Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 193–198
Средновековна некропола од Задна Река - Прилепско, 1985-1986
Во текот на 1985 година на локалитетот Задна Река — Грмајте продолжено е со ископување на средновековната некропола. Истражен е простор од 176 м опфатен во квадрантите 6 до 16, односно отворени се 11 квадранти со димензии 4 X 4 м (сл.1).
Во истражениот простор откриени се 20 гробни конструкции и тоа 12 со археолошките ископувања во 1985 и 8 во 1986 година. Покопувањето е вршено на длабочина од 0, 57 до 1,18 м од површината на теренот со исклучок на гробовите бр. 29 и 44 каде гробните конструкции се констатирани на длабочина 0, 23 м. Ваквата разлика во нивото на покопувањето на покојниците секако е резултат на симнувањето на дел од површинскиот слој по ерозивен пат како и резултат од израмнувањето на теренот при подготовки 3a обработка на истиот од една страна, а од друга страна зависно од местото на кое е лоцирана гробната конструкција. Имено, гробните камари кои се во внатрешниот слободен простор кој го заградуваат ѕидовите од камен и кал од доцноантичките градби се подлабоки од гробните конструкции (каков што е примерот кај гроб бр. 29 и 44) кои со еден дел или со целата должина лежат врз овие зидови (сл.2).
Гробните камари ги следат типовите на гробни конструкции констатирани со претходните истражувања,1 ! но со таа разлика што во сега истражемиот простор преовладува типот на гробни камари со конструкции формирани од по неколку поголеми и помали локални шкрилести плочи. Ваквиот тип на гробни камари застапен е во поголема или помала мера и на други некрополи2 на територијата на Југославија како на пример кај старохрватските некрополи, во Демир Капија,3 ~ на средновековната некропола Ве Стоби,4 * како и на словенските некрополи на подрачјето на нр Бугарија.5 “
На дното речиси кај сите гробни камари нема трагови од било каква подлога односно покојниците се поставувани директно на земја. Само кај четири гроба по кревањето на скелетите констатирано е поплочување на камарата и тоа во три случаи делумно а во еден случај потполно поплочување на дното. Со оглед на фактот дека овие гробни конструкции, според својата форма и начин на изведување во ништо не се одвојуваат од останатите конструкции сметаме дека оваа појава е случајна и се должи на местото кое е избрано при покопувањето. Сите гробни камари каде е констатирана оваа појава се наоѓаат во непосредна близина една до друга. Подлогата на дната on гробните јами всушност е дел од доцноантичкиот културен слој врз кој лежат вани, чија должина in situ изнесува од 1,50 до 1,87 м. Ориентацијата е З – И а кај мал број од гробовите има помали девијации кон север односно југ.6 6 По лошата зачуваност на коските од скелетите се издвојуваат детските гробови каде не е потполно зачуван ниту еден скелет.
Една третина од вкупно истражениот број на гробови се детски, односно од 20 гроба 7 се со детски скелети, појава која беше евидентирана во веќе истражениот дел од некрополата, а присутна и на другите досега истражени средновековни некрополи. Покрај релативно добро изведените гробни конструкции истите се одликуваат и со голем број на гробни наоди. Во нив се најдени 40 гробни прилози кои се состојат од лични украсни предмети на покојникот кои ги поседувал за време на животот. Истите се состојат од обетки, белегзии и прстења изработени од бронза. Покрај овие, исклучиво за тело наменети украсни предмети, воопшто не се констатирани предмети кои покрај украсната би имале и практична функција, како што се петлиците или - копчите кои на некој начин би ни го доближиле изгледот на облеката на населението од овој дел чии жители ја користеле некрополата. "ОД накитот преовладуваат обичните алки од бронзена жица со кружен пресек и различна големина кои според местото на наоѓање се гледа дека имале двојна намена, се носеле и како обетки и како прстења. Во некои случаи обичните алки се обогатени со по едно нанижано зрно од стаклена паста, потоа, со приврзоци од мали бели полжави или приврзоци од тенка жица (сл. 3).
Обетките од типот на обични алки едноставни по облик и достапни за широките слоеви доста долго се одржале како предмети за украсување и нивната присутност не е сигурна поткрепа за датирање. Како доста чест накит тие се среќаваат и на другите некрополи, особено во Источна Србија, Подунавјето, Македонија и др.7
Не многу чест но присутен е и типот на обетки со една биконусна јагода познат под името половецки тип (сл. 4). Од овој тип најдени се две потполно и една делумно зачувана обетка. Алката е масивна, изработена од дебела бронзена жица на која се наоѓа биконусната јагода. Овој тип на наоди се наоѓа на некрополите во Србија од крајот на XI и почетокот на XII век,8 а на словенската некропола во Стоби,9 “ како и во соседна Бугарија каде тие се јавуваат на некрополите од XI век.10 !"
Во гробовите доста чести наоди се прстењата и белегзиите. Најдени се 14 прстења кои се со различни форми и големини, сите изработени од бронза.
