Macedoniae acta archaeologica 14 (1995) · стр. 9–34

Пајонското племе Агријани и врските со Дамастион

Содржина
  1. Скопје
  2. 5. Octodrachme de la tribu des Dertoniens, trouvée près de Štip
  3. BYLAZORA ?
  4. Истар. Отука јасно произлегува дека Трибалите на југ граничеле со
  5. Kutina, Musée National, Belgrade

Веќе неколку децении проблемот на Дамастиоин и неговото монетоковање со несмален интензитет го привлекува вниманието на научните кругови. Во низа капитални дела од историска или археолошка содржина покренувано е и ова прашање. Главно, изнесувани се мислења и предлози околу лоцирањето на овој загадочен град и неговите рудници на сребро, базирани врз толкувањата на податоците од античките пишани извори. врз впечатоците што произлегуваат од теренските истражувања и позицијата на локалитетите каде се откривани дамастионските монети, а понекогаш базирани врз личниот афинитет кон одделни локации кои немаат реална подлога. Меѓутоа, независно од различните мислења за убикацијата на Дамастион, научниците се сложуваат во тоа дека дамастионските монети според стандардот (парична вредност) и стилот во изведбата на претставите се сродни со монетите што ги издавале пајонските владетели Ликеј и Патрај. Оваа констатација, како и резултатите од проучувањата изнесени од одделни научници, го доведуваат проблемот на Дамастион и неговото монетоковање во релација со Пајонија. Заради овие околности и ние би сакале да се осврнеме на ова прашање и да ги презентираме нашите согледувања претежно базирани врз резултатите од поновите археолошки истражувања.

Единствениот податок во античките литерарни извори каде се споменува Дамастион и неговите рудници на сребро зачуван е кај Страбон. Тој гласи: „Над Епидамнос и Аполонија до Керауниските планини живеат Билиони, Тауланти, Партини и Бриги. Некаде во близина се и сребрените рудници на Дамастион, околу кој ја утврдиле својата власт Диести и Енхелеи /Дасарети?/ кои се викаат и Сесарети. Потоа идат Линкестите. Девриопите, триградна Пелагонија, Еордаите, Елимеја и Ератира... Еригон пак, откако ќе прими многу притоки од илирските планини, областа на Линкестите и Пелагоните, се улива во Аксиј“.1 При ваков. во суштина воопштен и недоволно јасен текст, сосема е разбирливо да се прават повеќе комбинации и положбата на Дамастион да се бара на разни локации значително оддалечени една од друга.

Извонредната студија на J. M. F. May, ,,The Coinage of Damastion мислиме дека конечно ги отфрла сите претпоставки околу лоцирањето на Дамастион и неговите рудници на територијата на денешна Албанија.2 Јадранскиот брег и околината на Охридското езеро. ? По сестраната анализа на сите можни податоци, Меј заклучува дека Дамастион треба да се бара значително посеверно отколку е тоа досега правено и како област каде се наоѓал го посочува просторот северозападно од Деуриоп. еден поширок

планински регион кој на запад се граничи со Цри Дрим и Дасаретите, а на север и исток со Дарданците H Пајоните.3 “

Монетите што ги издавал градот Дамастион ковани се во следните типови и вредности: Тетрадрахми - Ав. Глава на Аполон со ловров венец налево: Рѕ. Троножац во вдлабнат квадрат и натпис AAMAXSTINQN.(Liptex 1). Нивната тежина варира од 14.10 до 9.30 гр.4 Драхми - Ав. Глава на женско божество: Рѕ. AAMASTINON и слиток. (Цртеж 2). Тежина 3.09 до 2.45 гр. Тетроболи - Ав. Глава на Аполон со ловров венец налево: Рѕ. ААМАЅТІ-NON, Троножац или пиук (Цртеж 3). Тежина - 2.26 до 1.34 гр.

Илустрација, стр. 10
Илустрација, стр. 10

1. Тетрадрахма на Дамастион, најдена кај 2. Драхма на Дамастион најдена на лок. Кутина, Народен музеј, Белград Кракра кај Перник, Народен музеј Софија 1. Tétradrachme de Damastion, trouvée 2. Drachme de Damastion, trouvée

prés de Kutina, Musée National, Bel- dans la localité Krakra, prés de

grade Pernik, Musée National, Sofia

Врз основа на стандардот и стилот во изведбата на претставите установено е дека дамастионските монети се работени под влијание на монетите што ги издавала Халкидската лига.5 Од друга страна забележано е дека раните дамастионски монети се потешки од монетите на Ликеј, според кое Меј констатира дека Дамастион започнал да кова монети далеку пред Ликеј да дојде на власт. Со други зборови уочено е дека монетоковањето на пајонските владетели всушност стои под влијание на демастионското.6 “ Според развојот на стилот на претставите и тежината, Меј ги разврстува дамастионските монети во десет групи, при што групите од I-V ги датира с. 395-380, групата VI —c. 380-365/60, групата ми - 7c: 365/60-350/45, групите УШ n IX -с. 350/45-330 и групата X - c. 330-325/320.7

Илустрација, стр. 10

на Косово, Музеј на Македонија, музеј, Лондон

Скопје

3. Tétroboke de Damastion, trou- 4. Octodrachme de la tribu des Laeaei, Egypte, British vée en Kosovo; Musée de Macé- Museum, Londres

doine, Skopje

Монети на Дамастион како одделни примероци наоѓани се во Прилеп. Скопје, Кучевиште (кај Скопје), Куманово и Кумановска Бања, во регионот западно од Кратово, кај Врање, потоа на Косово кај Јањево, Призрен, Ѓаковица и Пеќ. Во Софискиот народен музеј се чуваат 11 парчиња најдени на територијата на Бугарија, од кои еден примерок потекнува од оставата од Режанци. Оставата од Кутина кај Лесковац откриена 1923 година. содржела околу 100 парчиња, од кои два примероци доспеале во Народниот музеј во Белград и четири примероци во Беч. Еден примерок од Бања Лука се наоѓа во Земањскиот музеј во Сараево. На територијата на северна Албанија откриени се три примероци кои се чуваат во Скутари. На Јадранскиот брег, кај Cur, најдени се околу 30 парчиња, додека големата остава од 250-300 парчиња откриена во Рисан, содржела две третини дамастионски монети.8 На грчка територија, на островот Крф, најдена е една дамастионска монета, на копното наспроти Крф три примероци, а од Додона потекнува една монета.

Распространетоста на наодите од дамастионските монети покажуваат јасно дека концентрацијата на локалитетите се врзува за регионот на Скопско-кумановскиот басен, за Косово и областа на Јужна Морава. Врз основа на ова согледување. како и фактот дека на овој простор се наоѓани одделни парчиња, притоа главно монети од мали вредности, Меј заклучува дека Скопје се јавува како жариште и центар на комуникационите врски кои сите наоѓалишта на дамастионските монети, а истовремено директно поврзано со југот, од каде доаѓа влијанието во стилот на монетоковањето на градот Дамастиоин.9

Кон проблемот што го покренува Дамастион и неговото монетоковање ние би сакале да се осврнеме од друга гледна точка. Пред се да видиме кон се најстарите монети издавани од одделните племиња, далеку во заднината на Егејскиот брег.

уште J. Н. Своронос во својата публикација ,,L Hellénisme primitif ԁе la Macédoine prouvé par la numismatique“ има констатирано дека сребрените монети, големи парчиња, таканаречени булјони, со тежина од 32,08 и 31,94 гр. и натпис ААІАІ, припаѓаат на пајонското племе Лајаи. На аверсот тие имаат претстава на кола влечена од чифт волови, на која седи возач, а над неа е прикажан шлем со перјан. На реверсот е Пегаз со крила претставен во одење.10 “ (Цртеж 4). За позицијата на Лајаите известени сме добро од Тукидид.11 Тие го населувале просторот по горното течение на Стримон, опфаќајќи ја територијата на Пауталија (Ќустендил). Со иста претстава на аверсот (некаде шлемот е заменет со приказ на сонцето) и три крака на реверсот, откриени се повеќе примероци, чија тежина варира од 41,21 - 34,70 гр. (Цртеж 5). Според натписот AEPPONIKOZ, AEPPONIKON, AEPPONI и АЕРРО, кој ги следи овие монети, Своронос заклучува дека Дероните се пајонско племе кое живеело во соседството со Лајаите, во близина на Дојранското Езеро.12 Според податокот дека неколку примероци се најдени кај Штип, Хамонд ги сместува Дероните значително посеверно, т.е. по средното течение на Брегалница.13 На Лајаите и Дероните се припишуваат повеќе типови монети од помали вредности со различни претстави и симболи што се повторуваат, кои според стилот се врзуваат за еден круг монетоковање.

Што се однесува до датирањето на монетите на Дероните и Лајаите, постарите истражувачи како Геблер и Хид, ги сместуваат во времето од крајот на VI век до 480 год. од ст. е.15 Во поново време Хамонд изнесува мислење дека монетите на Дероните, Лајаите, Сириопајоните и градовите Ихне и Лете временски се совпаѓаат со периодот на пајонската надмоќност, што тој го определува од 540-511 година.16 Целта на ваквото монетоковање не е спорна. Монети со вакви големи вредности не се наменети за локална циркулација, туку за извоз, за што сведочат одделни наоди што ги содржеле оставите откриени во Јордан, Сирија, Египет и Авганистан.17 !7

5. Октодрахма на племето ДЛ. > НН, најдена Кај Штип
5. Октодрахма на племето ДЛ. > НН, најдена Кај Штип

5. Octodrachme de la tribu des Dertoniens, trouvée près de Štip

6. Декадрахма на Еуергетес, најдена во Штип, приватна колекција, Париз 6. Décadrachme d’Euregetes, toruvée 8 Stip, collection privée, Paris
6. Декадрахма на Еуергетес, најдена во Штип, приватна колекција, Париз 6. Décadrachme d’Euregetes, toruvée 8 Stip, collection privée, Paris

Во ова време се јавува име на владетелот EYEPΓETE кое се чита на една монета со голема тежина најдена во Штип. Аверсот и реверсот содржат исти претстави како гореопишаните булјони на Дероните.18 (Цртеж 6). Своронос, кој ја објавува монетата, Euergetes ro смета за крал на Дероните. "“ Судејќи според содржината и стилот на претставите, Еуергетес треба да го сметаме како најстар познат по име пајонски владетел,19 кој временски припаѓа на периодот на пајонската надмоќност. На истото време секако се однесуваат и монетите врз кои се испишани имиња EKΓO/ПОУ/ и ЕХ, што се сметаат за кратенки од имиња на пајонски владетели. За нешто подоцнежно време се врзува името ДОКИ?МО“/зачувано на монети од мали вредности (тетроболи и диоболи), со претстава на клекнато говедо на аверсот и шлем со перјан на реверсот, (Цртеж 7).2920 Своронос и Хамонд, Доким го сметаат за крал на Дероните кој ги експлоатирал сребрените рудници кај Кратово по 480 година.21 Во еден гроб од „Горно Поле“ - Караорман, најден е тетробол со исти претстави, само без натпис.22 Една тетрадрахма со тежина од 12,71 гр. откриена кај Ќустендил, има претстава на шлем со перјан на аверсот и клекнато говедо врз кое се чита ВАЅТАРЕО® на реверсот (Цртеж 8).23 Хамонд смета дека Бастареј е крал на Лајаите кој ги користел сребрените рудници кај Ќустендил с. 465 година.24 Како аргумент за лајајска припадност на Бастареј тој се повикува на местото каде е монетата најдена, како и името на еден град, кастел Basteira, кој се наоѓа во Тракија.25

Илустрација, стр. 13
Илустрација, стр. 13

Тѕ Драхма на Докимос, Британски му- 8. Дидрахма на Бастареос, најдена кај зеј, Лондон : . Ќустендил, Париз

7. Drachme de Dokimos, British Mu- 8. Didrachme de Bastareos, trouvée prés seum, Londres de Kustendil, Paris

Овие податоци за пајонското монетоковање драгоцени се од повеќе аспекти. Јасно е дека во основа појавата на монетоковање стои во тесна врска со природните ресурси на минерали за експлоатација на племенити метали. Богатството на Пајонија со сребро и злато познато е од античките писатели. Кратовско-злетовската рудоносна област, како и богатите лежишта кај устендил експлоатирани се уште во VI век од ст. е. За тоа сведочат монетите на Дероните, Лајаите и нивните владетели откривани на овој простор. Рудните лежишта на Дисорон, кај Лете и Нигрита, како и познатата рудоносна Пангејска област користени се од тракиските и пајонските племиња, за да подоцна преминат во рацете на македонските владетели.

