Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 91–100

Локалитетот Градиште во селото Средно Нерези кај Скопје

- Истражувања вршени во 1974 и 1978 година -

Последните истражувања вршени на населбата во селото Средно Нерези ги потврдија некои констатации кои беа индицирани од поранешните истражувања.

Од првите истражувачки работи во 1953 година до последните во 1978 година, манифестациите на материјалната култура покажаа постоење керамика (поретко метал) од крајот на постарото железно време па до времето на раниот хелинизам кога животот на населбата бил прекинат. За римското време имаме археолошки потврди за постоење живот но во скромен обем. како и во полниот среден век кога овде било мало селце. Откриените гробови. а во првите истражувања и темели од куќи. дадоа доказ за егзистирање на населбата и во ова време. Системот на јами воочен и во 1953 година, во истражувањата во 1974 и 1978 година беше „повторно согледан.1

Во 1974 година поставени се две сонди (план2 12 Првата е на платото (3X2), а другата на неговиот раб (3X2). Во првата сонда (со почетна апсолутна кота 307.93) имаше најповеќе керамика од груба обработка. потоа сива хелинизирана, а најмалку сликана. Таа се јавуваше во прилично измешани културни слоеви се до 1,20 м кога се оцрта јама со правилна кружна форма, нумерирана со бројот 1. Во јамата културниот инвентар го сочинува керамика слична како во погорните откопи, но овде имаше и многу гарежи, пепел и животински коски. Грубата керамика е застапена со длабоки грнци и паници. На оваа керамика најчести се украси пластичните ленти со орнамент на отпечатоци од прсти ( сл. 6,7) или со потковичести и јазичести држалки (ел. 1.8). На грубата керамика доста е чест орнаментот на врежани линии во снопови ( ел.2). Сликаната керамика е од атичка провениенција ( ел.5).а сивата хеленизирана има локални варијанти - скифосот е најмаркантен Pigg кој добива чисто етнографски карактер во скопската котлина3 ( сл. 4, 3)3 Кај сивата керамика најчест орнамент е врежаната линија (ел. 3). Висината на јамата изнесува 1.60 mM, а пречникот 2,30 м чие рамно дно вкопано во здравица беше појачано околу со ситен камен. Во јамата се најдени и големи фрагменти од куќен лепеж.

Сондата II е поставена на работ со цел да се открие одбранбениот бедем (план 1). Таа ги даде следниве резултати: на длабочина од 0,30-0,40 mM, по целата должина и ширина на сондата се појавува ситен камен без врзиво со тенденција на скалесто симнување кон падината, во должина од сса 3 м. Овој насип од ситен камен претставува. секако. темелот на одбранбениот зид.4 Лицето на внатрешниот ид не е констатирано. По многубројните купишта камења кои се наоѓаат во подножието на Градиштето. може да се заклучи дека припаѓале на одбранбениот бедем на населбата. Лицето на надворешниот 5ид денес се гледа само од северната страна на неколку места. Населбата со бедемите би имала површина од сса 3,2 ха. Немала тераси, а влезот може да се бара само на пристапната страна - на местото каде е таа поврзана со матичниот рид на јужната страна.

Илустрација, стр. 92
Илустрација, стр. 92

Во 1978 година поставени се три сонди (III,IV,V) со континурана нумерација на поранешните ископувања (план5 1). Во сондата III, поставена во непосредна билизина на сондата I, а со димензии 4X4 е констатиран керамичен материјал предимно од изразито груба фактура. Ретка беше сивата хелинизирана керамика, а сликаната недостасуваше. И овде на длабочина од сса 1,20 м се оцрта јама со правилна кружна форма (сл. 9), нумерирана со бројот 2. Таа е исполнета. како и јамата 1, со горен. пепел. керамичен материјал, коски од животни, крупен камен и големи фрагменти од куќен лепеж. Дното на јамата, вкопано во здравица. завршува на 1 M длабочина и има раседна линија со дијагонален правец.6

Во оваа јама немаше позабележителни форми кај керамиката.

Сондата IV е поставена на југоисточната страна на населбата, на самиот раб со цел да се констатираат остатоци од одбранбениот бедем. Димензиите на сондата изнесувал 8 х 1,5 м (план 1). До длабина од 0,50 м, (во апсолутни коти 313,2 - 310, - 307 - овде се појави здравица) откриена е керамика најповеќе од груба фактура, нешто сива и поретко сликана. Остатоци од бедемот на оваа страна се слабо видливи (сл. 10).

