Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 59–77

Куново - Чуки кај Оризари, могила II

Кај селото Оризари, денес веќе дел од Кочани, уште во 1953 година, со првите археолошки рекогносцирања, беа регистрирани три добро зачувани могили, а се знаело за уште две, што значи вкупно пет „чукарки“, по кои, во рамките на пошироката месност Куново, оваа локација го добила името Куново Чуки. Истата се наоѓа на околу 1 км јужно од селото и 250 источно од Оризарската река. Теренот претставува блага падина која се спушта кон оризовите полиња и коритото на Брегалница. Петте тумберкимогили биле видливи оддалеку и доминирале со својот изглед, разбивајќи ја природноста на релјефот и давајќи му посебен белег.

По рекогносцирањата од 1953 година, на овој простор почнале да се градат селски гумна, а со тоа и да се оштетуваат преостанатите 3 могили. Во 1964 година од могилата I биле откопани 2 гроба со значајни прилози, кои делумно биле прибрани во Народниот музеј во Штип. Во 1965 година, поттикнат од археолошките вредности на овие наоди, истиот музеј извршил заштитни ископувања на дел од могилата ШТ. Со публикувањето на наодите од Куново Чуки и со резултатите од истражувањето на могилата III, овој локалитет се афирмира како едно од најзначајните наоѓалишта во источна Македонија за проучување, како на железното време, така и на феноменот на културата на тумули по Брегалница.1 Меѓутоа, во 1968 година, со изградбата на магистралниот пат Кочани-Берово, целосно е уништена могилата Г, така што на локалитетот остана само уште могилата II. За жал, до почетокот на истражувањата и оваа могила, близу2 половината, беше веќе уништена. Со интензивното ширење на соседните ниви на сметка на могилата, оштетена беше нејзината периферија и голем дел од јужната половина (Сл. 1). Ваквата состојба наложи итна интервенција со цел да се спаси и да се извлече што е можно повеќе од преостанатите партии (Сл. 2). Така, во текот на јули 1986 и август 1987 година беа изведени заштитни ископувања со кои целосно беа истражени зачуваните делови од могилата Ц.

Могилата зафаќаше простор од околу 20 м во пречник и 3 височина. На 4 м источно од центарот беше вкопан телефонски столб, а покрај помалите периферни оштетувања, посебни тешкотии создаваше големото оштетување на јужната половина. Овие моменти не дозволуваа целосна и несметана примена на вообичаената методологија при истражувањето на овој тип објекти. Заради тоа, најпрво се пристапи кон санирање на јужните делови од могилата, поточно, големото оштетување се доведе приближно во правец на оската исток-запад. Со тоа се доби едниот од централните пресеци на могилата, како контролен профил кој откри многу моменти од архитектуракако „систем на сегменти“. Беше поставена крстеста рампа со ширина од 1 м која ги одвојува сегментите, меѓутоа поради положбата на телефонскиот столб, мораше за 10° да се отстапи од ориентацијата по страните на светот. Сето ова беше зафатено и со квадратна мрежа, како помошно графичко

Сл. 1 Могила Џ на почеток на истражувањата Ph. 1. Le Tumulus II au début des recherches
Сл. 1 Могила Џ на почеток на истражувањата Ph. 1. Le Tumulus II au début des recherches
Сл. 2 Могила Il од западната странг Ph. 2. Le Tumulus II vu du cété ouest
Сл. 2 Могила Ил од западната странг Ph. 2. Le Tumulus II vu du cété ouest

.Со копањето на тенкиот хумусен слој, кон центарот на могилата се открија разни појави од понов датум, како делови од кршени камени плочи, амфорни камења, парчиња од најлон, оризова плева и друго.

Под овој слој, во највисоките квадрати бр. 8 и 9 се појави земја со слична структура и темнокафеава боја. За разлика од ова, во периферните квадрати, како кв. 1 и кв. 2, веднаш под хумусниот слој се откри слој на земја со сосема други квалификации, со светложолта боја и растресита, песочна структура.

Од централниот пресек лесно можеше да се види дека овие два типа на земја, во најголема мера, ја формирале основната структура на могилата (скица 2). Воедно тоа се и двата најјаки културни слоеви во нејзинта стратиграфија (скица 2).

