Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 135–149

Дрезга - Куманово во светлината на новите проучувања на северно-македонскиот простор

Археолошките истражувања на лок. „Дрезга“, започнати случајно за време на заштитното сондажно ископување на лок. „Прибовце“ во 1978 година, ни подоцна не беа вклопени во некоја поголема континуирана програма. Истражувањата во текот на 1978 и 1979 година го покажаа конкретното постоење на римската некропола, чии контури не успеавме да ги фиксираме. На овој простор се одреди концентрација на раноримски и доцноримски гробови, а на ова место ќе бидат презентирани сите истражени гробови, во текот на 1978 и 1979 година со исклучок на гробот 1 истражен во 1978 година кој е веќе публикуван. !

Временскиот распон на некрополата е прилично широк и се движи од крајот на I до средината на IV век н.е., заклучувајќи според досега истражените гробови, а се среќаваат и различни видови погребувања како и типови на гробови. Од откриените гробови во тек на овие две години констатиравме дека само два гроба се со кремација, а останатите се со инхумација. Меѓутоа, кога станува збор за погребување со кремација кое припаѓа на I и на почетокот на II век од н.е., треба да се укаже на фактот дека на лок. Дрезга, на длабочина од педесетина сантиметри, при обидиот да се фати правецот на простирањето на некрополата, се наиде на концентрација на горетини и понекаде на фрагменти од керамика и метал, кои биле сосема растурени при орањето. Овој податок укажува на можноста дека се работи за гробови со кремација, кои во овој период се широко распространети на територијата на провинцијата Горна Мезија. За нас е особено интересна паралелата со некрополата во Скупи, кадешто во гробовите со кремација од предавгустовскиот период (гроб 70) се пронајдени фибули и ножеви со латенски елементи, идентични на случајниот наод од лок. Дрезга, што би можело да оди во

прилог на претпоставката дека на овој простор постоела и постара некро-

Да се запреме накратко на сочуваните гробни конструкции со кремација кои следуваат по хронолошки ред:

– Гроб 4/79 откриен на длабочина од 65-70 см претставува, етажен гроб во облик на четвртеста јама, заштитен со конструкција од тегули. Тегулите беа фрагментарно сочувани, а конструкцијата уништена при поставувањето на водовод во 1970 година. Гробната јама беше исполнета со изгорени коски, а во средината беше пронајден керамичан сад–ојонохос, изработен од фина

црно сива глина боена со црн лак. Садот беше висок 17 см и во горниот дел од

Table13 I Tombe 4/79: ph. 1. Appliques d'or; ph. la. Détail d'une applique d'or avec la figure de Gorgonne Méduse; ph, 2. Vase de céramique
Table13 I Tombe 4/79: ph. 1. Appliques d'or; ph. la. Détail d'une applique d'or avec la figure de Gorgonne Méduse; ph, 2. Vase de céramique

"Табла I Гроб 4/79: Сл. 1. Златни аплики; Сл. 1a. Детал од златна аплика со ликот на Горгона Медуза; Сл. 2. Керамичен сад телото украсен со врежување. Околу садот беа пронајдени седум златни аплики во форма на листови и една кружна со втиснат лик на Горгона Медуза. Вакви златни аплики се мошне чести во некрополата во Скупи, каде што нивниот број при наоѓањето варира од една до седумдесет и пет. Сите пронајдени листови датирани се со монети од Нерон, Домитијан, како и со друг материјал, од времето на Флавиевците.5 На територијата на Македонија постои сличен наод на златни листови, протолкувани како делови од дијадема, пронајдени во могилата на лок. Крст. - Таринци. Овој хеленистички гроб под могила датиран е исто така во | век од н.е. Паралели за пронаоѓање на златни аплики, односно дијадеми од овој период на просторот на југоисточен Балкан наоѓаме во некрополата во Чаталка (Стара Загора, Бугарија)“.

Апликата со ликот на Горгона Медуза, е мошне слична на апликата од гроб 174 од некрополата во Скупи.8 Сличности постојат и со наодот од Текија на Гердап,9 а овој лик се јавува често на хеленистички дијадеми. Целиот ритуал на ставање аплики, односно дијадеми при сохранувањето, укажува на хеленистичките традиции за дивинизираниот покојник кај автохтоното Население кое и етнички и политички било поврзано со културно поразвиениот југ во вековите што му претходеле. Подоцна тоа се проширило на целиот среден и источен Балкан, како реакција на старата култура во спротивност на римската. ;

Земајќи ги предвид досегашните сигурно прифатени датирања на златните аплики и керамичниот примерок. како и формата и начинот на погребувањето би можеле оваа гробна конструкција да ја датираме кон крајот на | век од ц.е.