Зачудува фактот дека вакви монети, вонредни по стил, содржина и техника на ковање се јавуваат далеку во внатрешноста, знатно одалечени од Егејскиот брег и грчките градови - колонии. Но, во исто време покажуваат добро познавање ua Texnonogyjara во обработката на рудата, техниката на монетоковањето, свесна потреба за ковање монети наменети за трговија. што значи, една висока општествена култура која се јавува како последица од контактите со југот.

Со навлегувањето на Персијанците во Европа 511 година замира трговијата со Егејскиот брег и згаснува сјајниот период на монетоковањето на Дероните и Лајаите. За Лајаите Ке слушнеме уште еднаш значително подоцна, во врска со походот на тракискиот крал Ситалк на Македонија во 429 година од ст. е. Нешто по овој настан се чини дека нивната територија е приклучена кон Агријаните со кои биле во непосредно соседство. Судејќи според натписот ΔΕΡΡΩΝΑΙΟΣ од монетите на Ликпеј може да се заклучи дека Дероните се присоединети кон Тукидидовите „независни Пајони“, чија "еритирија започнувала од реката Стримон кон запад и дека веќе во тоа време ретставувала целина со централното пајонско подрачје, оди. со Повардар-

Се смета дека монетоковањето на Дероните и Лајаите во помали редности траело до 500 година. Градот Ихне, еден од моќните пајонски ентри на брегот на Термајскиот залив, со потпаѓањето под Македонија во ‘09 година престанал да издава монети.26 29 °

Ѕа нас се од посебен интерес и значење појавата на пајонски владетели зака рано - уште во текот на втората половина од VI uw првата половина на У век. кои издавале монети во свое име. Ако се Euergetes, Ekgonos, Ех... и Doki/?mos/ деронски кралеви, а Bastares лајајски. тоа значи дека тие имале веќе цврста племенска организација. Оваа констатација се однесува и за Агријаните. додуша за повеќе од еден век подоцна, според нашите сегашни знаења. Меѓутоа. за втората половина на У век и првите децении на ГУ27 век од ст. е. кај античките писатели нема податоци за пајонски кралеви. ниту пак имаме потврда за монетоковање од било каков вид. Се чини дека во ова време интересот на одделни пајонски племиња е свртен кон обединување во една политичка организација, која подоцна. во текот на LV век. како што знаеме. ќе игра значајна улога во меѓународните односи во овој дел од Балканот.28 „а Околу 510-505 година Македонците ја имаат окупирано Амфакситида вклучувајќи ја Пела и Ихне, како и Термајскиот залив. По 480 година ја завземаат Мигдонија, Крестонија и Бизалтија, како и западниот дел на долнострумскиот базен.29 Во 429 година Македонците се низ Вардар до Еидомене, 10 Валандовската котлина е cé уште во составот на Пајонија.30 Немирните времиња и пестабилната ситуација во текот на првата половина од IV век не ни даваат за право северната граница на Македонија да ја поставиме кај Демир Капија пред Филип Ил. Растечката моќ на Македонија секако го убзрала процесот на обединувањето на пајонските племиња. Само Агријаните, најсеверното пајонско племе, ќе ја задржат својата самостојност уште долго време.

За првиот пајонски владетел кого античките писитечи, го споменуваат - Агис. дознаваме дека умрел кога Филип II доаѓа на власт.31 Агис не издавал монети во свое име. барем досега не се откриени. Неговиот наследник. кралот Ликејос (е. 359-335), ковал сребрени тетрадрахми, драхми и тетроболи според намален феникиски стандард. Првите имаат за претстава глава на Аполон со ловров венец на аверсот, а на реверсот Херакле во борба со лав и околу патпис ΛΥΚΚΕΙΟΥ (Цртеж 9). Еден тип од овие монети со иста претстава содржи натпис AEPPONAIO®. Со иста претстава на реверсот се јавуваат неколку типови. кои на аверсот имаат глава на Зевс или лик на самиот крал. Меѓу драхмите застапени се неколку типа кои на аверсот имаат глава на младич, а на реверсот коњ32 или лав. Тетроболите на аверсот имаат за претстава лик на кралот. а на реверсот коњ.

9. Тетрадрахма на Ликејос, Музеј на 10. Драхма на Патраос. најдена во Демир Капија. Македонија, Скопје Музеј на Македонија, Скопје
9. Тетрадрахма на Ликејос, Музеј на 10. Драхма на Патраос. најдена во Демир Капија. Македонија, Скопје Музеј на Македонија, Скопје

Tétradrachme де Lykkeios, Musée 10. Drachme de Patraos, trouvée a Demir Kapja.

Кралот Патраос (с. 335-315) издавал исто така сребрени тетрадрахми, драхми и тетроболи според намален феникиски стандард. Тетрадрахмите на аверсот имаат лик на кралот, а на реверсот коњаник прикажан како со копје прободува соборен непријател и натпис ΠΑΤΡΑΟΥ . Друга варијанта, со иста претстава на реверсот, на аверсот има глава на Аполон. Кај драхмите најчести претстави се глава на младич или лик на кралот на аверсот, а на реверсот преден дел од дива свиња придружен со натпис ΠΑΤΡΑΟΥ (Цртеж 10). Тетроболите содржат иста претстава на аверсот, додека на реверсот е прикажан орел.33

Во првиот период на своето монетоковање, Ауделеон издавал тетрадрахми, драхми и тетроболи според намален феникиски стандард.34 Најчестите типови имаат на аверсот глава на Атена со шлем, а на реверсот коњ, монограми и симболи и натпис AYAQAEONTOZ® (Цртеж 11). Аудолеон владеел од с. 315-286 година. Во 306 година, кога по примерот на дијадосите ја зема титулата басилеос, започнува да издава монети на аверсот со претстава на Херакле во лавовска кожа, а-на реверсот Зевс седнат на престол со орел и скиптар и натпис AYASAEONTOZ BAZIAEQZ2. Во овој период монетите се ковани според атичкиот стандард.

Илустрација, стр. 15

11. Драхма на Аудолеон, најдена во 12. Бронзена монета на Леон, Лондон Скопје, Музеј на Македонија, Скопје : 11, Drachme бо Pateaos, оште 4 12. Monnaie en bronze де Léon, Londres

Skopje, Musée de Macedoine,

Skopje И

Кралот Леон, син на Аудолеон, издавал бронзени монети со претстава на Дионис на аверсот35 и преден дел од легнат лав и натпис [BJATIAEQS[AJE-ONTOZ на реверсот. (Цртеж 12). ќ

Ќе споменеме “уште една бронзена монета која на аверсот има глава на Зевс, а на реверсот крилата молња и натпис ΠΑΙΟΝΩΝ (Цртеж 13). Монетата се датира околу 187 година од ст. е. Врз база на монограмот кој се наоѓал на реверсот, извесни научници сметаат дека се работи за монета на последниот пајонски владетел Дропион, додека други ја сметаат како монета на пајонската област Доберос.36

Кога се има предвид овој вакуум од стотина години на пајонското монетоковање од Доким до Ликеј, се наметнуваат прашањата како да се објасни издавањето на дамастионските монети во самиот почеток на IV век, нивното присуство на централнобалканскиот простор и кои се тие народи што ги користеле?

Од античките извори е познато дека Мендејците заедно со бегалците од Егина во 423 година во Илирија го основале градот Дамастион.37 Сребрените рудници кои се споменуваат во напред цитираниот цитат на Страбон, се наоѓаат во негова близина. Не можеме да се оттргнеме од впечатокот и затоа заклучуваме дека дамастионските лежишта на сребрена руда морале да бидат извонредно богати за да го привлечат вниманието на жителите на еден егејски град и да оттаму се преселат далеку во внатрешноста на Балканот. Тоа го докажува интензивното ковање на Дамастион за еден релативно кус период од околу 75 години, како и бројката од 111 аверси и 183 реверси до сега откриени.38 Дамастионската ковница ги опслужувала потребите на соседните градови Пелагија, Сарноа, Дапарија, племето Тенестини, како и локалните владетели Никарх и Симон кои издавале монети во свое име.

Положбата на Дамастион сметаме дека е пооправдано да се бара но попристапен регион, блиску до главните комуникации, а не во една област непријатна за живот каква што е заднината на Деуриоп. Посматрано од археолошка гледна точка треба да очекуваме дека развиеното монетоковање на Дамастион и соседните градови, кое во прв ред, како што е веќе истакнато од страна на истражувачите, имало за цел трговија со овој племенит метал за кој постоела голема побарувачка, морало да остави значителни траги во економскиот живот на околината, а тоа значи појава на низа оформени населби од развиен тип, присуство на предмети од поголема вредност, развиени стопански гранки, со други зборови, едно повисоко културно ниво на живеење. Но, да се осврнеме најпрвин на прашањето кои се тие народи што го населувале просторот каде се наоѓани дамастионски монети.

Меј има убедливо покажано дека скопската област треба да се смета како средиште на дамастионското монетоковање, како центар на комуникации, од една страна поврзана со југот од каде доаѓа влијанието во стилот на монетоковањето, а од друга страна поврзана со североисток и со запад, значи со регионите каде се откриени поголеми остави. Најбројни одделни наоди потекнуваат од просторот на Скопско-кумановскиот басен, регионот западно од Кратово, областа на Јужна Морава и Косово, кои се скоро без исклучок монети од помали вредности. Оваа околност покажува дека монетите биле во промет на овој простор, додека за извоз се користени монети од големи вредности. Во текот на IV век, во времето кога се издавани дамастионските монети овој простор го населувало пајонското племе Агријани. Во натамошното излагање, со помош на податоците сочувани кај античките писатели, ќе се обидеме да ја покажеме исправноста на нашата констатација.

