Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 79–92

Гробница во Бразда кај Скопје

Бразда лежи 10 км1 северно од центарот на Скопје, во југозападното подножје на Скопска Црна Гора. На j/3 крај на селото се издига издвоен рид Градиште, високо 70 м над околината. Северната и западна падина му се многу стрмни а на југ и исток теренот терасесто паѓа надолу. Во северното подножје на ридот се составаат рекичките Бразда и Глушка (Чучерска). Оваа вода, порано каптирана, била спроведена на југ и ги снабдувала античкиот град Скупи и средновековно Скопје со вода за пиење.

На зарамнетиот врв на Градиште, јужната и западна падина, лежат остатоци од укрепена раноантичка населба (VII - 1V век од ст.е. ), распоредена на неколку подѕидани тераси, на површина од 4,5 ха /. Во 1985 и 1986 година тука беа изведени први сондирања, како и на некрополата веднаш јужно до населбата2 ?/. Откриен беше дел од градба - една работилница со огниште за пржење на руда и типична камена мелница за дробење на истата, како и парчиња од оловно - сребрена руда. Еден оловен одливок, најден тука порано, носи рељефен натпис: ΚΛΕΟΜΑΧ (ΟΥ) (сп. сл.11). Формата на буквите упатува на V - IV век од ст.е. а името е од атичко потекло3 */. Ископаната керамика е од истото време (У - ГУ век од ст.е.) и сосем хеленизирана. Како градежен материјал, во работилницата откриени се плитари и еден убаво изделкан блок од травертин.

Во текот на овие работи привлекоа внимание околу4 60 антички камени блокови, вградени во неколку стари селски куќи во северното подножје на Градиште. Блоковите биле убаво изделкани од травертин, со димензии кои се повторуваат. Страните им се украсени со ситна барботина, а врамени со испакнати мазни ленти. Овие блокови селаните ги копале во северното подножје на Градиште, непосредно под челото на една карпа која се наднесува над реката („Голема и мала рупа“). Некои блокови биле многу големи и селаните ги кршеле за да можат со волови да ги одвлечат дома.

формата и димензиите на блоковите. како и начинот на обработката упатуваа на раноантичко време. Нивната бројност и микро - положбата индицираа една гробница. Фактот дека травертин нема во Бразда (најблискиот мадем лежи кај Г.Свиларе, 23 км западно од Бразда), како и големината на одделни блокови, зборуваа дека се работи за исклучително редок и монументален објект. Со вакви претпоставки поднесен е предлог до Музејот на Македонија да го организира ископувањето на гробницата и обезбеди средства за работата. Потпишаните, со помош на неколку стручни и технички соработници “/ и 10 — 12 работници, работеа на ископувањето од 6.6. до 15.9. 1986 година. Поради организационите проблеми во Музејот и незаинтересираноста за натамошното откривање, во 1987 година не е работено на теренот а во 1988 и 1989 година само по неколку дена, за да се расчистат урнатите профили, да се преместат дислоцираните блокови и да се очисти локалитетот од дива вегетација и пцовисани животни, фрлени во гробницата.

Во 1986 година беа ископани преку 1.800 м камен и земја и откопани внатрешноста на главната гробна комора и дел од пристапниот ходник (дромос). Копано е во длабочина до 12 м под површината на теренот. Културниот слој достигал дебелина (на места) до 10 м. Ископот е депониран на просторот западно од гробницата.

Стратиграфија на наодите. Гробницата била всечена во падина која косо паѓа на север и запад. На источниот крај се протега долга варовничка карпа која скалесто се издига на југ. Гробницата, засипана со повеќе метра насип до висина на карпата, била сосем скриена и без надворешни видливи

аги.

Под слојот од хумус и рецентните наноси се појави античкиот насип, формиран од темна земја, кафеава глина и многу камен (речен и кршен). Неколку камени громади беа толку големи, што без нивното кршење не можеа да се извадат. Во насипот беа констатирани многу горетини и пепел, придружени со животински коски (коза - овца, свиња, коњ). Покрај западниот зид на гробната комора и парапетот на ходникот насипана била светложолта лапореста глина. Лежишта на лапор има на 1 - 2 км кон c/3 и j/3 од гробницата.

