Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 233–239
Скелетот од Епископската базилика во Стоби
Содржина
Со археолошките истражувања на јужниот брод од Епископската ба-. зилика во Стоби, во 1977 год. откриена е засведена гробница.1 Во гробницата е откриен скелет на возрасен човек, ориентиран 3-H, со главата свртена кон север. Покојникот бил облечен во ткаена, штофена облека и на нозете имал шилести кожни сандали. На коските постоеле траги од кожа. Гробницата е датирана во У или почеток на VI век. За покојникот е изнесена претпоставка дека се работи за некој стобски великодостојник, можеби епископ.
Скелетот е одреден како маж кој умрел во петтата деценија од животот (до 50 години) од A. Везаловски но целосна антрополошка анализа не с извршена2 “.
Поради значењето на наодот извршена е целосна антрополошка анализа со цел да се реконструира физичкиот изглед, антрополошкиот тип и патолошката слика на покојникот погребан во засведената гробница, како и да се спореди со останатото стобско население од двете антички некрополи - Западната и некрополата на Внатрешниот бедем. Освен тоа направен е и обид за дво и тродимензионална графичка реконструкција на физиономијата.
МЕТОДОЛОШКА РАМКА.Пол и индивидуална старост се одредени по методата на Acsady-Nemeskery3 (1970). Морфометриската анализа е според Martin-Saller4 (1957, 1959)“. Епигенетските варијации се следени според Berry-Berry5 (1967) и Brothwell6 (1981)“ а во палеопатолошката анализа e користен Ortner-Putschar (1985).
АНТРОПОЛОШКИ ОПИС. Скелетот е добро зачуван но е некомплетен. Недостасуваат пршлените, ребрата и сакрумот. Скапулите, клавикулите и карлицата се фрагментирани. Краниумот е зачуван во анатомска целина но голем дел од базата, зигоматичните лаци и мандибулата се оштетени. Од забите се зачувани само корените во мандибулата.
Скелетот с машки со добро изразени полови карактеристики на краниумот но карлицата има многу наутрални карактеристики што условува доста низок коефициент на сексуализација (+0.92). Индивидуалната старост се движи помеѓу 40 и 50 години.
Краниумот е мезокран на самата граница со долихокранија, хамекран, тапсино – метриокран, мстрио-еуриместоп (Табела 1). Лицето с високо И тесно, Орбитите се хипсиконхи, мошне високи, скоро кружни. Носот е мезорин со длабок, остар и висок корен. Апертурата пириформис е тесна и висока. Спината назалис антериор е умерена. Роса канината е мошне длабо-T.1 Епископскиот краниум (Стоби): norma facialis - norma lateralis — norma vertikalis - norma occipitalis
T. I Le crane épiscopal (Stobi): norma facialis — norma lateralis — norma verticalis - norma occipitalis ка. Мандибулата е јака со голема висина на симфизата. Ментумот и аглите се добро изразени. Брадата е шпицеста, ниска и рамна.
Во латерална проекција профилот на лицето е ортогнат, глабелата е мошне силна, челото е рамно, кранијалниот свод лачен, окципутот низок и курвоокципитален, протуберанцата окципиталис екстерна екстремно јака. Мастоидеусите се кратки и широки. Вертикалната норма е овоидна, окципиталната има форма на куќа (Табела 1).
Посткранијалниот скелет е умерен но нагласената релјефност на коските укажува на силна мускулатура. Фемурите се суримерични и имаат пиластер. тибиите се мезокнемични (Табела 5 7 Т.ІІ Патолошки промени на епископскиот скелет (Стоби): а-десна скапула б-рендгенска снимка на скапулата в-десниот фемур г-детал од фемурот д-попречен пресек на фемурот
г рендгенска снимка на фемурот
“ Il Changements patologiques du squelette épiscopal (Stobi): a — scapula droit; b — radiographie de la scapula; c — le fémur droit; 4 — détail du fémur; e — coupure transversale du fémur; f — radiographie du fémur Телесната височина, одредена преку најголемата должина на хумерите и фемурите (Martin no. 1) по таблицата на Breitinger,8 изнесува околу 163/4 см, што е долна граница на средно високите мажи.
