Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 161–170
Истражување на секторот "Б"- Стибера
Во текот на 1983 и 1984 година беа извршени заштитни археолошки истражувања на локалитетот „Бедем“, односно секторот „Б“ означен како таков во археолошките истражувања извршени во 1953 година од страна на Археолошкиот музеј од Скопје.1
Нашите заштитни археолошки истражувања беа извршени со цел да се отворат остатоците од зидовите на храмот и истите подготват за конзервација, како во последен момент би се заштитил објектот, кој за последните 30 години беше многу оштетен како од мештаните на Чепигово така и од забот на времето.
Бидејќи храмот со ископувањата од 1953 год. бил откопан само од внатрешната страна и делумно од надворешната и тоа само крајните западни делови на северниот и јужниот зид, пие моравме да направиме ров од надворешната страна на сите четири зида на храмот и тоа да ги ослободиме во висина од барем 0,50 м, за да можеме несметано да работиме на нивното надѕидување и поставување на круна на истите (сл. 1, сл. 2).
Во земјата што се копаше од надворешните страни на сите четири зида, која претставува нанос од погорните делови на ридот Бедем, беа најдувани ретки NaOH од керамички фрагменти, претежно со фина фактура и црвена боја, карактеристични за станбените комплекси на пораното римско царство. Помногубројни беа наодите од фрагменти од кровни тегули, имбрекси и тули со разни димензии. Откако беше отворен источниот зид од надворешната страна, се продолжи со копање во длабочина за истиот да биде пристапен за изведување на конзерваторски работи, при што се констатира следното: ѕидот во својот дел непосредно под и над либажниот слој, изведен од четири реда тули, е 5идан од кршен шкрилест и сивкаст камен, доста порозен, и квалитетен варов малтер. Полукружната централна ниша на овој ЅНІ, видлива од внатрешната страна, се покажа дека со својата надворешна страна излегува надвор од оската на зидот и тоа скоро полукружно т.е. за 1,00 м надвор од ивицата на зидот, па изгледа како мала апсида (сл.3). Во североисточниот агол на ровот на длабочина 2,55 м од површината на теренот се појави ѕид, ѕидан од камен и варов малтер со правец на протегање кон исток и тоа во должина од 1,90 м од кого на 0,70 се одвојува крак кои север во должина 1.50 м и влегува под северниот и источниот профил на ровот (сл. 4). Со копањето во длабочина се покажа дека зидот со правец запад - исток и ЅНОТ што скришува кон север се зидови од иста градба, постари од зидовите С. 1 Основа на објектот, ситуација во 1953 година
Ph. 1 Base де la construction, état 1953
на обновениот храм, зошто при обновувањето на храмот зидот со правец исток - запад е пресечен и до него е потпрен североисточниот агол на храмот. Овој зид, постариот, е зидан од разнороден камен, тули и варов малтер, а во тој дел е широк 0,80 м и како таков оди во правец кон исток во должина од 0,70 м, а потоа се проширува кон север и исток правејќи агол во тој дел. Од североисточниот агол на храмот, кон север е откриен во должина од 1,70 M a ЧЕПИГОВО СЕКТОР |B констатиран беше зид од камен и варов малтер широк 0,60 м кој е пресечен од аголот на храмот, а се протега во правец кон исток во должина од 1,90 ми влегува под источниот профил на ровот. И од овај зид на 1,60 м кон север се одвојува крак од зид кој има правец на протегање кон север, а неговата ширина не е позната зошто поголемиот нејзин дел лежи под источниот профил на ровот. По ваквата констатација на ситуацијата од источната надворешна страна на храмот се премина на копање од надворешната страна
Во просторот помеѓу северниот зид на храмот, широк 1,80 м и аголот што го чини постариот зид што се протега кон север и исток, копан беше масивен слој од чист градежен шут на парчиња од варов малтер, тули. камени фрагменти од покривни тегули без никакво присуство на земја, што зборува за урнатина од двата 5ида што паднале во аголот. Бидејќи на тој дел северниот зид е доста разрушен и изваден, а барајќи го неговиот надворешен раб, на 1,75 M од североисточниот агол на храмот беше откриено парче од 5ид, 5идано од камен, тули и варов малтер со димензии 0,90 × 0,40 м кое за малку излегува надвор од правецот на протегање на северниот зид на храмот. Со копањето во длабочина на градежниот шут се покажа дека се работи за столбец 5идан во наизменични зони од кршен камен и редови тули поврзани со варов малтер, а стоблецот е само прислонет на северниот зид. Каква била улогата и намената на овај столбец засега не е јасно; дали тој бил потпрен на зидот со некаква растоварувачка улога на северниот зид или пак е во некаква врска со постарата градба, во оваа фаза на истражувањата не може да се утврди (сл. 5). Со копањето во длабочина во овај дел, односно помеѓу столбецот и аголот од постарите зидови на длабочина од 2,10 м од површината на теренот, а со цел да се открие надворешниот раб на северниот зид, во чистиот градежен шут, непосредно крај северниот зид најдени беа 16 римски сребрени монети од кои повеќето беа слепени помеѓу себе. Монетите најверојатно биле чувани во платнена кеса затоа што на неколку од нив беа видливи траги од густо ткаено платно. Фактот што монетите беа најдени во чист градежен шут, непосредно крај северниот ѕид на храмот не наведува на помислата дека истите биле ставени или пак скриени на брзина во некоја фуга или пукнатина на зидот.
