Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 247–257
Толкување на еден специфичен тип на амулети од средниот век на Балканот
Кон крајот на доцноантичкиот период на територијата на Европа настануваат бурни етнички движења. Централноазиските племиња стеснети меѓу тврдините на Персиското и Кинеското царство, водени од освојувачкиот инстинкт и верата во единственото Небо, поаѓаат на запад во потрага по нови простори. Конкретен израз на нивните верувања е и групата од 12 амулети со представл на коњ во галоп, на чиј грб е поставена човечка глава „еп face“. Два од овие привезоци потекнуваат од Македонија, и тоа од околината на с. Зовиќ, Битолско, (си. 1) и од локалитетот Горен град - Варош, Прилеп (сл. 2).1 9 примероци потекнуваат од нр Бугарија: Белоградчик — 1,22 Видин - 1,3с.3 Bpaua - 2 - Ловеч,4 с. Остров - 1 и с. Сино брдо - 1 - Врача,5 Пловдив - 16 и2 од непознати локалитети денес во музејот во Варна?7 (сл. 3). Последниот XIIти наод потекнува од Унгарија.8 Нивното случајно пронаоѓање не ни дозволува директно поврзување со одреден материјал и податоци.
Наодите од нр Бугарија за прв пат се обработени од Н. Мавродинов 1943 r.9 кога ги определува како ранобугарски или прабугарски и ги датира според аналогни примероци (?) во границите на VIII и LX век, и повторно 1959 r.10 кога ги дефинира како претстави на митски предок получовек-полуживотно, двоумејки се да ги припише на прабугарската или прасловенската традиција. Своето внимание кон нив го посочува и Д. Овчаров 1984 г.11 припишувајќи ги на паганските Прабугари и ги датира до нивното покрстување во средината на IX век и неколку децении подоцна. Тој ги толкува во контекстот на примитивните религиозни претстави со апотропејски карактер.
Сите 12 амулети се карактеризираат со идентична форма што посочува дека се работи за канонизиран иконографски тип изведуван во различен степен на стилизација. Тие се изработени со леење во бронза во различни калапи веројатно на повеќе работилници, а некои примероци од Бугарија12 се доработени со врежување. Фигурата на коњот се одликува со тенко издолжено тело, долги нозе и врат, и изразито издолжена муцка, што секако се карактеристики на одредена раса на коњи. Површината на телото кај најгрубо изведените примероци е прекриена со неправилен мрежест орнамент кој кај попрецизните добива форма на низи кратки врежувања, што во основа има еднаков смисол. Ваквата декорација, според досегашните констатации, го симболизира крзното или некој вид покривка од типот на панцир, кој се јавува на повеќе графити од средновековните споменици во Бугарија!“ и чие постоење засега не е потврдено со алрхеолошките истражувања. За жал ваквото толкување не можеме да го прифатиме ни поради јасноста на применетиот графички израз. Како аналогија ја земаме сликата изведена на дрвена плоча од Дандан Уилик, Кашгарија, датирана околу VII век (сл. 4)13 на која се претставени два млади јавачи на коњ и камила во моментот на либација. Ореолите околу нивните глави укажуваат на нивната света приро-
На малото седло, по форма блиско до оние од времето на кинеската царска династија Т"анг14 (618-907)“" чија културна доминација се простирала на целиот азиски простор, или директно на грбот на коњот е поставена сразмерно голема човечка глава. Иако често дадена во висок степен на стилизација, лесно се воочува дека се работи за машки лик со јак нос. крупни лесно издолжени очи, тенка уста и долги мустаци (2). Зашилената брада често се стопува со седлото. Над веѓите кои представуваат продолжение на линијата на носот, се наоѓа мала триаголна вдлабнатинка (во 1 случај полукружна). Ваквото обележување на телата, т.е. тетовирањето, € метод на трајно поврзување и поистоветување со небеските сили и основно комуницирање со нив. Таа иницијација е воедно и ритуал на приклучување кон некоја друштвена целина во овој случај воедицета со знакот на триаголникот кој симболично ја претставува вселената - и ебо, земја, човек.15 Над линијата на челото редовно се среќава пластично продолжение со перфорација во средината која служи за прицврстување на амулетот. Постоењето на овој продолжеток тешко може со сигурност да се определи, а наведува и на мислење дека16 е со чисто функционална примена. Меѓутоа, идентичната форма кај сите примероци, како и попрецизната изработка кај некои од нив, индицираат дека се работи за некој вид капа сродец на денешниот фес, односно капите од сукно или шубарите со кои се прикажувани припадниците на турските племиња во раносредновековните уметнички дела.
