Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 215–226
Керамидарка - с. Мокрино кај Струмица
Содржина
Во својата монографија за Просек-Демир Капија и другите словенски некрополи од ср Македонија, Б. Алексова го изнесува податокот дека во 1954 год. покрај самото село Мокрино - Струмичко биле прекопани гробови од каде потекнуваат две масивни белегзии од бронза со отворени краеви (едната со лопатести, а другата со завршетоци во вид на змиски глави)".1 За жал, притоа не е наведено поблиску местото на наодот така што засега тоа детанува непознато.
Во текот на 1987 и 1988 год. мештаните на с. Мокрино во Заводот и Музеј - Струмица донесоа четири средновековни бронзени белегзии кои потекнуваат од нивите на локалитетот2 „Керамидарка“ на околу 2,5 км си од центарот на селото. Тоа беше и непосредниот повод за отпочнување на заштитните ископувања на овој локалитет.
. Селото Мокрино е на 20 км воздушна линија, источно од Струмица. Самото село, односно локалитетот се протега северно од планината Беласица, во нејзиното подножје, ua блага падина која на север поминува во плодното Струмичко Поле.
Овој терен интензивно се ползува за земјоделска обработка, а тоа како и неговата ерозивност и косиот пад кои север се причина за поместување на земјените слоеви и нивното оштетување. Со тоа, веројатно во текот на долги години овде биле наоѓани и разоткривани „керамички црепови“ заради кои и локацијата го добила името „Керамидарка“.
Во октомври 1988 год. Заводот и Музеј од Струмица презеде заштитни ископувања,3 чии резултати“ее презентирани на ова место.
Ископувањата покажаа дека на теренот има два културни стратуми.
Постариот е антички, поточно од римско време. Констатираните остатоци од архитектонски објекти поставени на здравицата засега се неидентификувани, а истите се зачувани во незначителни траги. Движните предмети од овој стратум припаѓаат на фрагменти од садова керамика, стакло, орудија, тегови и сл., како и повеќе бронзени монети, претежно емисии од Ш и особено IV век. На ова време, всушност, припаѓа и наведениот културен хоризонт.
Врз овие антички остатоци била лоцирана и средновековната некропола од која што потекнуваат белегзиите откупени во 1987 и 1988 год. Имено, истражувањата на теренот покажуваат дека истата била многу оштетена во
јужните, повисоки делови на теренот било со орање и порамнување на нивите или по пат на ерозија.
Со ископувањата во 1988 год. откриени се шест иптактии, зачувани гробови што е, секако, еден дел од некрополата. Врз основа на анализата од овој нејзин сегмент можат да се донесат и неколку заклучоци (Т.1).
Сите гробови се ориентирани З-И со запоставливи девијации од неколку степени од овој основен правец. Досега не се забележани гробни конструкции, односно сите гробови се од типот на слободно вкопани јами без конструкции.
Погребниот ритус е со инхумација. За жал, оштетувањата на остеолошкиот материјал се големи, како резултат на киселоста на почвата, но и на малата длабочина на гробовите (Т.Г). Имено, сегашната положба на теренот е таква што основите на овие гробови се наоѓани на длабочина од 0,33-0,47 м под површинското ниво.
и покрај лошата зачуваност на коските кои се или сосема распаднати или во вид на бели отпечатоци, сепак можеше да се констатира дека покојниците биле положувани на грб со главата на запад, со испружени нозе и со некој облик на прекрстени раце. Нема случаи на двојни погребувања, ниту е забележана вертикална стратиграфија на некрополата.
Гробовите содржеа главно накит, а некои и римски монети, било во СВОЈСТЕО На ободи или можеби како случајни наоди на теренот.
Мошне е значајно што гробовите се интактни и што се внимателно издвоени гробните целини од чиј инвентар можат да се изведат хронолошки и други заклучоци за некрополата.
КАТАЛОГ НА ГРОБНИОТ ИНВЕНТАР
Гроб бр. 1 - женски (Т.П)
- Бронзена наушница-алка со отворени, доближани краеви, лево од главата
- Стаклена гривна за надлактица на десната рака (Т.ІІ,5);
- Лентеста и тордирана белегзија со отворени краеви на десната подлактица и двете од бронза (Т.П. a,6; сл.3);
- Пет стаклени белегзии на левата подлактица (Т.П. а-д; сл.4);
- Бронзен прстен во пределот на рацете (Т.П 4).