Временски веројатно најблизок на претходно е гробот 3/79 со ориситација И/З, откриен на длабочина од 70-80 см и со димензии 134 X 65 см. Тој претставува јама покриена со плочи од бело-жолтеникав варовник, исполнета со парчиња изгорени коски. На западната страна на конструкцијата се наоѓаше керамичен сад-стомна на површината на гробот, а под плочите уште два сада, од кои едниот керамичен а другиот стаклен. Двата керамични сада беа изработен од окер печена глина, премачкани со редок кафеав лак. Нивната висина изнесуваше 23,8 односно 18,8 см. Стаклениот сад беше изработен од бледо сино-зелено стакло, меѓутоа прилично фрагментиран - оштетен од тежината на плочите.

Освен начинот на погребување, овде за жал немаме сигурен материјал кој би овозможил прецизно датирање. Сепак, поголема прецизност ни овозможува наоѓањето на фрагменти од стаклениот сад prochus кој е скоро идентичен со пронајдениот во гроб 168 од некрополата во Скупи. каде што е датиран со монета од Домицијан!О. Керамичниот материјал, пак, повеќе упатува на П век, па гробната конструкција би можела да биде датирана од крајот на I до почетокот на II век це.

Следната група гробови — зидани гробници во вид на цисти, покажаа дека се работи за гробови на горните социјалнии слоеви, што го потврдија и гробните наоди во нив. Овде припаѓаат гробовите: (1) истражен 1978 година и 5 и 6 од наредната година. Од сите овие конструкции само гробот 6 претставува гробница зидна од камени блокови, додека останатите се градени од римски стели датирани во II век од н.е., секундарно употребени. Оваа појава е карактеристична за периодот од почетокот до средината на ју век во овие области"". Во сите три случаи станува збор за по едно погребување,

Table II Tombe 3/79: ph.1, 2. Vases de céramique
Table II Tombe 3/79: ph.1, 2. Vases de céramique
Table Ш Tombe 5/79: ph.1. La construction tombale aprés l’ouverture; ph.2 La plaque de couverture supérieure (monument votif d’usage secondaire du Пе 5. de notre ére)
Table Ш Tombe 5/79: ph.1. La construction tombale aprés l’ouverture; ph.2 La plaque de couverture supérieure (monument votif d’usage secondaire du Пе 5. de notre ére)

"Табла Ш Гроб 5/79: Сл. 1. Гробната конструкција по отворањето; Сл. 2. Горната покривна плоча (секундарно употребен вотивен споменик од II век н.е.)

каков што е случајот и со најголемиот број паралели од некрополата во Скупи.

Гробот 1/78 како што веќе нагласивме погоре, беше самостојно публикуван, па овде би се задржале на конструкциите 5/79 и 6/79. Гробот 5 со ориентација си/ЈЗ откриен е на длабочина од 1 м. Беше изграден од пет на гробни стели од бело-жолтеникав варовник со димензии 213 X 89 см. Две од нив се целосно сочувани, на третата и недостасува долниот лев агол, а двете преостанати плочи се горна односно долна половина од надгробна стела. Сите џет се со латински текст и три од нив се украсени со помалку12 или повеќе --. шематизирани розети во фронтонот. Од епиграфска гледна точка стелите се ~ публикувани од Б. Драгојевиќ-Јосифовска "и во оваа прилика нема потреба

да се задржуваме на нив. Гробната,конструкција.која што.била изградена од

нив била оштетена при поставување на водовод во 1970 година и потоа затрупана. Затоа горната плоча беше искршена на J/3 страна а гробот исполнет со земја. Неговата содржина беше делумно растурена, и во него беа пронајдени тегули од дното, растурени коски и фрагменти од стаклени садови. Скелетот припаѓал на возрасна женска индивидуа (заклучок донесен врз основа на остатоците од скелетот, но претежно според гробните прилози). Дното на конструкцијата беше покриено со тегули, од кои три беа во потполност сочувани. Од гробни прилози во конструкцијата беа пронајдени:

- белегзија од гагат, со завршетоци од златни обвивки и уште две асиметрично поставени златни обвивки, на раката на скелетот. Обемот на белегзијата изнесува 8 см. T-1V "Табла IV Гроб 5/79: Сл. 1. Страничните плочи (секундарно употребени ветивни споменици од ІТ

Table IV Tombe 5/79: ph.1. Dalles latérales (monuments votifs d’usage secondaire du Пе siécle de notre ére)
Table IV Tombe 5/79: ph.1. Dalles latérales (monuments votifs d’usage secondaire du Пе siécle de notre ére)

- Ѓердан составен од златни и сини стаклени алчиња поврзани меѓусебно. Закопчувањето се врши со кукичка и алка. Неговата должина изнесуваше 53 см а беше пронајден на вратот на скелетот.

- златен прстен украсен со гранулација, со кружна алка која преоѓа во правоаголна глава поделена на три дела. Главата е украсена помеѓу камењата со по две топчиња а па креавите по три. Средишниот дел е исполнет со темнозелен полублагорден камен а другите два недостасуваат. Прстенот не беше пронајден in situ туку во земјата при чистењето на гробот.

- стаклени фрагменти од кои делумно се успеа да се состави стаклена фиола долга 43,2 см.

Гробна конструкција со сличен накит досега не била пронајдена на територијата на нашата република и тука е првата тешкотија во барањето паралели. Некои елементи во накитот, како што подоцна ќе видиме имаат сличности со наодите од гробот од Добри Дол.13 како што е орнаментирањето на претенот но, со различно решение на главата во нашиот случај. Започнувајќи со белегзијата од гагат и злато, можеме да укажеме на речиси идентичен примерок од Арчар (Ratiaria)14 кој е датиран во периодот помеѓу II и Ш век, но најдоцна до средината на Ш век. Нашата белегзија, меѓутоа, од двете страни на гагатот има поставено по една златна обвивка со дим. 11 односно 26 мм. Овие златни обвивки пе биле поставени за украс, бидејќи се асиметрични во однос на закопчувањето а и меѓусебно се со различна големина. Поголемата обвивка не е ниту украсена со паралелни ребрести линии како останатите. Тие всушност се поставени кога белегзијата на два пати се кршила, за да и ја продолжат употребата.

Ѓерданот нема директни паралели во балканските наоѓалишта. Сепак според квалитетот на изработката и начинот на закопчувањето. би можел да биде датиран во Ш век.

Прстенот, според своите карактристики уптува на едно подоцнежно време. Тој е украсен со гранулација, а начинот кадешто топчестиот орнамент е 3a украс на главата и алката е типичен за првата половина на ју TAF Vineren век.15 Прстенот од Добри Дол со слично орнаментирање датиран е исто така во прек половина на IV век.

" „Последниот наод кој би можел да ни помогне во датирањето на погребувањето е стаклената фиола. Слични примероци од Добри Дол датирани се во првата половина на 1V век. !7 а блиски паралели имаме и со гробот 112 од некрополата во Скупи, кадешто слична фиола е датирана со монета од Константин Велики!“

И покрај тоа што првите два наоди се датирани во Ш век, склони сме датирањето на оваа гробна конструкција да го поставиме во почетокот на IV17 век, пред се заради наоѓањето на прстенот и фиолата, а потоа заради фактот што градењето на гробови со римски стели е карактеристично за периодот од почетокот до средината на IV век, што е и погоре споменато во текстот. Освен тоа укажавме и иа можноста дека белегзијата била во подолга употреба, па сето тоа се совпаѓа со донесениот заклучок околу датирањето.

Гробот 6/79 пронајден е на длабочина од 80 см. Гробот имаше димензии 228 х 120 см и беше со ориентација СН/Ј3. Беше изграден од масивни камени плочи поврзувани со малтер, а дното беше покриено со две сиво-зелени плочи. Гробот припаѓал на возрасна женска индивидуа (заклучок донесен како и во претходниот случај врз основа на скелетните остатоци и се разбира врз основа на гробните прилози).