Досегашното толкување на ликот како шаманска маска го исклучува констатацијата на М. Елијаде17 дека облеката на шаманот, која е меѓусебно заменлива со маската, има за цел да го транссупстацијализира неговиот лик пред присутните во надчовечко битие кое самиот сака да го осветли. Ретката појава на маските во северна Азија и Сибир се поврзува со желбата поединецот да се сокрие пред духот на мртвиот предок или да се поистовети со него, при што се применува наједноставната постапка на премачкување на лицето со гареж или прекривање со шамија. Во случаи кога се стреми кои поистоветување со митските и други битија таа поприма крајно симболичен, редуциран изглед. Оттука и поистоветувањето на овие амулети со шаманистичките верувања не може да се прифати. Основната цел на церемонијата, да ја претстави илузијата на тајното патување пред публиката, илустрирана со безброј шаренолики украси, ја чини премногу бледа потребата од одликување со еден ваков, изразито реалистично конципиран орнамент.
Представата на коњот кој на својот грб ја носи доминантната човечка глава, го наведува на констатација Д. Овчаров"“"18 дека и покрај конструктивната и идејна обединетост на двата лика, носител на главната улога е посвесното битие. човекот, предадено во концентрирана форма. Меѓутоа, важноста на коњот во секојдневието на номадските народи, а оттука и богатството на појавни форми на неговата амбивалентна природа во митологијата, не ни дозволуваат да го запоставиме при толкувањето на целата фигурална представл. Неговиот симболизам ги опфаќа обата пола на космосот -- горниот и долниот свет меѓу кои постојано комуницира. Пред нас тој се јавува украсен со т.н. „бојни пеги“.19 Оваа декорација во основата ја има точката како последен стадиум на апстрахираноста на постоењето, жариште на духовната еманација и утока на нејзината интеграција со - човековата глава, средиштето на животната сила, душата и нејзината моќ.20 Судбината на човекот и коњот е нераздвојна. Тие се извор на мир и судир. Нив ги поврзува посебната дијалектика на нагонското и духовното, интуиција која го просветлува
Значењето на двата сплотени лика, човекот и коњот, би можело да се побара во централноазиско-сибирскиот митолошки систем кој се карактеризира со специфична класификација на божествата.22 Во неговата основа лежи трихотомната поделба на макрокосмосот на Врвен, Среден и Долен свет, меѓу кои се поделени сите живи суштества, божества и духови. Со бројните откритија на древни текстови на орхонските стели и натписи на енисејските Киргизи, древно ујгурските рунски и курзивни текстови, соопштенијата на муслиманските хроничари и кинеските извори за племињата кои живеат северно од Големиот зид, се добива јасна слика за карактерот на древнотурскиот пантеон. Врвното божество на врвниот свет е Тенгри (Tenri - Небо), божеството на Средниот свет е „Света земја и вода“ (Yduq jer sub) и
божеството на долниот свет Ерклигхан. Покрај овие главни божества познати се и и бројни вторстепени или божества помошници од втор ред. Во рунските текстови на хартија од пештерната библиотека во Дунхуан, покр. Наншан, Кина, познати како „Книга на гатања“ (прва пол. на X век), меѓу другите се споменуваат и две божества од втор план: „Божество на патиштата на пегав коњ“ (Ala atlyg jol tenri)и „Божество на патиштата на црн коњ“ (Gara atlyg јо tenri). Нив ги среќаваме и во древниот тибетски „Каталог на кнежевствата“ од VIII век чиј еден дел е пронајден во пештерите на Дунхуан. Во етнографскиот материјал од Алтај Л.П. Потапов забележува дека шаманскиот лик на божеството на патиштата кој јава на пегав отикоњ е сочуван до XX век под називот „Божество на земните патишта“.?"23 Двата лика на Jol tenri се јавуваат како помлади роднини на Тенгри. Тие ги исполнуваат неговите жалби постојано патувајки и со тоа сврзувајки ги Горниот и Средниот свет, и пренесувајќи ги желбите и молбите упатени од каганите со што ја остваруваат обратната врска.