Светлата, чакалеста земја, во која се откриени сите доцноантички археолошки манифестации, го претставува римскикот насип. Таа е всушност остаток од римската могила, чии централни делови биле во голема мера оштетени, за разлика од периферијата, која е во изворна положба, врзана со зачуваните делови од оградниот прстенест зид. Од друга страна, темнокафеавата земја е резултат на подоцнежните вкопувања во архитектурата на римската могила. Во овој слој се откриени 20 гробови, кои се закопувале длабоко од 1,00-1,20 м под површината (скица 1).

Проекцијата на овие појави во основите и посебно во профилите, јасно го покажуваат начинот на погребувањата и односот на вкопаните гробови со архитектурата на могилата и другите археолошките појави. Во сите 20 гробови (нумерирани со латински бројки) единствена е инхумацијата во дрвени сандаци, од кои често беа зачувани поголеми парчиња се уште нејагленисано дрво и железни шајки. Ориентацијата е, без позначајни отстапувања, секогаш во правец запад-исток. Скелетниот материјал е сосема добо зачуван, а недостасуваат единствено археолошки наоди. Без разлика во кој дел од „римската“ могила се закопувани, секогаш се правени гробни јами и во нив полагани дрвените сандаци (Сл. 4). При овој процес можело да се

Сл. 3 Могила П на крајот од првата истражувачка кампања Ph. 3. Le Tumulus II a la fin де la premiere campagne archéologique
Сл. 3 Могила П на крајот од првата истражувачка кампања Ph. 3. Le Tumulus II a la fin де la premiere campagne archéologique
Сл. 4 Скелет VIII Ph. 4. Le squelette МП
Сл. 4 Скелет VIII Ph. 4. Le squelette МП

наиде на римски гробни конструкции, најчесто цисти од камени плочи, посебно кон периферијата, каде, со јама длабока 1 м можело да се стигне до самата основа на могилата. Римските гробни конструкции кои го попречувале копањето на јамата биле вадени, а камените плочи од нив биле полагани како подлога на која биле ставани дрвените сандаци со новите покојници. Оваа појава е највпечатлива во просторот меѓу квадратите 8 и 15. Тука с пробисна светлата земја со низа од 3 погребувања (гробови I, Ш и VI) во правец запад-исток, на длабочина од 1 м под површината (Сл. 5). Гробовите се положени врз основа на камени плочи, кои се без сомнение делови од постари гробни конструкции. Директна потврда на оваа појава е ситуацијата откриена во кв. 16, каде врз покривните плочи од римскиот гроб бр. 6 зачуван во изворна положба во белата чакалеста земја, било вкопано помладо погребување (Сл. 6). Бидејќи немало потреба да се менува ориентацијата на постарата гробна конструкција, ориентирана И-3, ниту пак длабочината, која одговарала на потребите на новото погребување, едноставно за новиот покојник биле искористени покривните плочи од гробот 6 како основа, врз која бил положен дрвениот сандук.

. „Интересна ситуација с откриена и во кв. 9, каде во темнокафеавата земја е откриен дел од камена конструкција - циста, една челна и првата бочна плоча, меѓу кои се наоѓа череп спротивно ориентиран, со поглед кон запад (Скица 1). Овој гроб, нумериран со бр. XII, бил пресечен со вкопувањето на соседниот покојник XIV, за кого при копањето на јамата до потребната длабочина од 1 м, се наишло на западните делови од конструкцијата XII. Со отстранувањето на овие делови морале да се дислоцираат и скелетните остатоци од трупот и нозете на постариот.покојник во гробот XII. Делови од него се откриени во непосредна близина на черепот, меѓутоа поважно с тоа што токму за гробот AIL можат да се врзат единствените арх-олошки наоди од секундарните погребувања. Во просторот со остатоците од гробот XII откриени се, дислоцирани, поточно исфрлени, чифт бронзени мамузи (Сл. 9). Нивни отпечатоци во вид на траги од зелената патина зачувани се на ножните коски од покојникот XII. Врз основа аналогиите со готово идентични вакви мамузи од катедралата во Шпаер, откриени во гробот на Крал Филип од Швабија, можат прецизно да се датираат во почетокот на 13 Вех’. На истото време упатуваат уште два наоди: малата керамична чашка и брознениот прстен со елипсовидно проширена глава на која е врежана претстава на стилизиран орел - откриени слободно во темнокафеавата земја во кв. 15 - садчето кон периферијата на тумулот, а прстенот во близина на скелетот од гроб Г. Сите овие наоди зборуваат дека во римскиот тумулус се вршеле закопувања уште во текот на средновековието.