Керамиката почна да се појавува на 1 - 1,5 м длабочина; најпрво се наиде на парчиња од големи груби садови — мали питоси и диноси, големи грнци и чинии. Тие биле кршени на лице место и фрлани во насипот. Во подлабоките откопи излезе маса од пофина керамика (амбалажна, кујнска и трпезна), работена главно на колце. Истата е сосем хеленизирана, главно сиво печена и украсена со графитирање (чадење) или мазнење. Најбројни се хидриите, потоа амфорите, скифосите, различни чинии и др. Помал процент од керамиката е керамидно печен, боен со црн или разреден (кафеав) фирнис, делумно сликан. Тоа е атичка керамика од црвенофигуралниот стил или монохромна, од крајот на У и раниот IV век од ст.е5 "/. Околу 10.000 парчиња керамика се очистени, класифицирани и идентификувани; околу 1.000 парчиња од нив се одбрани за реконструкција, исцртани и депонирани во Музејот; другите се депонирани на теренот.

Керамиката е наоѓана во насипот до подното ниво на комората и ходникот. Типолошки разлики меѓу наодите од различните слоеви односно длабочини не се забележани. Временскиот распон на ископаниот керамички материјал опфаќа само неколку децении.

ГРОБНИ ГРАДБИ

Дислоцирани блокови. Во насипот над ходникот, над и во комората лежеле бројни обработени травертински блокови. Тие биле дислоцирани - урнати од примарната или секундарна градба и затекнати како шут. Преку 200 вакви парчиња се нумерирани, исцртани, внесени во план со потребна

Сл. 1 Бразда кај Скопје, план на гробницата. Fot. 1 Brasda, Skopje, Grundriss der Gruft.
Сл. 1 Бразда кај Скопје, план на гробницата. Fot. 1 Brasda, Skopje, Grundriss der Gruft.

метрика и извадени од слоевите за да не сметаат во натамошната работа. Истите потекнувале главно од поплочениот под на гробната комора, помалку од зидовите и вратата на комората (I u II фаза) и пристапниот ходник (Ји II фаза). Ходникот и комората од II фаза биле градени многу послабо од првобитната градба, дури провизорно, од градежен материјал присобран од различни други објекти. Затоа тука среќаваме готови форми - плочи, блокови, довратници и друго - кои првобитно имале друга функција. Дел од нив биле изделкани од локалниот лапор. Нивната примарна функција не е секогаш јасна. Меѓу блоковите во јужниот зид на комората II препознаваме дел од надвратникот и плочите со кои бил затворен влезот во комората I.

Блоковите од подниот плочник ги најдовме испретурени во длабочина од 2 м над подната нивелета до 1,20 м длабоко под подот. Меѓу дислоцираните блокови има и 6 штитови (3 цели и 3 фрагментирани). правоаголни и горе лачно заоблени (сл.8). Три од нив имаат наназад проширена основа заради постабилно стоење. Големи се 97 х 71, 110 х 63, 88 X72 и 97 х 78 сМ, а широки долу до 34 см. Предната страна им е украсена со ситна барботина и врамена со мазна лента. Работ на задната страна е заоблен и стеснет - се добива впечаток дека штитовите затворале како капаци некои отвори - ниши; 4 од нив лежеа пред јужниот зид на комората, однадвор, во ниво на ходникот II. Два штита биле турнати низ насилно отворената врата долу, во гробната комора.

Нејасна функција имала една убаво изделкана плоча во форма на правилен осумаголник, голема 35 X34 х16,5 см.

Гробната комора I. Има правоаголна основа ориентирана точно 3 - И, голема 9,70 x6,60 м (внатре 7,24 х5,05 м). Подното ниво е нагласено со издаден венец околу зидовите, широк 12 и висок 30 см: Под него зидот излегува за уште 18 - 20 см навнатре, формирајќи нивелета врз која биле сложени подните плочи — блокови. Двата венци се убаво обработени и украсени со врамена барботина. Под нив започнува темелниот дел, од блокови грубо изделкани и неукрасени. Темелот лежи врз изделкана мека карпа (сино - зелен шкрилец) на источната и јужна страна односно на алувијалниот нанос (песок) на западната и северната страна (сл. 1,2).

Зидовите на гробната комора зачувани се во нивната првобитна висина од 4,20 м над подот; горе завршуваат во иста нивелета. Градени се вонредно прецизно и зачувани без деформации. Блоковите се составени беспрекорно и шевовите едвај се гледаат. Ортостатите се нижаат во иста висина, на сите 4 ѕид. Наизменично се нижат ред водорамно легнати блокови (високи 22 - 31 см) и врз нив 1 - 3 реда бочно поставени блокови (високи 44 - 60 см). Сите се украсени со фина врамена барботина (сл. 2, 5, 6, 7).