Сондата У е поставена на сса 10 M од резервоарот.7 Димензиите на сондата изнесувал 10 х 1,5 м (план 1). До 0,30 м земјата претставува хумус со ретки фрагменти од груба и нешто сива керамика. Под 0.30 м се јавува крупен песок. Ископувањата продолжија само во северната половина на сондата, во

Илустрација, стр. 93
Илустрација, стр. 93
Илустрација, стр. 93

должина од 5 м. На сса 1 м длабина се појавија гробови. Тие се од необработени камени плочи со помали димензии и од тули. Се открија само четири од кои гробовите 1 и 4 имаат зачувана конструкција. Следува приказ на гробовите:

Гроб 1e граден од необработен камен (сл. 11, 12). Едната бочна страна не е зачувана. Должина на гробот е сса 1,80 м, а на скелетот 1,70 м. Рацете на покојникот се поставени преку градите, главата настрана. Над покојникот се поставени тули како и кај главата. Наоди нема.

Гроб 2 е лоциран до гробот 1. Кај главата има две тули. Конструкцијата на гробот не е зачувана. Должина сса 1 м. Скелетот е делумно зачуван. Наоди нема.

Гроб 3 има должина сса 2 м. Должината на костурот е 1,50- 1,60 м. Овде е инхумирана помлада индивидуа. Кај главата се наоѓаа тули со поголеми дименмзии. Наоди нема.

Гроб 4 е добро зачуван. Припаѓал на дете. Димензиите на гробот се: 0,70 х 0,40 м. На скелетот недостасуваат долните потколенички коски (фибула и тибија). Главата е поставена настрана.

Наоди: пар обетки изработени од бронзен тел со по една мониста, откриени од двете страни на главата. На едната рака кај лактот откриени се три белезици од тордирана жица со слободни краеви (сл. 13).

Во близина на гробот 1, како случајни наоди, откриени се две белезици од кои едната е од стаклена паста, а другата од бронза со орнаменти од крукчиња на краевите. На овој простор се откриени и три алки од бронзена жица (сл. 14).

Гробните конструкции со својата градба, начинот на инхумирање на покојниците, христијанската ориентација, како и подвижниот археолошки материјал, индицираат среден век, време околу XII–XIV век од нашата ера. За постоење некропола од среден век имало потврди уште во првите истражувачки работи на оваа населба.8

Населбата на локалитетот Градиште е во северното подножје на Водно, окружена со добро наводната земја и пошумена заднина.За големината стана збор нешто понапред (со бедемите можна е и до 3,2 хектари, а без нив околу 2,5 ха). Формата е донекаде елипсовидна, помалку јазичеста (лингула). Како е веќе напред речено, населбата на локалитетот Градиште немала тераси. Подзидувањето е вршено од локален камен, кршен од седиментна плоча врз која лежи самото Градиште. Со големи блокови е обложено лицето. а

Ca. 9 Jama 2 - Pit 2 Ca. 10 Conga ГУ - Sonde JY7
Сл. 9 Јама 2 - Pit 2 Ca. 10 Сонда ГУ - Sonde JY7
Сл. 13 Гроб 4 - Grave 4
Сл. 13 Гроб 4 - Grave 4

внатрешноста насипана со ситен камен и земја. Малото седло пред јужниот раб на ите вештачки е продлабено во широк роѕ, со рамно WHO H стрмни9

Во Скопската котлина и другите предримски населби ја имаат приближната форма, а висината, главно им се движи помеѓу 40 и 100 м (некои ја преминуваат оваа граница). Страните им се стрмни, но јужната е секогаш пониска и приспособена за приод. За заштитување на населбите користени се сувозидови и насипи. Надворешниот зид секогаш бил под работ и се наоѓал на помала тераса. Растојанието помеѓу зидовите било насипано со поситен камен. Ваквата архитектура на населбите не е така јасно видлива на сите наоѓалишта во Скопската котлина, што може да се толкува. со слабата зачуваност на зидовите, како и нивната недоволна истраженост.10