Племето Агријани за прв пат се споменува кај Тукидид. Кога зборуда за походот на тракискиот крал Ситалк на Македонија во 429 година од ст. е. Тукидид соопштува дека во тоа време одридскиот крал владеел над Агријаните, Лајаите и над некои други пајонски племиња. Тие биле крајните народи до каде се простирала неговата власт. Како западна граница ја посочува реката Стримон, која извира од планината Скомбр и тече преку земјата на Агријаните и Лајаите, од каде започнува земјата на независните Пајони.39

Во овој текст на Тукидид земен според Сод. С е забележано името Агријани, додека другите ракописи содржат име на племето Грааи. А. Фол со право истакнува дека Сод. С брише едно племе кое можеби навистина постоело.40 Меѓутоа, во друг цитат, кога ја определува положбата на Бизалтите, Страбон ја споменува плодната долина низ која тече реката Стримон, која извира од областа на родопските Агријани.41 “" Овој податок не остава место за сомневање дека Агријаните се врзуваат за горниот тек на Стримон. Овој текст најверојатно се однесува на нешто подоцнежно време, според кое треба да се заклучи дека Агријаните веќе го присоединиле просторот на Грааите и Лајаите, така што подоцна целото горно течение на Стримон фигурира како агријанско. CARTE 1 LES TRIBUS PEONIENNES ET LES TRIBUS DE LEUR VOISINAGE DE L’ANNEE 550 ENVIRON JUSQU’A L’ ANNEE 429 ENVIRON AVANT NOTRE ERE

Илустрација, стр. 17

КРАТОВО

ка злетово

Бу Кеј

p KON AHH

кеј Е

WwW Cuer

БРАН ф крушево Been Ne

КАПИЈА ја

Илустрација, стр. 17
Илустрација, стр. 18

CARTE 2 LA PEONIE ET LES AGRIENS A L’EPOQUE DE PHILIPPE Il ET D’ALEXANDRE III

ko HTROBHYA

x

BYLAZORA ?

ARGOS ќ T A | NEAPQIS ЦЕР oN STENAI 5 Pon АГРИЈАНИ “es ° panguaono канли о|о ООВЕВО ALKOMENAI ДАРДАНЦИ ДОЈРАН ЕЗЕРО HERACLEIA 8 H A Повеќето од научниците сметаат дека Александар III на враќање од Дунав, по завршениот поход на Трибалите од 335 година, кога поминал низ земјата на Агријаните и Пајоните, како што соопштува Аријан,42 “? го одбрал источниот пат. Со други зборови, тој се движел по долината на Искар и горниот тек на Струма и преку Ќустендил излегол во денешна Источна Македонија, одн. во Пајонија. Ова е најверојатно така. Кога на Александар му стигнала веста дека Автаријатите се спремаат да го нападнат, тој можеби се наоѓал во земјата на Агријаните (некаде во Софиското поле), од каде Лангар можел лесно и брзо да продре во нивната земја во Поморавјето и да ги разбие и смири. Аријан не соопштува каде се наоѓал Александар кога слушнал дека Автаријатите имаат намера да го нападнат. Папазоглу помислува дека тоа можело да се случи додека Александар бил во земјата на :Агријаните, но исто така и во земјата на Пајоните, бидејќи Лангар се наоѓал во негова придружба на можел да се наоѓа и надвор од својата земја.43 * Меѓутоа, нам ни се чини дека на еден друг момент не му е обрнато потребното внимание. Како што Аријан вели, на Александар му е соопштено дека Автаријатите се спремаат да го нападнат „на поминување“. Овој податок не наведува на помисла дека во тој момент Александар се уште не бил стигнат до онаа точка која е најблиска до територијата на Автаријатите. Според тоа испаѓа дека Александар се наоѓал значително посеверно и дека Лангар бил во негова придружба надвор од својата земја, но и вон Пајонија. Во колку Александар се наоѓал во земјата на Агријаните или во Пајонија, тогаш Автаријатите би требало прво да се сукобат со Агријаните, односно, со Пајоните, како би можело да го нападнат Александар и неговата војска „на поминување“. Во тој случај Лангар би требало да ја брани својата земја во прв ред. Според тоа, ни изгледа поверојатно дека веста за нападот на Автаријатите го стигнала Александар некаде посеверно од Софиското поле. На овој начин, мислењето на Полашек дека Автаријатите се наоѓале во 335 година недалеку од (средниот?) Искер44 “" се сложува со нашето мислење. Податокот кај Аријан, дека Александар на враќање од Дунав поминал преку земјата на Агријаните и на Пајоните и дека таму му стигнала веста дека Автаријатите се спремаат да го нападнат, не би требало да се сфати буквално. Во времето кога Аријан пишувал, најверојатно немал доволно јасна претстава каде се наоѓал Александар кога слушнал за намерата на Автаријатите.

Од наша гледна точка овие податоци се важни затоа што покажуваат дека Автаријатите во 335 година биле соседи иа Агријаните. По општото уверување, тоа е просторот на горниот тек на Стримон што го населувале Агријаните, а северно и северозападно од тој простор се наоѓале Автаријатите. Овој податок се поврзува со прашањето до каде на запад се простирале Агријаните. На ова прашање мислиме дека можат да дадат одговор други податоци од античките извори.

Како што е познато, Херодот соопштува дека реката Ангрос, која извира од илирската земја се лива во трибалската равница во реката Бронгос, а Бронгос во Истар.45 “" Макар што во науката постојат извесни - неслагања околу определувањето на трибалската равница, мислиме дека во случајов е јасно дека се работи за долината на Велика Морава. Овој Херодотов податок треба да се доведе во врска со податокот што го среќаваме кај Страбон, кој соопштува дека „Автаријатите едно време ги покориле Трибалите кои се простирале на 15 дена пат од Агријаните до

Истар. Отука јасно произлегува дека Трибалите на југ граничеле со

Аг ријаните. Јасно е исто така дека податокот се одисува на постаро време, оди. на подалечно минато. Прашање е од кои Агријани се зема појдовната точка за определување а територијата што ја зафаќале „едно време“ Трибалите, да ли од Агријаните кои се лоцирани по горниот тек на Струма или од Агријаните западно од нив? Склони сме овој податок да го поврземе со овие „западни“ Агријани, значи оние што се простиле приближно на југ од Грделичката Клисура. оди. во регионот ua Јужна Морава. На овој начии станува логична нивната поврзаност со Поморавјето и „трибалската рамница“. За присуството на Автаријатите во Поморавјето знаеме сигурно. Пат од 15 дена одење мислиме дека повеќе одговара на растојанието од Грделица до Дунав. отколку од Софиското поле до Дунав. Затоа Страбон вели дека Стримон извира од областа на „родопските Агријани“ како да сака да каже дека постојат и други Агријани кои не се родопски.

Во еден друг цитат Страбон споменува дека не само Стримон, туку и Аксиос извира од областа на Агријаните. * 7 Не сме во состојба да судиме колку е овој податок веродостоен. Меѓутоа пак кај Страбон читаме: Бесите граничат со Родопите, со Пајоните и со илирските Автаријати и Дарданци. Меѓу нив и Ардиеите идат Дасаретите и Агријаните46.48 Овој текст, макар што е недоволно јасен, за нас е од значење што Дасаретите ги доведува во релација со Агријаните. Кога знаеме дека Дасаретите живееле западно од Охридското Езеро. а подоцна и во Охридско - струшкиот регион. врската со Агријаните можеме да ја најдеме само преку Црн Дрим во правец на Полозите каде извира Вардар.

Од изложеното произлегува дека Агријаните во времето на раната антика на исток го населувале горното течение на Струма, кон запад го опфаќале регионот на Јужна Морава и Косово, а на југ Скопско-кумановската област и Тетовско-гостиварските Полози. За оправданоста на вака големиот простор што им го припишуваме на Агријаните, покрај наведеното. зборуваат и некои индиректни податоци што ги наоѓаме во античките извори. Во походот на Александар Ш против Трибалите во 335 година учеството на агријанските аконтисти е забележително.49 Знаеме исто50 така дека Агријаните имале значајна улога во Александровиот поход на Исток. Епизодата со Лангар која се одиграла по завршениот "Трибалски поход зборува дека агријанскиот владетел уживал значителен углед, тој одржувал добри односи со Александар уште додека Филип бил жив, а за услугата што му ја направил смирувајќи ги Автаријатите, „Александар богато го наградил и му ја ветил својата сестра Кина за жена.51 Кога во 323 година е извршена поделбата на Александровото царство, земјите од онаа страна на Тракија се до Илирите, Трибалите и Агријаните доделени се на Кратер и Антипатар.52 Во овој податок наведени се големите групи на народи - Илирите и Трибалите, што покажува дека и Агријаните биле бројно и моќно племе.

Следните неколку податоци се однесуваат на периодот по смртта на Александар, одн. на времето на Аудолеон. Во еден кус цитат Страбон соопштува дека Пајонија на север се граничела со Автаријатите и со Дарданците.53 Пак од Страбон дознавме дека Пајонија се граничи со Автаријатите, Дарданците и Ардиеите.54 Околу 310 година се одиграл оној познат настан кога Автаријатите заради природните непогоди што ја зафатиле "нивната земја, извршиле притисок врз Пајонија. Тогаш Касандар му притекнал на помош на Аудолеон со тоа што дозволил 20.000 Автариј ати да се населат под планината Орбел, на крајната граница на Македонија.55 Познато е исто така дека со продирањето на Автаријатите кои Поморавјето и потиснувањето на Трибалите, тие стануваат северни соседи на Агријаните. Меѓутоа, во 310 година Автаријатите вршат притисок врз Пајоните и Аудолеон е тој што се наоѓа во неволја, а не некој агријански владетел. Оттука се наметнува заклучокот дека Аудолеон ја приклучил територијата на Агријаните кон Пајонија. Затоа кај Страбон Автаријатите фигурираат како северни соседи на Пајониоја. Се смета дека Аудолеон доаѓа на пајонскиот престол во с. 315 година. Приближно тоа е дата која се совпаѓа со крајот на монетоковањето на Дамастион. На ова прашање ќе се вратиме нешто подоцна.

По смртта на Александар и враќањето на неговата војска од Азија, еден подолг временски период за Агријаните не среќаваме податоци кај античките писатели. Во Ш век од ст. е. се споменуваат како наемници во војската на Птолемеите и Селеукидите.56 Од времето на Антигон Дозон повторно ги среќаваме како контингент во македонската војска. Нивниот последен помен е врзан за 169 година од ст. е., кога во одбраната на Касандреја учествувале 800 Агријани.57

Овие податоци не го негираат нашето мислење за приклучувањето на Агријаните и нивната територија кон Пајонија за време на Аудолеон. Агријаните служат како наемници во македонската војска, а спомнувањето на нивниот етникон е само потврда за некогашната слава и значење што се сочувани и до ова време.