Гробот содржеше:

- керамичен сад со две рачки од кафеава глина, премачкан со маслинесто-зелена глеѓ. Телото е ребрасто профилирано во горниот дел. Садот беше пронајден кај стопалата на скелетот во јз агол на гробот. Висината на садот изнесува 23,5 см.

- златен прстен украсен со гранулација по целата должина на алката и главата која има овална форма. На двете страни на главата се наоѓаат по две покрупни топчиња. Во средината се вметната темно тиркизна гема со грчки текст. Прстенот е пронајден на левата рака на скелетот.

– ѓердан составен од златни синџирчиња во вид на осмици, поврзани со полигонални камења со светлозелена непроцирна боја смарагд или (хризопрас?) и мали полжавчиња кои на едно место се заменети со сино монистро. Г ерданот е долг 46 см. Закопчувањето е во вид на кука и алка. Истиот беше пронајден на"вратот на скелетот.

- осум бронзени монети (средна бронза) во самиот јз агол.

- повеќе фрагменти од стаклени садови во пределот на рацете.

Датирањето на ова погребување не претставуваше проблем со оглед на наоѓањето на монети во гробот. Меѓутоа, пред да ги разгледаме нив, интересно би било да се задржиме на накитот и керамиката.

Глеѓосаната керамика во Скупи, нашата најблиска паралела, е мошне ретка или воопшто ја нема. Единствениот познат досега примерок потекнува од с. Побужје.19 И во кумановскиот регион ова е прв ваков примерок, што значи дека подунавските глеѓосани вази сепак нашле пат до југ. Глеѓосаната керамика се јавува во Ш-ТУ век, а нашиот примерок најверојатно му22 припаѓа на IV век.

Прстенот по формата и начинот на украсувањето е сличен на примерокот од Добри Дол, кој е споменат погоре. Исто така ром на примерокот од Јамбол (Бугарија) според украсувањето на главата И двата споменати прстени се датираат во првата половина на ју век. Примерокот од Дрезга е вонредно интересен, бидејќи во средината на прстенот е поставена темонзелена непрозирна гема со врежан текст на грчки јазик: СТАВАМОУ НИКОЛА-ОУ= или Никола (син) на Силван. Веднаш паѓа в очи генитивската форма сосема наместо употребена, наспроти номинативската NIKOAAOY® која е латинска а овде е транскрибирана на грчки. Инаку, овој тип на прстени, со ваков начин на украсување има потекло од Ориентот и ги продолжува традициите на доцнохеленистичките форми. Квалитетните примероци, каков што е нашиот, имаат вметнато благороден или полублагороден камен а оние со послаб квалитет најчесто се украсени со стаклена паста.

Од накитот од гробот останува да се разгледа уште ѓерданот. Слични примероци познати се од оставата во Николаево “", но само според бојата и обликот на благородните камења, додека решението на златните делови кои ги поврзуваат камењата е во форма на ас рани јазел. Исто така блиски паралели постојат и со ѓерданот on Сирија Сите овие примероци израбо- . тени се од злато и смарагди и се датираат во III век. Иако нашиот примерок се разликува пред cé во решението на златниот синџир, ова датирање би било прифатливо и за него.

На крајот остануваат да бидат разгледани монстите кои им припаѓаат на императорите Максимин, Лициниј и Константин Велики.23 заради кои и датирањето на оваа конструкција може да се прецизира во првата четвртина "Табла У Гроб 5/79 Сл. 1, 2. Фрагменти од вотивни плочи од И век н.е. кои ја затвараат гробната конструкција (од јужната и западната страна)

Table Y Tombe 5/79: ph.1, 2. Fragments де dalles votives du Пе siécle de notre еге qui ferment la construction tombale
Table Y Tombe 5/79: ph.1, 2. Fragments де dalles votives du Пе siécle de notre еге qui ferment la construction tombale

Последната група гробови истражени во 1978/1979 година ја сочинуваат гробови во вид на циста, градени од тегули. Овде припаѓа гробот 2/1978 со ориентација И/З откриен на длабочина од 50 см и со сочувани димензии: 124 х 46 см. Гробот немаше никакви прилози а и скелетот заради оштетеноста на конструкцијата беше мошне фрагментарно сочуван. Затоа сме склони при датирањето да побараме паралели во најблиската некропола, во Скупи, каде што ваквите гробови се датирани со монети од Кар и Константин, но најчесто со примероци од крајот на IV век.. ** што би можело да послужи и при ова датирање.