На населби од сличен тип најповеќе се работело во Босна и Херцеговина каде систематски се пристапило кон нивното истражување.11 ' Широката распространетост на населбите - тврдини во Босна и Херцеговина укажува дека тие не се карактеристики на еден одреден народ, но се продукт на несигурно време и на недостаток на поцврста општествена организација. Најстарите населби од овој тип припаѓаат на неолитското време, но нивната масовна изградба почнува во времето на големите преселби и кризи кои во текот на енеолитот ја потресле Европа!12 Познати се тврдински населби во Чехословачка, Австрија, Германија, Франција, а особено се бројни во Италија, Грција, Албанија и Југославија каде овие тврдини ќе останат доминантен тип на населба во текот на бронзеното и железното време cé до стабилизацијата на античките државни организации““.13 Највпечатлива карактеристика на овие населби е нивната нагласена дефанзивност; на неа и се подредени сите други стамбени елементи.

Во најголем број тврдини во бих служеле како населби погодни за одбрана и во урбанистичка смисла останале во почетна фаза на развитокот, а само помал број постанале вистински градови доживувајќи полна полеогене-14

Висок степен на развиток тврдините најнапред достигнале во Грција во времето на микенската култура и егејската преселба. Најдобар пример за тоа е тврдината во Микена. Голем број тврдински населби во Грција, Албанија, Италија и на нашето приморје урбанизиран е под влијанието на хеленистичката архитектура во последните векови пред нашата ера, а некои населби својот расцут го доживуваат во среден век израснувајќи во вистински крепосни градови15

животот на Градиште, како и на неколку населби во Скопско, паѓа во У-ЈУ век пред нашата ера. Населбата е заштитена со 5идини и доминантна над рамница. што се доведува во врска со коренитата измена во стопанската структура на населението, експанзијата на земјоделието за сметка на дотогашното сточарство. Прекин на животот на Градиште и на неколку слични

Да се вратиме на населбите во Скопската котлина. Почетокот на животот на некои од нив би можел да се стави во VII—VI век пред нашата ера, но, негде се запазени и постари ед слоеви од времето на неолитотбронзата (врз основа на ретките наоди).16 Овие слоеви се сега во секундарна положба што е случај, донекаде, и кај подоцнежните слоеви, а е веројатно последица од перманентната обработливост на земјата на населбите. Најмар-Kate пример за ова дава Градиште во селото Средно Нерези, каде е керамичкиот материјал растурен по падините, како и на платото.17 Цутењето населби (најзначајна е Исар кај селото Студеничани) е во ранохеленистичкото време, да би повторно во римското време егзистирале во скромен обем. Така на локалитетот Г Радиште во Средно Нерези умрените се закопуваат на севедрозавадниот крај на платото, каде се откриени бројни остатоци од тегули"“.18 За постоење живот во средниот век изнесени се веќе повеќе факти.

Населбата на Градиште во селото Средно Нерези, во времето кога е моќна и заштитена со зидини - У и IV век пред н. ера, имала во непосредна близина некропола на соседното плато Жданец, од југоисточната страна на Градиште. Овде е откриен гроб-циста со извонредни наоди. Тоа се сребрени фибули во осум примероци, сребрени обетки, бронзена игла со приврзок, ѓердан од ќилибар, сребрен пехар, мала сребрена тоалетна кутија, голем бронзен сад со две држалки, меч, нож и рачка од копје од железо.19 ° На Жданец, сега современа приградска нселба, констатирани се уште неколку разорени гробови.

Сл. 14 Наоди во близина на гроб 1 - Finds near to grave 1
Сл. 14 Наоди во близина на гроб 1 - Finds near to grave 1
Сл. 15 Случајни наоди - Chance finds
Сл. 15 Случајни наоди - Chance finds

Јамите откриени на локалитетот Градиште се третирани и како постар начин на закопување.21 Тие најмногу потсеќаат на јамите-кратери од населбата Кршевица кај Врање. Постои и извесна разлика - јамите на локалитетот Градиште кон завршетокот на профилот не се креваат инкасто кон површината. Гробната јама 2 од Кршевица има аналогии со јамите од локалитетот Градиште, како по формата така и по содржината.22

Скоро на сите населби во Скопската котлина од предримско време недостасуваат градбени остатоци иако понекаде се запазуваат фрагменти од куќен лепеж. Но за одбележување е дека на локалитетот Градиште како и на Исарот кај селото Студеничани се воочуваат поголеми купишта на камен, секако, изорани од темели на куќи. На населбата Исар кај Студеничани откриен е изгорен иден премаз како и антефикси on јОНСКИ тип кои служеле како украси на куќите.ѓ23 На Градиште во селото Средно Нерези откриените темели од куќи припаѓаат на средниот век. Се наметнува помисла дека покрај куќи градени во плетер (можеби градбена дејност од постара фаза) имало и во техника на суво5ид.