Опишаните блокови го претставуваат внатрешното лице на 5идовите. 5идното јадро е оформено од набиена кафеава глина, големи и помали кршени и речни камења. Фидовите немале надворешно лице бидејќи се потпираат на здравица, во која комората е длабоко вкопана. Само најгорната зона на западниот зид била обложена однадвор со големи, нееднако обработени блокови травертин и лапор.

На средина на јужниот зид стои врата, висока внатре 3,30 а надвор 1,90 м и широка 1,42 м. Влезот (преминот) е долг 1,80 м, а висинската разлика од 1,40 м е совладана преку 6 степеници. Надворешните довратници се монолитни. На западниот зид. близу јужниот крај, во најгорната зона стои | Gradiste

j A ‘i 1 102 4 Ќ вото ЈИЛАНАСЕМАЛ inate Riss а оа 101 4
j A ‘i 1 102 4 Ќ вото ЈИЛАНАСЕМАЛ inate Riss а оа 101 4

“| ersten ! PRESEK 2-1 NA

i PRISTAPNITE RAMPI 974 | ! (овомо5 1 1 11)

o 1 2 3 | (pozicija па grobnatea BPA LICE НА КОМОРАТА т рот Sor

Илустрација, стр. 83

.5 ec esip - temna zemja so kamenja, ч.

= Cr goretini, keramika i oe

ja cko Zivotinski ковк! % 102 +

Сл. 3, 4 Бразда, гробница, попречни пресеци7 низ дромосот Fot. 3,4 Brasda, Querschnitte durch den Dromos.
Сл. 3, 4 Бразда, гробница, попречни пресеци7 низ дромосот Fot. 3,4 Brasda, Querschnitte durch den Dromos.

прозорец — светларник, широк 50 и висок 85 см. Долг е 1,60 ми се стеснува надвор во процеп, широк само 21 см. Друг ваков светларник, симетрично поставен, несомнено стоел на северниот крај на истиот зид, но со вадење на камен во наше време целосно е уништен (сл. 6, 7),

На внатрешните зидови, 2,60 м високо над подната нивелета, се гледаат четвртести дупки и тоа по 2 на подолжните зидови а по една на бочните. Дупките се симетрично поставени, правилни и големи 9 х 9 см. Служеле како носачи на помали предмети, вметнати во нив. Помислуваме дека биле метални носачи на факели, што ја осветлувале комората во погребната церемонија.

Од покривната конструкција не е најден ниту еден блок. Напротив, има јасни индиции дека покривот бил граден од дрвени греди, дебели 25-30 сми водорамно сложени една до друга. Биле поставени во правец С-Ј. Само така можеме да ја објасниме затекнатата ситуација: зидовите на комората II не лежат директно на круништето на зидовите од комората, туку се поткренати до 20 см угоре (на северниот и јужен зид). Во тоа растојание очигледно лежеле греди, а кога дрвото изгнило, во таа празнина продрела земја и ситни камења и горните блокови (од комората II) нерамномерно пропаднала надолу (сп. сл. 6, горе). На источниот зид блоковите од II фаза директно лежат врз круништето на I фаза, кое пред обновата било симнато за 30 см пониско. Гробна комора ІТ. Изградена е точно над габаритот на I комора под неа и има исти димензии. 5идовите и се широки околу 70 см. Во јужниот зид има многу блокови извадени од постарата гробница. Сложен е од наизменчни редови блокови, легнати плоснесто или поставени бочно. По два бочно исправени блока свртени се со лицата надвор а тесниот простор меѓу нив бил пополнет со глина. Источниот зид е зачуван најдобро и веројатно целосно, во висина до 3 м. Блоковите во овој зид се изделкани погрубо, од травертин и од лапор, имаат мазна површина и должина до 2 м. Западниот зид е целосно уништен во наше време (сп. сл. 1 - шрафирани блокови, сл. 2 и сл. 6, горе).