Под сите споменати укопи повеќе не се јавува темнокафеавата земја, туку се откриваат сосема нови појави во слојот бела растресита земја, по-

Сл. 5 Секундарните укопувања [, VI » III Ph. 5. Les enterrements secondaires, I, VI et III
Сл. 5 Секундарните укопувања [, VI » III Ph. 5. Les enterrements secondaires, I, VI et III

На различни места и нивои откриени се вкупно 7 гробови, нумерирани со арапски бројки. Истражувањата ги реализира стручна екипа од Музејот на Македонија, Скопје и Музејската збирка, Кочани, во состав: Д. Митрески, раководител; Д. Здравковски, археолог: И. Атанасова, археолог и ЈБ. Џидрова, археолог.

Сл. 6 Гроб 6 со скелет XVII Ph. 6. La tombe 6 avec le squelette XVII
Сл. 6 Гроб 6 со скелет XVII Ph. 6. La tombe 6 avec le squelette XVII
Сл. 7 Конструкција од тегули - Гроб 2 Ph. 7. Une construction de tuiles - la tombe 2
Сл. 7 Конструкција од тегули - Гроб 2 Ph. 7. Une construction de tuiles - la tombe 2

Гроб 1 (кв. 13) - конструкција - циста од камени плочи; ориентацијата е си-ЈЗ, димензии 190 х 50 х 30 см; зачувана е само југоисточната страница и североисточната челна плоча. Наоди нема.

Гроб 2 (кв. 2) - конструкција од тегули; ориентацијата е сз-ЈИ, димензии 140 x 60 см; недостасуваат крајните југоисточни делови (пресечени - со механизација). Скелетните остатоци се слабо зачувани и тоа само минималните делови од "рбетниот столб и од цевкастите коски. Археолошки наоди нема (Сл. 7). Гроб 3 (кв. 2) - конструкција - циста од камени плочи; ориентацијата е сз-ЈИ, димензии 170 х 40 х 20; недостасуваат покривните плочи, а деформирани се челните и странични партии. Скелетните остатоци делумно се зачувани и тоа делови од черепот, "рбетниот столб и цевкастите коски. Археолошки наоди нема.

Гроб 4 (кв. 15) - конструкција нема (најверојатно остатоци од разрушен гроб). Има скелетни остатоци делови од цевкастите коски од нозете. Археолошки наоди: бокал со тролисно устие од сиво печена глина, моделиран на грнчарско коло (сл. 10-а).

Гроб 5 (кв. 2) - конструкција-циста од камени плочи; ориентацијата е сз-ЈИ, димензии 120 х 40 х 25; во доба мера е оштетена (југоисточните партии се пресечени со механизација). Има скелетни остатоци, од кои делумно сзачуван чсрепот. Археолошки наоди: бокал со тесен, наребрен врат, извлечен и профилиран отвор, вертикална држалка, биконусно тело и прстенеста нога (сл. 10-б).

Гроб 6 (кв. 15/16) - конструкција-сита од камени плочи; ориентација 3-И, со димензии 200 x 50 x 40 см; целосно се зачувана. Има скелетни остатоци, меѓу кои, слабо зачувани делови од черепот и нозете. Археолошки наоди: две бронзени обетки-алки со несоставени краишта (сл. 6)

Покрај ова, во насипот од бела чакалеста земја ОТКРНСНН се и други појави, во врска со споменатите погребувања или со самата архитектура на римската могила.

Во кв. 16, на самата североисточна периферија на могилата, во нивото на гроб 6, на 1 м источно од него, откриена е група од два керамички сада (сиво печена, длабока чинија со извлечен отвор и темнокафеаво печена длабока шолја со извлечен отвор) и мала остава од 15 бронзени монети, (ел. 11). Сивата чинија е откриена превртена, со дното нагоре, а во нејзината внатрешност најдени се ситни парчиња животински птичји коски. Дру-