Гроб бр. 2 - женски (Т.Ш)
– Наушница лиена од лошо сребро со едно псеудо-гранулирано коленце – десно од главата (Т.ІІІ,1; сл.1);
- Бронзена наушница-алка со отворени, рамно засечени, доближани краеви - Стаклена гривна за надлактица на левата рака (Т.ІІІ,2; сл.5);
- Две бронзени тордирани белегзии со отворени краеви на десна подлактица (T.IEH, a,6);
- Една лентеста и една тордирана белегзија, двете од бронза, на лева рака
Ст 1 6 Се 1933 . пр
Т.Ш - Гроб 6p. 2
Т.Ш- Grave N 2
Гроб бр. 3 - женски (Т.ГУ)
– Чифт наушници од бронза со две коленца од намотана жица (наушницата десно е оштетена - T.IV, 1,6; сл.2);
– Чифт мешести, лунулести обетки, доста оштетени, особено десната, левата е делумно зачувана (Т.ГУ.7; сл.2);
- Бронзена белегзија со поли пресек - на десната подлактица (T.1V,4).
Гроб бр. 4 - возрасен покојник - скелетот мошне оштетен, а во пределот на левото рамо најдена е мала, излижана , бронзена монета - римска - која, можеби, имала и својство на обол.
Гробот бр. 5 - машки - не содржеше археолошки наоди.
Гробот бр. 6 - машки - содржеше само еден бронзен прстен (Т.У.1).
АНАЛИЗА НА АРХЕОЛОШКИОТ МАТЕРИЈАЛ
Накитот во гробовите е доминантен материјал и припаѓа на наушници, обетки, гривни за надлактици, повеќе типови на белегзии и прстења. Со оглед на атипичноста на погребниот ритус, отсуството на гробните конструкции и на други специфики во погребувањето и сл., изгледаше дека за утврдување на хронолошката, етничката, општествената и друга припадност на погребната популација е најпогодно ако се изврши анализа на овие археолошки наоди, т.е. на накитот.
Наушниците и обетките се среќаваат во женските гробови 1,2 и 3
Обични наушници-алки има во гробот бр. 1 како одделен п4од во
пределот на левото уво, а во гроб 2, исто така, одлево, по во комбинација со наушница со едно коленце од песудогранули оддесно (сл. 1):
Хронолошки нечуствителни, наушниците-алки и во овој случај не се подобни за датирање, а начинот на кој се носеле ги потврдува и досега познатите примери на употреба.4 Наушници со едно гранулирано коленце наоѓани се на широките простори на Балканот, во Панонија се до Средна Европа. Временски се определуваат кон крајот на Катлашката и во Белобрдската група;5 ; Значи од X до почетоците на XII век,6 но, во. Србија е констатирано нивно присуство и во XIII век. iy Нашиот примерок е изработен во техника на лиење - доста пепрецизно од JIOUIO сребро и освен што припаѓа на кругот на пораните типови накит од оваа некропола, попрецизни хронолошки определби не ни дава.
Наушници со две коленица од намотана жица (според Б. Алексова припаѓаат на втората група наушници од Демир Капија) се среќаваат во Македонија и во соседните области во истото време како и оние со едно гранулирано Konenue.7
Интересно е дека наушниците со две коленца од намотана жица носени во комбинација со уште еден ае обетки од типот на т.н. мешести. лунулести се најдени во гробот бр. 3. Положбата in situ покажува дека нушниците со две Коленца биле носени така што коленицата стоеле во горниот дел што наведува на помислата дека меѓу НВ била клискатаврбилото што ја придржувало наушницата. Во истата висина биле и обетките. по тие веројатно биле носени протнати во ушната ресичка (T.IV,6,7; сл. 2). 1968
T.V - Гроб бр. 6. Бројните примери на мешести, лунулести бронзени обетки од подрачјето на ср Македонија и околните територии покажуваат дека тие биле во употреба особено во XIV век и почетоците на турското владеење кога се потврдени и со наоди на турски акчи.8
Анализата на примероците откриени досега во Македонија покажува дека тие се главно од истата варијанта со мазни, испакнати старани, шупливи, лунулести, сврзани со шарнир и со нарецкан надворешен раб. Во Србија варијантите на шупливи лунулести наушници се датирани во ХУ век,9 но се потврдени и во XVI, па и XVII век, додека во Бугарија има варијатни на овие наушници посведочени уште од ХИ век.