Да се осврнеме на археолошките податоци кои се врзуваат за просторот што го имаме определено како агријански. По студиозното излагање на резултатите од ископувањата на Карагач, Драгослав Срејовиќ заклучува дека областа на Косово, регионот на Јужна Морава и Скопскиот басен, во времето од VII до IV век од ст. е. претставува една културна целина. За ова време се врзува појавата на фортифицирани населби, појавата на сива локална керамика работена на грнчарско колце со хеленизирани форми (скифоси, кантароси, купи, паници) и појавата на импортирана грчка керамика од антички тип во стил на црвени фигури. Покрај Карагач, како што забележува Срејовиќ, овие манифестации присутни се и на Гадимље, Широко и Церница, во Кршевица кај Врање, Ораовица кај Прешево, во Кумановско кај Липково и Пелинце, а во скопскиот басен на Градиштата кај Бразда, Орман, Кале, Нерези, Студеничани, Варвара и др.58

Растко Васиќ од своја страна, овој простор го определува како една културна група која на запад се граничи со гласиначката култура, а на исток со Цепина група, вклучувајќи ја на југ Скопско-кумановската област. Покрај претходно споменатите локалитети, во оваа група се вклучени и низа други: Белаќевац, Горње Гадимље, Јањево, Маќедонци, Горња Љубата, Лапотница, Доња Топоница и др.59

Овие констатации на нашите еминентни археолози се совпаѓаат со просторот што ние го имаме определено како агријански. Од крајот на Уи низ текот на ју век, кога на овој простор започнуваат грчките влијанија, археолошките истражувања покажаа висок степен на хеленизација. На исток, во Пернишко-радомирскиот регион доминирала утврдената населба на ридот Кракра кај Перник. Архитектонските објекти - бедеми и згради, одразуваат силно медитеранско влијание. Градени се од прецизно делкани блокови во техника на барботин и анатироза.60 Истата техника и прецизност во градбата ја среќаваме на неодамна откриената владетелска гробница на Градиште-Бразда, недалеку од Скопје, како и на гробницата во Тетово, во која е најдена познатата бронзана статуета на Менада.61 На Градиште-Бразда и другите населби во регионот на Скопје извесни елементи укажуваат на богата архитектонска декорација на станбените објекти, а можеби и светилишта. Импортот од југ не е за запоставување. Да ја споменеме надгробната стела од атички тип најдена на Скопското Кале. како и сребрениот накит, сребрените садчиња и железниот меч од гробот на Жданец во Скопје. Присуството на грчката керамика во стил на црвени фигури е забележително. Откриена е на сите истражувани локалитети на просторот што го имаме дефинирано како агријански.62 На север. во јужното Поморавје. се чини дека доминирала населбата на Кале-Кршевица кај Врање. Како што истакнува Иван Микулчиќ, техничкото ниво на плански изведената архитектура укажува на порачка на некој локален басилеј, како и на знатно хеленизирана средина.63 > Културните манифестации сместени во едно ограничено хронолошко раздобје, адекватни се на појавите што ги среќаваме во Повардарјето и Пелагонија.

Археолошките истражувања на одделни локалитети ја потврдуваат рударската активност во ова време. Почнувајќи од крајниот југ со Вардарскиот Рид кај Гевгелија, па преку Исар-Марвинци кај Валандово, потоа Градиште-Бразда кај Скопје до Кале-Кршевица кај Врање, на сите населби откриени се камени дробилки за руда од истиот тип какви се наоѓани на Тасос, во Олинт и уште појужно на грчкиот простор.64 Тоа значи дека технологијата во обработката на рудата е дојдена од југ, како впрочем и самото монетоковање. Сите научници се согласуваат дека дамастионските монети ги изработувале грчки мајстори, барем во постарата фаза на ковањето. Во меѓувреме обучувани се и локални мајстори, но резултатот од нивната работа е на значително пониско уметничко ниво. Сите овие елементи укажуваат на една култура која впечатливо се разликува од посеверните региони. Во една ваква средина можеме да очекуваме употреба на монетата како платежно средство, макар и во поограничен обем. Со други зборови, од раниот IV век, па дури до неговиот истек, на овој простор циркулираат дамастионските монети, појава која мораме да ја поврземе со народ кој имал подлабока традиција и високо развиена култура. Тоа можат да бидат само пајонските Агријани.

Кои други племиња можат да дојдат во обсир? Трибалите секако не. Тие се на мошне низок степен на цивилизација за да имаат потреба од користење на монети. Впрочем, во текот на IV век, кога паѓа активноста на дамастионската ковница, Поморавјето е запоседнато со Автаријатите. Проблемот кој се однесува до времето на нивното доселување на овој простор, не го менува нашето мислење. Кога Дамастион започнува да кова монети, Автаријатите се или токму тогаш дојдени во Поморавјето или тука доаѓаат значително подоцна.65 Ако се покаже како исправна втората претпоставка, секаква можност дека тие ги користеле дамастионските монети отпаѓа. Во колку нивното доселување се совпаѓа со времето на основањето на Дамастион и почетоците на неговото монетоковање, дамастионски монети би требало да Дарданците и останатите соседи.66 ве Папазоглу заклучува дека овој настан се одиграл најверојатно по 348 година.67 6? По смртта на Филип, меѓу побунетите народи против македонската власт се споменуваат и Дарданците.68 Овие податоци упатуваат на тоа дека Дарданците во ова време се наоѓаат во експанзија, но тоа не значи дека тие држела особено голем простор, каков што ќе запоседнат значително подоцна. Од својата матична област, планинскиот венец што го формираат Мокра Гора, Проклетие и Паштрик, како и просторот западно од Бел Дрим, тне вршат притисок кон североисток и кон југи како витален и освојувачки настроен народ, Филип II сметал за потребно да ги покори и патера на послушност. На Дарданците во ова време тешко можеме да им припишеме одредена култура од која тие оставиле видни траги. Во времето на раниот и развиениот хеленизам, кога тракиските, пајонските и илирските владетели коваат монети, па и во подоцнежното хеленистичко време, кога Дарданците веќе држат голема територија, монети на дарданските владетели нема. По се изгледа дека во ова време тие се уште важеле како варварски народ, па затоа и Птоломеј Кераун ја одбил понудената помош пред Галската наезда. Се смета дека по Галската наезда, некаде околу средината на Ш век од ст. е. Дарданците брзо се шират кон југоисток и свероисток. Микулчиќ помислува дека ширењето на Дарданците кон Скопско-кумановскиот басен можело да се одигра по смртта на Аудолеон, што е сосем можно.69 Во колку Дарданците одржувале контакти со грчко-македонскиот југ во текот на IV век, тоа би требало да го прават и во хеленистичко време. Но, за тоа потврди нема. Микулчиќ констатира дека скопските градишта-населби, како и оние на север до Кршевица, кои биле разурнати од Келтите во 280/79 година, а веројатно и со продорот на Дарданците, не се подоцна обновени.70 Хеленистички материјал со кој обилуваат населбите во Повардарјето и Пелагонија, тука потполно отсуствува. Продорот на Дарданците прави драстичен прекин со југот, така што овој простор останува надвор од хеленските влијанија. Адекватна ситуација среќаваме и во Источна Македонија, каде по Галската наезда се шират тракиските племиња Дентелети и Меди.71 1

Денес, кога нашите знаења за простирањето на пајонските племиња, поткрепени со археолошките истражувања на теренот, се значително понапреднати, на податокот од Стробон (VII, 7, 8, 326) можеме да му дадеме нешто поинакво толкување. Наведувајќи ги народите и пламињата што живееле во соседство со Македонија, Страбон започнува од југ и оди кон север. Како прво ги набројува најјужните племиња – Молоси, Тимфаи, Орести, Парореи и Атинтани. Потоа следи група племиња во заднината на Епидамнос и Аполонија, наведени по редослед од југ кон север: Билиони, кои се простирале југоисточно од Аполонија, Тауланти – источно, одн. југоисточно од Епидамнос, Партини, кои се простирале северно, одн. североисточно од Епидамнос. Се прашуваме зошто, во случајов, не можеме Бригите, спомнати после Партините да ги побараме северно, одн. североистично од последните и да ги поставиоме на западните падини на Кораб и Шара во правец на Коритник? Оваа област кон југоисток се надоврзува на планинскиот регион чиј центар е Кичево. Во близината на Бригите Страбон го посочува Дамастион и неговите рудници на сребро, макар што и на него изгледа не му била јасна точната позиција на Дамастион. Откако ќе ги наведе племињата за кои зборувавме, Страбон се враќа на југ и ги наведува Пинкестите, Деуриопите и триградната Пелагонија, кои се наоѓаат северно од првите. Потоа ги набројува Еордаите, Елимеја и Ератира, за кои знаеме дека се наоѓале јужно од Линкес“ите, за да повторно се врати на север и го спомне Еригон.

Од наша гледна точки овие податоци се важни затоа што покажуваат дека Страбон во своето набројување на племињата го менува правецот — југсевер, север-југ, па Бригите наместо да ги лоцираме северно од Партините, ги поврзуваме со Линкестите, одн. со Пелагонија. Тие се всушност на некој начии врзани со Пелагонија, но од северозападната страна, преку Кичевската област. Заради тоа Страбон во овој контекст не ги споменува Дасаретите.

Ако можеме Бригите да ги поставиме североистично од Партините, па просторот меѓу Шара, Кораб и Коритник, тогаш дамастионските рудници нема да бидат многу далеку ако ги бараме во близина на територијата на Агријаните. Во тој случај во обзир доаѓаат рудните лежишта на Косово, во прв ред регионот во заднината на Трепча, одн. планинскиот масив на Копаоник, познат од средновековните патеписци како Montagna dell’Argento или Monte Argentaro.72 Не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека дамастионските рудници биле изразито богати, дека до сребро лесно се доаѓало, а тоа оваа рудоносна област секако го овозможувала. Причината што дамастионските рудници ne се споменуваат ниту порано, ниту подоцна, лежи токму во тоа што се тие лоцирани далеку на север. За Македонците ne биле привлечни затоа што тие имале сребро на својата територија (Пангеон, Дисорон, Датон) и како што забележува Меј, дамастионското сребро им било скапо. За Дарданците и Автаријатите не било привлечно бидејќи тие не биле заинтересирани за монетоковање.

Како што истакнавме порано, Меј ја определува Скопската област како географско и комуникационо средиште на наоѓалиштата на дамастионските монети. Но мислиме дека непознавањето на карактерот на локалитетите и материјалната култура на овој простор не му дозволило да ги лоцира дамастионските рудници посеверно, сметајќи го овој простор како дардански. Но и самиот доаѓа до заклучок дека е тешко да се установи што Страбон мислел под поимот „блиску“.

Ако имаме право дамастионските рудници да ги идентификуваме со рудоносната област на Копаоник во поширока смисла, во тој случај самиот град Дамастион би требало да се бара во тој регион. Решавањето на овој сериозен проблем без сомнение бара сигурни потврди, пред се епиграфски. Но ии во оваа прилика сакаме да скренеме внимание на еден податок, кој ни се чини не е безначаен и колку ни е нам познато, не е земен досега во обзир при решавањето на проблемот кој не интересира. Се работи за локалитетот кај Сочаница, посведочен во римско време како municipium D.D.

На устието на Сочаничка Река во Ибар сместена е значајна античка населба. Е. Чершков кој има вршено археолошки ископувања, доаѓа до заклучок дека нејзиното основање и постоење мора да се поврзе со користењето на богатите рудни лежишта од непосредната околина. Истиот истражувач ја наведува констатацијата на О. Девис кој го проучувал античкото рударство на Балканот, дека Сочаница е еден од најразвиените рударски центри во Мезија. Според остатоците од згурата тој заклучил дека тука се обработувало железо. Но на планинските масиви на Рогозна и Копаоник непосредно до Сочаница е вршено интензивно експлоатирање на оловна и сребрена руда. Според Девис. во близината на наслагите со згура се разпознавале остатоците од одаи усечени во карпа, темели од топилничарски печки и канали за довод на вода. Чершков истакнува дека муниципиум D.D. се наоѓа во средиштето на овој богат рудоносен басен, околу кој се констатирани бројни остатоци од стари рударски работи, најдобро зачувани на просторот на Плакаоница, оддалечена 10 км југозападно од Сочаница. Во римско време рудниците се интензивно користени што покажува и фактот дека седиштето на procuratores metallorum се наоѓало во муниципиумот D.D. Кај Чершков нема податоци за користењето на рудниците во предримско време, меѓутоа, на таква можност мораме да сметаме. На просторот каде подигната римската населба констатирано е постаро населување. Не ни е познато каква стратиграфија е установена. Чершков споменува неолитски

Колку ни е нам познато, Municipium D.D. посведочен е на три натписи. Првиот е објавен од страна на А. Еванс, испишан на саркофаг, подигнат од страна на M. Aurelius Felicianus, decurio на municipium П.П. на неговата жена. Вториот натпис е всечен на една база за статуа на Гордијан Ш, подигната од страна на Titienus Verus, procurator metallorum на minicipium D.D. Кратенката Тип. D.D. зачувана е на еден фрагмент од натпис, чиј карактер не може да се установи.74 4

Сите натписи се од римско време. Насекаде е дадена кратенката D.D. што навестува дека името на муниципиумот било доволно познато, а веројатно и прилично долго, така што каменоресците заради упростуванье прибегнувале кои скратување на името на градот. Се прашуваме да ли во оваа кратенка се крие ,,Damastium Dardanorum“?

