Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 171–180
Доцноатички белегзии од Хераклеја
Меѓу студиските материјали и оние изложени во музејската збирка во Хераклеја (со исклучок на наодите од Римскиот театар кои не ми се достапни) -абележани се неколку видови белегзии. На ова место се обработени оние што се најдени со ископувањата на Хераклеја под раководството на Г. Томашевиќ!1 и на Е. Манева“.2
Во овој преглед се прикажани белегзиите од доцноатичкиот период со забелешка дека не се нотирани примероци од друго време.
Материјалот е обработен со помош на стратиграфскиот метод во комбинација со типолошкиот. Значајно е да се спомене дека прикажаните белегзии потекнуваат од населбинските слоеви Hla Хераклеа, било од централниот дел на градот или пак од источното доцноантичко предградие. Со исклучок на една која потекнува од гроб (кат. бр. 7) сите други се наоѓани во таков контекст што за нив недостасуваат податоци за начинот а употребата (каде. како. на која рака, на кој дел од раката се носени и во комбинација со каков друг накит) како и за нивните носители (возраст. статус, пол итн).
Според материјалите од кои се изработени тие можат да се поделат на метални и стаклени белезии.
Од металот се застапени бронзата и железото и тоа со неколку типови: — Белегзија од бронзен тел со раздвоени и благо нагласени топчести краеви
(T.1/1) (веројатно носена на надлактицата):
- Бронзена белегзија со раздвоени, задебелени краеви (Т.1/2):
- Бронзена белегзии со краеви во вид на змиски глави (Т.1/3-5);
- Белегзија од свиен петтостран бронзен тел со јамка и копец за закопчување - Железна белегзија без декорација, со отворени краеви (?) (Т.2/7).
Стаклените белезгзија кои се најзастапени, веројатно се и најомилени, припаѓаат на два основни типа: - Монохромни чија внатрешна страна с рамна, а надворешната има длабоки, коси канелури како имитација на тордирање (Т.2/8-10). - Монохромни со неправилно кружен или ,,D“npecex, без декорација (Т.3/
Меѓу прикажаниот материјал цема порепрезентативии примероци. било од аспект на материјал или техника на изработување, што не значи дека такви Т. 1. 1-5, бронзени белегзии
T. I 1-5, bracelets en fer
не постоеле во наведеното време во овие краеви.3 Всушност, доцноантичките белегзии од овој преглед припаѓаат на репертоарот 1a накит за „широка“ употреба. Не се забележани златни, сребрени или позлатени примероци, а наместо комплицирани златарски технички и технологии застапени се лиење и лиење со дополнително дотерување на одливокот, калибрирање и свивање — тордирање и модерлирање на ковано железо или стаклена монохромна паста.
Познавачите на средновековниот накит добро го знаат проблемот што е сврзан со идентификацијата на некои видови накит, односно белегзии кои се инспирирани од античките прототипови и се мошне блиски со нив. Со оглед на тоа што во Хераклеја со ископувањата во последните години се идентификувани средновековни материјали" при прикажувањето на белегзиите во овој преглед се внимаваше посебно на сигурноста на стратиграфските податоци. Ова се однесува, пред се на стаклените монохромни белегзии чие производство според рецептура блиска на античката и со скоро идентични форми и бои се обновува и во средните векови. Тие се мошне застапени во Македонија и воопшто во источниот дел на Балканот, односно во краевите што се под непосредно влијание на Византија и нејзината трговија особено во времето од XI-XIII век, но и пошироко од тоа",5 како и во почетоците на турското средновековие.
И меѓу античките, и меѓу средновековните белегзии од Македонија присутни се примероците со краеви во вид на змиски глави“. Оваа појава има долга традиција која досега до праисториските култури од една страна, а преку антиката се сочувува и во средните векови при што се менуваат материјалите, техниките и детали во обликувањето, а концепцијата на моделот останува во основа иста. На ова место нема да ја проследуваме генезата на овој феномен, но сепак би нагласиле дека е тоа во врска со култот кон земјата, односно со матичната, апотропејска моќ на овој вид накит. Меѓутоа, не треба да се запостави и фактот дека како и во други случаи и овде во одделни епохи оваа форма се „испразнува“ од првобитното занчење и како таква се сведува на стереотипно повтоврување на моделот заради декоративниот ефект.