Примерокот од Мокрино покажува специфики во однос на другите наоди од Македонија по тоа што е нешто понагласено полумесечест, што има рамни рабови, а во техничка смисла сврзувањето на теглото не е со шарнир туку со кукичка и јамака накнадно моделирани. Се уште е рано да се каже дали се тоа одлика на некоја локална работилница или пак податоци за нови хронолошки показатели околу употребата на овој тип.
На ориенталната мода во китењето упатуваат стаклените гривни за надлактици најдени во женските гробови 1 и 2, една на десната, а друга на левата рака (Т.П,5; Т.Ш, 2).
Освен во периодот после турските освојувања кага овој вид гривни е констатиран и на подрачјето на Србија,10 оваа појава археолошки не е потврдена во претходниот период на подрачјето каде се среќаваат стаклени белегзии, барем не во толку сигурен контекст како во гробовите 1 и 2 во Мокрино.
Судејќи по дијаметарот кој изнесува 75 мм. и еден примерок од Коринт, исто така сликан по површината, можеби имал иста намена, но за жал се датира мошне широко во „византиски период или подоцна“)!11
Накитот за украсување на рацете, очигледно бил најомилен. Во Керамидарка се најдени неколку типови белегзии, носени на двете раце над
Ба Rss i Сл. 3- Гроб бр. 1 - лентеста белегзија
ае we и Сл. 4- Гроб бр. 1 - стаклена белегзија
Fig. 4 —- Grave N 1 - Glass bracelet
зглобот на шаката. Така, во гробот бр. 1 се најдени пет белегзии од стаклена паста со темно кафена, скоро црна, непровидна боја украсена од надворешната старана со бела пастозна боја која отпаѓа, а со мотиви на брановидни линии и неправилни спирали. Нивиот квалитет е сличен како и кај гравните за надлактица (Т.П, 2 а-д).
Во гробовите 1 и 2 се најдени и белезгии од четирикатна бронзена жица, упредени, со отворени краеви во вид на јамки — конци било во парови или во комбинација со лентести белегзии носени на двете раце. Познато е дека вакви белегзии се типични за областите јужно од Дунав и се мошне омилени во средновековните словенски наоѓалишта во Србија, Бугарија и Македонија.12 Заедно со стаклените белезгии тне им даваат посебно обележје на репертоарот на накит со што овие простори се издвојуваат од класичната територија на белобрдската културна група каде стаклени белегзии воопшто нема, а оние од тордирана жица се поинаку концепирани, со јамка и кука.13
Хронолошката определба на стаклените белегзии и мошне несигурна!Н14 Тие се среќаваат од крајот на X век, нагласено се присутни во XI, а особено XII век, а потоа во доцниот среден век се поретки, но истражувањата покажуваат дека тие се сепак присутни уште неколку века по турските освојувања.15 5
Белегзиите од тордирани жици со отворени краеви во вид на конци, исто така се во долга употреба. П. Гатев проучувајќи ги материјалите во Бугарија покажува Дека нив ги има особено во XI-XII век. по дека тие траат и во XIII-XIV.16 J. Ковачевиќ своевремено нив ги определил во времето од XII до XIV век,17 макар што подоцнежните ископувања покажаа дека има и постари примероци. Истражувањата на Г. Марјановиќ - Вујовиќ го нагласуваат времето на кп век како и нешто пред и после тоа како период на нивна најголема пристуност.18 Во секој случај, ниванта голема типолошка нечувствителност ги прави неблагодарни за попрецизно датирање.
Меѓу белегзиите од некрополата во Мокрино се среќаваат и лентести со заоблени отворени краеви какви се често присутни во ХП-ХШ век како и со полн пресек, доста стилизирани (Т.Н, 3, 6; Т.Ш, 4a; T.IV, 4). И едните и другите се лиени и украсени со врежување и пунцирање.19 Паѓа в очи, особено кај лентестите, дека декорацијата која е испирирана од поскапи материјали и техники веќе толку се шематизирала што потсеќа на подоцнежните етнографски материјали — на везовите.