Другиот гроб, 7/1979 со ориентација И/З пронајден е на длабочина од 70 см со димензии 190 х 115 см. а конструкцијата од тегули 180 х 72 см. Цистата е градена од тегули покриена со камени плочи секундарно употребени, бидејќи во едната од плочите има правоаголен отвор длабок 20 cm H најверојатно претставува база во која бил вметнат дрвен дирек. Склететот беше прилично добро сочуван и припаѓал на машка индивидуа заклучувајќи според наодот на сребрена игла во форма на секира во пределот меѓу рамото и вратот. За неа пе успеавме да најдеме поблиски аналогии, но според типот на конструкцијата, склони сме оваа гробна конструкција да ја датираме во 1V век.

Се разбира малкуте истражени гробови пе дозволуваат донесување 11a некои поголеми заклучоци за некрополата во Дрезга. Пред се бројните паралели со некрополата во Скупи, не мислиме дека се само совпаѓање, бидејќи идентичноста на наодите во еден поширок временски период упатува и на територијално единство на овие области. Златните аплики од I век це. "укажуваат на потполно неримски традиции во овие краеви, за кои подоцна ќе стане збор. Златниот накит од LL - |У век по своите карактеристики пак. е типично римски, се разбира со некои локални приспособувања. Всушност во овој период балканските провинции живеат живот на материјална благосостојба. а наодите што ја карактеризираат се само одраз на таа благосостојба. Но и во материјалната култура има пробиви на варварски влијанија, што покажува металот, особено бронзата, 7°, од IV век, што се поврзува со населувањето на 300.000 Сармати 334 г. на териториите на провинциите Македонија, "Тракија и Скитија.

Презентирањето на оваа материја заслужува внимание заради значењето на материјалот а и заради комплексноста на проблемот и просторот. Во текот на последната деценија сознанијата од областа на историјата, археологијата и ономастиката дадоа значајни резултати за северно-македонскиот простор.

Долго време областа на Скопско-кумановскиот басен заради припадноста во римско време на провинцијата Горна Мезија, не била разгледувана од аспект на хеленизираноста на овие простори. Со откривањето на гробот од Жданец,27 а особено со поновите проучувања на овој регион, се констатира постоење на хеленски и ранохеленистички елементи во наодите на материјалната култура.28 Новите претпоставки овозможија отфрлање на можноста, Трибалите и Дарданците да биле населувачи на овој простор во периодот до ју век од ст.е, и поставување на пајонскиот етнос во центарот на вниманието, а со нив и делот од пајонската популација — Агријаните.29 Хеленските и хеленистички елементи и влијанија во наодите во Скопско- -кумановскиот регион кои се врзуваат за хеленскиот југ, покажуваат дека во периодот до крајот на IV век од ст. е. или до почетокот на Ш век ст.е. овие области биле ph.2a. Détail; ph.3. Fiole: ph.4. Bague d’or avec granulation

Табла VI Гроб 5/79: Сл. 1. Гердан од златни и стаклени алчиња; Сл. 2. Белегзија од гагат и злато; Сл. 2a. Детал, Сл. 3. фиола; Са. 4. Златен прстен со гранулација Сл. 2a. Детал, Сл. 3. фиола; Са. 4. Златен прстен со гранулација Table VI Tombe 5/79: p
Табла VI Гроб 5/79: Сл. 1. Гердан од златни и стаклени алчиња; Сл. 2. Белегзија од гагат и злато; Сл. 2a. Детал, Сл. 3. фиола; Са. 4. Златен прстен со гранулација Сл. 2a. Детал, Сл. 3. фиола; Са. 4. Златен прстен со гранулација Table VI Tombe 5/79: ph.1. Collier de pettis anneaux еп or et en verre; ph.2. Bracelet де jais et дог:
Table УП Tombe 6/79; ph.1. Collier avec des pierresprécieuses polygonales; ph.2. Bague d’or avec gemme, avec un texte en grec; ph.3. Monnaies en bronze; ph.4. Vase de céramique vernic.
Table УП Tombe 6/79; ph.1. Collier avec des pierresprécieuses polygonales; ph.2. Bague d’or avec gemme, avec un texte en grec; ph.3. Monnaies en bronze; ph.4. Vase de céramique vernic.