Сл. 8 Остатоци од железнодопскиот тумул во основата на Могила П Ph. 8. Restes du tumulus de Гаре de fer dans Ja base du Tumulus II 5 MAA
Сл. 8 Остатоци од железнодопскиот тумул во основата на Могила П Ph. 8. Restes du tumulus de Гаре de fer dans Ja base du Tumulus II 5 MAA
Сл. 9 Бронзени мамузи од Гроб XII Ph. 9. Eperons en bronze de la Tombe XII
Сл. 9 Бронзени мамузи од Гроб XII Ph. 9. Eperons en bronze de la Tombe XII
Сл. 10 Доцноримски гробни прилози Ph. 10. Contributions tombales де la basse période romaine
Сл. 10 Доцноримски гробни прилози Ph. 10. Contributions tombales де la basse période romaine

гиот сад е фрагментиран,к со силни траги од горење врз надворешна површина. Меѓутоа, меѓу фрагментите е најдена и група од 15 монети, кои најверојатно се наоѓале во садот.

Оставата содржи пари од констанциј и Валенс, со последни емисии од 365 година, што може да се земе како датум на закопување.

Во истиот кв. 16, кон крајните североисточни делови од могилата, на истото ниво со претходните наоди, откриен е уште еден керамичен наод, сиво печена чашка со две вертикални држалки (сл. 10-в). Под овие појави, во самата основа на тумулот, врз протохумусот, откриена е интересна ситуација: Определен е кружен простор на кој биле поставени плочести камења од сивкаст гранит како платформа - кружна основа врз која е откриен силен гореж, мноштво фрагментирана доцно-римска керамика и по некоја животинска коска. Според интензитетот, положбата и карактерот на овис наоди може да се заклучи дека во просторот на кв. 16, пред подигањето на могилата се одвивале одредени ритуални дејства со горење, во сферата на погребните обичаи, најверојатно поврзани со самото определување на просторот за погребување, поточно со формирањето на могилата (скица 3).

Важен дел од архитектурата на тумулусот е надворешниот ограден зид кој го штител насипот од развлекување, со оглед на неговата растресита структура. Меѓутоа, оштетувањата, со кои во поголема или помала мерка, беа зафатени периферните делови од могилата, не дозволија поцелосно да се согледаат карактеристиките на овој елемент. Остатоци од оградниот 5ид беа откриени во сосема мали сегменти, според кои можат да се извлечат само најосновните заклучоци. Целиот римски тимулус бил ограден со прстенест зид од покрупни речни камења, широк над 1 м и во височина од најмал-Ky 1 M. Според неговите остатоци на крајниот исток и запад можат да се измерат 17 м пречник (скица 3).

Местото на кое била подигната доцноримската могила не било случајно одбрано. Напротив, остатоците од ритуалните дејства со горење, во основата на могилата, во кв. 16, зборуваат за активности условени од веќе оформена идеја за погребување на однапред определен простор. Од друга страна, во досега истражуваните сродни могили во источна Македонија, готово редовно се откривани остатоци од постари, најчесто железновременски објекти. Оваа појава им дава посебна содржина и ги прави овие могили културен феномен, кој заслужува далеку поголемо внимание. Во сегашниот

Сл. 11 Доцноримски наоди Ph. 11. Trouvailles de la basse période romaine
Сл. 11 Доцноримски наоди Ph. 11. Trouvailles de la basse période romaine

