Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 309–310

Владо Аврамов

Илустрација, стр. 309

Од редовите на музејската и археолошката професија, во текот на оваа 1989 година (21 април), засекогаш отиде нашиот колега, соработник и другар Владо Аврамов, кој со својот младешки елан само накратко успеа да зачекори во светот на научните истражувања, кои претставуваа неодминлив дел од неговиот краток живот.

Уште во деновите на младоста немирниот истражувачки дух што го карактеризираше Владо го насочи определувањето на неговиот животен пат.

Во 1970 година се запишува на Средното уметничко училиште во Скопје, кое со успех го завршува во 1974 година, за веднаш потота да се запиште на Филозофскиот факултет, група Историја на уметноста со археологија, на кој дипломира 1979 година. Во текот на целиот период од своето студирање Владо учествуваше на археолошки истражувања со што конечно го одреди својот иден позив.

Амбициозноста и енергијата што ја поседуваше за професијата што ја одбра, го вброи како еден од првите работници во археолошката наука од гевгелискиот крај, за која даде се од себе да создаде услови таа да се развие на ниво на кое и припаѓа. Имено, по завршувањето на студиите се вработува како кустос археолог во Историската збирка при Работничкиот универзитет „Кирил и Методиј“ во Гевгелија и веднаш почнува со проучување и евидентирање на материјалот во неа. Првите две години од своето вработувбање неуморно работи на прераснување на Историската збирка во Музеј на гевгелискиот крај и конечно во 1982 година со несебично залагање успеа да го оформи Општинскиот музеј на општина Гевгелија, кој опфаќа три постојни поставки и да стане негов прв директор.

Покрај фунцкијата директор на Музејот, Владо свој придонес даде учествувајќи во работата на повеќе општествено-политички организации како член на СК. За време на својот краток живот (35 години) и работен (9 години) век, покрај секојдневните обврски, активно беше вклучен во рботата на повеќе асоцијации на градот и општината (Претседател на кошаркашкиот клуб „Кожуф“, Претседател на Извршниот одбор при сиз за физичка култура на општината, секретар на ОО на СК во својата масна заедница), како и во сите настани од областа на културата (член на Советот на Графичката колонија Гевгелија, член на Советот на Дојранските ракувања), како и прв иницијатор за формирање на Друштвото на ликовните уметници на Гевгелија, во кое беше и тој член.

Во својот краток работен век Владо реализира само незнатен дел од

плановите што беа зацртани пред него. При издавањето на фотомонографијата „Гевгелија 1886 - 1986“, беше член на комисијата за подготовки на истата, член на редакцискиот одбор, како и еден од авторите на текстот, а во подготовките на Зборникот на паднатите борци од нов беше еден од соработниците на д-р Владимир Картов. Освен тоа, подготвуваше повеќе текстови од неговата научно истражувачка работа на полето од археологијата кои не успеа да ги реализира.

Неговиот живот, прекинат од болеста, прерано згасна оставајќи ги своите најблиски, сопругата и двете малолетни дечиња, за да остане само неговиот спомен на благороден човек, другар, колега и пријател.

Неговото прерано одминување претставува голема загуба како за Музејот, музејската и археолошката наука така и за родниот град, во кој созреа како човек со широко срце и бескраен поглед во добрината и иднината. За жал, таа иднина ни останува само за почитување и сеќавање на неговиот збор и дело и на сета добрина што ја остави зад себе. Ќе остане пример во чиј лик засекогаш ќе се гледа само човек.