Та6ѕа VII Гроб 6/79: Сл. 1. Гердан со полигонални благородни камења:Сл. 2. Златен прстен со гема со грчки текст; Сл. 3. Бронзени нари; Сл. 4. Керамичен глеѓосан сад етничка и политичка целина со голем дел од денешната територија на ср Македонија.

Златните аплики и амблеми кои во некрополата во Скупи се јавуваат во гробови на автохтоно население се домашен елемент изворно врзан за хеленистичкиот свет, кој во | век н.е. се јавува на средниот и источен Балкан. На овој простор сето тоа е реакција на романизацијата на епихорското население. И начинот на погребување во етажни гробови во некрополата во Скупи е карактеристика на автохтоното население. Елементи што укажуваат на ваков начин на погребување постојат и во кумановскиот регион односно на лок. Дрезга. Овој тип на погребување не е вообичаен за областите јужно од Скопје, иако се јавува со неколку примери во Стоби, како увезена форма од север.30 Погребувањето во етажни гробови по своите особености, упатува на областите на источна Тракија, а тука би можела да стои претпоставката дека овие делувања во начинот на погребувањето дошле и се задржале на агријанска територија, сметајќи ја за изворна-нивната територија околу изворите на Струма од која подоцна се прошириле кон запад:

Освен елементите во материјалната култура кои одат во прилог на претпоставката на значајните културни делувања од југ, и цврстиот отпор на романизацијата кој се огледа во широката распространетост на автохтони елементи, и ономастиката ни помага во донесување на заклучоци, дека имињата на домашното население од Скопското-кумановскиот регион излегуваат од шемата на илирската или трачката припадност. Веќе укажавме на одредени имиња од Скупи (Delus, Dida, Dicconis, Mania, Mescena, Meka, Mestrius, Mestylas, Mucatus, Posis, Sita) за кои аналогии наоѓаме во соседна Македонија, односно Пајонија.31 Подлабоката ономастичка анализа покажува дека слични имиња се среќаваат и во Мала Азија, па потеклото на овие имиња (релативно подалеку на север) се бара освен во пајонскиот и во бригискиот супстрат.35 Имињата на натписите од Кумановско покажуваат голем степен на хеленизација, односно голем дел од имињата се rpura по потекло, а има и келтски и автохтони имиња. Сето тоа покажува дека и во II век од н.е. ниту романизацијата, ниту трацизацијата, ниту илиризацијата не зеле голем замав во овие области, туку напротив како и во материјалната култура основна е поврзаноста со териториите јужно, односно со матичните области во пораните векови. : Сумирајќи ги на крајот сите факти од повеќе научни дисциплини станува јасно дека Скопско-кумановскиот регион, иако по IV век од ст. е. ја менува својата припадност, па им припаѓа прво на Дарданците а подоцна официјално на Римјаните, културно и етнички останува дел со територијата на Македонија, односно Пајонија.

Со наодите од материјалната култура од класичниот и рано-хеленистичкиот период (V-IV) век, во областа на Скопје и Куманово и со ономастичката анализа на овој простор се потврди етничкото и културното единство со долината на Вардар, односно со пајонската заедница.

Затоа заслужува да се потенцира дека горе коментираните области на северно-македонскиот простор и останатите делови на Пајонија во VI-IV век од сте. е биле културно-етничка и политичка целина, организирана на принцип на обединување на пајонските племиња. Во процесот на обединувањето, како одговор на македонската експанзија од VI век од ст.е. сите пајонски племиња, со исклучок на Агријаните, биле заедно здружени. За нивната историја во текот на IV век од ст. е. читаме кај античките автори. Агријаните влегле во составот на пајонската држава најверојатно кон крајот на IV век ст.е. за време на владеењето на Аудолен кога нивното име како племенски организирана целина исчезнува од изворите.

5 И. Микулчит, Скелетни гробови... 93. :

10 1. Mikul&ié, Antitko staklo iz Skupi. - a i ostali makedonski nalazi, Arheoloski vestnik, Acta Archaeologica XXV, 1976, 205, tab. III

Д. Вучковиħ – Тодоровиħ, Римски двојни гроб из Доброг Дола код Скопља, Старинар, VII-VIII, 1 Б. Филов, Римското скровиште од Николаево, Известија на БАД, IV, 1914, 38,40.