Прстењата од лок. Мокрино се застапени само со два примероци што, сепак и покрај малата истраженост на некрополата покажува дека не се толку омилени.
Прстенот од женскиот гроб бр. 1 е оштетен, излижан од долга употреба. Алката е лиена заедно со главата која е елипсовидна. Украсот не е сочуван, а алката е откршена. Сето тоа го прави овој примерок неподобен за датирање.
Прстенот од машкиот гроб бр. 6 е масивен, со благо профилирани рамења, нагласена четвртеста глава лиена заедно со алката и украсена со стилизирана и невешто изведена претстава изгледа на крилесто суштество — арханѓел што е доста вообичаено средновековните прстења во Македонија. Масивноста и шематизацијата во украсувањето повеќе упатуваат на полниот среден век. (Т. V.)
Завршни согледувања
Погребниот ритус, начинот на покопување, ориентацијата и наодите јасно. покажуваат дека погребената популација е христијанска, а судејќи по репертоарот по накит кој поприма и етнографско обележје, секако словенска, при што се чувствуваат и импулсите на ориенталната мода со употребата на гривните за надлактици.
Ископаните гробови стратиграфски припаѓаат на приближно исто време. Меѓутоа, констатирани се необични комбинации на накит во нив. Дел од него според досегашните сознанија е карактеристичен за времето заклучно со XIII век (наушница со коленце од гранули, наушница со две коленица од памотана жица, лентести белегзии) но некои форми одат и до XIV век (прстенот од гроб бр. 6, белегзиите од тордирани жици, стаклените белегзии). Осаменоста на варијантата на шуплива, лунулеста обетка од гроб бр. 3, а особено примената на гривните за надлактици како и раритетната декорација на онаа од гробот бр. 1 ја отвараат дилемата дали овие типови се во употреба на ова тло порано одошто во другите области или пак другите наоди траат подолго ua овај простор петрифицирајќи се и инфилтрирајќи во фолклорниот накит. Во секој случај, резултатите од ископувањата на гробовите од Мокрино покажуваат појасна слика за словенската, христијанска популација во Македонија, но даваат и пова алтернатива за границите на опстојување на многу типови на накит од средниот век. Новите ископувања ВС поширокиот регион, а особено во Мокрино, веројатно ќе дадат подецидни одговори на ова прашање. Интересно е да се наспомне дека Мокрино за прв пат се споменува во историските извори кон крајот на XIV век. Имено, во периодот меѓу 1377 и 1381 година мајката на Дејановиќите – Евдокија во Струмица потпишала четири подарувачки поделби. Со првата од нив на светогорскиот манастир Св. Пантелејмон му биле доделени селата Мокрени, Макриево, Зубово, Борисово и Габрово „со синорот, со планината, со брдата, со лозјата, со овошките, со водениците“.2!
Судејќи по топонимите, се чини дека овие села егзистираат на овие простори до денешно време за што, впрочем сведочат и бројните археолошки траги на кои укажуваат нивните жители.