Во керамичкиот материјал кој е откриен како случаен се наоѓаат примери кои укажуваат на време кога населбата почнува со интензивно живеење. Тоа е бокалче со форма и орнаментика карактеристични за некрополата во селото Волково (Вучидол) кај Скопје, време на УП-МТ век пред нашата ера.24 Керамиката од подоцнежни времиња, како садови — прости грнци украсени со чешлест орнамент (ел. 15), укажува на влијанијата од Подунавјето (латеновидна форма).2525

Населбите-градишта во Скопската котлина доживуваат најголем економски просперитет во класичниот период (У-ГУ век пред нашата ера), време кога пристигнува броен импорт од југ: накитот и луксузните вази од сребро и бронза, оружје ковано во грчките работилници, сликани вази од антички тип, како и многубројна сивопечена керамика работена на колце се хеленски форми. На Градиште во селото Средно Нерези, како и на населбите во селата Студеничани, Варвара и Бразда, среќаваме големи питоси работени според јужните обрасци - со типична профилација, со боен премаз со понекој втиснат жиг.

Населбите во Скопската котлина се гратчиња од хеленизираи тип и се наоѓале на позначајни патишта. Така покрај Градиште во селото Средно Нерези поминувал прастариот повардарски пат кој ја сечел целата Скопска котлина и ја поврзувал со соседните области. Оваа населба имала централно и значајно место во Скопската котлина, а тоа го докажуваат многубројните археолошки наоди кои зборуваат за интензивниот живот што се одвивал овде.

(SUMMARY)

The excavation carried out at Gradiste from 1963 to 1978 showed examples of pottery dating from the early Iron Age to the late Helelenistic Period when no life existed in these settlements. There is archeological evidence that people lived there in the Roman Period as well, as in the Middle Ages when this site was only a tiny village. The system of cultural strata was noticed in 1953 and then again in 1974 and

In 1974 two trial excavation soundings were conducted (1, П) and in 1978 three (III, IV, V plan 1). Cultural stratum was discovered in the first trial excavation sounding at 1,20 m. depth, as well as in the third one (cultural strata 1, and 2, p. 9). They-were filled with soot, ashes and animal bones. The cultural content of the cultural stratum is very rich: 1) rough structure pottery p. 1,8) 2) painted pottery from Attic province (p.5) and 3) grey hellenistic pottery with local variant where the scyphus dominated, featuring additional ethnographic characteristics of the Skopje valley.(p. 4) Trial excavation soundings П and IV conducted at the border of the settlement (Plan 1) gave evidence of the existence of a rampart. The remains of the rampart were olny visible in the first cultural stratum.