15 Вучковиќ - Tonoposuh, Добри Дол... 296.

77 Вучковиќ - Тодоровин, Добри Дол... 295.

18 1. Mikul&ié, Antitko staklo... Tab. VIII, 210 str.

Референца: ROMAN IMPERIAL COINAGE УП.

32 E. Papazoglou, Structures ethnique et sociales dans Ja region centrals des Balkans a Ja lumiere des etudes onomastiques, Actes du VIle. Congrés inter. d,épigraphie Grécque et Latine, 1979, 153-159. 33 Скоро идентични форми на наодите на киликси и скифоси од Костоперска Карпа се среќаваат и на Исар - Марвинци (Соколовска, Исар - Марвинци Таб. I и У) и во керамичните наоди од Кршевица. (Види заб. 28.). Овие керамични садови се датираат во првата пол, на IV век ст.е. (Аполониа, киликс 409 (182) скифос 485 (199).

3 Arr. 1, 5, 6, 8., 14. Diod. XVII, 17.4. Curt. Ruf. IV, 13. :

Илустрациите ги изработила Г. Георгиеска

ELEONORA PETROVA - Skopje

Белешки

  1. Е. Петрова, Еден доцноримски гроб од околината на Куманово, мад 7-8 (1987) 97-108. ↩
  2. Д. Срејовић, Римске некрополе раног царства у Југославији, Старинар XIII-XIV, 1962/3, 80-81; - М. Гарашанин, Разматрања о некрополама типа Мала копашница - Саса, Годишњак ануб и X VI, 1968, 5-34; И. Микулчић, Неилирски елементи међу скупским налазима на прелазу из предримско у римско доба, Сахрањивање код Илира сану VIII, 1979, 245-258. (246). ↩
  3. И. Микулчић, Неилирски елементи... 248-249. ↩
  4. И. Микулчин, Неилирски елементи... 252-254; И. Микулчиќ, Раноримски скелетни гробови из Скупа, Старинар XXIV-XXV, 1973/4 89-102 (93). ↩
  5. И. Микулчић, Скелетни гробови... 93. ↩
  6. М. и Д. Гарашанин, Крст-Таринци, хеленистички гроб под хумком, Археолошки преглед 5, 1963, 60. ↩
  7. Д. Николов - Х. Бујуклиев, Тракијски могилни гробове от Чаталка Старозагорско, Археология 1, 1967, 23. ↩
  8. И. Микулчић, Неилирски елементи... 253. ↩
  9. "Б. Мано - Зиси, Налаз из Текија, 1972, 32-43, 50 и натаму. ↩
  10. I. Mikulčić, Antičko staklo iz Skupi. - a i ostali makedonski nalazi, Arheološki vestnik, Acta Archaeologica XXV, 1976, 205, tab. III ↩
  11. И. Микулчиќ, Доцноримски гробови од Скупи, Год. Збор. на Фил. фак. 26,1974, 111-113. ↩
  12. B. Dragojević - Josifovska, Inscriptions de la Mesie Superieure, VI, 1982, Scupi et la region de Kumanovo, br. 221, 222, 223, 224, 225, 226, 228. ↩
  13. Д. Вучковић - Тодоровић, Римски двојни гроб из Доброг Дола код Скопља, Старинар, VII-VIII, 1958, 296. ↩
  14. Б. Филов, Римското сровиште од Николаево, Известија на БАД, IV, 1914, 38,40. ↩
  15. E. Henkel, Die romischen Fingerringe der Rheinlande, 1915, XIV, 274, 276. ↩
  16. Вучковић - Тодоровић, Добри Дол... 296. ↩
  17. Вучковић - Тодоровић, Добри Дол... 295. ↩
  18. I. Mikulčić, Antičko staklo... Tab. VIII, 210 str. ↩
  19. А. Керамитчиев, Доцно римска гробница од Побужје, Скопско, жа XIII-XIV, 1964, 134-148. А. Димитрова, Златен прстен со машки портрет IV век н.е. од Јамбол, или XXXIII, 1972, 239-242. R.A.Higins, Greek and Roman Jawellery, 1961, 191. ↩
  20. Б. Филов, Николаево... 7 (табла II,4) ↩
  21. Higins, Jewellery... / 57 a / Тоrotoza во Сирија, II - III v., British Museum. ↩
  22. Монетите припаѓаат на императорите Максиминус II Даза (305-311 г.н.е.) Лициниј (307-323 г.н.е.) и Константин I (306-337 г.н.е.). Се работи за редуцирани фолиси кои на реверсот ја имаат честата претстава на Јупитер и текстот IOVI CONSERVATORI. Меѓу наодите најчесто е споменувањето на ковницата во Сисак. На аверсите е редовно претставата на императорот и текстите: GAL VAL MAXIMINVS NOB CAES, IMP CONSTAN TINVS PF AVG, IMP LIC LICINIVS PE AVG. Референца: ROMAN IMPERIAL COINAGE VII. ↩
  23. И. Микулчиќ, ... Доцноримски гробови... 126-128. ↩
  24. Е. Петрова, Доцноримски гроб, Куманово... 106. A. Jovanović, Nakit u Rimskoj Dardaniji, 1978, 56-57. ↩
  25. Euseb. Vita Constantini... 4,6. ↩
  26. В. Соколовска - Р. Пашиќ, Еден гроб од Жданец, Зборник на Арх. Муз 6-7, 1975, 231-243. ↩
  27. В. Соколовска, Исар-Марвинци 1986, 21-30; И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, 1980, 17-34; Б. Георгиевски, Жеглиговски камен /Костоперска карпа, Археолошки преглед, 1987, 1989, 56-58. Наодите од Костоперска карпа кои упатуваат на класичниот период (У-ГУ век ст.е.) всушност претставуваат „карика што недостига“ во наодите од класичниот период и раниот хеленизам на просторот Скопје - Кршевица (И. Микулчин - Б. Јовановин, Опидум код Кршевице, Врањски Гласник бр. 4, 1968, 355-372.). ↩
  28. В. Соколовска, Исар - Марвинци, 22, 1986; V. Sokolovska, Paeonian tribe Agrianes and their relations with Damastion, Archaeologca Iugoslavica (во печат). ↩
  29. И. Микулчић,... Неилирски елементи... 254. ↩
  30. F. Papazoglu, Srednjebalkanska plemena u predrimsko doba, 1969, 178-180. ↩
  31. Од Ш ст.е. Агријаните се јавуваат само како воен контингент. Polyb. II, 65,2. V, 79,6. X, 42, 2. Liv. XXVIII, 5, 12. XVII, 51,5 XVIV, 7, 12. ↩