Меѓу средновековните белегзии во Македонија, Бугарија и Србија јужно од Дунав е мошне застапен обликот на тордирани белегзии од чевороделен бронзен тел со отворени краеви во вид на јамки во кои слободно стрчат по два краја од телот".7 Краевите не се подврзани со телчиња. Овој облик иако видоизменет, со право се чини дека е инспириран од доцноантичките облици (IV век) какви се забележани покрај остантото и во Хераклеја (Кат. бр. 6).
За одбележување е и тоа што едноставните, стаклени, монохромни белегзии, белегзиите со змиски глави и отворени краеви, како и тордираните белегзии со отворени краеви во вид на јамка карактеристични за средновековниот накит во Македонија не се среќаваат како типови во фундусот на временски паралелните културни групи, се мисли пред се на белобрдската,8 како ни во западните соседни територии“.
Античката основа и зачуваната традиција се, веројатно, предусловот за нивната зачестеност на овие простори во средновековието. На тој начин, античкото наследство преку Византија се пласира, сочува и аплицира во средновековната материјална култура и кај словенските народи. Со тоа се согледува еден аспект кој не е се уште доволно третиран во проучувањето на накитот кај нас.
Белезиите од античко време и сами за себе. во овие области се спорадично и недоволно проучени. Приказот лил типовите од Хераклеја ја ублажува донекаде оваа празнина давајќи некаков пресек на она што е употребувано, односно е најдено на овој простор. Бидејќи се работи за неколку типови од еден локалитет би било претерано ако се очекуваат некои подалекусежни одговори за ова прашање. Сепак. може да се насети омиленоста на одделни типови кои се понагласено застапени.
КАТАЛОГ
Kar. бр. 1; Mm. бр. 4644: T. 1/1
При истражувањето на просторот на источното доцноантичко предградие (кв. 18, висинска кога 606,93 м, ископување E. Манева - 1977)10 најдена е целосно зачувана бронзена белегзија изработена од кружен тел со пресек D=2-3mm. Едноставна е, без декорација освен што се завршетоците топчесто нагласени. Доста е голема: D ԁо 85 тт, веројанто носена на надлоктицата. Стратиграфски припаѓа на слојот од IV век, поточно околу неговата средина. Кат. бр. 2; Инв. бр. 4656; T. 1/2.
При ископувањето на просторот на источното, доцноантичко предградие на Хераклеја (кв. 21, висинска кота 607,20 м. - ископувања Е. Манева — 1979) откриен е дел од бронзена белегзија. Тоа е, всушност, едниот крај од белегзија од типот со задебелени краеви. Формата И е едноставна, без декорација е, има полн пресек (кружен или елипсовиден) кој постепено се зголемува на краевите. Пресек: 3-5 тт; D = 7. Овие белегзии се карактеристични за доцноантичката продукција, а се прифатени и носени и од некои варварски племиња. Во употреба се од IV - VII век11 со нагласок на У и VI век.12 Нашиот примерок е датиран со монети од римскиот император Валенс Кат. бр. 3; Une. бр. 4706; T. 1/3
Во 1979 год. при ископувњаето на остатоците од источното доцноантичко предградие на Хераклеја (кв. 24, висинска кота 606,93 м. - ископување Е. Манева) најден е дел од бронзена белегзија покриена со фина зелена патина. Зачуван е едниот крај обликуван во вид на змиска глава. (Пресек -- 2-3 тт.). Овој примерок е најден во слој кој е временски определен со мношство монети од римските императори од средината на IV и преминот кон Vv век. Слични примероци од ова време најдени се и на други локалитети кај Кат. бр. 4; Маѕ. бр. 1032; Т. 1/4
Во така наречениот си сектор во централниот дел на Хераклеја (кв. VII, висинска кота до 2,0 т - ископувања на Г. Томашевиќ - 1961) најдена е бронзена белегзија изработена во лиење со дополнителни дотерувања. Едниот крак е обликуван во вид на убаво стилизирана змиска глава, а другиот е рамно засечен. Краевите се отворени, доближани. Судејќи по пречникот (О до 44 тт) таа е детска. Пресекот И е елипсовиден со дим. 3 до 5 мм. Истоветен примерок е најден и опишан овде под кат. бр. 5 што значи дека е тоа омилен тип. Блиски аналогии има и меѓу материјалите од Дарданија датирани во IV век.13
Кат. бр. 5; Une. бр. 5711; Т. 1/5
Под подот на средниот брод на Базиликата Де во Хераклеја (во затворена целина со материјали постари од првата половина VI век; кв. центар 1, висинска кота 607,23m - ископувања Е. Манева - 1984 г.) најден е скоро идентичен примерок на бронзена белегзија како и претходниот само во нешто полоша состојба на зачуваност. Види кат бр. 4.
