Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 79–87
Археолошки истражувања на локалитетот „Атици“ во село Црничани, Гевгелиско
Археолошкиот локалитет „Атици“ се наоѓа во атарот на селото Црничани, оддалечен 2 км западно од него и југоисточно од крстопатот на патиштата Валандово - Дојран и Богданци - Дојран. во парцелите 5 и 10 ua лозовите насади на ЗИК „ИЗВОРСКИ“ од Богданци (Пл. 1). Откриени е во 1974 година со археолошките истражувања — рекогносцирања за изработка на Археолошката карта на со Гевгелија од стручна екипа на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата под раководство на Живоин Винчиќ и Милан Ивановски. Тие за локалитетот имаат изнесено теренска опсервација како за „еден од најголемите СНСОЈНТСКН локалитети во Долното Повардарје“.
Од тие причини и заради отсуството на археолошки податоци од периодот на младото камено време и енеолитот во праисторијата на ср Македонија1 од овој дел, Музејот иа Македонија во соработка со Народниот музеј „Митко Зафировски“ од Гевгелија презеде заштитни археолошки истражувања. Целта на истражувањата беше да се добијат податоци за вертикалната стратиграфија на населбата и да се определи културната и хронолошка припадност на истата, а со цел збогатување на музејскиот фундус со археолошки предмети и податоци од овој дел на Републиката, што ќе најдат соодветно место во поставките на двата музеја.
Како што споменавме, локалитетот Атици се наоѓа на крстопатот, од двете страни на потокот со повремени води, Кавагдере. Во одредени влажни периоди во него течела вода и во далечното праисториско минато тој бил извор на вода за пиење и живеење. Неколку стотини метри јужно од населбата, до зградите на ЗИК „Изворски“ е поголема рекичка која исто така била користена. Самиот терен е настанат со таложење на наноси од пороите H ветровите што ги переле врвовите на блиските ридови северно од локалитетот до селото Ѓопчели. Теренот благо паѓа кон југ, обрастен е со субмедитеранска вегетација-макии, јавори, багреми и бујна трева во пролет. На површината што сега е под лозја, подигнати во 1974 година се видливи многу камени мелници, големи фрагменти куќен лепеж со интензивна црвена боја и силна тврда структура, фрагменти керамика и на места големи површини пепел и горетини. При засадувањето на лозјата целиот локалитет, што најверојатно бил ниска тумба е разорен до длабочина од 1 метар. Притоа. како што се потврди и во археолоките истражувања. е уништен целиот помлад културен хоризонт. За него единствено можеме да зборуваме од скромните податоци што ги дава површинската керамика. Со внимателна Пи. 1. Археолошки лок. Атици, с. Црничани Plane 1. The archaeologic site Atici, village Crnichani /
Пл. 2. Блок П вертикален профил
Plane 2. Block II vertical profile
перцепција на теренот и денес се забележува благо возвишување во еден дел, меѓутоа, на која страна е разнесена земјата, тешко е да се констатира. Евентуалните идни археолошки истражувања можеби ќе можат да дадат податоци за првобитниот изглед и големина на локалитетот.
Со оглед на малите финансиски средства истражувањата беа скромни по обем. Отворени се два блока. Блок I со големина 4х 4 м и Блок II со големина 3x3 M. Наслојувањата и во двата блока се потполно идентични. На профилите можат да се издвојат три слоја (Пл. 2). Првиот слој, најгорниот, е всушност вториот или помладиот културен слој уништен во длабочина од 1 м. Земјата е компактна и многу тврда, по боја бледо кафеава. Во него има многу малку археолошки материјал кој е многу педантно исчистен од плуговите. Затоа што локалитетот е разоруван многупати во различни правци за да се добие каква-таква нивелација, слојот со археолошки материјали е измешан со стерилните интактни слоеви и делува како стерилен. Вториот слој е со дебелина од 0,30 м со многу остатоци од фрагменти куќен лепеж со компактна структура и интензивна црвена боја. За изгледот и големината на објектите за живеење тешко може да се каже нешто повеќе, но веруваме дека биле надземни, градени на начин добро познат и широко прифатен и применуван во младото камено време во ср Македонија. Движниот археолошки материјал е особено богат, дотолку повеќе ако се има предвид дека и двата блока се поставени, во извесна мерка, на периферијата на населбата, онаму каде единствено беше празен простор. Под овој е слојот протохумус со бледо окереста боја. Блок I е истражуван до длабочина од 1,80 м и во него се констатирани сиромашни археолошки траги. Блок П е истражуван до длабочина од 1.50 м.
Со заштитните археолошки истражувања, многу скромни по обем, констатирано е дека се работи за многу голема населба од крајот на младото камено време и почетокот на енеолитот. Ова не значи дека во протогеното јадро на населбата не постои и постара фаза од животот на населбата. Многубројните камени мелници, авани, точени секири, шила, кремени ножиња, зборуваат за еден многу интензивен живот, со развиено земјоделство и сточарство. Ова второто само го насетуваме, иако во истражувањата не се откри ниедна животинска коска; меѓутоа, во констелација со културнохронолошките карактеристики на овој општествено-економски систем. прет-ТТ. Камени и кремени артефакти
Т.П. 1 жртвеник: 2 чинија; 3-4 држалки; 5 керамички кугли; 6 машка статуетка Plane II. 1 sacrificial altar; 2 plate; 3-3 handls; 5 ceramic balls; 6 a small male statue
поставуваме дека и сточарството е присутно. Во колкав и каков обем, тоа останува загатка и понатаму.