Ibid., 97
го В. Маленко, Раносредновековна материјална култура во Охрид и охридско. Охрид и охридско низ историјата, кн 1, Скопје 1985, Т.ХУ, 3-7. i 21 Ст. Новаковиќ, Законски споменици српских држава средњег века. Београд. 1912, 410, 511,513, ELICA MANEVA - Skopje JOVAN ANANIEBEV - Strumica
Белешки
- B. Aleksova, Prosek-Demir Kapija, slovenska nekropola i slovenske nekropole и Makedoniji, Dissertationes, tom I, Skopje-Beograd 1966, 83. ↩
- Белегзиите се чуваат во Заводот за заштита на сом. на културата и Музеј - Струмица, а ќе бидат објавени од Јован Ананиев. ↩
- Работите се одвиваа во организација на Заводот и Музеј - Струмица во соработка со Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет - Скопје под раководство на потпишаните. Во реализацијата на програмата (работа на теренска и техничка документација) зедоа учество и студенти од завршените години на наведената студиска група. ↩
- Е. Манева, Средновековни наušници и обетки од Хераклеја, Зборник на трудови 9, Битола 1988, 39-45. ↩
- J, Ковачевин, Средњовековна Homma Балканских Совена - студија из историје средњовековне културе Балкана, Посебна издања Историјског института сану (ССХУ) књ. 4, Београд 1953, 109. ↩
- Во Србија се јавуваат на неколку локалитети (Мирјево, Брестовик, Винча, Трњане, Доња Топоница, Костолац итн.) како и во Босна и други области, а временски се определуваат во периодот од XI-XIII век; (Бајаловић-Хаџи Пешић М., Накит VIII-XVIII века, Београд 1984, 22, n.58 со цитирана опширна литература. ↩
- В. Aleksova, Prosek-Demir Kapija, op. cit. 53, n. 168-170. ↩
- Б. Алексова, Округли наушници од Демир Капија, Гласник на Институтот за национална историја 1, Скопје 1957, 47-56; Б. Алексова, Просек-Демир Капија, ор. си. 55-56, T.XV; М. Maxguh; Прилог кон проучувањето на некрополите од средниот век и раниот турски период во Македонија, Зборник - Бошко Бабиќ, Прилеп 1986, 147-150; Китаноски Б.. Средновековна некропола во с. Манастир, Зборник - Бошко Бабиќ, Прилеп 1986, 115-118. ↩
- ТІ. Богосавлевин, О овим налазима шуплих лунуластих наушница, Зборник - Народни музеј XII, 1986, 235; М. Бајаловић – Хаџи – Пешић, О лунуластим наушницама из оставе XVII века у Музеју града Београда, Зборник МПУ 28/29 Београд 1984/85, 93-100; П. Гатев, Накити од погребенията од XI-XII в, Археология I, София 1977, 35, X-1,2,3. ↩
- Б. Радојковић, Накит код Срба, Београд 1969, 146. ↩
- G.R. Davidson, The minor Objects, Korinth vol. XII, Princeton — New Jersey 1952, 265, T. 113, N° 2160. ↩
- Д. Минив, Најновија проучавања етничка припадности носилаца белобрдске културе, Стари- " нар XIX (1968), Београд 1969, 171. ↩
- Ibidem. ↩
- Талеска, Прилог кон проучувањето на средновековни белезици од стакловина на територијата на ср Србија, ср Македонија и нр Бугарија, Зборник - Бошко Бабиќ, Прилеп 1986, 215- 221, со наведена опширна литература. ↩
- За нивната употреба и во втората половина на XVII век во сигурно потврден стратиграфски контекст види: М. Бајаловић – Хаџи Пешић, Накит, op. cit., 42, n. 144. ↩
- П. Гатев, Накити op.cit., 30-46. ↩
- Ј. Ковачевић, Ношња, op.cit., 115, 116. ↩
- Г. Марјановиќ - Вујовиќ, Трњане, Београд 1984, 98-99. ↩
- Ibid., 97 ↩
Summary
Керамидарка - Mokrino village near Sтrumica, 1988
In 1988, 2,5 km NE of Mokrino village near Strumica on the site ,,Keramidarka“ protective excavations were carried out. The presence of graveyards was confirmed from the Roman period (3d and 4th C AD) in a ruinous condition because of the erosive character of the soi! and intense agricultural works. Six intact graves were discovered among which there were many with rich archeological foundings. The graves are skeleton ones, their type is that of free burrial, WE oriented with slight deviations Ostheological material is damaged. The deads were layed on their backs their heads tiwards west, with the stretched legs and crossed arms. There is no double or multiple burrials, neither vertical stratography. The archeological foundings mainly consisted of jewelry, and Roman coins of obolus type, also accidental finds were made.
_ The excavated graves belong to one stratum-of the aproximately same time. The burried population is Christian and the jewelry is of the circle of medieval, Slav, Material culture, but also among it rare examples cyn be seen, such as hollow crescent earrings and upper arm bracelets as a part of the oriental fashion, which aroused the dilemma if the older forms and types represented here were to last after the 13 th C or they have existed in this region before.
It is important to mention that the name of the village Mokrino and the other nearby12 villages are mentioned in the legacy charters which were signed by2 the mother of Deyanovichs—Evdokiya on behalf of Mount Athos monastery2 St. Panteleimon, in Strumica between 1377 and 1381.