Белешки

  1. Првите сондирања се од П. Гоцкова-Славска, од Градскиот музеј, во 1953 година. На локалитетот се вршени чести рекогносцирања и куси сондажни испитувања од страна на авторот на оваа статија. Литературата која се однесува на локалитетот Градиште: I. Mikulčić, Teritorija Skupa Antika XXI. 2, 1971; Истиот, кон проблемот на предримското население во Скопската котлина, Историја VII, 2 Скопје 1971; Истиот, Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 29-31; R. Pašić, Gradište kao tip naselja u Skopskoj kotlini, Materijali XIV, X Kongres Arheologa Jugoslavije, Prilep 1976, 146-148. ↩
  2. R. Pašić, op. cit., 146,148. ↩
  3. И. Микулчиќ – М. Јовановиќ, Хеленистички oppidum из Кршевице код Врања, Гласник књ. IV , Врање 1968, 368. ↩
  4. r. Pašić, op. cit., 148. За внатрешниот насип и неговото испитување од страна на авторот на оваа статија, има помен во цитраното дело – И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, 30. ↩
  5. Во 1978 година целта на истражувањата беше да се потврдат некои констатации од 1974 година. ↩
  6. Јамата 2 е помал пречник; тој изнесува само 1.40 м. ↩
  7. На населбата Градиште има неколку приватни куќи и резервоарот се наоѓа во близина на најголемата зграда. ↩
  8. Види забелешка 1. ↩
  9. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини. 30. ↩
  10. Поради дејствување на разни фактори зидовите не можеле да бидат добро зачувани, а и нивната истраженост е во почетна фаза. ↩
  11. Č. Truhelka, Prehistoriske gradine na Glasincu, Glasnik Zemaljskog muzeja, IV-V, Sarajevo 1949-50, 243-268; Đ. Basler, Prehistoriske gradine i njihova zaštita, Naše starine, Sarajevo 1954, 87-97; B. Čović, Uvod u stratigrafiju i hronologiju preistoriskih gradina u Bosni, Glasnik Zemaljskog muzeja, XX, Sarajevo 1965, 27-145; B. Govedarica, Preistorijske gradine u Bosni i Hercegovini, Materijali XIV, Naseljavanje i naselja u praistoriji, X Kongres Arheologa Jugoslavije, Prilep 1976, 177-133. ↩
  12. A. Benac, Simpozijum o teritorijalnom i hronološkom razgraničavajnu ilira u praistorisko doba, Simpozijum 1964, Sarajevo, 62-65. ↩
  13. Цитирана литература кај Б. Говедарица во Праисториска градина у Босни и Херцеговини, Материјали XIV, под напомена 3, стр. 130. ↩
  14. Govedarica, op. cit., 117. ↩
  15. Ibidem, 118. ↩
  16. Во честите рекогносцирања на предримските наслеби во Скопската котлина, запазени се елементи од постари културни слоеви. Така, на Исарот кај селото Студеничани откриена е камена секира, а на Орловица кај селото Ракотинци керамика каја потсеќа на доцнонеолитска и бронзенодопската. ↩
  17. Поради дејствувањето на атмосферилите и други фактори (како што е обработливоста на земјиштето до големи длабини, потоа, Градиштето било и стратегиско место - овде се наоѓани шини, тер-папири на знатна длабина) керамички матријал е, главно, во секундарна положба, освен во јамите. ↩
  18. На северозападниот дел на платото откриени се многубројни тегули, секако. од разорени гробови. Во непосредна близина, на површината регистрирана е една римска монета на Нерон. ↩
  19. В. Соколовска - Р. Пашиќ, Еден гроб од Жданец, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, VI-VII, Скопје 1975, 231-244. ↩
  20. И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини. 30. ↩
  21. И. Микулчиќ - М.Јовановиќ. ор. cit. 359. ↩
  22. И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини. 33. На населбата Исар се заназуваат остатоци од градби-изорани темели од куќи и изгорен 5иден премаз (глина). ↩
  23. Бокалчето е открено на длабина ид сса 1, во искои на сентичка јама. Има карактеристична орнаментика која се среќава на значајната некропола „Дубиче“ кај селото Волково (Вучидол). ↩
  24. Овие прости лонци се откриени при копање на садници, на длабина 0,50 м. Керамиката потсеќа на латенската. Влијанијата од Подунавјето се гледат и на фибулите и оружјето во Скупи од ова исто време; И. Микучиќ, Скопје со околните тврдини, напомена 15, стр. 30. М. Гарашанин. Праисторија на ‘тлу ср Србије II, Београд 1973, 532. Ваквите садови се јавуваат и во лачко подрачје. но. се чести и помеѓу грубата латенска керамика, изложена на изложбата „Илири и Дечани“. Народни музеј Београд и Историјски музеј Трансилваније Клуж. Београд 1971, Д 59 — Д 75. ↩
  25. RADMILA PASIC - Skopje ↩
  26. GRADISTE SITE IN THE VILLAGE SREDNO NEREZI NEAR SKOPJE ~ Excavations carried out in 1974 and 1987 - ↩

Summary

Gradište Site in the Village Sredno Nerezi near Skopje

Four graves of unrefined small stone blocks were found out in the trial excavation sounding V at a depth of about 1 m. The way of burial, the orientation fo the grave, as well as the artifacts are representative of the Middle Ages, twelveth to fourteenth centuries (p. 11-14).

The settlement at Gradiste site covers 3,2 hectares and is oval shaped. The - other settlements in the Skopje valley are of a similar shape.

At its height of power and fortification from the fifth to the first centuries. B. C., Gradigte had its own necropols, on the nearby2 Zdanec Plato.