Пристапен ходник (дромос I). Влезот во гробната комора не водел од понизок терен (север, запад) како што логично би се очекувало, туку од југ, низ косата падина. Според површинските траги, ходникот бил долг повеќе од 20 M a ориентиран точно С-Ј. Источната страна му се потпирала на вертикалниот карпест отсек, што го надвишувал до 10 м (на северниот крај). По должината на западната страна на ходникот бил изграден долг бедем од набиена глина, широк преку 4 м. На неговата надворешна страна, врз него, изграден е заштитен (парапетен) зид (западна аналема), широк 2,20-2,30 м и зачуван во висина до 2 м. Надворешното лице на зидот е зачувано во должина од 11 м, оформено од водорамни редови на убаво изделкани травертински блокови (ел. 1, 5). Јадрото на зидот е набиено од кафеава глина и кршен камен, а внатрешното лице оформено од помали, речиси квадратни блокови травертин. Нивната површинска обработка се разликува од обработката на надворешното лице, како и од зидовите на комората. 5идот бил одвнатре висок само 1,50 м а почивал директно врз глинениот насип, што е благо закосен навнатре. Пред влезот во гробната комора насипот бил подзидан со обичен сувозид од јадри кршени камења, во висина од околу 2 м и должина околу 3M (не е откопан целосно). Ист ваков подеид е откопан и од другата (источна) страна на влезот. Пристапниот ходник бил широк на подот 2,20 м, нагоре малку се ширел, а длабок 2,40 м мерено кон глинениот насип, односно 4 м под парапетниот зид. Подот му лежи директно на карпестата здравица (мек сино-зелен шкрилец). Во подѕиданиот дел пред влезот во комората, во должина од околу 3 м, оформен е водорамно и делумно поплочен а потоа се качува косо на југ, следејќи го природниот пад на теренот (карпата). Со контролна сонда го следевме во должина од 8 м (сл. 2-4).

Ходник II (дромос ІТ). Откриен е во насипот врз ходникот I, во должина од 9 односно 12 м, а на нивелетата повисока за 3 м од ходникот I (во северниот дел). Протегајќи се на југ, висинската разлика се намалува на околу 2 м. Оската на ходникот П е поместена кон исток и ја допира гробната комора на 1,70 м поисточно од оската на ходникот I. Ходникот II е вкопан во набој од кафеава глина, широк 1,20 м м длабок 1,50-1,80 м; имено, толку високо се зачувани неговите бочни зидови, обложени со вертикално поставени камени блокови. Блоковите се градени сосем провизорно и слабо и ги најдовме силно изместени или сосем паднати од нивните места. Внатрешноста на ходникот Іі била исполнета со многу мек насип од пепел, горетини и темна земја, во која најдовме многу керамика и животински коски. Og ходникот II се влегувало во комората П низ провизорна врата, широка 1,20 м. Висината не и е зачувана поради уривањето на јужниот зид (сл. 1-4).

Гроб 2. Беше откопан во источниот профил, 7,40-8 м високо над подот на ходникот I, односно 4,30-5 м над подот на ходникот Џи околу 1,40-1,70 м под површината на теренот, ‘На 3,60-6 м ј/и од гробната комора (сп. сл. 1). Се работи за плитка правоаголна јама (1,30хХ80х 15 м) , исполнета со горетини, пепел и изгорени човечки коски. Во ј/и агол лежеа делови од керамичка

Сл. 5 Еразда, гробницата во текот на искокувањата, од запал Fot. 5 Brasda, Die Gnuft im Laufe der Ausgrabung.1
Сл. 5 Еразда, гробницата во текот на искокувањата, од запад Fot. 5 Brasda, Die Gnuft im Laufe der Ausgrabung.1
Сл. 6,7 Бразда, гробна комора, јужен 5ид во текот на ископувањата Fot. 6,7 Brasda, Trayertinschilde рег дет Dromos.
Сл. 6,7 Бразда, гробна комора, јужен 5ид во текот на ископувањата Фот. 6,7 Brasda, Trayertinschilde рег дет Dromos.

чинија. кафеаво печена и сребрена фибула од малоазиски тип (крај на У - ран ју век од ст.е. сл. 10). Еден поголем железен врв од стрела, прецизно искован и убаво обликуван а најден при формирањето на источниот профил, потекнувал можеби од истиот гроб (сл. 9).

Гробната јама била покриена со 16 цели и 8 фрагментирани парчиња (третини) од тенки тегули, големи 53Х31,5Х3,5 см, сложени во 2 слоја водорамно, во 3 должни редови. Тие формирале рамен квадратен капак голем 1,30х 1,30 м. Неколку од овие тегули биле печени, додека останатите биле непечени (плитар), од огнот на ова место силно нагорени и така зачувани. Врз капакот бил назидан венец од камења, голем 2,30Х 1,60 м и висок до 0,50 м. Сложени е од бирани речни камења, сите со јајцевидна форма и сосем плоснести а поврзани со многу бела лапореста глина. Внатрешноста на венецот била покриена со 2-3 слоја тенки камени плочки што косо пропаднала внатре.