степен на истраженост може саме да се претпостави врската на оваа појава со култот на предците кај локалното население. Така, при одбирањето на простор за подигање на могила, најверојатно се настојувало да се избере култен терен во кој се чувала моќта на претходните генерации. Притоа, со голем пиетет и верба во силата на предците, во јадрото на новата могила биле вградувани цели тумулуси од железното време или други праисториски култни објекти3.4 Познат е случајот со соседната миглила, Ш, истражувана 1965 година, која била подигната врз тумулус од железното време, а гробни наоди од железното време потекнуваат и од могилата I, уништена со изградбата на патот Кочани-Берово. Истите појави се откриени и во нашата могила II. Пред нејзиното подигнување на теренот постоел железновременски тумул, чии остатоци беа видливи во основата на централниот пресек 3-И уште на почетокот на истражувањата (скица 2). За жал, најголемиот дел од овој тумул беше уништен, така што за истражување останаа само мали партии од неговата североисточна половина, спрема центарот на могилата. Од друга страна, токму во центарот на могилата беа уништени сите археолошки манифестации, од најгорните до најдолните партии (сл. 8). Во потрага по евентуалниот централен грб, могилата била диво прокопана во центарот до самата основа, со што бил уништен и голем дел од железновременскиот тумулус. Со овој прокоп, добро отсликан во пресекот на могилата, пљачкашите влегле готово во средишниот дел и на железновременскиот тумул, при што била уништена најмалку една гробна конструкција од камени плочи, чии што расфрлани делови се откриени во прекопаниот простор. Од малкуте зачувани елементи, во врска со железновременскиот тумул, можат да се добијат само најелементарните податоци. Во основа се работи за сличен објект како и железновременскиот тумул во соседната могила Ш. Меѓутоа, за разлика од него, нашиот тумул е во голема мерка уништен, поради што неколку моменти ќе останат недефинирани. Нејасно е зошто кај нашиот тумул отсуствува оградниот прстенест зид, колку гробови содржел и во каква организација биле. Тумулот бил формиран од нафрлени лискунски камења на простор во преченик од 10 м и височина до 1 м. Во центарот се наоѓала, гробна конструкција од шкрилести камени плочи-циста, долга 3,40 м. Иако голем дел од неа е уништен со пробивањето на могилата и со оштетувањето во нејзината Јужна половина, зачувани се деловите од северната страна и челните плочи, кои биле до половина вкопани во здравицата. Гробот бил ориентиран во правец запад-исток, а прилози во изворна положба нема (скица 3).

Иако не се откриени интактни гробови од железното време, постојат бројни наоди, неврзани со одредена ситуација, најчесто расфрлани во насипот на могилата или откриени во основата, на нивото на протохумусот. Најголемиот број најверојатно потекнуваат од растурени гробови, како што е централниот гроб-циста, што наведува на можноста дека постоеле и други гробови, чии конструкции не се зачувале.

Најчести железновременски наоди се фрагментите од садови керамика, сите работени на рака, со фактура про позната преку керамиката од локалитетот Криви Дол кај село Радање, ско.

Меѓу формите најзастапени се делови од бокали со косо отсечена задна страна од вратот, длабоки чинии со вовлечен отвор и -кантаровидни шолји со држалки кои го надвишуваат отворот. Овие се воедно и водечките форми во керамографијата на железното време во Македонија, кои за основа ја имаат бронзеновременската традиција на широкиот североегејски и македонски простор. Покрај нив, чести се и деловите од садови во форма на урни од типот т.н. Лапотинце, од кои се откриени хоризонтални држалки

Илустрација, стр. 69
Илустрација, стр. 70
Илустрација, стр. 71
Table 3
Table 3
Table 4
Table 4

на благо биконусен стомак и делови од хоризонтално канелуираниот врат со извлечен отвор (Т. П-1,6,8). Меѓу останатите форми се издвојува една длабока паница со вертикална држалка и брановидно исечен отвор (T. ІІІ-Ѕ), - која се среќава и меѓу материјалот од Орлови Чуки, но и во стратиграфијата на повеќеслојната праисториска населба на Кастанас, во слоевите од 8 до 5, поточно во периодот К-УП (900-700 г.п.н.е)“.8

Во декорацијата доминира врежувањето, организирано воснопови од линии или во шрафирани триаголници. Со него се јавуваат и низи од кружни втиснувања или отпечатоци од нокти (Т. Г, 1-7). Во споредба со керамиката од познатите соседни железновртеменски наоѓалишта (Криви Дол, Орлови Чуки, Кршлански Гумења, Дубиче - Волково или Дабици - Сопот) сосема малку е застапено украсувањето со назабен инструмент — радло. Откриени се само неколку фрагменти, главно чинии со вовлечен отвор, на кои се изведени низи од втиснувања со радло, што зборува дека оваа техника се уште не била прифатена во доволна мерка (Т. I, 8-9). Исто така недостасуваат карактеристичните гринчиња со една или две држалки, најчесто декорирани со радло, со канелури на рамото или со вертикални пластични ребра, кои во текот на УП и УГ век уживаат голема популарност во северна Македонија и јужна Србија. Од друга страна, врежаната орнаментика, организирана во снопови, прекршени и цик-цак линии, во тесна врска е со украсувањето на протогеометриските и геометриски садови во Егеја.9 На постар датум упатуваат и т.н. турбан венци (Т. 1, 10), држалките со триаголен пресек (Tf. II, 3), најверојатно од кантаровидни садови блиски до садот од најстариот централен гроб во тумулот 1 од Орлови Чуки"“10 и „шнур“ орнаментиката, кои се заедно се елементи што зборуваат за една претходна етапа во развитокот на класичанта железновременска керамика во овој регион (Т. ШТ, 1). Хронолошки оваа керамика ги поврзува појавите од раното железно време и манифестациите од развиеното железно време.