Кат, бр. 6; Инв. бр. 5112; Т. 2/6
со дебелина од 1,5 mm - така што снопот телчиња е свиен - тордитан. Ш 11-19, bracelets en verre
Во објектите на источното, доцноантичко предградие од Хераклеја (кв. 145, висинска кота 607,29 - ископувања Е. Манева 1983 г.) најдена е Gpousena белегзија скоро целосно зачувана. Таа е изработена од петтоделен кружен
T. Ш, 11-18, стаклени белегзии
Краевите се „подврзани“ со телче и оформени во јамка и копец за закопчување. D = 68 mm, пресекот е до 8 mm. Овој примерок е најден во слој датиран со монети од втората половина на IV век. Аналогни примероци се најдени и во Скупи и датираат од исто време.
Кат; бр. 7; Wns. бр. 4859 а, 6; Т. 2/7
Во грбот бр. 15 од некрополата што коегзистирала со Базиликата Де (ископувања Е. Манева 1981)"" покрај јужната граница на гробот, во пределот на десната рака која била испружена (скелетот. веројатно на дете е сосема изгниен) најдена е мошне кородирана железна белегзија, скршена на два дела D = 63 mm; пресек до 10 тт. Белегзијата е оштетена, не се препознава целосно ни формата, а не е извесно дали се краевите отворени и како се обликувани. Интересно е да се подвлече дека таа е најдена заедно со ѓердан од стаклени мониста какви се откриени и во соседниот гроб бр. 9 кој е датиран со наушници со ѕвездолник приврзок од втората половина на VI и преминот кон ми век.16
Кат бр. 8; Инв. бр. 1079; Т. 2/8
Во централниот дел на Хераклеја; СИ дел, висинска кота 1.80 т - 2,30 (ископувања Г. Томашевиќ 1961 год.) откриен е дел од белегзија изработена од стаклена паста прекриена по површината со иризираи слој на сребреникава патина. Внатрешната страна е мазна, а надворешната профилирана со КОСН, длабоки канелури со кои како да се имитира тордирање. Ширина на лентата 6 - 8 mm, дебелина 2 - 4 тт., D=?
Кат. бр. 9; инв. бр. 4556; Т. 2/9
Во источниот дел од градскиот ареал, па просторот на Вила урбана, кв. 4, висинска кота 60,55 т (ископувања Е. Манева 1976) во слојот што припаѓа на крајот на TV и преодот кон У век откриен е фрагмент од стаклена белегзија со слична концепција во формата како и претходниот примерок. Пастата има црна, непровидна боја. Ширина 14 x–4mm.
Кат. бр. 10; инв. бр. 1241; Т. 2/10
Во Римската просторија 1 на кота 1,40 т (ископување на Г. Томашевиќ 1962) најден е поголем фрагмент од стаклена. масивна белегзија со коси канелури на горната површина како и претходните две. Примерокот е прекриен по површината со иризиран слој на сребренкаста патина, но на места се гледа дека пастата има темно сина боја. Дебелината, односно ширината на лентата изнесува од 9 x 7 тт до 12 x 9 mm; D=?
Кат. бр. 11; инв. бр. 2214; Т. 3/11
Источно од Римскиот портик, кв.ГУ, слој: 0,30 - 0,40m (ископувања на Г. Томашевиќ 1966) најден е дел од стаклена бело ија прекриена со сребреникава иризирана патина и пресек во вид на »D*;'818 D=? Кат. бр. 12: инв. бр. 2683 а, 6; T. 3/12 a, 6
Под мозаикот на централниот брод на Големата базилика во Хераклеја, на околу 0,45 т под подот (ископувања на Г. Томашевиќ во 1968) најдени се две парченца од стаклена белегзија со исти особини како и претходниот примерок. Пресекот е во облик на „ПО“ со дим. до 12 x 8 mm; D=?
