Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 103–110

Икона на кралот Дропион

Неодамна Музејот ка Македонија сткупи еден редок Нао од хеленистичко време: златна плочка со ликот на пајонскиот крал Дропион. Грчкиот текст, на плочката, сва го потврдува. Плочката с најдена во регионот на Тиквешијата пред повеќе години. (Поблиски податоци за местото на наодот и сколностите под кои е најдена, не ни се познати.

Плочката е голема 64/61 х 40 мм; со текот на времето малку е деформирана во долната зона набрана и собрана за 3 мм, а на десниот долен - агол малку оштетена. Искована е во златна фолија, дебела до 1 мм. Ликот на посмртната маска на Дропион, како и текстот од двете страни на ликот, ВУНСНАТН се во плиток релеф под притисок, помеѓу идентична патрица и матрица. Под притисокот на земјата во која лежела, средишниот и некогаш најиздаден дел од лицето е пригмечен и втиснат навнатре.

Посмртната маска го зафаќа средишниот дел на плочката. Голема е само 30 x 22 мм и претставува лице на зрел маж, од челото до брадата. Ушите и косата не се претставени, како ни вратот. "јелниот раб на маската е неправилно и забесто изрежан, со мал шилест израз на соедина на челото и листести детали на слепоочниците. Овие детали се многу ситни и недоволно јасно втиснати, за да можат со сигурност да се идентификуваат. Помислуваме - дека тоа се контурите на челниот венец, со средишен украс (пчела?) на челото на умрениот крал.

На овалното лице без брада и мустаќи доминираат големи веѓи, крупни затворени очи, доста долг и широк нос, полуотворена уста со дебели усни. Овалот на лицето е искривен и асиметричен (левата страна е поиздадена), а десната веѓа малку поткршена на надворешниот дел, со што е нагласена индивидуалноста на овој портрет. Ликот му припаѓа на маж стар околу 40-50 години.

Текстот е претставен во плиток релјеф. Зборовите течат во куси водорамни редови еден под друг, прво на десната страна од ликот (6 редови) а потоа на левата страна (5 реда). Буквите се високи 3-5 мм. Очигледно е дека не биле пишувани од писар - калиграф, туку од уметникот што ја моделирал маската и тоа по втиснувањето на готовата матрица во мек негатив (восок), во спротивната огледална техника. Оттука и варирањето во формите дури и на една иста буква, неизедначено растојание и големина на буквите, потези кои водат кон курзив.

На тој начин, веруваме, се поткрале и неколку ортографски грешки: во првиот збор двеже букви О се напишани како омикрон наместо омега; изоставени се две букви во шестиот ред десно од ликот и една во петтиот ред лево; во истите редови буквата A е врежана како A, а P како II. Доколку сме во право со овие грешки, читањето гласи:

APOIII

ONA BAZIAE

АЕО АПАЈО

NTOZ NQN

ПКАЈ! TQNII

MQANTA АПЕТН

Agoniova Agovtoc л (атќра?) xai pwA(od)vta

Преводот гласи: на Дропион Леонов, таткото (7) и воинствениот крал . на Појаните, крепоста (гордост, првенец) на П (ајоните?)!.1

Пред нас е една икона со посмртен лик (εἰχὼν πρόσωπον, προσωπεῖον), една од бројните форми на искажување на почест, што на живите и умрените им биле правени во хеленистичко време?.2 Бројноста на зачуваните записи и натписи од хелнистичко време укажуваат на широката распространетост на обичајот, на овој начин да се величаат делата на живите и умрените владетели и државници, јунаци, спортисти и други заслужни граѓани.

Нашата икона носи посмртна маска со придружен текст (елогиум)3 и претставува специфичен вид на овие икони. Посмртните маски, со пригоден текст на нив, се појавуваат уште во стариот Египет а во хеленистичко време се познати од разни краишта на Медитеранот. Најисцрпен опис за нивната изработка и обичаите врзани за нив потекнуваат од грчкиот историчар Полибиј (Џ век од ст.е.), и тоа кај Римјаните.4 Ќе се задржиме само на неколку детали од ова.