Со археолошките истражувања во 1953 година беше утврдено дека овој храм е од типот на храмови со анти, од кои беше откриена само онаа на северозападниот агол, додека онаа од југозападниот агол со дел од западниот зид била разурната и однесена како градежен камен.2 Бидејќи пред антата на северозападниот агол во 1953 год. беа откриени два мермерни блока, сега се продолжи со копање во длабочини и под нив се откри ид од ситен кршен камен, разнороден, поврзан со неквалитетен варов малтер, широк од 0,60 до 0,70 м врз кого беа ставени како сполии двата обработени мермерни блокови.
Следејќи го овај зид кон запад се открија уште неколку мермерни блока вградени во него, а должината му изнесува 3,75 м. Со таа должина овај зид свртува кон југ и се проширува. Овој зид е потпрен на северозападната анта, зидан е од ситен неквалитетен камен и ронлив варов малтер со употреба на мермерни сполии, употребени досега единствено на овој објект. Потоа беше следен овој 5ид кон југ, а бидејќи беше во многу лоша состојба, очуван само по 1 или 2 реда од камен, протегајќи се кон југ истиот cé послабо можеше да се следи. Се работи за зид широк 1,60 м кој бил најверојатно подигнат по рушењето на храмот, со кого била затворена просторија со димензии 10 Хх 3,75 м најверојатно времено користена, непосредно по рушењето на храмот (сл. 6, сл. 7). На ваква помисла не води констатацијата што зидовите се многу несолидно изведени, темели на зидовите нема туку се слободно поставени на урнатината така што висинската разлика помеѓу источната и западната страна на ЅНОТ изнесува повеќе од 0,50 м, а на места 1,00 м. Исто така невештата употреба на мермерните сполии кои се слободно поставени и излегуваат надвор од рабовите на ЅНОТ, масивните сполии поставени врз 5Ид од ситен и ронлив камен како и лошиот квалитет на малтерот, зборуваат за една импровизација изведена набрзина, при што не се пазело ниту на
материјалот ниту пак на квалитетот на изведбата. Во крајниот југозападен дел зидот е наполно разурнат и однесен, а исто така и 5ИДОТ ШТО овој го спојувал со југозападната анта, за која напред рековме дека исто така била потполно уништена и однесена од месните жители. Се претпоставува дека употребените мермерни сполии во зидовите на овој подоцнешен објект се од урнати скали на влезот во храмот како и од довратниците и прагот на истиот. Со ископувањата во овој дел,пред храмот, не беа откриени никакви наоди кои би ја појасниле намената на овој подоцна преграден простор, а се наметнува помислата дека тоа било времено користено за живеење, непосредно по урнувањето на храмот, односно целата населба. При расчистувањето на јужниот зид на храмот од надворешната страна не беше ништо ново откриено, освен што се потврди констатацијата од претходните археолошки истражувања.
Со овие заштитни археолошки истражувања3 изведени од надворешната страна на храмот во Стибера, како од остатоците на архитектурата така и од откриениот оскуден археолошки движен материјал, не се најде поткрепа за датирањето на времето на подигнувањето на храмот во III или IV век, изречено порано од некои автори, а изведено врз база на начинот на зидање на зидовите во техника на камен и редови од тули.4 Независно од тоа што овие ископувања беа исклучиво приспособени на ослободувањето на постоечките зидови заради подобар пристап кон вршење на конезрвација и делумна реставрација на истите, уште еднаш ги потврдија податоците за времето на извршената обнова на храмот5 во 126 год. од н.е, а што е сигнирано и во дародавниот натпис вграден во централната ниша на источниот 5ИД ОД храмот. > Покрај тоа добиени се и повеќе податоци кои се отсликуваат во следното:
- Констатирано е дека источниот зид на храмот до висина од 0.50 - 0.70 м под либажниот слој, изведен од 4 реда тули, е искористен од постарата градба, што се гледа од начинот на зидањето и употребата на разнороден и разнобоен градежен камен, што не е случај при обновата на градбата каде е употребен исклучиво сивкаст шкрилец, мек и порозен домашен камен, и тоа во сите четири обновени зида (сл. 8).
Ба Утврдено е поголемо лачно излегување кон исток на надворешниот раб од централната ниша на источниот зид (сл. 3, сл. 9).
- Откриен е столбецот зидан од камен и тули, наизменично во зони, кој се потпира на северниот ЅН], чија намена засега со сигурност не може да се утврди (сл. 5).