Навистина, позицијата на населбата кај Сочаница како локација на Дамастион е многу на север, што во прв момент е тешко да се прифати. Меѓутоа, знаеме дека Дамастион е основан во Илирија, а просторот определен со течението на Ибар се наоѓал во посед на моќното илирско племе Автаријати.

Да се потсетиме и на мислењето на Ивица Дегмециќ која реката Ибар ја смета како граница меѓу Пајоните и Илирите.75 Во колку е оправдан нашиот предлог за позицијата на Дамастион, јасна би била појавата на кнежевските гробници кај Нови Пазар и Атеница кои стојат во директна комуникациона врска со муниципиумот D.D.76 Самиот Чершков констатира дека во муниципиумот D.D. е значајна улогата на етничкиот елемент од грчко потекло. На релативно малиот број77 досега откриени натписи сосема се ретки илирските имиња, додека грчките се среќаваат во значителен број. И проучувањата на дарданската антропонимија покажуваат дека, покрај илирските и тракиските имиња, во Дарданија во римско време се повеќе се јавуваат имиња со малоазиски аналогии и имиња кои не се посведочени надвор од Дарданија, за кои Папазоглу смета дека потекнуваат од стариот протофригиски или дако-мизиски слој.78

Во контекстот на ова прашање и нашиот предлог за позицијата на дамастионските рудници, проблем претставуваат спомнатите од Страбон Диести и Енхелеи, кои ја утврдиле својата власт над рудниците кај Дамастион. Овие моменти тешко можат да се објаснат и ускладат. Што се однесува до Диестите, се препоставува дека тоа можеби е племе за кое од други извори не cme известени. Меѓутоа, претпоставката на Мак дека во Avéctat треба да се гледа искварена форма на Suvacteiay,ja сметаме сосема можна и прифатлива.79 Во врска со податокот за Енхелеите, тешко е да се најде објаснување за нивото присуство кај дамастионските рудници. Но, мислиме дека треба да се скрене внимание и да се најде врската со оставата од Рисан кој се наоѓа недалеку од Будва, античката Бутое, град кој според легендата е основан од Кадмо на просторот населен со Енхелеите.80 Не е невозможно во еден момент и Енхелеите да ги користеле овие рудници, како што и Пангеон го експлоатирале низа племиња.

Како што е познато, во ковницата на Дамастион ковани се монети на градот Пелагија. Тие се јавуваат во разни типови. Раните монети имаат вредност на тетрадрахми, од кои е најдена само една, датирана с. 360-350 година. Овој единствен примерок има на аверсот глава на Аполон, а на реверсот IIJEAATITA/ON и македонски штит, со што се разликува од монетите на Дамастион. На други типови од помали вредности на аверсот се јавува глава на женско божество и слиток на реверсот (Цртеж 14), или глава на Аполон на аверсот и троножац на реверсот со додатни симболи. Се претпоставува дека Пелагија продолжила да издава монети во локална ковница уште извесно време откако дамастионската ковница престанала со работа. Најдоцните монети на Пелагија се датираат с. 300 година,81 макар што се смета дека нејзиниот крај доаѓа со наездата на Келтите од 280 година.

fet AION St

13. Бронзена монета на Дропион 14. Тетрабол на Пелагија , најдена во 13. Monnaie en bronze ԁе Dropion Скопско, Археолошки музеј, Загреб 14. Tétrobole de Pelagia, trouvée dans la région de Skopje, Musée Archéologique, Zagreb

Што се однесува до убикацијата на градот Ilenaruja, Меј изнесува мислење дека таа се наоѓа на север од Пелагониската рамница.82 Од друга страна, според врската Πελαγ во значење рамница, Хамонд помислува дека Пелагија се наоѓала кај Тетово.83 Оваа претпоставка ни се чини сосем веродостојна, па од своја страна додаваме дека денешниот назив Полог може би доаѓа од името на градот Пелагија. Лоцирањето на Пелагија на агријанскиот простор наоѓа оправдување и во фактот дека тетовската област припаѓа на грчката јазична сфера.

Неколку монети од типот на дамастионските со натпис ΔΑΠΑΡΡΙΑ зборуваат за постоење на еден град кој издавал свои монети ковани во ковницата на Дамастион, во времето од C.365/360 до с. 325 година.(Цртеж 15).Според Меј, градот Дапарија може да се лоцира. одн. да се бара на било која точка поставена во правците кон кои се распростирани дамастионските

Еден примерок на единствена монета од дамастионски тип, датирана од 325-320 година,85 на аверсот има претстава на Аполон со ловров венец налево, а на реверсот троножац, монограм . како симболи нож и полумесец и натпис ZAPNOATON (Цртеж 16). Меј смета дека градот Сарноа се наоѓа во соседство на Пелагија и склоп е да го постави во близината на Скопје и да го идентификува со Сарионто ,,cestellum regionis Canisae“ што го споменува Marcellinus како град кој настрадал со земјотресот од 518 година. Примероците од монети со имињата на Пелагија, Дапарија и Сарноа даваат податоци за постоење на три града кои не се спомнати во античките пишани извори. Околностите кои се однесуваат на времето кога се овие монети издавани не дозволуваат да ги сметаме како дардански, трибалски или автаријатски. Во овој период коваат монети пајонските владетели, но не и пајонските градови. Според тоа, искажаните предлози за нивното лоцирање ни даваат за право Пелагија, Сарноа, а можеби и Дапарија, да ги сметаме како агријански градови.

15. Тетрадрахма на Данарија, најдена во
15. Тетрадрахма на Дапарија, најдена во
16. Тетрадрахма на Сарноа, Париз
16. Тетрадрахма на Сарноа, Париз

Македонија, Народен музеј, Белград 16. Tétradrachme ԁе Sarnoa, Paris 15. Tétradrachme de Daparria, trouvée en

Macédoine, Musée National, Belgrade

Кутинската остава содржела еден примерок тетрадрахма со тежина од 13,60 гр. од дамастионски тип и стандард. На аверсот е претставена глава на Аполон со ловров венец надесно, а на реверсот троножац и натпис ZIMQ-МОЈ. (Цртеж 17). Меј ја датира монетата с. 355 година.86 На дамастионската ковница се припишува и монетата на Никарх, која иа аверсот содржи претстава на глава на Аполон со ловров венец и долга коса на десно, а на реверсот трозабец и натпис NIKAPXOY (Цртеж 18). Според Меј монетата датира с. 365-360 година. Општо уверување е дека Никарх и Симон се имиња на локални владетели кои издавале монети во ковницата на Дамастион. Аргументите што ги изнесовме за агријанска припадност на Пелагија и Сарноа, можеме да ги примениме и во овој случај, па Никарх, Симон, а како што ќе видиме подоцна и Диплај, можеме да ги сметаме како агријански владетели.

Илустрација, стр. 27
Илустрација, стр. 27

17. Тетрадрахма на Симонос, најдена кај Кути- 18. Тетрадрахма на Никархос, Париз на, Народен музеј, Белград 18. Tétradrachme ԁе Nicarchus, Ра- 17. Tétradrachme de Simon, trouvée pres de ris

Kutina, Musée National, Belgrade

Оставата од Режаници. покрај монети на Филип Ил, Александар III, Ликеј. Патрај и Дамастион, содржела една монета со претстава на Аполон со ловров венец налево на авереот и коњаник кој прободува со копје непријател натпис АІТІТААІОУ. Монетата е тешка 12,31 гр. Втората монета со исти претстави на аверсот и реверсот и со ист натпис, тешка 12,40 гр., според Јурукова се чува во приватна збирка (Цртеж 19). Под претставата на коњот на двете монети се наоѓа буквата A, која Јурукова ја објаснува како емисионен знак или како знак на монетниот магистрат. Се забележува дека монетите со натпис АІТІААІО/У/ ги содржат истите претстави какви се среќаваат на монетите на пајонскиот владетел Патрај. со таа разлика што тука Аполон е прикажан налево и околу има зрнест круг, кој кај монетите на Патрај недостасува. Јурукова изнесува мислење дека Диплај е пајонски владетел кој се наоѓал на пајонскиот престол во времето меѓу Патрај и

19. Тетрадражма на Дипланос, најдена кај Режанци, Народен музеј, Софија 19. Tétradrachme де Dyplaios, trouvée prés de ReZanci, Musée National, Sofia
19. Тетрадражма на Дипланос, најдена кај Режанци, Народен музеј, Софија 19. Tétradrachme де Dyplaios, trouvée prés de ReZanci, Musée National, Sofia

Нема сомнение дека монетите на Диплај се работени по урнек на тие на “ Патрај. Меѓутоа, изведбата на претставите јасно зборува за значително опаѓање на нивната уметничка вредност. Сведена е на ниво на локален мајстор кој се трудел да ги копира монетите на пајонскиот владетел. Не постојат индиции за да очекуваме некаква стагнација во менетоковањето на пајонските владетели во ова време, особено кога знаеме дека Аудолеон издавал монети изработувани на високо уметничко ниво. Ако е Диплај пајонски крал би требало да очекуваме поголем број наоди на негови монети. Според тоа, склони сме Диплај да го сметаме како агријански владетел, современик на Патрај. Во прилог на нашето мислење оди и околноста што токму на агријанска територија се најдени единствените два примероци. Никарх, Симон и Диплај издавале монети во знатно поорганичен обем, па според тоа и наодите се сосема ретки. Според нашето мислење Диплај е последен агријански владетел, пред Аудолеон да ја приклучи кои Пајонија територијата на Агријаните, а тоа морало да се случи пред 310 година. Според изложените резултати и констатации се наметнува потребата од обид за хронолошка листа на агријанските владетели:

Никарх - c. 365-360, веројатно прв агријански владетел кој издавал монети значително пред Ликеј. Неговите монети изработувани се во стилот на дамастионските, ковани во ковницата на Дамастион. Симон — с. 355, современик на Ликеј. Ковал монети во ковницата на Дамастион во ист стил и со исти претстави како дамастионските монети.

Лангар - посведочен 335 година89 со походот на Александар Ш на "Трибалите. Умрел набргу по овој настан.

Диплај - последен агријански владетел, современик на Патрај. Владеел приближно до 314-312 година, кога територијата на Агријаните е присоединета кон Пајонија. Ковал монети во локална ковница, но не во ковницата на Дамастион.