Во републиканскиот Рим во почетокот само патрициите а потоа и плебејците, на своите угледни покојници им правеле посмртни маски излиени во восок. Оттука се развил еден сложен обичај околу нивното чување и носење во погребните церемонии на умрените претци. Во текот на повеќе векови, во некои угледни семејства бројот на маските многу се зголемил. Поради ова се најдени и други, подобри технички решенија за чување на ликовите на прадедовците. Тоа биле imagines clipeatae („маски на штитови“), изработени во метал (бронза, сребро; моралот на републиканскиот Рим се уште одбегнува злато), како намалени копии изработени според восочните оригинали.5 Биле поставени на одредена подлога, веројатно слична на штит на оттука и нивното име. Уште конзулот Апиј Клавдиј (во 307. и 296 г. од ст.е.) јавно изложил вакви метални маски на своите прадедовци во храмот на Белона. Вакви клипеати стоеле како украси на зидовите во атриумите на богатите семејства и низ Царскиот период, макар што подоцна биле потиснати од мермерните бисти. .

Да се вратиме на нашиот наод, засега единствен кај нас и еден од малубројните што воопшто се зачувани. Интересно е да потсетиме дека токму на поширокото пајонско подрачје, во доцноархајско време, во гробовите на умрените прваци се ставани посмртни златни маски (Синдос, Халкидик, Петилеп-Беранци; исто и маските во Требениште што се припишуваат на загадочните Енхелеи). Не е исклучена генетска врска меѓу овие маски и иконата на „Дропион; напротив, многу е веројатна, но ова бара подлабоки истражувања“.6

Сл. 1 4,6 - Златната икона на Дропион: од предната и задната страна. Ph. 1 The golden icon of Dropion: from the front and the back side
Сл. 1 4,6 - Златната икона на Дропион: од предната и задната страна. Ph. 1 The golden icon of Dropion: from the front and the back side

На нашата икона не и ја знаеме точната намена. На работ има 6 дупчиња, за заковување со клинчиња на цврста подлога (несомнено дрвена). По cè изгледа дека била од типот на клипеати. Матрицата во која била втисната била бездруго метална, со која можело длабоко и остро да се втисна рељефот. Сѐ ова, како и негрижливо изрежаниот раб на плочката, наведува на заклучок дека биле сериски втиснати повеќе вакви икони. Останува да претпоставиме дека:

- иконите биле тиснати како чекролог, за итно да се известат поважните места во државата за трагичната случка и да се организира посмртната жалост ширум земјата;

- иконите потоа биле јавно изложени во светилиштата или другите јавни места, за да го зачуваат споменот на умрениот крал.

Ова второто повлекува со себе и извесни историски заклучоци. Тоа би значело дека по смртта на Дрепион некој се грижел за неговиот култ, или неговист директен наследник (сестрата /Хар/ мило?) или Советот (Коинон) На државата. Тоа натаму би значело дека Пајонија како независна држава не престанала да постои веднаш по смртта на Дропион. Малку е веројатно дека некој од странските освојувачи (Дарданците или Македонците) би се грижеле за одржување на култот на еден независен пајонски владетел. Напротив, апсурдно е така да размислуваме.

Најдената икона на Прогион го покренува и прашањето околу времето кота пладеел овој крал и крајот на пајонската држава. Како пајонски владетел, Дропион е веќе познат во античката историја. Грчкиот патеписец

Сл. 2- Отпечаток на иконата, Ph. 2 A print from the icon
Сл. 2- Отпечаток на иконата, Ph. 2 A print from the icon

Павзаниј (од втората половина на II век од н.е.) забележал дека во Делфи видел и необична бронзена глава на бизон, посветен на Делфи од Дропион, син на Леон и крал на Пајоните, а излиена од пајонски бакар (Х.13,1). Оваа посвета стоела во светилиштето уште во времето кога Павзаниј го посетил Делфи, па како истакната и значајна дедикација сметал за потребно да ја спомене.