Гроб 3. Делумно е откопан на јужниот крај на сондата, 11 м јужно од гробната комора, во насипот веднаш пад источниот парапет на ходникот П (сп. сл. 1,2). Во прашање е едноставна градба, провизорно сложена од кршени камења, зидани насуво. Дното е благо вдлабено и со неправилна кружна форма, големо околу 80х90 см. Било премачкано со глина и интензивно (црвено) нагорено. Зидовите се стеснуваат горе и неправилно ја надсводуваат празнината. Дното било покриено со слој од пепел и горетини, а на средината лежел еден череп, без долна вилица. Черепот е цел и И припаѓал на млада жена (околу 20 години)“. Други коски нема. Во прашање е непознат жртвен чии, извршен по засипувањето на ходникот И и комората И. :

Укажуваме на уште еден гроб: на подот во ходникот |, на Јужниот крај од сондата, се појавија коски од череп на една возрасна особа. Еден дел од нив е изваден за експертиза, а другите останале во неоткопаниот слој.

Сл. 8 Бразда, гробница, камени штитови Fot. 8 Brasda, Hauptkammer, Sidwand wahrend der Ausgrabung.
Сл. 8 Бразда, гробница, камени штитови Fot. 8 Brasda, Hauptkammer, Sidwand wahrend der Ausgrabung.
Сл. 9-11 Бразда, наоди (врв од стрела, фибула, оловен одливок) Fot. 9-11 Brasda, Kieinfunde (Pfeilspitze, Fibel, Bleiabguss).
Сл. 9-11 Бразда, наоди (врв од стрела, фибула, оловен одливок) Fot. 9-11 Brasda, Kieinfunde (Pfeilspitze, Fibel, Bleiabguss).
Илустрација, стр. 88

ЗАКЛУЧНИ РАЗГЛЕДИ

Гробницата го Бразда не е откопана целосно ниту истражена докрај, за да може да се донесе целосен суд за неа. Сепак, јасни се повеќе елементи од нејзиното градење, намена и историјат. По намената, гробницата била несомнено владетелска. За тоа зборува пред се нејзината големина, потоа квалитетот на градење и обработка на блоковите. за што биле anraxarpann врвни грчки архитекти. Нагласуваме дека украсниот травертин, со кој биле градени лицата на зидовите, бил носен ваму на далечина од 23 км. Начинот на градење, со јадро од кршен камен и набиена глина и обработени камени лица е грчки. Украсната техника на барботина, со благо издадени мазни рамки, со рамни лица (без анатироза или рустика) и рабови во иста рамнина, обележја се на атинското градежништво од У и раниот ГУ век од ст. e.’. Овие елементи јасно им контрастираат на обележјата од следниот, хеленистички период а кои почнуваат да се формираат околу средината на IV век од ст.е.7 Наброените обележја, пресудни за датирање на гробницата, имаат целосна потпора и во најдената керамика, што ја датираме во истото време.

Гробницата во Бразда имала рамен дрвен таван, како што е кажано напред. Гробници градени целосно или делумно од дрво се постари и поедноставни во споредба со камените гробници, а се среќаваат низ VI-IV век од ст.е. на широкиот Евро-азиски простор до каде допирале јужните влијанија?. Гробниците од македонски тип, од доцниот IV и Ш век од сте, засведени се со камени сводови10 !“; исто и тракиските гробници"“.11 Засведена била и гробницата во Тетово, инаку многу слична на нашата и градена од травертински блокови на ист начин, само што е многу помала (5,31Х3,51Х1,85 м) а зидовите имале мазна површина12 " 2. Нејзиното датирање останува отворено. Според начинот на градење најверојатно настанала во TV век од ст.е., меѓутоа, бронзената статуета на прочуената Менада, најдена во гробницата, збунува. Изработена е во доцниот VI век

Гробницата во Бразда се разликува од гробниците од македонски тип и по планот на основата: нема преткомора, а главната комора е поставена попречно на дромосот. Во неа не е положен умрениот, а насипот одгоре не формирал могила (тумулус) туку се стопувал со околината. И нашите камени штитови не се познати на македонското подрачје. Аналогии имаме во далечното Северно Причерномо оріе, во владетелските скитски гробници во Солоха и во Пазирик на Алтај.13 Формата на овој штит е вообичаена во Египет.