- Новооткриениот простор западно од храмот со димензии 10 х 3,75 ме сигурно зидан по урнувањето на храмот, заради напред наведените констатации и причини.
- Монетите откриени во чистиот градежен шут во североисточниот надворешен дел на храмот зборуваат. во прилог на страдањето, односно рушењето на овој објект во време владеењето на императорот Валеријан или пак непосредно по него. Во вкупно откриените 16 сребрени римски монети застапени се следните римски императори: Каракала со еден денар, Елагабал со 1 антонинијан, A. Север со 1 антонинијан, Гордијан III со 2 антонинијани, Филип Арапин со 4 антонинијани, Трајан Децие со 1 антонинијан, Хероние со 1 антонинијан, Требонијан Гал со 4 антонинијани и Валеријан со 1 антонинијан.
Што се однесува до датумот на страдањето на храмот и нашите согледувања, тие се совпаѓаат со предлогот на поранешните истражувачи на храмот, дека тој страдал во втората половина на Ш век.6 Од овие заштитни истражувања, мали по опсег и насочени кон правење на услуга на конзервацијата и реставрацијата, не можеше да се стекне Внечеток дека се работи за страдање на објектот од виша сила, односно земјотрес.7 7 Наодот на монетите во така специфично место, чист градежен шут без никакви примеси, ни ја наметнува помислата дека истиот страдал во рушевен поход на Готите, кои во тоа време поминувала во своите разурнувачки походи низ нашите подрачја.8 Се претпоставува дека сопственикот на монетите во страв од наидувачкиот пљачкашки поход го скрил своето скромно богатство во зидот на храмот, а од непознати причини, истото не успеал повторно да си го врати.
Се додека не се извршат систематски архолошки истражувања на поголем простор од локалитетот и не се добијат повеќесигурни и издржани податоци, не ќе може да се утврди дали се работи за елементарна несреќа или
Белешки
- D. Vučković – Todorović, Stuberra – Античное поселение в селе Чепигове в окрестност х Прилепа, Archaeologia Iugoslavica IV, Beograd, 1963, 59. ↩
- Ibid., 70. ↩
- Ibid., 71 ↩
- Петров, Смешано зидање во неколку згради во Македонија од Ш до VI век. Зборник книга, I, . Изданија на Археолошкиот музеј-Скопје, Скопје 1956, 77. ↩
- D. Vučković – Todorović, op. cit.95 ↩
- Ibid., 96 ↩
- Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Жива Антика, Посебна издања, књига I, Скопје 1957, 221. ↩
- D. Vučković – Todorović, op. cit. 96. ↩
- JAMA KEPESKA - Prilep KOSTADIN KEPESKI - Prilep ↩
Résumé
Recherches archeologiques en vue de protection dans le secteur "B" de la localite de Styberra
DANS LE SECTEUR „B“ DE LA LOCALITE DE STYBERRA
(RESUME)
Les recherches archéologiques effectuées en vue de protection en 1983 et 1984 devant et autour du tempie romain dans la localité „Вадат“ avaient pour de libérer les murs du temple pour pouvoir accéder a leur conservation et a leur restauration. Car le tempie avait été la premiére fouille faite en 1953 par le Musée archéologique de Skopje.
Ces recherches archéologiques en vue de protection ont permis d’aboutir aux connaissances suivantes:
— Оп aconstaté que pendant la restauration du temple en 126, on avait coupé le mur d’une construction plus ancienne et qu’une partie de ce mur avait été utilisée comme base du mur est du temple restauré.
- On e découvert des parties e murs d’une construction plus ancienne qui s’étendent vers |’est et l’ouest et qui sont coupés par le mur et du temple restauré.
- On a constaté que la bordure extérieure de la niche centrale sur le mur est du temple fait une saiilie importante en voiite vers /’est.
- On a découvert une petite colonne, Бане en pierre et en briques en zones alternatives, qui s’appuie de i’extérieur sur ie mur nord du tempie.
– La pièce nouvellement découverte qui s'appuie sur les antes du temple et s’élargit A ’ouest de celles-ci, aux dimensions 10 x 3,75 m, a été cartainement construite aprés la destruction du temple et utilis¢e temporairement comme habitation.
-- Оп a découvert dans les ruines de la partie extérieure nord-est du temple 16 monnaies romaines avec les figures des empereurs romains suivants: Caracalla, Elagabal, Alexandre Sévére, Gordien II, Philippe ГАгаре, Trajan Decius, Herennius, Trébonien Gallus et Valérien.
— Ces recherches archéologiques antreprises en vue de protection ont en plus confirmé les constations des chercheurs précédents, a savoir que ce temple du type »in antis“, dédié 8 la protectrice de la ville de Styberra la déesse Tyché, a été restauré dans l’année 126 et qu’il a été détruit immédiatement aprés le régne de Pempereur Valérien.