Кат. бр. 13; Инв, бр. 1162; Т. 3/13
Во каѕ. V на си сектор во центарот на Хераклеја, слој од 1,30 - 2,60 m (ископување Г. Томашевиќ - 1961 г.) откриен е фрагмент од стаклена белегзија со аналогни особини како и претходните два примероци. Пресекот е во вид на „СО“ со дим.: 9 x 7 тт; D=?
Кат. бр. 14; инв. бр. 2758; Т. 3/14
Под мозаикот во централниот брод на Големата базилика во слој од 1,70 - 2,00 т (ископувања на Г. Томашевиќ во 1968) најден е дел од стаклена белегзија со слични квалитети како и претходните три примероци. Пресекот е неправилно кружен со дим. од 7 тт до 10 x 8 тт: D=?
Кат бр. 15; инв. бр. 4995; Т. 3/15
Во објектите од доцноантичкото, источно предградие, кв. 130, висинска кота 606,95 т (ископувања кв. Манева - 1980) откриен е дел од стаклена белегзија со аналогни квлаитети како и четирите претходни примероци. Пресекот е елипсовиден со дим.: 9 x 7 mm; d=?
Кат. бр. 16; инв. бр. 4636; Т. 3/16
Во објектите од доцноантичкото предградие во источниот дел од Хераклеја (кв. 17: висинска кота 607,25 m ископувања Е. Манева - 1977) откриен е фрагмент од стаклена. белегзија со темно зелена боја и пресек во вид па „БО“ чии димензии со 5 x 6 тт; D=? Другите особини се аналогни на петте претходни примероци. Слојот е датиран со мноштво монети од втората половина на I; век.
Кат. бр. 17; инв. бр. 17; Т. 3/17
Во објектите на доцноантичкото предградие на Хераклеја (кв. 23, висинска кота 606,74 т, ископувања Е. Манева - 1979) најдено е парче од стаклена белегзија од темно зелена паста со внимателна и фина изработка и правилен кружен пресек = 7 тт; D = ? Спореди со Кат бр. 11-18.
Кат. бр. 18; инв. бр. 2224; Т. 3/18
Источно од Римскиот портик (кв Ш, доцноантички слој, ископување Г. Томашевиќ) најдено е мало парче од стаклена белегзија со неправилно кружен и нееднаков пресек (8 x 5 до 9 x 11 mm) со аналогни особини како приемроците со кат. бр. 11 - 18. D=? > Кај другите групи на накит од ова време забележани се и примероци од племенити материјали и посложени златарски техники. Е. Манева, Неколку видови накит од крајот на антиката од Хераклеја, Културно наследство ХИ-ХШ, Скопје 1988, 45-49.
“ Е. Манева, Гробовите бр. 24 и бр. 25 од лок. extra muros, Зборник на трудови, Битола, 1983/84, 34-45, Idem., Средновековна некропола од Хераклеја, Историја ХХІ1, Скопје 1986, 169-199. “ ЈІ. Миниќ, Појава и распрострањеност наруквица од стаклена паста на средњовековним налазиштима у Југославији, Средњовековно стакло на Балкану (У-ХУ век), Београд 1975, 71-78. Е. Талеска, Прилог кон проучување на средновековните белезици... Зборник на Б. Бабиќ. Прилеп 1986, 215- 220.
ЧИ. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Годишен зборник на Филозофскиот факултет 26, Скопје 1974, сл. 37, 38, 58.
"5 Е. Манева, Некропола од крајот на антиката од Хераклеја, Масеԁ. Acta Archaeol. 10, Скопје, 1989, 161-182.
"7 Драган Стојановиќ при своите испитувања на стаклените предмети од Стоби забележал ваков тип белегзии при ископувањата на Синагога-базиликата, источниот бедем и Епископската базилика и тоа во слоевите од раниот Ш до раниот У век. Забележани се, исто така, и белезгии од монохромна стаклена паста без профилација како и нашите примероци кат. бр. 11-18. За овие податоци топло му благодарам на колегата Стојановиќ.