Résumé

La necropole romaine dans la localite "Drezga", pres de Kumanovo, dans le contexte des nouvelles etudes sur le territoire de la Macedoine du Nord

(RESUME)

Au cours de 1978 et 1979, dans les cadres des fouilles entreprises a Kumanovo en vue de protection, on travailait aussi dans la localité appelée »Drezga“ oi on a constaté l’existence d’une nécropole romaine. Suivant les sépultures étudiées, la hécropole pourrait étre datée dans la période allant du I er siécle avant notre ére au [Ve siécle de notre ére. La richesse des trouvailles tombales et leur variété témoignaient de l’existence probable d’une agglomération urbaine plus importante 4 proximité de cette nécropole.

La région de Kumanovo est trés importante pour l’histoire plus ancienne de Macédoine, bien qu’a Геродие romaine toutes ces contrées entraient, y compris Scupi et ses environs, dans les cadres de la province de Mésie Supérieure. Dans la période classique et hellénistique, ces territories étaient incontestablement liés au Sud hellénistique et étaient habités par une population de Péoniens et d’Agriens, hellénisés jusqu’a un haut degré. Tout cela est visible a Геродие romaine d’aprés la maniére d’ihhumation, dans les éléments de la culture matérielle qui a des caractéristiques typiquement hellénistiques et surtout dans |’anthroponymie de la population qui, à part son appartenance thracienne et illyricnne et son haut degré de romanisation, témoigne qu’il s’agit d’une population surtout autochtone. Les noms des couches autochtones se rattachent aux territoires du Sud, c’est-a-dire a la Macédoine, bien qu’il existe aussi des analogies en Asie Mineure. Tout cela témoigne que dans les pfriodes plus anciennes, le territoire de la Macédoine et celui de la partie méridionale de la Mésie Supérieure constituaient un ensemble ethnique, voire politique, mais qui a été divisé d’une facon artificielle avec l’arrivée