старинар XXI, Београд 1970, T. Ш-2. ↩
  7. Georgiev Z., Grobot 31/35 od nekropolata Milci kaj Gevgelija, Зборник на Арх. Муз. ↩
  8. Скопје 10-11, Скопје 1983; Mitrevski D.. Bow fibulae from Iron Age sites in the Vardar ↩
  9. Vailey, Archaeol. Iugosl. 24, Ljubljana 1987. Fig 7 цртеж само на еден. 12 Гарашанин М. - Гарашанин Д., Археолошка ископувања у селу2 Радању2 на локалитету2 ↩
  10. Криви Дол, Зборник на нмш 1, Штип 1959, с. 63-66; Васић Р., Нови елементи за проучавање гвозденог доба вардарске долине, Старинар XXVII, Београд 1976, сл. 5. 13 Mitrevski D., Bow fibulae...., 31. ↩
  11. Bacuh P., Нека питања xpononornje старијег гвозденог доба Северног Балкана, Старинар XXII. Београд 1971, 44. ↩
  12. PD, Mitrevski D., Bow fibulae.... 36; Kilian K.. Trachzubehor... Pl. 52/4, Pl. 54/5; Фибулите од Кршла, Виница и од Дабици, Сопот се наоѓаат во Музејот на Македонија, необјаве- “ Ристов K., Истражувања на улицата Илија Мијов, Сува Река во Гевгелија, Арх. Преглед 29, Љубљана 1991, 102. во согласност со постоечките историски околности во текот на раното железно време. ↩
  13. Savopoulu T., An Early2 Iron Age cemetery at Palio Ginaikokasto of Kilkis, To agxau.oyxo eoyo ety Maxedovia xo Ogaxn 1. Oecaahovixn 1988, 305-311: Наодите од ова истражување се изложени во постојаната поставка на Археолошкиот Музеј во Кукуш; за увидот во документацијата и благодарам на колешката Савопулу, раководител на истражувањата. ↩
  14. Резултатите од mg re er во Хиподром ne се публикувани. Во печат, за Археолошки преглед бр 30 се наоѓа куса информација за работите во 1989 година, а дел од наодите се изложени во Музејот на Македонија во Скопје. ња Кина K.. Trachzubehor...: Casson 5.. Exavations in Macedonia 1. BSA XXIV, London 29 Jesruh M., Праисториска некропола у Пироту - прилог познавању2 Брњичке групе, ↩
  15. Гласник сад 6, Београд 1990, 92-103; GaraSanin M., Grupa Donja Brnjica/Gornja Strazava, PJZ IV, Sarajevo 1983, 773-778; Hochstetter A., Kastanas — Die handgemachte keramik, ↩
  16. Belriln 1984,: Koukouli - Chrysanthaki C.. Late Bronze Age in Eastern Macedonia. Thrac. ↩
  17. Praehist. Pulpudeva 3. Sofia 1982: Pl. 6: Pl. 9; Pl. 15; Pl. 21; Grammenos D., Late Bronze ↩
  18. Tombs and other Antiquities in the Region of Nevrokopi (Nome of Drama), Arch. ↩
  19. Epfemeris 1979, 70-71 (резиме). ↩
  20. Arch type fibulas from Suva Reka, Gevgelija ~ | ↩
  21. Митревски Д., Дедели... План 1, 43. ↩
  22. Митревски Д., op. cit., 66. ↩
  23. Митревски Д., op. cit., Сл. 39, Сл. 42; Митревски Д., карактеристични форми... Сл. 2. ↩
  24. Митревски Д., op. cit., 98. кан, Старинар XLI, Београд ↩
  25. Васић Р., Неке питања хронологије…, стр. 44 ↩
  26. Mitrevski D., Bow fibulae… 30. ↩
  27. Керамитчиев А., Рекогносцирање и регистрација на стари рударски и металуршки објекти во Македонија (Јужна Македонија), Археолошки Музеј Скопје, Скопје 1974 ↩
  28. Vasić R., Gevgeliska grupa. PJZ V. Sarajevo 1987. 709 ↩
  29. Васић Р., Нека питања хронологије... стр. 45. ↩
  30. Митртевски Д., Дедели..., стр. 57. ↩
  31. Паровић М., Неки нови аспекти... 35; Георгиев З. Елементи на раната антика во Долното Повардарје, Г. З. на Фил. Фак. 2, Скопје 1984 ↩
  32. Долното Повардарје, Г. 3. на Фил. Рах. 2, Скопје 1984 ↩
  33. Д. Митревски, Прилог кон вреднувањето на Долновардарската...МАА 12, UDK 202/904, 1991 што праисторискиот културен развиток. Во оваа Ш фаза (550-480), долновардарскиот регион постепено и трајно ги губи железнодопските карактеристики на материјалната култура на сметка на доцноархајските и раноантички манифестации. Најголем број од старите форми излегуваат од употреба, а се јавува нов доцноархајски накит и грчки импорт во вистинската смисла на зборот. Во керамиката е евидентна хеленизацијата на домашните форми. Стариот бокал со косо засечен врат се модифицира во оинохоја, а длабоката шолја добива знатно понагласена кантаровидност. Нова и воедно доминантна форма е котонот, кој најчесто се изработува во локален манир. ↩
  34. Митревски Д., Дедели... стр. 73. ↩