Како што е веќе речено, се смета дека крајот на дамастионското знетоковање паѓа с. 325-320 година од ст. е. Б.Хорват се определува за 330 -удина. Според Меј, Пелагија продолжува да кова монети во локална ко зица до с. 300 година, макар што нејзиниот дефинитивен крај се поврзува со „гаездата на Келтите од 280 година. Меѓутоа, кога се има предвид временскиот распон од с. 330/320 до 280 година, сметаме дека во науката се уште не е даден одговор на прашањето која е причината што довела до прекин на едно плодно монетоковање какво што е дамастионското. Во колку нашата претпоставка за лоцирањето на Дамастион во долината на Ибар се покаже како прифатлива, сметаме дека ширењето на Дарданците кон североисток е најсериозна причина за прекин на активноста на Дамастионската ковница. Приближно во времето кога Аудолеон ја приклучил кон Пајонија територијата на Агријаните, Дарданците вршат продор од Метохија кон долината на Ибар која се наоѓа во посед на Автаријатите, завземајќи еден дел од агријанската територија. По смртта на Аудолеон Дарданците се шират кон "Тетово и Скопско- кумановската област, а нешто подоцна го шират своето владеење кон Поморавјето.

Да заклучиме: најстарите племиња сместени далеку во заднината на Егејскиот брег, кои ковале монети уште во архајскиот период, одн. во втората половина на VI век од ст.е. се пајонските племиња Дерони и Лајаи. Во исто време, па до околу средината на У век, издавале монети и нивните владетели Euergetes, Ekgonos, Doki/?mos/ и Bastareos.Haramy следи прекин на пајонското монетоковање кој траел околу стотина години, за подоцна, со Ликеј да продолжи интензивно. Во тој период, под притисок на македонската експанзија, настанува обединување на пајонските племиња во една политичка организација.

Во меѓувреме доаѓа до основање на Дамастион во 423 год. на територија настанета со Илири. кој започнува да издава монети од с. 420 год. Како непосредни соседи на Дамастион и неговите рудници на сребро се јавува пајонското племе Агријани, за кои сметаме дека го населувале просторот од горниот тек на Струма и Софиското поле, преку регионот на Јужна Морава, Косово, Скопско-кумановскиот базен до "Тетовско-гостиварските Полози. Агријаните ги прифатиле дамастионските монети, особено оние од мали вредности, кои циркулирале како платежно средство на нивниот простор. Поттикнати од дамастионското монетоковање, а секако доволно економски снажни, започнуваат да издаваат монети и агријанските градови Пелагија, Сарноа и Дапарија, ковани во дамастионската ковница. Од истите причини започнуваат да издаваат монети во свое име Никарх и Симон кои ги сметаме за агријански владетели, кои ковале монети во ковницата на Дамастион. Диплај го сметаме за последен агријански владетел, кој издавал монети од типот на оние на Патрај. Тој не ја користел ковницата на Дамастион. Според анализата на сите податоци од античките пишани извори, како и на археолошките остатоци, Агријаните се јавуваат како бројно и политички силно племе, кое особено во текот на IV век достигнало висок степен на културен развој. Тие ја задржале својата политичка самостојност се до Аудолеон, кој ја присоединил нивната територија кон Пајонија со првите години на своето владеење.

Ширењето на Дарданците кон североисток е една од причините за крајот на активноста на дамастионската ковница, настан кој најверојатно се одиграл помеѓу 330 и 325 година. Затоа Диплај не ја користи ковницата на Дамастион. Ако Дапарија се наоѓала на Косово, сосем е можно Дарданите да ја завзеле с. 325 година кога и престанала да издава монети. Пелагија и Сарноа коваат монети приближно до првите години на владеењето на ДАудолеон. Некаде помеѓу 300 и 290 година Дарданците ја завземаат Кршевица, за да потоа интензивно се шират кои север. Нешто подоцна, по смртта ua Aygoneon, Пајонија ја губи Скопско-кумановската област на сметка на Дарданците.

Ако Дамастионските монети биле во употреба на агријанскиот простор, како што претпоставуваме и ако Никарх и Симон се агријански „династи кои имале своја власт врз дамастионските рудници“, градот Дамастион би требало да се наоѓа во соседството на Агријаните. Помислуваме дека дамастионските рудни лежишта можат да се идентификуваат со Копаоник и Рогозна во поширока смисла. Како позиција на Дамастион скренуваме внимание на населбата кај Сочаница во долината на Ибар во средиштето на оваа рудоносна област, посведочена епиграфски во римско време како municipium D.D. Да ли во оваа кратенка се крие Damastium Dardanorum? Одговор на ова деликатно прашање можат да дадат само нови епиграфски наоди.

Свесни за сериозноста на проблемот, овие размислувања ги презентираме со крајна резерва. Целта ни е да скренеме внимание,и на ваква можност, која не е без реална основа.

XXX

Овој труд се наоѓаше во печат, кога Музејот на Македонија откупи една сребрена монета на градот Пелагија.90 Нејзиниот значај за нашта тема ја наметна потребата од објавување што го правиме во оваа прилика.

На аверсот претставена е глава на Аполон со ловров венец и куса коса на десно. Зад неа е дел од зричест круг. Врз вратот сочувани се траги од буквите да (M?.). На реверсот е прикажан триножник со три рачки, под него обратно поставена полумесечина, а десно нож. Лево од триножникот се чита пеал. Монетата е тешка 10 гр., што значи дека има редуцирана вредност на тетрадрахма. Пречник 22 мм. Одделни делови се значително излижани, што зборува дека била во употреба. Инаку таа е добро сочувана. (сл. 20).

Монетата е значајна од повеќе аспекти. Ликот на Аполон и стилот на неговата изведба упатуваат на порана дата од дамастионските ковови. Во овој поглед може да се спореди со претставата на Аполон на примерокот од Кутинската остава, кој спред Меј припаѓа на Ш група од дамастионските изданија, датирана с. 395-380 год.91 1 Според стилот на изведбата и додатните симболи, реверсната претстава наоѓа најблиска паралела со монетата на Пелагија во Берлин.92 Овие монети на Пелагија Меј ги припишува на најдоцната група иа дамастионските изданија, оди. ¢. 330-325/20 год. Ваквиот 20. Тетрадрахма на Пелагија, Градиште - Градец, Музеј на Македо-

нија, Скопје
нија, Скопје

20. Tetradrachme du Pelagie, Gradishte-Gradec, Musée de Macédoine,

Skopje несклад во датирањето може да најде објаснување во околноста што во случајов се работи за прекован примерок, на што упатуваат почетните букви на Дамастион и Пелагија. Треба да истакнеме дека појавата на букви на аверсната страна кај дамастионските ковови е невообичаена.93

Од особено значење е местото каде е монетата најдена. Се работи за античкиот локалитет Градиште, расположено непосредно до с. Градец, на половина пат меѓу Тетово и Гостивар.94 Оваа околност оди во прилог кон разрешување на претпоставката дека Пелагија се наоѓала во Тетовскогостиварскиот крај.

Тник. II, 96.

Јдет.