Во Олимпија и денес стои една база брз која била поставена коњаничка статуа на Дропион. На едната од потесните страни на постаментот вклесан е грчки натпис, од кој дознаваме дека Советот7 (Коинон) на Пајоните му подига статуа на Дропион, син на Леон, басилеј на Пајоните и основач (на Советот)".

На постаментот во Олимпија Дропион е исто така означен како син на Леон и крал на Пајоните. Натаму, Дропион носи и епитет „основач“ (хтистес), веројатно на Советот на државата кој имал право да ја дели власта со кралот. Државниот совет спаѓа меѓу новите, демократски идеи кои во одминатиот — доцниот ШТ век од ст. е.8 ја ограничуваат апсолутистичката власт на монарсите. Ваков модел на управа Дроцисн најверојатно презел од соседна Македонија, каде Советот (Коинон) бил говеден за владеењето на Антигон Досон (229.221 r, од ст. e)® Во знак не благодарност, тој ист Коинон му подига коњаничка статуа на Дропион во едно од најзначајните светилишта во хеленскиот свет.

Дропион е посведочен и на трета дедикација. Пак во Делфи, Дропион Jieonos син (и сестра му Хар?)мило подигнале статуа на татко им Леон, според советот на Anonon Питијски (сл. 4 а). Вака текстот го чита и дополнува J. Пују.9 J. Буске го надополнува истиот текст поинаку: Дропион Jicouos, кралот ча Ilajommre, на својот дедо Аудолеон според советот на Аполон Питијски (го подига споменикот) сл. 4 6““. Остатокот на овој натпис стои на една база, епа која стоела статуата на Леон или Аудолеон.

На овој начин добиен е поточен редослед на пајонската династија. Владеењето на Аудолеон е потврдено од 316 до 284/2 г. од ст. е. Неговата смрт била проследена со борба околу пајонскиот престол. Моќниот Лизимах, кој владеел со земјите од Тракија на запад, преку Хелеспонт до делот на Мала Азија на исток, во почетокот заштитнички се однесувал кон престолонаследникот Аристон, а потоа, во моментот на неговото крунисување и ритуалното капење во реката Астибос (Брегалница), се обидел да го убие. Аристон успеал со бегство кај соседните Дарданци да си ја спаси главата и во историјата не се спомнува повеќе10 "9. Лизимах ја приклучил Пајонија кон својата држава, во чии рамки останала веројатно до неговата смрт (во 281 г.

Потоа следува големата наезда на Галите (Келтите) преку Пајонија и Македонија на југ, кон Делфи, во 280/279 г. од ст. е. Интересно е да спомнеме дека соочен со оваа опасност, дарданскиот водач му нудел воена помош на македонскиот крал Птолемеј Кераун, за заедничка борба против Галите. Пајоните тука не се спомнуваат.11 Напротив, еден натпис од Тлос во Ликија, Мала Азија, зборува за победа на локален хеленистички владетел врз Галатите и Пајоните; тие им се придружиле на првите во освојувачкиот поход на исток.12

Леон бил веројатно помладиот син на Аудолеон и стапил на престол по повлекувањето на галските одреди, во 277/6 г. од ст, е.; тогаш и во соседната Македонија била обновена власта и бил крунисан Дитигон Гонат. Може да претпоставиме колку способен влапетел бил Леон и колку напори морал да Al XAPRMYAQ.AEONTATON

Сл. 3 – Факсимил на натписот од Олимпија. Ph. 3 A copy of the iscription from Olympia
Сл. 3 – Факсимил на натписот од Олимпија. Ph. 3 A copy of the iscription from Olympia

ATEPAKATA XPHS MOW ®

oak

Сл. 4 – Факсимил на натписот од Делфи, со дополнување спрема Пују /А/ и Буске (В).

Ph. 4 A copy of the inscription from Delphoi, with supplements according to Pouilloux (A) and Buske

вложи, за да ја обнови земјата опустошена и без доволно жители. Територи-

јално, Пајонија сега била несомнено намалена. Нејзините најсеверни делови биле освоени од Дарданците. Така најлогично би се објаснил и фактот, што Леон ковал само бронзени монети а не и сребрени. Богатите рудници на олово-сребро во денешното Косово во тоа време веќе биле затворени, бидејќи потпаднале под Дарданците. Не знаеме што се случило со рудоносниот ревир на Осогово: да ли во тоа време уште не бил доволно истражен и експлоатиран, или исто така бил напуштен од Пајоните под притисокот на соседните Меди.