Од металните предмети кои најверојатно ја придружувале оваа керамика во евентуалните железновременски погребувања, откриени сс:

а) Лачна двонавојна фибула со наребрен лак (Т. ГУ-1);

в) Кружна украсна плоча со крстесто пробиен средишен дел (Т.ГУ-3);

г) Бронзена белезица со прекрстени краишта, украсени со врежан мотив на т.н. елова гранка (Т.ГУ-4);

д) Кружна појасна копча од бронза (Т.ГУ-5);

f) Две бронзени калотни копчиња (Т. ГУ-б) и

с) Железен врв од копје (Т. ГУ-7).

Сите овие наоди се откриени во слични околности како и керамиката, без одреден контекст, расфрлани во насипот од могилата.

Лачни двонавојни фибули со наребрен лак откривани се нашироко на Балканот, со посебна концентрација во јужна Бугарија во околината на Пазарџик и Смољан, каде се датираат кон крајот на VIII в.п.н.е.11 Меѓутоа, директни аналогии на нашиот примерок најчести се во Централниот и Северниот Балкан, каде се поврзуваат со т.н. втор хоризонт на Трако-кимерски наоди, во постарата фаза од железното време Џ (од системот на М. Гарашанин) или со појавите карактеристични за првата половина на VII век пр.н.ера““.12 Од друга страна, со нашиот примерок, регионот на северна Македонија и Косово стана подрачје со најголема концентрација на овој тип фибули. Досега се откриени на локалитетите Кршлански Гумења - Виница, Куново Чуки - Оризари, Дабици - Сопот, Катланово, Дубиче - Волково и во Јањево со наоди карактеристични за првата половина од VII век п.н.е.13 Меѓу другото, овие фибули врзуваат наоди од типот приврзоци во форма на макови чашки (тип т.н. Радање, според Има Килијан), приврзоци во форма на латинската буква V, наочарести фибули без осмица и други форми од раниот хоризонт на погребување во споменатите некрополи.14 !“.

На истиот хоризонт припаѓа и кружната украсна плоча со крстесто пробиен средишен дел, форма најдобро позната преку материјалот од тумулите во Широко кај Сува Река на Косово.15 Меѓутоа, листата на овис наоди нѐ усмерува и на појужните македонски области, пошироко во Северна Егеја и под грчките Светилишта (Дедели, Патели, Вергина, Халкидик, Рере, Олимпија, Спарта, Тегеа, Артивски Херсон итн.).16 Притоа, во типологијата на овие наоди евидентни се разлики кои се повеќе резултат на регионал- . ните отколку на хронолошките вредности.17 Така, северната група со наодите од Куново Чуки, Радање, Дабици - Сопот, Бразда и Широко - Сува Река се подсекоративни, украсени со врежана орнаментика на шрафирани триаголници или втиснати концентрични кругови со што формираат целина со единствени вредности.

Малата наочареста фибула претставува редок наод со вакви типолошки особености. Иако слични, но поголеми примероци со пресеченоконусни извлечени дискови се откриени во Долното Шовардарје Дедели, Глос) или на локалитетот Касарни - Прилеп, датирани главно во УП век.18 8.

Останатите метални наоди немаат некоја поголема културна или хронолошка вредност.

Белезиите со прекрстени краишта се нашироко распространет наод на Балканот во развиеното железно време, додека калотните копчиња имаат уште пошироки хронолошки и територијални рамки. И кружните појасни копчи се јавуваат на различни локалитети. Во рамките на Гласиначкиот комплекс, слични токи се карактеристични за фазите IVБ и IVЦ додека во северозападна Бугарија 3a УП век п.н.е.19 Меѓу бројните варијанти со квадратна, правоаголна до кружна форма, кои живеат до длабоко во VI век, најблиски до нашиот примерок се наодите од гробот - питос од Марвинци или од Вергина, кои можат лесно да се датираат во времето на останатите железновременски наоди од Могилата П во Куново.20

Железновременските наоди од Могилата II ја илустрираат раната фаза на железното време II (според М. Гарашанин) или времето на постарите гробови од Орлови Чуки и Радање, поточно периодот од истекот на УШ кон првата пловина на УП век, што претставува време на една важна и засега недоволно проучена етапа во формирањето на северно-пајонските заедници.