Остануваат нејасни потеклото на горенаведените елементи и патиштата по кои стигнале до нас.

Нејасна останува и судбината на сопственикот на гробницата. Според ситуацијата откриена со ископувањата може да се заклучи следното: - По извршениот погребен церемонијал вратата на комората била затворена однадвор (со 2 големи плочи) и вратата и дромосот засипани со жолтокафеава глина, во која повремено биле спалувани жртви и кришени садови. Со бела лапореста глина бил засипан западниот ид (со светларниците) до нивото на покривот, а исто така и парапетниот 5ид на западната страна на ходникот. Преку cé ова е насипана темна земја и кафеава глина со многу камен, пепел, кршена керамика и животински коски.

Се чини дека набргу по погребот крадците продреле одгоре низ насипот до вратата, ја разбиле и влегле во комората. Бидејќи не го нашле тука умрениот, целосно го прекопале поплочениот под. Копале до длабочина од 1,20 м под подот, а ископаните блокови беспоштедно ги кршеле и фрлале во ископот. Така во комората настанал насип висок до 2 м над подот. Од огнот што бил западен од двете страни на вратата, внатре на полот, се оштетиле внатрешните довратници. Тоа секако го забрзала и водата (дождовница) што Си еее низ дупка Бо комората. Одгоре биле турнати во комората и неколку блокови. меѓу нив и 2 од спомнатите камени штитови. Во прилог на овој заклучок - дека умрениот не почивал во комората — зборува и фактот дека не се најде ниту парче од евентуалниот саркофаг (каменен) или неговата основа. Слично на бројни други гробници од постаро време, и комората во Бразда имала несомнено комеморативен карактер, додека умрениот бил вкопан некаде покрај неа.

По насилното влегување, наследниците на умрениот интервенирале. Целата комора била насипана со земја, а врз таванот била изградена нова комеморативна градба (комора II), точно по габаритот на првата комора под неа. За изградба на нејзините зидови биле допремени нови блокови, во голем дел од локалниот лапор и помалку грижливо изделкани. Некои блокови биле извадени од долната комора - веќе напред спомнавме дека тука ги препознаваме плочите од вратата и надвратникот. Новата комора била висока најмалку 3 м - толку е зачуван нејзиниот источен зид. Траги од нејзиниот покрив нема. До неа водел нов дромос (ходникот II), вкопан во насипот на нивелата која е 3 м повисока од ходникот I под него. По завршениот чин, И оваа градба била целосно засипана со насип, дебел повеќе метра. Врз дромосот П била оформена жртвената конструкција со глава на млада жена (гроб 3), а уште подоцна, кога се било затрупано под силниот насип, бил вкопан гробот 2.

Недалеку северно и с/и од големата комора има траги од други гробни конструкции, градени исто така од делкан травертин и украсени со врамена барботина, но со помали димензии; веројатно припаѓале на придружниците на владетелот кој тука почива во се уште ненарушениот мир.

Останува отворено уште едно значајно прашање: чија била гробницава? Овој проблем засега ќе го оставиме настрана. Меѓутоа, треба да потсетиме, дека во тоа рано време, меѓу народите и племињата северно од античката Македонија само Пајоните успеале да изградат вистинска државна организација. Во периодот кога е подигната гробницата во Бразда, Скопската котлина веројатно ја населувало пајонското племе Агријани. Во процесот на обединувањето на Пајоните, ова моќно племе најдолго ја задржало својата политичка самостојност, за подоцна да стане составен дел на пајонската држава. Зачуваните пишани податоци зборуваат за тесни политички врски помеѓу Пајонија и Атина, а овие пак произлегувале од обостраниот економски интерес. Археолошките наоди укажуваат на рано присуство на деловните луѓе од Атина во нашите краишта па и во Скопската котлина — трговци и занаетчии, стручњаци за рударство и металургија, градители. Во контекст со ова треба да се објасни и градењето на гробницата во Бразда:

Белешки

  1. Топографскиот приказ на населбата кај И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 21-23; останатите истовремени населби во овој регион: н.д., 24-35; осврт на пајонските наоди во Скопската котлина кај В. Соколовска, Исар-Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје 1986, 35-40. ↩
  2. Под раководство на Г. Микулчиќ и Д. Митревски од Музејот на Македонија. Наодите се во истиот музеј, необјавени. ↩
  3. Pape–Benseler, Wörterbuch der griechischen Eigennamen, Graz 1959, 674 ↩
  4. На ова место им благодариме за стручната помош на теренот: на конзерваторите-керамичари од Музејот Д. Карадакиќ и М. Туша (1986–88) и археолог Д. Митревски (1988); на Проф. Р. Стојановски за идентификување на травертинот; – на П. Акимовски и неговите соработници од Општината Чаир за техничката и финансиска помош во ископувањата. ↩
  5. За ова поблиску во статијата на Г. Микулчиќ, Кантароси и скифоси од Бразда, во овој ист број. 5 За експертизата им благодариме на Проф. Ж. Микиќ од Белград и Ф. Вељановска, антрополог во Музејот на Македонија каде се чува черепот. ↩
  6. J. Travlos, Bildlexikon zur Topographie des antiken Athen, Tubingen 1971, 5. 76, 317, Abb. 99, 415 (стели): S. 83–85, 100–102, Abb. 108, 134 (храмовите на Аполон Делфиски и А. Питхиски, од средината на 5 век ст.е.); 5. 127-130, Abb. 173 (Асклепејон, 4. век); 5. 204, Abb. 207 (чешма Енеакрунос, доцен 6. век); 5. 482-485, Abb. 610 (Пропилон и Пропилеји, почеток и 4. деценија на 5. век): S. 527–530, Abb. 667 (стоа на Зевс Елефтериос, 430, г.ст.е.) ↩
  7. J. Charbonneaux - R. Martin - E. Villard, Das klassische Griechenland, Miinchen 1971, 5. 80-86, 92-96, Abb. 74, 80-87; - M. Suié, Antitki grad na Istotnom Jadranu, Zagreb 1971, 23 ↩
  8. T, Talbot Rice, Les Scythes, London—Paris 1958, 97-122; - J. René, Le tresor de Vix (Cote d’or), ↩
  9. ‘aris 1954, ↩
  10. Gossel, Makedonische Kammergriber, Miinchen 1980; - M. Andronikos, Vergina, The Royal Temb$ and the ancient City, Thessalonike 1984. ↩
  11. i, Velkov, Die Grabhgelnekropole von Duwanili in Siidbulgarien, Sofija 1984: - Б. Филов. Сводните гробници при Мезек, или БАН XI, Софија 1937, 21 и н.; – В. Миков, Античната гробница при Казанлак, Софија 1954; - Г. Цанова - Л. Гетов, Тракијската гробница при Казанлак, Софија 1978; – M. Čičikova, Decouverte d’une tombe royale thrace, Arheologija 4, 1984, Sofija, 17–27. 12 Sy. Radojéié, Menada iz Tetova, GSND kn. XII, Skopje 1933, 243-251. ↩
  12. T. Talbot Rice, op. cit., 125-126. ↩
  13. IVAN MIKULCIC5 - Skopje13 VIKTORIJA SOKOLOVSKA - Skopje ↩

Zusammenfassung

Eine Herrschersgruft in Brasda Bei Skopje

(ZUSAMMENFASSUNG)

Brasda liegt 10 km n von Skopje und am Nordrande der Ebene von Skopje. Am SW-Rande des Dorfes erhebt sich ein 70 m hoher Bergkegel GradiSte genannt, auf dem im 7-4. Jh. vor Chr. eine befestigte und 4,5 ha grosse Ansiedlung existiert hat. Durch Sondieren wurden dort Teile einer Werkstatt mit Schmelzofen und Resten des Blei-Silbererzes ausgegraben, Trockenlehmziegelen von griechischer Art, gemeisselte Travertinblécke, ein Bleiabguss mit gestempeltem griechischen Namen (Abb. 11), auch Kermik aus den 5. und 4. Jh. vor Chr.

Im Nordfusse des Hiigels wurde im J. 1986 eine monumentale Gruft aus gleicher Zeit teilweise ausgegraben. Sie ist aus Travertin gebaut, der von einem 23 km entfernten Steinbruch beigeschleppt worden ist. Die Blécke sind prazis gemeisselt und die ganze Konstruktion ist ohne Deformationen sehr gut erhalten. Die Forderseite der Blécke wurde in Art von eingerahmter Barbotine geschmiickt. Der Kern der Mauern ist aus gestampftem Lehm und Bruchstein gebildet.Die Gruft wurde im Fusse eines senkrechten Felsens eingegraben, mit dem Boden 10 m tief unter der Oberflache und oben in der Ebene des Felsens aufgeschiittet.