Дропион го наследил татка си Леон помеѓу 250 и 240 г. од ст. е. Спомнатите дедикации во Олимпија и Делфи фрлаат нова светлина врз неговото владеење. Подигањето на овие споменици во двете најголеми грчки светилишта е своевиден феномен; многу други посилни владетели во широкиот хеленистички свет не ја добиле та привилегија. Како објаснување на ова се зема политичкиот момент - лојалноста на Пајонија кон Етолскиот и Ахајскиот сојуз, а против хегемонијата на Македонија““. Сепак, остануваат при тоа неискажани и некои други непознати вредности и заслуги на Дропион и Пајонија. Силниот притисок на Дарданците врз јужните соседи е одразен и во воените судири со Македонија, во кои веројатно загинал и кралот Деметриј II (во 229 г. ст. е.). До колку дарданските походи одела непосредно преку Пајонија, зачудува како оваа мала држава воопшто успеала да се одржи натаму. Важно е што споменикот на Дропион во Олимпија, подигнат од пајонскиот Совет (Коинон), се датира по смртта на Деметриј Ил, односно за владеењето на Антигон Досон (229-221 г. од ср. е.). Веројатно дека во ова исто време бил подигнат и споменикот во Делфи. А тоа значи дека Дропион не само што не бил уништен заедно со Деметриј Ил туку ја достигнал својата најголема моќ (политичка и економска) во годините по 229-ra. Во елогиумот на посмртната икона Дропиоин носи епитет „воинствен“. Се чини дека тоа не била само обична титуларна фраза туку22 негова заслужена титула.

Ликот на посмртната маска оддава човек стар околу 40-50 години. Склони сме да веруваме дека умрел околу 225-220 г. од ст. е, Следниот настан забележан во историјата на Пајонија, е заземањето на северните делови на земјата со најголемиот град Билазора, од страна на Дарданците во 217 г. од ст. e.'© Тогаш новиот македонски крал, енергичниот Филип У, решил да ја присоедини Пајонија кон Македонија и на тој начин да ги осигура границите кои Дарданија. Пајонија очигледно била на крајот од своите сили. Можеби затоа Полибиј не забележал кој владеел во неа. Тоа премолчување е земано досега како argumentum silentio дека Дропион немал наследник.

Сепак мора да сфатиме дека од смртта на Дропион до судбоносната 217 година изминале повеќе години. Гледаме дека некој се грижел и за споменот на Дропион. Натписот во Делфи спомнува уште едно име, кое тешко се чита; можеби (Хар)мило. Таа веројатно му била сестра на Дропион. Треба ли неа да ја сметаме за последниот пајонски владетел, или иднината ќе ни подари некое ново име преку некој нов наод, со кое ќе ја пополниме и оваа празнина?