Во секој случај, со истражувањето на Могилата П од Куново Чуки уште повеќе се наметна потребата за поцелосно проучување на феноменот на „римските“ могили по долианта на Брегалница, кои претставуваат едни од најизложените археолошки објекти на уништување и диво копање, а без сомнение заземаат значајно место во културното наследство, не само на овој регион, туку и многу пошироко.

Белешки

  1. В. Санев, Могилите од Куново Чуки кај село Оризари Кочанско, Зборник на Археолошкиот Музеј VIII–IX, Скопје, 1978, 7–20, K. Kilian, Trachtzubenör der Eizenzeit zwischen Agaias und Adria, P. Z. 50. Bend, Berlin - New York 1975, T. 52:1–3; В. Санев, Д. Симоска и др., Праисторија во Македонија (Каталог), Скопје 1976, кат. бр. 594–598. ↩
  2. Истражувањата ги реализира стручна екипа од Музејот на Македонија, Скопје и Музејската збирка, Кочани, во состав: Д. Митрески, раководител; Д. Здравковски, археолог; И. Атанасова, археолог и Љ. Цидрова, археолог. ↩
  3. R. Koch, Stachelsporen des frühen und hohen Mittelalters, ZAM. Jahrgang 10/1982 Bonn, Abb. 19, 80. ↩
  4. Гарашанин — Д. Гарашанин, Ископувања на могилите на локалитетот „Крст“ во Таринци, Зборник на Штипскиот Народен музеј II, Штип 1961, 69; Праисториски објекти се откриени и со најновите истражувања на големата могила од римско време во Ранковци кај Крива Паланка. Ископувањата на овој локалитет се во тек, а за добиените информации му благодарам на раководителот на работите Ц. Крстевски, виш кустос во Музејот на Македонија. ↩
  5. В. Санев, op.cit. Пл. 1. ↩
  6. В. Санев, op.cit. Пл. 2. ↩
  7. Ми Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету Криви Дол, Зборник на штипскиот Народен музеј I, Штип 1959, 27 ↩
  8. И. Микулчиќ, Могили од „Орлова Чука“ кај село Караорман, Зборник на штипскиот Народен музеј II, Штип 1961, T. Y-3; A. Hochteter, Kastanas — Die handemachte keramik, Pas. Band 3, Text, Abb. 22, 89. ↩
  9. М. Паровић, Грчки облици у керамици старијег гвозденог доба централног Балкана, Старинар XXXVII/1986, Т. II, стр. 30. ↩
  10. И. Микулчиќ, op.cit. Т.III–4. ↩
  11. D. Gergova, Fruh–und älteneisenzeitliche Fibeln in Bulgarien, Praehis. Bronzefunde XIV, Band 7, Munchen 1987, TF. 13, 44. ↩
  12. Р. Васић, Нека питања хронологије старијег гвозденог доба северног Балкана, Старинар Кн. XXII, Београд 1971, 44. ↩
  13. Фабулите од Виница, Сопот и Катланово не се публикувани, се наоѓаат во Музејот на Македнија, Скопје. ↩
  14. Во Тумулот X, Гроб 2 од некрополата Дабици, Сопот кај Т. Велес овој тип фибула е откриен заедно со привезок – садче со капаче и т.н. V привезок, додека во гробот–могилка бр.10 од Крипланки Гумења во Виница, заедно со уште 3 привезоци во форма на латинската буква V. ↩
  15. Н. Славковић – Ѓурић, Илирски тумули код Суве Реке, гмкм IX, Приштина 1964, Т.II–8, Т.III–1, 2. ↩
  16. I. Kilian – Dirlmeir, Anhänge in Griechenland von der Mykenischen bis zur spatgeometrishen Zeit, P. B. XI, Band 2, München 1979, Taf: 4–8. ↩
  17. Од тумулите во некрополата Дабица, Сопот кај Т. Велес потекнуваат две украсни плочи — непубликувани. ↩
  18. В. Санев, Д. Симоска и др. Праисторијата во Македонија (каталог), бр. 600-601; Од археолошкото богатство на Македонија (Каталог), Скопје 1980, кат.бр.252, 264. ↩
  19. B. Čović, Glasinačka kultura, P.J.Z. V, Sarajevo 1987, Sl.35. G. Tončeva, Chronologie du hallstatt ancien Dans la Bugarie de Nord—Est, Studia Thracica 5, Sofia 1980, 93. ↩
  20. З. Георгиев, Елементи од раната антика во долното повардарје, гфф Скопје XI, 1984, Сл. 8-д; W. Каде, Die Fruheisenzeitliche Hugelnekropole bei Vergina in Makedonien, P.B. XX, Band 1, Munchen 1974, TE.40.30, 135, ↩
  21. DRAGI MITREVSKI — Skopje ↩