Die Grabkammer ist in der Richtung O-W orientiert, innen 7,25 x 5,05 m gross und 4,20 m hoch gebaut. An der Siidwand steht die 1,42 m breite und 3,30 (aussen nur 1,90 m) hohe Tiir, die 1,40 m tief ist und iiber 6 Treppen hinunter fiihrt. Wie die entdeckten Reste hinzeigen, war die Gruft mit 25-30 cm dicken Holzbalken bedeckt, die Waagerecht und dicht nebeneinander angeordnet wurden.

Quer an die Kammer fiihrte von 5 ein um 20 m langer Gang (Dromos 1), der von O mit dem senkrechten Felsabschnitt, von W mit aus Lehm aufgestampften Damm flankiert ist. An der Aussenseite ist der Damm mit 1,50 m hoher und 2,30 breiter Mauer gekrént. Die Wande der Mauer sind mit schén behauenen Travertinblécken bekleidet, der Kern aus Lehm und Bruchstein gestampft. Die

Mauer hat sich am Nordende 4 т hoch iiber dem Boden des Ganges (Dromos Г)

erhéht. Der Boden des Ganges leitete den schragen Felsabhang aus weichem Schieferstein.

Nach der Beerdigung wurde die Grabkammer und der Gang mit machtiger Aufschiittung aus braunem Lehm und Bruchstein bedeckt, in der zahlreiche Aschenschichte von Brandopfer mit Knochen von Ziegen/ Schafe, Schweinen und Pferde, wie auch um 10.000 Keramikscherben entdeckt worden sind. Die Keramik ist grdsstenteils an der Drehscheibe gemacht und grau gebrannt und sie wiederhokt die griechischen Formen des 5-4. Jh.: Hydrien, Amphoren, Ojnochoen, Skyphoi, Kantharoi, Schiisseln u.a. Unter ihnen kommt auch eine Menge von bemalten rotfigiirlichen und monochromen Vasen vor, als Import und auch als lokale Nachahmung attischer Keramik vom Ende des 5. und dem friihen 4. Jh. vor Chr.

Wie es scheint, wurde die Grabkammer bald nach der Bestattung von der Tiir durchgebrochen und in ihr der bepflasterte Boden vollig iibergraben, bis 1,20 m in die Tiefe. Allem Anscheine nach hat der Sarg nicht da gestanden, weil wir auch keine Reste gefunden haben. Durch das Loch sind von oben Bruchstiicke von Blocke, auch 2 (von 6 ausgegrabenen) steinernen Schilde in die Grabkammer niedergeworfen (Abb. 8). Nachdem wurde die Kammer mit reinem Lehm чо aufgeschiittet und iiber ihrem Grundriss ein neuer Grabbau aufgestellt, in gleicher Richtung und Grésse wie die erste Kammer unter ihm.

Die Wande der Kammer II wurden grésstenteils aus grob gehauenen grossen Quadern aus lokalem Glimmerstein gebaut, teils auch von schénen Blécken die von der Tiirkonstruktion der unteren Grabkammer herauzgezogen worden waren. Die Ostwand ist rund 3 m hoch erhalten. Zu dieser Kammer fiihrte ein neuer Gang (Dromos II), 3 m hoch iiber dem ersten Gang eingegraben. Lings seinen Seiten wurden Schutzmauern aufgestellt, die ganz provisorisch (und bis 1,50 m hoch) aus Quadern und Platten verschiedener Herkunft, auch mit Bruchstein gebaut worden sind.

In der Aufschiittung tiber dem Dromos II, 10 m siidlich von der Grabkammer, wurde eine primitive Konstruktion aus Bruchstein, mit gebranntem Lehmboden und oben gewdlbt, freigelegt. In ihr war ein Madchenschddel (um 20 Jahre) bestattet. Ein weiteres Grab (Nr. 2) ist hoch in der Aufschiittung eingegraben worden; die Brandreste waren mit einem Deckel aus diinnen Trockenlehmziegeln bedeckt. Eine silberne Scharnierfibel (Abb. 10) datiert das Grab in das кине 4. Jh. vor Chr.

Der grésste Teil vom Gang ist nicht ausgegraben worden. Die Aufschiittung ist in diesem Teil bis 10 m hoch. Spuren von weiteren Grabbauten aus gemeisseltem Travertin haben die Einheimischen auch nérdlich und n/6 von der grossen Grabkammer entdeckt. Allem Anscheine nach handelt sich da um eine Begrabnis-