Белешки

  1. На Мр. М. Бузалковска од Филозофскиот факултет во Скопје И благодариме на помошта во читањето на текстот. За жал, останува несигурно читањето на зборот во шестиот ред д. и двете кратенки. ↩
  2. Reinach, Traité d’epigraphie grecque, Paris 1885, 347 ff., и наведена постара лит. на стр. 375. > ↩
  3. RE V, Stuttgart 190., s.v. Elogium, 2442-2443 (A.v. Premerstein) ↩
  4. RE IX, 1914, s.v. Imagines maiorum, 1098-1104 (H. Meyer). ↩
  5. Ibidem, 1104, Plinii Nat. hist. 35.4-12. ↩
  6. В. Поповић, О пореклу грчких архајских предмета из некрополе код Требеништа, са посебним освртом на проблем златних маски, Старинар Н.С. 15-16, 1964-65, Београд 1966, 15-30, се обидел да навлезе во овој проблем. – За наодот од Петилеп кај Беранци сп. И. Микулчиќ, Pelagonija u светли arheoloških nalaza, Скопје-Београд 1966, 38, T. XII; – За маските од Синдос: ΣΙΝΔΟΣ, ΚΑΤΑΛΟΓΟΣ ΤΗΣ ΕΚΘΕΣΗΣ, ΑΘΕΝΑ, 1985. Pelagonija и syetlu arheoloskih nalaza, Скопје- Београд 1966, 38, Т. ХИ, - За маските од Синдос: ZINAOZ, КАТАЛОГОЈ, тне EK@EZHE, АВЕНМА, 1985. ↩
  7. J. Pouilloux, Dropion, roi des Péones, B C H 74, 1950, 22-32; – J. Bousquet, Dropion, roi des Péones, B C H 76, 1952, 136-140. ↩
  8. Merker, The Ancient Kingdom of Paionia, Balkan Studies 6/1, Thessalonike 1965, 51-52, ги дискутира мислењата на Пују и Буске, продлабочувајќи го ова прашање и определувајќи се аргументирано за времето кога владеел Антигон Досон. ↩
  9. J. Pouilloux, op. cit., 22-24. J. Bousquet, op. cit., 136-139. ↩
  10. Polyaen. IV. 12, 3 – според Ф. Папазоглу, Средњебалканска племена у предримско доба, Сарајево 1969, 107 (D 8). ↩
  11. Justin XXIV, 9-11, според Ф. Папазоглу, н.л., 107 (D 9). ↩
  12. I. Merker, op. cit., 49. ↩
  13. Paionia. ↩
  14. Истиот, 51. ↩
  15. И Истиот, 51-52. ↩
  16. Ф. Папазоглу, н.д., 112, ја предложила годината 231 како дата кога се судриле Дарданците со Деметриј II и кога според нејзиното мислење, изгаснала пајонската држава. ↩
  17. Polyb. V. 97 - според Ф. Папазоглу, н.д., 429 (D 19); - сп. и И. Микулчиќ, Убикација на Билазора, Год. зборник на Филозофскиот факултет кн. 28, Скопје 1976, 149-166. ↩
  18. IVAN MIKULČIĆ - Skopje VIKTORIJA SOKOLOVSKA - Skopje ↩

Summary

The Icon of Kind Dropion

(SUMMERY)

Recently the Museum of Macedonia bought a rare find from the Hellenistic period: a golden plaque with the image of the Paionian king Dropion. It was discovered in the TikveS area, under conditions unknown to us.

The plaque is from golden foil, with a thickness up to 1 mm., and size 64/61 x 40 mm. in the middle part in a hammering technique a funeral mask is depicted of the king Dropion, while on the left and the right a greek text, elogium, is inscribed in cursive /fig. 1a, b, 2/. We believe that in the text some orthographic omissions were made. In the first word the two-letters 0 are written as omicron, instead of omega. Two letters have been omitted in the sixth row to the right of the image, and one in the fifth row2 left. In the same rows the letter A is inscribed as A, while P is like a II. If we are right in the proposed corrections, the text reads:

Agoniova Aéovtog x (атбоа?) xaj wwA(od)vta

Baovréa Tavéveyv хбу (adver?) ’agerii(s)

In translation in means: To Dropion of Leon, father /?/, and the warrior king of the Paionians, the hale /the pride/ of the Paionians.

The image depicts a mature man with individual features, modeled according to a original funeral mask. The purpose of this object (elx@v nedownovy, προσωπεῖον) can be explained in two ways, as an announcment of the tragic event, от as an object with which the remembrance of the dead king is kept. In this case it is close to the imagines clipeatae, often produced in republican Rome.

We shali mention that funeral masks were included in the graves of the deceased leaders on the wider paionian area, in the late archaic period. /Syndos, Chalkidike, Petilep — Beranci; as well as the masks in Trebeni&te, that are atributed to the mysterious Enheleis./

Since, the paionian ruler Dropion is known in the antique history and confirmed by Pausanius /X, 13, 1), as well as in the inscriptions in Olimpia and Delphi /fig. 3, 4a, b/., our golden icon is another document that contributes and shall throw light on the chronology of the period of the end of the independence of