Résumé

Le tumulus II de Kunovo Čuki pres d'Orizari, region de Kočani

REGION DE KOCANI

(RESUME)

La localité appelée Kunovo Cuki prés du village d’Orizari, qui se trouve a proximité de Kotani, est connue comme une nécropole avec.des-tumuli de la basse période romaine et de ГАре de fer plus reculé. On a entrepris dans cette localité, a plusieurs reprises, de petites interventions archéologiques au cours desquelles on a recueilli un matériel archéologiques assez important, publié depuis dans différentes éditions. Cependant, des recherches archéologiques plus détaillées n’ont été recherches sur le tumulus Ш en 1965 ont affirmé cette localité comme une des localités les plus importantes pour l’étude de Гаре de fer dans la Macédoine de PEst e pour l11 éclaircissement du phénoméne des ,,Tumuli romains“ dans la vallée de la Bregalnica.1

Au cours de 1986 et de 1987, on a entrepris des excavations archéologiques protectrices sur le dernier des cing tumuli qui avaient été complétement détruits a la suite des travaux de terrassement. Avec deux campagnes archéologiques, on a étudié complétement Je Tumulus II, plus exactement ses parties conservées, puisqu’une partie considérable de la moitié méridionale et la périphérie avaient été détruites. De grands endommagements avaient été causé ségalement avec un percement amateur de ses parties centrales, dans toute sa hauteur. Les résultats obtenus ont malgré tout donné suffisamment de matériel et de données pour sa valorisation plus compléte (esquisses 1,2).

Le tumulus de terre, avec 17 m de diamétre et 3 m de haut, avait été élevé avec une série d’inhumations dans la basse période romaine, plus precisément au 1Ve siécle, sur un terrain оп se trouvait un petit tumulus de l’4ge de fer plus reculé, construit de pierres de mica avec 10 m de diamétre et 1m de haut,

Dans le remblai du tumulus du temps romain, on a découvert 7 sépultures en tout, de construcion diverse (sépultures — cistes et sépultures de tuiles) et du matériel archéologique du IVe siécle, dont un dépét avec 15 monnaies de bronze de Constance et de Valens, avec les derniéres émissions de l’année 365 (Ph. 7,10,11). Au fond du tumulus on a trouvé un espace circulaire ot se déroulaient diverses rites avec la combustion et la consommation de nourriture, liés a l’élévation du tumulus sur les restes de l’ancien tumulus de l’âge de fer (esquisse 3).

Le grand endommagement du centre du tumulus a détruit une grande partie du tumulus de ГАре de fer, de sorte qu’on a découvert seulement des parties de la construction centrale de la sépulture — ciste faites de plaques de pierre massives, de méme que de nombreuses contributions tombales parsemées dans le remblai du tumulus. Se basant sur les valeurs chronologiques de ces trouvailles de Гаре de fer, on peut déterminer le temps de l’élévation du tumulus de Гаре de fer, c’est-a-dire au cours du début du Vile siécle avant notre ére (T.1,11,III,1V).

Dans les parties supérieures du Tumulus Il, on a découvert de nombreux enterrements secondaires de tombes plus récentes avec une construction de bois et une orientation dans la direction Ouest-Est (esquisse 1). La plupart des tombes ne contiennent pas de contributions. Cependant, on lie la paire d’éperons en bronze du XIIIe siècle au squelette de la tombe XII, ce qui témoigne que les premiers enterrements ultérieurs dans le Tumulus П ont été effectués déja au cours du Moyen age (Ph. 9),