ELICA MANEVA - Skoje
Белешки
- Под раководство на Г. Томашевиќ од Белград ископани се следните објекти во центарот на Хераклеја: Римски терми и Римски портик, Базилика А, В и Си Епископска резиденција. ↩
- Во источниот дел на градскиот ареал, под раководство на Е. Манева откриени се делови од Вила урбана, од источното доцноримско предградие; Базиликата D со истодобна некропола надслоени со средновековна словенска некропола. ↩
- ЗАБЕЛЕШКИ ↩
- В. Лахтов, Раносредновековен накит во средновековната збирка на Народниот музеј во Охрид, Лихнид I, Охрид 1957, Т. I, 9; Т. IV, 36,; Т. VII, 68; Б. Бабиќ, Материјалната култура на македонските Словени... Прилеп 1986, сл. 62, 63 ete. ↩
- Б. Бабиќ, Материјалната култура... ор. cit., сл. 62 ete. ↩
- За овие проблеми посебно е расправано во литературата. Д. Миниќ, Најновија проучавања стничке припадности носилаца белобрдске културе, Старинар XIX, Beograd 1969, 165-173. 9 D. Jelovina, Starohrvatske nekropole, Split 1986; P. Korošec, Zgodnjesrenjeveška arheološka slika Karantanskih Slovanov, Ljubljana 1979 etc. ↩
- Е. Манева, Резултати од заштитните ископувања extra muros во Хераклеја, Масеԁ. Acta Archaeol. 7-8, Скопје 1987, 125-142; Idem., за карактерот и времетраењето на источното, доцноантичко преградие од Хераклеја, Масеԁ. Acta Archaeol. 9, Скопје 1988, 175-186. ↩
- M. C. Ross, Catalogue of2 the Byzantine and Early Mediaeval Antiquities in the Dumbarton Oaks Collection, Washgington 1965, vol. II], T. LXXXI/160; A. Jovanovié, Nakit и rimskoj Dardaniji, Beograd 1979, 25, 26. ↩
- A. Jovanovié, Nakit..., op. cit., 23-25, 28-29, сл.29-32. ↩
- Ibid., сл. 25, 31, 32. ↩
- Е, Манева, Неколку видови накит..., ор. cit., 45-46, cf. п. 4-6, сл. 1. Железните белегзии се чести во VI век. В. Батракова-Грозданова, Ископувањата на Голем Град од 1981-1986 година, Maced. Acta Archaeol., 10, Ck, 1989, 109. ↩
- Кат. бр. 11-18; Т. 3/11-18 припаѓаат на исти тип белегзии. Изработени се од монохромна стаклена паста со кружен. односно неправилно кружен пресек или пресек во облик на „ГП“. Примероците од Хераклеја прикажани во овој преглед припаѓаат на слоевите од IV и У век, како и од затворени целини, со материјали постари од УТ в. Во Стоби се наоѓани во слоеви од раниот III до раниот V век (Види забелешка 17). Во Бугарија се забележани во слоевите од IV до VI век, а слично се датирани и наодите од Коринт, како и од Дарданија. ЈІ. Цончев и A. Миичев, Раскопки в чашата на язовир „Батак“ , илаи II , 161–164, 197–198, сл. 22, 24, 27; O. R. Davidson, The Minor Objects, Corinth ХИ, New Jersey 1952, 263; A. Jovanovié, Маки... op. си. 27, 28. sl. 56-58. ↩
Résumé
Des bracelets de la basse Antiquite de Heraclea
Cet apercu contient quelques types de bracelets découverts dans la partie centrale de Héraclée (à l'exception de l'espace du Théâtre romain), de même que dans sa banlieue orientale. Grace a une méthode stratigraphique et typologique, ils sont tous datés de la période allant du [Ve au Vie siécle. Suivant la matiére (bronze, fer et pate de verre) et la technique d’execution (coulage, coulage avec un finissage supplémentaire, torsion et modelage de fer battu et de pate de verre monochrome), ils appartiennent au fond de bijoux a usage
Il est intéressant 4 souligner que, en ce qui concerne les bracelets antiques et médiévaux de Macédonie, on peut sentir l’existence d’une base et d’une tradition antique dans beaucoup de formes et de technique des qui se sont conservées, transmises et appliquées dans la culture matérielle du Moyen ge.