По своите морфометриски карактеристики скелстот му припаѓа на медитеранскиот антрополошки тип.
ting Од епигенетските варијации на скелетот се утврдени: ос Апицис, ос Астерион, окципитален торуси ТН.
На скелетот се утврдени бројни патолошки траги. Во текот на животот од двете вилици се извадени четири молари. На карличните зглобови и колената постојат слаби артритични промени, а на двете фибули слаб периостит.
На десната скапула, непосредно под акромионот, на дорзалната страна постои овален отвор голем околу 20 мм. Во отворот се гледаат секвестри на коскено ткиво. На вентралната страна во висина на отворот постојат неправилни коскени наслаги (Табела II a, 6).
На горната третина од телото на левиот фемур, во должина од 70 мм постои појас на неправилно, игличесто, остеопоротично ткиво. Во пресекот се гледа сосема истенчен кортекс и стеснет медуларен канал. На ренгенската снимка, во тој предел постои големо затемнување (псеудоциста) (Табела
Опишаните патолошки промени на скапулата и фемурот се предизвикани од остеомиелитот. Бидејќи хематогениот остеомиелит е редок на оваа возраст а на коските не постојат траги на фрактура, најверојатна е претпоставката дека остеомиелитот е предизвикан со пренесување на инфекција од некое соседно жариште во меките ткива.
T. III Reconstruction graphique du crane du squelette épiscopal (Stobi): a =.profil.(norma lateralis); b - moitié du visage (norma facialis}
Т.Ш Графичка реконструкција на краниумот на спискоискиот скелет (Cro6u): а-профил (порта латералис) б-половина лице (norma facialis) Во споредба со 11 зачувани машки краниуми од двете антички стобски некрополи — Зладната и некрополата на Внатрешниот бедем (необјавено), скелетот од Епископската базилика јасно се одвојува од останатото стобско население (Табела 1). Епископскиот краниум е значително подолг, со пошироко чело, подолго лице, поголеми орбити, повисок и поширок нос ити. Тоа го потврдуваат и кранијалните индекси. Со својата мезодолихокранија И антропотиполошка припадност на медитеранскикот тип јасно се одвојува од останатото брахикрано, динарско, автохтоно стобско население. Затоа може да се претпсотави туѓо, нестобско потекло на покојникот од засведената гробница.
Поради значењето на наодот направен е обид за графичка реконструкција на физиономијата и тоа: дводимензионална на профилот (норма латералис) и тродимензионална на половина лице (норма фациалис).9
На фотографии на краниумот во природна големина нанесени се кон: тури на меките ткива. Користена е таблицата на Kollmann i Biichly (1962)!10 за средно нахранети индивидуи. (Табела III).
Овој обид е реконструкција на основната градба на лицето. Бојата на очите, бојата и формата на косата, експресивноста на лицето, сето она што ја твори индивидуалноста на физиономијата не можат да се реконструираат.
Табела 1: Споредбени вредности на кранијалните мерки и индекси на скелетот од Епископската базилика и двете антички стобски некрополи-Западната и некрополата на Внатрешниот бедем (просечни вредности-мажи)
Мерка/индекс Епископ Западна "Внатрешен 5/6в. некропола бедем Martin No. n x n x 1. /најголема должина на кр. gl-o/ 191 3 178.0 6 172.5 8. /најголема ширина на кр. eu-eu/ 145 5 144.4 7 142.9 9. /најголема ширина на челото ft-ft/ 100 i! 94.6 8 94.0 17. /базион-брегма висина на кр. ba-b/ 132 1 134.0 5: 130.2 20. /„ушна висина“ На краниумот po-b/ 116 4 109.0 7 109.3 47. /висина на целото лице n-gn/ 74 2 67.5 4 64.5 51. ширина на орбитата mf-e 40 3 38.3 4 37.3 52. /висина на орбитата/ 37 3 29.3 5 33.0 54. ширина на аперт. пириф./ 28 4 23.0 4 22.5 55. /висина на носот N-ис 28 3 539 5 50:6 66. /бигонијална ширина на манд. gO0-go/ 106 6 104.7 4 109.0 8:1 /должинско-ширински индекс/ 75.92 3 80.39 6 82.44 17:1 /должинско-висински/ 69.11 1 782 4 75.54 17:8 /ширинско-висински/ 91.03 1. 957 5 90.29 20:1 /должинско-висински/ 60.73 x 61,10 6 63.07 20:8 /ширинско-висински/ 80.00 4 75.70 7 76.52 9:8 /трансверзален-фронтопариет./ 68.97 4 64.26 7 66.35 52:51 /opOnTanen индекс/ 92.50 3 185-37 3 86.48 54:53 /назален индекс/ 48.28 3 44.62 4 44.00