Илустрација, стр. 35
Илустрација, стр. 36

Белешки

  1. Str. VII, 7, 8, 326. Преводот на текстот превземен е од: История и география на Тракия и Македония, София 1949, 128. Види заб. 37. ↩
  2. Mionnet во Atlas, Pl. V, го поставува Дамастион во Јужен Епир, помеѓу Пандосија и Амбракија; W. M. Leake, Numismatica Hellenica, London 1856, 44, се определува за Кроја; Dasdevises-du-Dezert, Géographie ancienne de la Macédoine, Paris 1863, карта, смета дека Дамастион се наоѓал во регионот на Томор. За други слични мислења, види:J. M. F. May, The Coinage of Damastion, London 1939, 3 и н. Во поново време N. G. L. Hammond, A History of Macedonia, Vol. II, Oxford 1979, 189 и карта 9, го определува регионот западно и северозападно од Ресен како позиција на Дамастион. В. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје 1987, 157, имајќи го предвид потполното отсуство на дамастионски монети во Охридскиот регион, го одбива овој предлог. ↩
  3. Тетрабол на Дамастион, најден на Косово, Музеј на Македонија, Скопје ↩
  4. Октодрахма на племето Лајан, Египет, Британски музеј, Лондон ↩
  5. Халкидската лига издавала тетрадрахми со полна тежина според стандардот на Абдера околу2 410 год. и најраните дамастионски монети се поврзани со некои изданија на лигата. За ова, Мау Damastion. 17. Дополнително дознавме за статијата на W. Schwabacher, Illyropaeonian silver coins in the royal collection, Acta Archaeologica, vol. XIV, fasc. 1-3, Kobenhavn 1943, 86, каде e предложена корекција на почетоците на дамастионското монетоковање околу 405--400 год. ст. е. Ова антидатирање е базирано врз студијата на D. М. Robinson и Р. A. Clemens, Excavation at Olynthus ГХ, 152 и н., кои установиле дека првите тетрадрахми на Халкидската Лига се ковани околу 420 год. ст. е. Оваа дата се совпаѓа со основањето на Дамастион во 423 г. (види заб. 37), што оди во прилог на антидатирањето на почетоците на дамастионското монетоковање. ↩
  6. H. Gaebler, Zeitschrift fiir Numismatik XXXVII, Berlin 1927, 223-225, T. XI, XII, ja забележал сродноста на дамастионските монети со монетите на Ликеј и Патрај. Истото, но за одделни парчиња, истакнал и Imhoof—Blumer, Monnaies grecques, Paris 1883, 135, 10a, Pl. c, 10 11,; За ова опширен коментар кај May, Damastion, 7. Macédoine, Skopje Musée de Macédoine, Skopje се наоѓани во значителен број посеверно, оди. северозападно. Концентрацијата на наодите од дамастионски монети е на Косово, Јужноморавскиот регион и Скопско-кумановската област, а овој простор Автаријатите никогаш не го населувале. За Дарданците во IV7 век какви податоци имаме? Тие се јавуват на историската сцена дури за време на Филип I. Од античките извори познато е дека македонскиот крал со измама ги совладал и покорил паднат на земја со штит в рака на реверсот, придружен со јасно испишан одделно. В. Битракова Грозданова, о.с. 85, наведува примерок кој се чува во Музејот во ↩
  7. Кај May, Damastion, види прилог Табла со тежини на дамастионските и пајонските монети. ↩
  8. Меј успеал да собере 111 примероци дамастионски монети. Извесни наоди се чуваат во приватни колекции или им се губи трагата. Дел од Кутинската остава ја има објавено B. Saria, Damastionske tetradrahme iz Kutine, Starinar III, 1924-25, 97 и н.; Marković, Numizmatičar, 1935, 32 и н.; B. Horvat, Numizmatika, 1934-6, 26-64, Tab. I и II, 1-7. Информација за оставата од Јањево откриена 1961, дава E. Pegan, Najdba Damastionskih staterjev, Argo I, 1962.25. За останатата литература, види кај May, Damastion, цитирана кај секој каталошки примерок одделно. В. Битракова Грозданова, о.с. 85, наведува примерок кој се чува во Музејот во Прилеп, како и податокот дека големата остава на пајонски и македонски монети, откриена на потегот Скопје – бугарска граница, содржела и дамастионски монети. Примерокот од Титов Велес што го наведува May, о.с. 96, содржи име на магистратот КНФІ[ΣΟΦΩΝ]. При ископувањата на брдото Кракра кај Перник, најдена е една драхма на градот Дамастион: Ав. Женска глава на д. Рв. ΔΑΜΑΣΤΙΝΩΝ, секира со рачка и кнф. Й. Юрукова, Античнни и рановизантиски монети, Перник Том I, София 1981, 218, кат. 2. (Цртеж 2). ↩
  9. May, Damastion, 10 и н. ↩
  10. J. N. Svoronos, Ł Hellénisme primitif de la Macédoine prouvé par la numismatique, Chicago 1979, 1 и н. Пл. III, 7 и 9. ↩
  11. Thuk. II, 96. ↩
  12. Svoronos, О.с. 20; за деронските монети, истиот, 5 и н. Pl. I 1-16 и Pl. 1, 1-4. ↩
  13. Hammond, Macedonia II, 75, 76. ↩
  14. Svoronos, O.c. Pl. I, 1–16 и Pl. II, 1–24. ↩
  15. H. Gaebler, Die antiken Miinzen von Makedonia und Paionia, Berlin 1935, 55. ↩
  16. Hammond, Macedonia, II, 85. ↩
  17. Iibid. 88 и н. ↩
  18. Svoronos, O.c. 9 и н., No. 18, најден во Штип, PI. Il, 5. ↩
  19. Ibid.12 и н. No.20, 18, најден во Штип, Pl. II, 7. ↩
  20. Ibid. 13 и н., No. 21 и 22, Pl. 8 i 9. ↩
  21. Hammond,. Macedonia II, 111. ↩
  22. И. Микулчиһ, Илирско–архајски гробови из околине Штипа, Старинар XIII–XIV, Београд 1965, 197, Сл. 14. ↩
  23. E. Muret, Bastareus dynaste de Péonie, BCH V, 1881, 329. ↩
  24. Hammond, Macedonia II, 111. ↩
  25. Procop. de aedif. IV 11. ↩
  26. Thuk. II, 96–100. ↩
  27. Hammond, Macedonia II, 85. ↩
  28. Познат е договорот што го склучил Ликеј во 356 година со тракискиот владетел Кетрипор, илирскиот Граб и градот Атина за заедничка борба против Филип II. За овој настан: Diod. XVI. 22. 3. како и натписот од Атика, IG II/III² 654. ↩
  29. За етапите на македонската експанзија кон исток се држиме до Hammond, Macedonia II, 64 и картите 1–3. ↩
  30. Како најсеверен град што Македонците го држела во 429 година е Ендомене, според Thuk. II, 98–100. Еден грчки натпис откриен од страна на авторот во 1983 година на локалитетот Исар Марвинци, недалеку од Валандово, стои запишано: страна А – 'Εξ 'Ιδομενῆς εἰσ Δόβηρον στάδιοι εἴκοσι Страна Б: 'Εγ Δο(β)ήρου εἰσ Ιδ(ομ)ενήν στά(δ)ιοι(είκοσι). V. Sokolovska, Stadion Stone from Isar–Marvinci, AJ XXII–XXIII, Београд 1982–83,81 и н.; Истата, Исар–Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје 1986, 139 и н. ↩
  31. Diod.XVI, 2, 6. ↩
  32. Antiken Münzen, 199 и н. ↩
  33. Ibid. 201 и н. ↩
  34. Ibid. 203 и н. ↩
  35. Ibid. 206. ↩
  36. Idem. ↩
  37. Ф. Паразоглу, Лихнид во предримско доба, Монографија Охрид, Книга прва, Скопје 1985, 79 и н. ↩
  38. May, Damastion, 35. ↩
  39. Thuk. II, 96. Агријаните се споменуваат уште кај Херодот /V 16/, кој соопштува дека Мегабаз3 не ги покорил пангејските племиња Добери, Агријани и Одоманти. Меѓутоа, спомнувањето на овис етноними се смета како подоцнежна интерполација, која настанала како последица на популарноста на Агријаните и целта да се истакне дека персиската власт не се простирала северно од Пангеј. Така мислат на пр. Б. Геров, Проучвании врху западнотракиските земи през римско време, Софил 1961, 232, заб. 3, како и A. Фол, Tpaxua и Балканите през ранноелинистическата епоха, Софил 1975, 66. ↩
  40. А. Фол Извори за историјата на Тракија и Траките, София 1981, 282, заб 6. ↩
  41. Str. VII, frg. 36. За разните мислења околу попрецизното лоцирање на Агријаните по горниот тек на Струма, Види Б. Геров, Проучвания, 231. ↩
  42. Arr. Anab. I, 5. ↩
  43. Papazoglu, Srednjebalkanska plemena и predrimsko doba, Sarajevo 1989, 80. ↩
  44. E. Polaschek, s.v. Triballi, RE, zw. R. 6. /1937/, 2395, според Papazoglu, Plemena, 80, заб. 37. ↩
  45. Herod. IV, 49. ↩
  46. Str. VII, 5, 11. ↩
  47. G. T. Griffit, Macedonia II, 430 и н. ↩
  48. Tdem.; Кај Тероѕ, Проучванин 233 и н., наведени се сите походи на Александар Ш во кои земале учество Агријаните. ↩
  49. С. Радојчић, Менада из Тетова, Гласник Скопског научног друштва, XII, Скопње 1933, 24, Сл. © За импортот во Скопскиот регион, види: R. Pagié, Отадиќе као tip naselja и Ѕкорѕкој kotlini, Materijali XIV, X Kongres arheologa Jugoslavije, Prilep 1976, T. I и ЦП: И. Микулчиќ, Crapo ↩
  50. Arr. suce. fr. la, 7R; Dexipp. succ. fr. 1b 3R, според Papazoglu, Plemena, 137 и н., заб. 92. 53 Str. VII, 5, 1. ↩
  51. Str. VIL, frg. 6. ↩
  52. Diod. XX, 19, 1. ↩
  53. Геров, Проучвании 235, со цитирана литература. ↩
  54. Liv., XLIV, 11, 7; 12, 1. ↩
  55. Познато е дека во византиските извори се споменуваат Агарјани, онд. Агарени, под кое се подразбираат нехристијански народи, Турци, Селџуци, Татари и др. Се смета дека сите водат потекло од Исмаил, незаконскиот син на Аврам, чија мајка, слугинка на Сара, по потекло Египќанка, се викала Arapa. Според грамотата на бугарскиот цар Константин Тих-- Асен (1257--1277), една група на „иноплемени Агарени“ го опустошила манастирот Св. Георги--Горгос, изграден во Скопје на Виргино брдо над реката Серава од страна на Роман II Аргир ( 1028--1034). Јован Мавропус во едно пофално слово одржано 1047 година, споменува дека византиската војска дошла во судир со „малубројни и некои од нив ненаоружани Агарени и Скити“. Да ли во3 овие Агарени е зачувано името на античките Агријани е прашање на кое ќе треба да дадат одговор историчарите и лингвистите. Нам ни се чини дека поддударноста на имињата и територијата за која се врзуваат не е случајна. Агријаните се споменуваат за последен WaT во античките извори 169 год. од ст. е. Меѓутоа, иако постои оваа голема временска дистанца од дванаесет века не е неможно да тие се одржале во помали групи, но сега под нешто изменето име. ↩
  56. На истоветноста на имињата Агријани- Агарени ме има упозорено Цветан Грозданов, за што во оваа прилика му се заблагодарувам. ↩
  57. Податоците од византиските извори ги користам според: Милан Бошковски, Прилог кон историјата на манастирот Св. Георги--Горгос Скопски во XI век, Гласник на Институтот за национална историја, XXIX 1-2, Скопје 1985, 201-211. ↩
  58. 38D. Srejovié, Кагараќ and the Problem of the Ethnogenesis of the Dardanians, Balcanica, GodiSnjak Balkanologkog instituta SANU, IV, Beograd 1973, 62 и н. Неодамнешните истражувања на локалитетите Градиште кај Врањски Прибој, Кањаја кај Буштрање и Каципуп кај Ораовица фрлија нова светлина врз карактерот на населбите и степенот на хеленизацијата во времето на раната антика. За ова види: M. Vukmanović и P. Popović, Sondažna istraživanja gradinskih naselja na području Vranjsko-preševske kotline, Godišnjak, Knjiga XX, Centar za Balkanološka istrazivanja, Knjiga 18, Sarajevo 1982, 189 1 н. Микулчиќ, Crapo Скопје, 21 и н. ↩
  59. K. Vasi¢, Praistorija Jugoslovenskih zemalja, Zeljezno доба, Y. Sarajevo 1987, 673 ин. ↩
  60. J. Чангова, Тракииско селиште от I хил. пр. н.е., Перник I, Софил 1981, 52 и н., Обр. 5-13. На локалитетот Кракра утврдената населба опфаќала 35 декари. Археолошкиот материјал припаѓа на времето од крајот на У до с. почетоците на Ш век од ст.е., време кога населбата доживува најголем успон. Типичен хеленистички материјал наполно отсуствува, што навестува прекин со југот. Наодите од следната епоха се врзуваат за монети кои датираат од времето на доаѓањето на Римјаните. Види, КОрукова, Перник I, 218 и н., Табла I и II. ↩
  61. Скопје со околните тврдини, Скопје 1983, 20; Соколовска, Исар-Марвинци, 35 и н., Сл. 5,би 9. Неодамнешните ископувања на Костоперската Карпа кај Нагоричино, Кумановско, дадоа квалитетни примероци од грчка керамика во стил на црвени фигури, како и сива локална керамика со хеленизирани форми. ↩
  62. И. Микулчии - М. Јованови", Хеленистички oppidum из Кршевице код Врања, Врањски Гласник, Књ. ГУ, Врање 1968, 370. ↩
  63. Соколовска, Исар - Марвинци, 90, Т. 38, Сл. 5-7; Микулчиќ-Јовановин, Хеленистички oppidum, T. 1, Сл. 5. ↩
  64. Околу проблемот кој се однесува на времето кога Автаријатите се доселуваат во Поморавјето и ги потиснуваат Трибалите, во науката постојат значителни несогласувања. Така, М. Гарашанин смета дека автаријатската преселба треба да се датира кон крајот на У век: Налаз првог гвозденог доба из Мраморца и проблем Илира у Србији. Музеји 2, 1949, 135. Во најново време Е. Papazoglu, Plemena, 81 и н., изнесува мислење дека Автаријатите се шират кон Поморавјето по 335 година. ↩
  65. Iust. VIII, 6, 2. Во најново време, Ф. Парапзглу, Илирска и дарданска краљевина, Илири и Албанци, Београд 1989, 151, го смета податокот на Јустин за несигурен. И R. Маск, Grenzmarken und Nachbarn Makedoniens im Norden und Western, 172, ja оспорува историчноста на двата Јустинови податоци. Види 326. 68. ↩
  66. Papazoglu, Plemena, 105. ↩
  67. Iust. XI, 1, 6. ↩
  68. Микулчиќ, Старо Скопје, 20. ↩
  69. Idem. ↩
  70. За Скопско-кумановскиот регион како пајонски, види: В. Соколовска, Исар-Марвинци, 33 и 145, со цитирана литература, која се однесува за сличните мислења. ↩
  71. A. Evans, Archaeologia, Vol. XLIX, 1949, 57. ↩
  72. E. Čerškov, Municipium D. D. kod Sočanice, Priština – Beograd, 1970. S. Islami vo: Les Illyriens, Tirane 1985, 51, Дамастион го лоцира источно од горниот тек на Дрим. Податокот е земен од F. Papazoglu, Godišnjak Knj. XXV, Sarajevo 1987, 207. Не ми е познато какви аргументи Исламн наведува за ваков предлог. ↩
  73. Evans, Archaelogia XLIX, 56, сл. 27; Натписот на саркофагот го објавува и Čerškov, Municipium D. D. 62, No. 1. Другите два натписа, пак кај Čerškov, O. c. 64, No. 11 и 66, No. 17. ↩
  74. I. Degmedžić, Sjeverna i istočna granica Ilira, Simpozium o Ilirima u antičko doba, Sarajevo 1967, 58. ↩
  75. Ѓ. Мано-Зиси, Љ. Поповић, Нови Пазар, Грчко-илирски налаз, Народни музеј, Београд 1969; М. Ѓукнић, Б. Јовановић, Илирска кнежевска гробница у Атеници, Чачак 1966. ↩
  76. Čerškov, Municipium D. D., 82. ↩
  77. Папазоглу, Илирска и дарданска краљевина, Илири и Албанци, Београд 1988, 168. ↩
  78. R. Mack, o.c. 162. ↩
  79. Stef. Byz., според R. Katičić, Enhelejci, Godišnjak XV, Sarajevo 1977, 28. М. Суић ги сместува Енхелеите на јадранското крајбрежје, од устието на Дрилон до Ризон / „Gdje se nalazilo jezero iz 24. poglavlja Pseudo-Skilakovog Peripla?, Glasnik Zemaljskog muzeja u Sarajevu, Sarajevo 1953, 111 и н./. ↩
  80. May, Damastion, 169 и н. Меј успеал да собере 31 примерок од монетите на Пелагија. Pl. X. 1 – 7. ↩
  81. Ibid. 28. ↩
  82. Hammond, Mecedonia II, 669. ↩
  83. May, Damastion, 164 i н., Pl. IX. 1 – 6. ↩
  84. Ibid. 195 и н. Pl. IX. E. ↩
  85. Ibid. 189. Pl. IXA. ↩
  86. E. Muret, Nicarchos, dynaste inconnu, BCH 1882, 211; May, Damastion, 190 и 191. Pl. IX. B. ↩
  87. Й. Юрукува, Монети на непознат пеонски владетел, или XXXII, София 1970, 277 и н. ↩
  88. B. Horvat, Tetradrahme grada Damastiona iz nalaza и Risnu, Numizmatika II-IV, Zagreb 1936, 26. ” ↩
  89. Благодарение на залагањето на Иван Микулчиќ, овој редок наод го најде своето место во нумизматичката збирка на музејот со можноста за негова научна валоризација и интерпретација, за што и во оваа прилика лично му се заблагодарувам. ↩
  90. May, o. c. Pl. I. 10; Marković, Numizmatičar, Maj 1935, 34, 2. ↩
  91. May, o. c. 175 Pl. X. 7a. ↩
  92. Проблемите кои искрснуваат со оваа појава, останува да бидат проучувани. ↩
  93. Локалитетот е регистриран кај И. Микулиќ, Минатото на Гостоварскиот крај преку археолошки наоди, Гостивар 1970, 77. ↩
  94. VIKTORIJA SOKOLOVSKA - Skopje ↩