Summary

A Contribution towards the Evaluation of the Lower-Vardar Paeonian Group in the Iron Age

(SUMMARY)

The present knowlage about the Paeonian communities in the iron age are mainly based on archaeological finds from a territory that through historic sources is confirmed as a Paeonian one. During the iron age a larger territory should be considered as a Paeonian cultural space according to all the inditions, and with at least two regional groups. Through the historic limelight the territory of these two groups that branch down the valley of Vardar and Bregalnica have been confirmed as Paeonian.

The south or the lower Vardar region for the iron age is one of the best documented one on the Balkan. The carriers of the iron age culture are by no means the south Paeonian communities with indisputable ethnogenetic development, evident in the centuries old heritage on this territory.

This territory from Demir Kapia by the Vardar bigs through the Valandovo-Geygelija plane, southward below the Dojran lake and the impassible swampy terrains of Vardaria, some ten kilometars northward from where Vardar and Bistrica (Haliakmon) empty into the Aegean Sea, represents a unique geomorphologic unit. The sites from the iron age on this territory uncover unique forms of material and spiritual culture.

For this occassion we present several important and unpublished finds and summarise the recent most data in reference to the chronology of the Lower-Vardar group.

From the second and unpublished excavation campain on the necropolis Milci near Gevgelija the most important finds were connected to grave 56. This grave represents a mogila type, made of pilled amorph stones on a 1,5 x 3 m. size elipse base with a hight up to a 1т. (photo 1). The burial is of the skeleton type and among the finds stand out a bronze pin and an iron sword (PI I-1,2) that according to the typological features might be earlier that the 8 century B.C. Together with the previously known grave 31/35 from the same necropolis the grave 56 is separated as a specific grave type (photo 1,2) which preceded the grave cists.

The following finds were chance finds on the area of the necropolis in Marvinci and Suva Reka, Gevgelija. They are a bronze pendant with a ape of a stylized bird from Marvinci and two arch shaped bronze fibulas, probably from the plundered graves of Suva Reka, Sores (Pl. I 3,5,6) that are mainly dated to the first half of the 7 century B.C.

For the chronology of the group of importance are the graves 31/35 and 56 from Milci, which with the eldest most graves from CauSica and the youngest from the recently researched necropolis in Ginakastro near Кики (Kilkis) mark the development of the first phase of the Lower-Vardar group in the iron age. Firstly, their is a link between the Lower-Vardar group of the iron age with the preceding archaeologic manifestations, that are known on a larger space starting northward from the sites in the group ,,.Donja Brnjica“ southward down to the valleys of Vardar and Struma to the necropolis as Hipodrom near Skopje and Genikokastro, or the finds from the settlements in the lower flow of Vardar (Vardarovea and Kastanas) to Strathmos Aggista near Serez, or the tumuli in the vicinity of Nevrokop by Drama (Potamoi, Exochi).

The deeper and closer ethno-cultural basis between the thracian, and ilyrrian world is stressed through the communities during the iron age, among which we specially separate the two Paeonian groups.

The further development of the iron age in the Lower Vardar region can be followed through the next centuries, with the permanent growth of the Lower Vardar group. From the beginning of the *h to the 5™ centu B.C. we witness a intensive and fast economic and cultural growth as well as a graduall acceptance of the criteria from the south, to a totall hellenization of the domestic iron age culture.

In reference to the changes in the material culture, and to the large number of close units it is quite easy to comprehend and to separate four chronologic phases. They tottally cover the iron age II, according to the chronology system by M. GaraSanin, and they are linked one to a nother as phase I (about the year 750-700 B.C.), phase II (700-625 B.C.), phase III (625-550 B.C.) and phase IV (550-480 B.C.) (plane 1).

On the Plane I certain shapes are selected which are characteristic for the above mentioned chronologic phases of the development of the Lower Vardar cultural group during the iron age.