Macedoniae acta archaeologica 12 (1991) · стр. 247–249

Травертинот како декоративен градежен камен во Скопје и неговата околина низ вековите

Преку геолошките истражувања во скопската котлина се утврдени на повеќе места навоѓалишта на травертин. Тис се распоредени по ободните делови на котлината, на границите помеѓу неогените седименти и карпите од основата. Травертинските лежишта имаат седиментно потекло. Тие се создавани во последниот геолошки период квартерот, па дури и денеска се создаваат најчесто околу термалните и МННСралните извори. Тис содржат водсн раствор поголеми количини од јаглен двооксид, поради што водата на својот пат во подземјето растворува поголеми количини на карбонатна материја. Кога водата излегува на земјината површина, поради намалениот притисок, карбонатната материја се таложи по површината во вид на бигорливи кори, една преку друга. Така за долг временски период се создаваат слоеви и лежишта од бигор, кој со времето оцврснува и преминува во цврста травертинска карпа. Водите заедно со карбонатната материја носеле и други материи, како на пример хидроксиди на железо во помали или MOroJICMH КОЛИЧИНИ, кои се таложеле заедно со карбонатната материја и притоа послабо или посилно ја обојувале со жолта или кафеава боја, како што е случај со травертинитс од локалитетот Кучково–Свиларе. Поради жолтата боја, овис травертини се познати како златни. Некои од нив имат медена боја, а други со кафеавкасто обосно ленти.

Травертините имат тенко-лентеста шара (структура) и се послабо или посилно порозни што е генетска карактеристика на овие стени. Изградени се од преку 90% калциум карбонат кој е добро искристализиран во зрнест калцит. По боја се кафеавкасти, жолти до светло драп и бели. Ретки се зеленкасто обосните варисти.

Поради своите физичко-механички карактеристики лесно се обработуваат и се многу употребувани како архитектонски градежен камен во скопско и за изградба на Скопје во историско време од пред околу две и пол илјади години па cè до денес.

Во скопската котлина како што споменавме се наоѓаат повеќе лежишта на травертин кои биле експлоатирани низ вековите. Во поново време две лежишта го привлекоа вниманието на градежниците и тоа наоѓалиштето „Кучково-Свиларе“ и наоѓалиштето „Матка“. И двете се наоѓаат во северозападниот дел на скопската котлина оддалечени 12 км од Скопје.

Травертините од Кучково-Свиларе се посебно значајни поради бојата и лентестата структура. Бојата им е жолто златесто до кафеавкаста, поради што ДОЛГО време биле експлоатирани во минатото, а што се гледа од остатоците на старите каменоломи, веројатно уште од античко време.

Травертинското наоѓалиште Кучково-Свиларе сс простира на површина од околи 2 км“ во вид на плоча која е дебела од 7-28 метра. Таа, со таложење на карбонатната материја е создавана преку неогените езерски седименти. Лежиштето на травертинскиот камен кај Свиларе с детално истражувано 1974 година од Геолошкиот завод во Скопје под раководство на инж. Никола Бундевски. На кучковскиот дел на лежиштето во тоа време вршеа експлоатација „Неметали“ од Тетово и „Порој Проект“ од Скопје. Годишно производство на блокови на ова лежиште, НС сметајќи го останатиот градежен камен, досега изнесуваше од 2000-4000 м. Испитувањата на физичко-механичките особености на травертинот покажаа добри резултати, а што CC потврдува и со состојбата на блоковите од овој травертин употребувани преку повеќе од 2000 години за изградба на гробницата во с. Бразда, саркофазите од Скупи и други споменици. Травертинот привлекувал внимание и поради златесто жолтата боја и лентестата шара кога се сече попречно на слоевитоста. Преку 90% е изграден од калциум карбонат кој с добро искристализиран.

Досега најголемо лежиште на травертин откриено во скопската котлина с лежиштето „Матка“, чија површина изнесува околу 4 км? Дебелината на травертинската плоча во малку истражуваниот и отворениот дел изне сува 10-15 м. Резервите на травертин CC ценат на преку 3 милиони м“. Травертниот има светло драп боја и лентесто порозна структура. Поради хомогеноста и изедначената боја може да се употребува за покривање на поголеми површини на фасади на градежните објекти.

Каменоломот кај Матка е отворен од Геолошкиот завод во 1975 година.

Сега и двата рудника кај Свиларе и Матка се сопственост на работната организација „Силекс“ од Кратово, која планира изградба на преработувачка индустрија за преработка на травертин во Ново Село во близината на Скопје.

Освен опишаните лежишта на травертин во Скопско сс наоѓаат и 8 други лежишта, на пример кај Рашче, Оризаре, Катлановска Бања и

Травертините од скопската котлина биле употребувани како декоративни архитектонски КаМСНН и за уметничко обликување уште пред околу 2500 години, во Пеонско време или во времето на изградбата на Акрополот во Атина. Гробницата во с. Бразда потекнува од тоа време, а с направена од убаво делкани блокови од травертин, според податоците од проф. Микулчиќ и В. Соколовска (Симпозиум на археолошкото друштво, Скопје 1990). Ова с и најстар досега откриен споменик изграден од травертин во Скопско. Подоцна големи количини на травертин биле употребувани за изградбата на Скупи во времето на Римјаните од I-IV век на нашата ера. од кога потекнуваат голем број на саркофази и надгробни споменици датирани со напишани податоци од тоа време. Само дел од овис споменици се наоѓаат во музејот на град Скопје во старата железничка станица.

Подоцна, во изградбата на Скопје од левата страна на градот, првите зидини на Кале се правени од поголеми делкани травертински блокови кои потекнуваат од локалитетот Кучково-Свиларе, кои за жал сега заедно со сите делови на скопското Кале се напуштени и пропаѓаат, што говори за нашата негрижа во чувањето на историските споменици. Ѕидините на Кале се градени во единаесеттиот век од нашата сра.

Еден од позначајните објекти-споменици е камениот мост во Скопје чии столбови се обложувани со травертински плочи во XV век од нашата ера, а по земјотресот во Скопје 1963 година регулацијата на Вардар, левата и десната страна на реката е обложувана со делкан травертин, што му дава посебно обележје и убавина на овој дел на градот.

Во турско време, стариот дел на град Скопје, градската чаршија и сите улици и позначајни објекти се градени со травертин, како што се џамиите а посебно нивните минариња. Еден од најубавите објекти од крајот на XV век e Мустафа Пашината џамија, сега културно-историски споменик, во непосредна близина на скопското Кале. Подоцна се градени Авди пашин амам (сега уметничката галерија), Куршумли Ан и сули АН ВО XVII век и други слични објекти во старата чаршија.

Во XX век исто така се градени и обложувани повеќе објекти како во стариот дел на Скопје исто така и во новиот дел на градот од десната страна на реката Вардар. Од травертински плочи со златесто жолта боја е обложуван делот на фасадата на собранието на Македонија, а во поново време зградата на државно-осигуретелниот завод (ДОЗ), регулацијата на Вардар и новата улица Караорман чии странич-НН зидови се обложувани со травсертинот од Свиларе, кој со својата убава боја и лентестата шара и дава посебна убавина на оваа улица која се вклопува во амбиентот на старата чаршија.

На крајот можеме да заклучиме дека благодарение на овој убав. декоративен и украсен камен градот Скопје ја има својата особена убавина, дска и во иднина травертинот ќе претставува основен градежен украсен камен во Скопје.