Résumé

La tribu peonienne d'Agriens et leurs rapports avec Damastion

DAMASTION

(RESUME)

D’aprés l'information de Strabon (VII, 7, 8, 326), les habitants de Mende fondérent dans l’'Illyric, en 423 avant notre ете, de commun avec les fugitifs d’Egine, la ville de Damastion a proximité-des mines d’aregent sur lesquelles les Dyestes et les Enchéléens établirent leur pouvoir. Le probléme de l’emplacement de Damastion et de la frappe de ses monnaies continue a attirer l’attention des cercles scientifiques. Dans son étude remarquable „Tpe Coinage of Damastion“,-

КАРТА 4 ПАЈОНИЈА ПО 279 г.ст.е. Ра CARTE 4 LA PEONIE APRES L’ANNEE 279 AVANT NOTRE ERE CA .

ДОЈРАН го J.M.E. May présente certaines constatations qui différent des opinions des autres savants s’étant occupés de cette question. Aprés une analyse compléte des monnaies et de toutes les données possibles, May se détermine pour la région au nord-ouest de Deuropus comme emplacement de Damation. Pour ce qui est de Pelagia, il nonce son opinion qu’elle se trouvait au nord de la plaine de Pélagonie, tandis que Sarnoa doit étre identifiée 4 Sarnonto et étre cherchée dans le voisinage de Skopje. A cause de la position géographique de la région de Skopje, il détermine cette région comme centre du territoire оп on découvrait les monnaies de Damastion, pour la plupart de petite valeur (Stobi, Skopje, Kuteviste, la région a Гоцез5Е de Kratovo, Kumanovo et Kumanovska Banja, Vranje, Janjevo, Prizren, Djakovica, Реѓ) et comme centre des voies de communication menant a toutes les localités ot on découvrait des dépéts plus importants (Kutina prés de Leskovac, la Bulgarie, la Cote Adriatique - Risan et Sinj), qui était a la fois Це directement avec le Sud Фон venait Vinfluence dans le style de la frappe des monnaies de Damastion. Une opinion semblable est soutenue aussi par R. Mack qui considére la région de Skopje et de Kumanovo comme péonienne en se basant sur les trouvailles des monnaies de Damastion.

En partant des propositions de May, nous avons essayé a notre tour d’établir quelles sont ces tribus sur le territoire desquelles circulaient les monnaies de Damastion. Grice a Thucydide (II, 96) eka Strabon (VII, Ke. 36), nous savons que le cours supérieur du Strymon était habité par la tribu péonienne d’Agrianiens. Suivant les données que nous trouvons chez Hérodote (II, 49) et chez Strabon (VII, 5, 11), nous pouvons conclure que la région de la Morava du Sud était habitée d’Agrianiens. Strabon (УП, frg.36) communique également que I’Axios prend sa source dans la région des Agrianiens. C’est avec ces Agrianiens que Strabon (VII, 5, 12) met en relation les Dassarétes. Les données citées nous font constater avec raison que le territoire comprenant le cours supérieur du Strymon, la région de la Morava du Sud, le territoire de Kosovo, le bassin de Skopje et de Kumanovo et les plaines de Tetovo et de Gostivar étaient peplés par la tribu péonienne d’Agrianiens. Ce large espace que nous attribuons aux Agrianiens trouve sa justification, a part les faits déja cités, dans la importance de cette tribu péonienne que Роп devine dans les données fournies par les sources écrites de l’antiquité: les rapports amicaux d’Alexandre III avec Langare, leurs relations familiales promises et échouées a cause de la mort de Langare, la présence remarquable des Agrianiens dans l’armée d’Alexandre en tant qu’unités d’élite.

Du point de vue archéologique, on a constaté que le territoire que nous avons défini comme agrien se caractérise par une unité culturelle qui se manifeste, au cours de |’Age de fer plus reculé et de la haute antiquité (УПе-ГУе siécle avant notre ére), par l’apparition d’agglomerations fortifiées, de marchandises importées du Sud grec, de céramique grise locale travaillée sur roue avec des formes grecques (découverte dans toutes les agglomérations), pag, une métallurgie développée (KrSevica, Brazda — region de Skopje), de méme que par l’architecture réalisée a un haut niveau technique et constatée a plusieurs endroits (remparts et quelques constructions a Krakra — Pernik, le tombeau d’un souverain prés de Brazda — Skopje, un tombeau a Tetovo). En d’autres termes, les vestiges archéologiques témoignent d’un haut degré d’évolution culturelle de la population au mileu de laquelle on peut s’attendre a l’usage de la monnaie en tant que moyen de paiement.

L’apparition de la monnaie n’est pas d’ailleurs une nouvelle pour les Agrianiens. Ils continuent la tradition des Derroniens et des Laiaiens, tribus péoniennes installées loin dans l’arriére-pays de l’Egée, a la périphérie des influences helléniques, qui frappaient des monnaies déja dans la deuxi¢me moitié du Ve et dans la premiére moitié du Ve siécle avant notre ére. Leurs souverains Eurgetas, Ekgonos, Bastareos, Doki(?mos) frappaient des monnaies en leur nom. Puis il advient une cessation de la frappe des monnaies péoniennes pour continuer d’une facon intense plus tard, sous Lykkeios. Dans cette période a lieu Punification des tribus péoniennes dans une organisation politique sous l’oppression de l’expansion macédonienne. Mais les Agriens, qui rattachérent le territoire de leurs voisins les Laiaiens, garderont leur indépendance jusqu’a Audoléon qui, dans les premiéres années de son gouvernement, rattachera leur territoire a la Péonie. Nous venons a cette constatation a la base des données fournies par Strabon (VII, 5, 1) et par Diodore (XX, 19, 1), suivant lesquelles les Autariates et les Dardanniens apparaissent comme voisins septentrionaux de la Péonie.

Entretemps, sur le territoire habité d’Illyriens a été fondée Damastion qui, a partir de l’année 395 environ, a commencé à frapper des monnaies en argent. Les Agrianiens, voisins les plus proches de Damastion et de ses mines d’argent, ont accépté les monnaies de Damastion en tant que moyen de paiement. Stimulées de la frappe de monnaies 4 Damastion et €conomiquement suffisamment puissantes, les villes agriennes de Pelagia (prés de Tetovo), de Sarnoa (dans la région de Skopje) et de Daparria ont commencé a frapper, elles aussi, des monnaies dans atelier de frappe a Damastion. C’est pour les mémes rasions que Nicarchos (vers 365/60) et Simon (vers 355), que nous considérons comme souverains agriens, frappaient eux aussi des monnaies. Nous croyons Dyplaios était le dernier souyerain agrien qui ait frappé des monnaies du type Patraios. П n’utilisait pas l’atelier de frappe de Damastion.

Si les monnaies de Damastion avyaient été en usage sur le territoire agrién, comme nous le supposons, et si Nicarchos et Simon agaient été ,,des dynastes agriens qui avaient sous leur pouvoir les mines de Damastion“, la ville de Damastion aurait dii se trouver a proximité des Agrianiens. Nous pensons également que les gisements de minerai de Damastion peuvent étre identifiés avec les montagnes de Kopaonik et de Rogozna dans un sens plus large. Nous sommes convaincus que les mines de Damastion devraient étre particuliérement riches pour attirer l’attention des habitants d’une ville égénne, pour que ceux-ci déménagent de 1a-bas et s’installent loin a P’intérieur des Balkans. La circonstance que Гоп пе les mentionne ni avant ni aprés réside justement dans le fait qu’elles se trouvaient trés au nord. Elles n’étaient pas attrayantes pour les Dardaniens, les Triballiens et les Autariates, tandis que les Macédoniens avaient suffisamment d’argent sur leur territoire. En ce qui concerne l’emplacement de Damastion, notre attention est attirée par l’agglomération prés de Sotanica, dans la vallée de I’Ibar, au centre de cette région miniére, confirmée épigraphiquement au temps des Romains comme municipium D.D. et comme centre de procuratores metallorum. Les trouvailles épigraphiques a venir demontreront peut-étre que sous cette abbréviation se cache Damastion Dardanorum.

L’expansion des Dardaniens vers le nor-est est une des raisons pour la cessation de l’activité de latelier de frappe des monnaies de Damastion, événement qui eut probablement lieu vers la fin du IVe siécle avant notre ére. Quelque peu plus tard, aprés la mort d’Audoléon, la Péonie perdit la région de Skopje et de Kumanovo au profit des Dardaniens.

Conscients de la gravité de ce probléme, nous présentons ces réflexions sous une réserve extrémement grande. Notre but est d’attirer l’attention vers cette possibilité qui n’est pas sans fondement réel.