Табела 2: Мерки и индекси на долгите коски на скелетот од засведената гробница (Стоби)
Мерка/индекс Епископ
Martin No. (лево - десно) HUMERUS
1. (најголема должина) 304 - -
5. (најголем пречник на сред. на дијаф.) 25 - 26
6. (најмал пречник на сред. на дијафизата) 18 - 18
7. (најмал обем на Геј еба; 57 - 70
6:5 (индекс на попречниот пресек) 72.00 - 69.23
7:1 (индекс на em 22.04 - -
RADIUS
1. (најголема должина) 232 - 237
ULNA
1. (најголема должина) 255 - 257
FEMUR
1. (најголема должина) - - 420
6. (сагит. пречник на сред. на дијафизата) - - 33
7. (трансверз. пречник на сред. на дијафизата) - - 29
8. (обем на средината на дијафизата) - - 100
9. (горен трансверзален пречник на дијаф.) --31
10. (горен сагит. пречник на дијафизата) - - 28
6:7 (indeks pilastricus) - - 113.79 10:9 (indeks platymericus) - - 90.3
TIBIA
1. (вкупна должина) 338 - 338
8. (најголем пречник на сред. на дијафизата) 33 - 33
Ва (најголем пречник во висина на а нутр.) 38 - 38
9. (најмал пречник на сред. на дија ore) 22, -- 22
9a (трансверзален пречник во висина на фор. нут.) 25 - 25
9:8 (индекс на попречниот исечок на сред. на диј.) 66.67 — 66.67 да:ва (indeks cnemicus) 65.79 - 65.79 FIBULA
1. (најголсма должина) - - 333
Белешки
- Алексова Б. (1981): Епископската базилика-апсидалниот, централниот и јужниот брод. Studies in the Antiquities of Stobi, III. ↩
- Алексова Б. (О.С.) ↩
- Ascady Gy.-J.Nemeskery (1970): History of Human Life Span and Mortality, Akademia Kiado, Budapest. ↩
- Martin R.-K.Saller (1957, 1959): Lehrebuch der Anthropologie, Band I-II, Stuttgart. ↩
- Berry A.C.-R.J.Berry (1967): Epigenetic Variation in the Human Cranium, Jour, anat. 101, Camridge: ↩
- Brothwell D.R. (1981): Digging up Bones, London. ↩
- Orther J.D.-W.G.J. Putschar (1985): Identification of Pathological Conditions in Human Skeletal Remains, Washington. ↩
- Breitinger E. (1938): Zur Berechnung der Kérperhdhe aus der langen Gliedmassenknochen тапnlicher Skelette. Anthrop. Anz. 14. ↩
- Реконструкцијата ја изврши В. Стефановска, студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. ↩
- Kollmann and Biichly: Average and Range of Facial Tissue Thicknesses in 45 Male White Cadavera. Vo: Krogman W.M. (1962): The Human Skeleton in Forensic medicine, Springfield, Ilinois, FANICA VELJANOVSKA – Skopje ↩
Résumé
Le squelette de la basilique episcopale a Stobi
(RESUME)
L’objet de cette contribution est le squelette de la tombe en voiite a Stobi, découvert en 1977, chronologiquement défini au Ve ou au Vie siécle. Le défunt aurait peut-étre été un évéque de Stobi.
L’analyse antropologique montre qu'il s’agit du squelette d’un homme, 4gé de 40 aD SO ans, avec un méso - dolichocrane, hamecrane, tapeino (metriocane, métro) eurimetope crane, haut environ 163/4 cm. Du point de vue antropologique et typologique, il appartient au type méditerranéen.
Par ses caractéristiques, il se distingue clairement du reste de la population antique de Stobi qui est brachicranienne, dinarienne, se qui nous fair supposer que le défunt de la tombe en voiite est d’une origine étrangére.
On a déterminé sur le squelette de nombreuses traces pathologiques: ostéomyélite, périostite, artritis deformans etc.