ЈІ. и К. Кепески, Средновековна некропола од Задна Река, мад 11, UDK 202/904, 1990
рат
if eae
Сл. 3 Обетки од бронзена жица Ph. 3 Boucles d’oreilles en fil de bronze
Сл. 4 Бронзени обетки со биконусна јагода Ph. 4 Boucels d’oreilles en bronze avec une fraise biconique
Ги издвојуваме типовите на прстења со плочести елипсовидни глави украсени со врежување и пунктирање. прстења со глави во форма на пресечен конус како и прстења со ромбовидни глави на чии рамена е изведена имитација на груба гранулација (сл. 5). За разлика од наодите во поранешните истражувања кога како гробни наоди преовладуваат типовите на белегзии од стаклена паста и лентести бронзени белегзии со отворени краишта, со последните ископувања како тип што преовладува се појавија тордираните белегзии изработени од дводелно или четириделно тордирана бронзена жица.
Во 13 гроба имаше гробни наоди, односно две третини од гробовите беа со гробни наоди, што е појава која не с честа и карактеристична за средновековните некрополи. По богатството на наодите ги издвојуваме гробовите бр. 31 и 38. Во гробот бр. 31 беа најдени седум бронзени прстења со различни форми, а во гробот бр. 38 петнаесет гробни наоди и тоа две обетки од типот на обични алки, една масивна обетка од типот на бронзени алки со една биконусна јагода, шест бронзени прстења со различни форми и шест бронзени белегзии.
Наодите во истражените гробови временски му припаѓаат на периодот од X до ХИ век, аналогно на такви исти наоди на другите средновековни некрополи.
Бројот на гробните наоди зборува и за економската состојба на населението кое ја користело некрополата од овој локалитет кое и покрај тешките животни услови во времето на големите историски превирања на овој терен било во можност да си дозволи поседување на поголем број на лични украсни предмети трајно наменети за секој поединец, што е секако резултат на повремените стабилни политички прилики создадени кон крајот на X век со создавањето на македонската словенска држава од една страна, И повторното јакнење на византиската власт по нејзиното пропаѓање од друга страна.
По завршувањето со истражувањата на оваа словенска некропола и сумирањето на комплетните резултати добиени со нив можно е рамките кои според досегашните истражувања се утврдени во X до XIII век да се прошират во зависност од новите сознанија со што дефинитивно би се утврдило времето на користењето на некрополата.
Фотографиите ги изработи Д. Димески
Белешки
- Л. Кепеска - К. Кепески, Двојна некропола - Задна Река, Macedoniae acta archaeologica 10, 1989, Скопје, 215. ↩
- p. Jelovina, Die materielle kultur der altkroatishen griberfelder, Archaeologia Iugoslavica - 1966, 87, T - II; D. Jelovina, Starohrvatske nekropole, Split, 1976, 70,71. ↩
- B. Aleksova, Demir Kapija, Dissertationes 1 24. ↩
- Ž. Vinčić - M. Ivanovski, Stobi, Gradsko - slovenska nekropola, Arheološki pregled 20, Beograd, 1978, 106. ↩
- Ж. Въжарова, Погребалният обред като исторически източник за етническата същност на блгарската народност, Археология 2, София, 1977, 36, 37, обр. 8,9. ↩
- Л. Кепеска - К. Кепески, op. cit, 216. ↩
- Г. Марјановиħ - Вујовиħ, Трњане српска некропола (крај XI - почетак XIII века), Београд, 1984, 78; B. Aleksova, op. cit., 52; Б. Бабиќ Материјалната култура на македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 278. ↩
- Материјалната култура на македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 278. 5 Г. МарјановиБ Вујовиќ, Врсте и типови накита XI - XII века из некропола1 y Србији, Зборник радова народног музеја у Чачку, XV, Чачак, 1985, 9. ↩
- Vintié - M. Ivanovski, op. cit., 106, T.LXV, 51.2. ↩
- Ж. Вьжарова, Славяни и прабьлгари, София, 1976, 322, обр0 201/4; П. Гатев, Накити от погребении от XI - ХП в., Археологии 1, 1977, 33, о6р 3, I - 4. LILJANA KEPESKA - Prilep KOSTADIN KEPESKI - Prilep ↩
Résumé
Zadna река - grmajte
(RESUME)
Au cours de 1985 et 1986, on a continué les fouilles dans la nécropole médiévale de la localité Zadna Reka - Grmatje et оп a découvert dans l’espace étudié encore 20 constructions tobales.
Les chambres tombales suivent les constructions tombales constatées dans les recherches antérieures a la seule différence que maintenant dominent des types de chambres tombales avec des contstructions formées de quelques plaques, plus ou moins grandes, d’ardoise locale. Un tiers de toutes les tombes étudiées renfermaient des squelettes d’enfants, phénoméne qui a été enregistré dans la partie de la nécropole qui avait déja été etudiée et que l’on rencontre aussi dans les autres nécropoles médiévales étudiées jasqua présent.
Dans les tombes, on a découvert de nombreuses trouvailles tombales, tels bijoux personnels: boucles doreilles en bronze, gagues et bracelets en bronze executés en fil de bronze tordu deux ou quatre fois. Paré analogie avec les trouvailles pareilles dans les autres nécropoles moyennageuses, ces objets peuvent être situés dans la pèriode du Xe au XIIe ou au XIIe siécle.
L’étude compléte de l’espace sur lequel s’étendait la nécropole nous aidera à déterminer les cadres temporels définitifs dans lesquels on pourrait situer cette nécropole.