Движниот археолошки материјал ги покажува следните особености и културно-хронолошки карактеристики: Камените мелници (1.1. 1, 2) се со елипсовидна форма со видлива абразија на едната површина без интервенции на природната форма. Аваните (Т. 1. 3) се со стандарден изглед, длабок реципиент и голема временска употреба. Кремените ножиња (Т. 1. 5, 9) се со остар ретуш од мал ситен крлушест тип. Другите камени алатки, длета, острилки и клинови се добро примарно мазнети со секундарни функционални оштетувања (Т. 1. 4, 6-8; ТЛУ.1-4).
Керамичкиот материјал, иако во двата истражени блока бројно е многу скромен, генерално покажуква аналогност со убаво мазнетата керамика од доцнонеолитските фази. Во него кајдоминантен е материјалот со добра фактура и мазнети двете површини, сива и кафеава боја. По форма најдоминантни се затворените и полузатворените садови со рамни широки ободи (T.V. 5, 6, 10), хоризонтални држалки од тунелест и лентест тип. (Т.П. 4; Т.Ш. 1, 2, 3). Покрај нив, широките чинии се маркантна форма широко користена и изработувана на оваа населба (Т.ГУ. 7; T.V. 9). Од декоративните елементи ќе го споменеме импресо украсувањето со убоди од остар предмет, наредени на вратот и рамото на сивата керамика (Т.ІІ. 2; T.IV. 5). Што се однесува до материјалот од категоријата култни и религиозни предмети, во истражувањата 1988 и рекогносцирањата 1974 год. е откриен еден фрагментиран жртвеник. По фермата потсеќа на жртвеникот со плиток реципиент и една животинска глава, откриен во Страната, с. Ангелци?.2 Интересна и по формата и по изместената вертикална оска е една машка статуетка со нагласена стеатопигност ст.П. 6). Вниманието го привлекува и една десна нога од женска статуетка со нагласени глутеи преку кои оди една врежана хоризонтална линија и пластични украси по грбот околу половината. Идентична е откриена во доцнонеолитскиот слој на Тумба во с. Долно Палчиште, Тетово. Друга една минијатурна столбеста статуетка со нагласен нос и врежани очи, црвена боја и една десна нога од статуета се засега откриениот репертоар од споменатата категорија (Т.У. 1, 2). Анализата на материјалот покажува нешто поголема доминантност на сивата мазнета над црвената керамика и хронолошка и културна блискост со материјалот од населбата на локалитетот Страната во село Ангелци. Струмичко.3 Покрај тоа, евидентни се врските со фазите после Дизабегово-вршник ги. односно Зелениково пр. иако во овој момент заради скромниот материјал потешко е фино да се детерминираат. Ова се однесува на вкупниот керамички материјал и литичката индустрија иако во истражувањата стратиграфски се констатирани два хоризонта на живеење од кои само постариот е интактен а помладиот до длабочина од сса 1,0 м е потполно уништен и засекогаш загубен. Споредувајќи ги резултатите добиени од истражувањата во однос на хронолошкото определување, сметаме дека постариот интактен хоризонт временски одговара на помладата фаза Ангелци П на локалитетот Страната, односно Винча-Тордош 11°.
Евентуалните идни археолошки истражувања Ке придонесат за попрецизно хронолошко и културно определување на населбата, нејзината големина, протогеното јадро и степенот на развлеченост и уништеност. Ова ако се има во предвид големината на населбата, близината на неолитските локалитети од соседните северни делови на Грција и Југозападна Бугарија.
Белешки
- Во истражувањата учествуваа: Драги Митревски и Ирена Настева од Музеј на Македонија. Киро Ристов и Аргир од Народниот музеј Митко Зафировски“ од Гевгелија. ↩
- В. Санев - М. Стаменова, Неолитска населба „Страната“ во с. Ангелци, Зборник на Завод и Музеј - Струмица, Струмица 1989. ↩
- В. Санев — М. Стаменова, о.с. ↩
- Д. Здравковски - М. Шурбаноска: Извештај од заштитното ископување на ха „Мавровица“ во с. Немањици — Светиниколско, Зборник на Археолокиот музеј на Македонија Х-ХІ1, Скопје 1983, 111-131. ↩
- M. Garaganin, Zelenikovo II, Praistorija jugoslovenskih zemalja II, Sarajevo 1989, 207-211. ↩
- В. Санев - М. Стаменова, о.с. ↩
- DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI- Skopje ↩
Summary
Arcнaeologic research on тие ѕiте Аtici in тие village Crnichani, near Gevgelija
(SUMMARY)
The prehistoric settlement Atici in the village Crnichani is located on the cross road Valandovo—Dojran and Gevgelija—Dojran in the vine yards of ,,Izvorski4 of the village of Bogdanci (plan 1). With the research work two cultural layers were determined (plan 2). The younger layer has been plowed to a depth of 1,0 m., while the elder layer has been left untuched. The movable archaeologic finds from this site show resemblance to the finds from the lateneolithic settlement of the site Stranata in the village Angelci near Strumica. The dating refers as to the phases after Anzabegovo—Vrshnik IV, namely to Zelenikovo П. A more detailed chronological and cultural definition of the results can not be given, since the scope of the research work on the site has been quite small, but in a certain sence they2 are directed towards the thesis of M. Garashanin, confirming the definition of the group Zelenikovo II, and that the lateneolithic penetration originates from the southeast.