И Монголите се водени од истите верски начела. Во X век живеејќи во горите од Хинган до Алтај тие се држат до убедувањето дека може да се живее само во степите и вреди само молитвата упатена на Небото. Тие го развиваат стариот турко-монголски анимизам проткаен со маздаистички и кинески елементи, и го расејуваат зад себе поаѓајќи во кобниот поход на Европа 1237 r.24
Туркојазичните етнички групи кон кои припаѓаат и Хунските племиња и кои го населуваат сев. Кавказ и Подкавказјето, од IV-VI век се спојуваат со западната миграција на племенскиот сојуз Теле (Тегреб), што условува нови етнички мешања на просторот на централна Азија во времето од V-VII век. Главен извор за овој период е „Хрониката на Михрадините“ (кнежевска династија од Кавкаска Албанија, УП век) во која се расскажува за христијанската мисија на епископот Израел во „Царството на Хуните“ 682 г. Овие племиња чија припадност не е сосем јасна, се вкотвиле во почетокот на VI век во степите на сеѕ. Дербента. Нивниот пантеон со корени во религијата на древнотурските племиња сочувал „некои божества на патиштата“ во кои се препознаваат старите „Jol teṇri“. Со утврдувањето на Хазарската власт во 80- те год. на УП век Царството ја губи својата автономија, а дел од неговите жители го продолжува патот за Европа.25
Почитувањето на древнотурскиот пантеон на Балканот ни го посочува големиот култен центар Мадара, нр Бугарија. Светилиштето, импозантниот рељеф на коњаник и пред cé типолошки сродните епиграфски споменици, укажуваат на врската со долината на турските кагани на р. Орхон, сев. Монголија. Во еден од натписите од Мадара се вели дека Ханот и полководец Омуртаг му принесувал жртви на врвниот бог Тангра.2е Дали постоењето на овој култ на Балканот безрезервно треба да се поврзе со прабугарскиот етнички елемент?
Локалитетите на раносредновековните бугарски пагански некрополи лежат во широката рамнина јужно од p. Дунав.27 За разлика од нив наоѓалиштата на коњаничките амулети творат линија која го прати подножјето на непреодната Стара планина (сл.5). Идентични услови постојат на ивиците на Пелагониската рамнина, во Прилепско и Битолско, каде не се евидентирани погребни обичаи блиски на паганските бугарски. Природната положба на овие две географски целини е погодна за одржување на т.н. сезонски номадизам (-летни планински пасишта и потопли зимски рамнински засолништа) кој е карактеристичен за азијатските народи. Таа воедно им пружала и природни лесно достапни збегови во моментите на опасност.
Богатата семантичка природа на коњот, му овозможува активна улога во религиозно митолошкиот систем на аријанските народи. Со разбивањето
на нивната конфедерација неговиот култ се распространува меѓу туркојазичното население на Сибир и централна Азија, а подоцна со миграционите бранови ги опфаќа и широките простори на Евроазија. Со продорот на Иранските племиња, во почетокот на новата ера, зачестено се јавуваат антропоморфни претстави на божества јавнати на коњ.28 Култно зајакнати, користејќи ги силните бранови на Преселбата на народите тие се расејуваат низ Европа.29 Денес на се познати неколку типови на коњанички фигури - привезоци релативно бројни на територијата меѓу Каспијското и Црното море и Европа. Меѓутоа, сродни по форма со разгледаната група на амулети се привезоците од Салтовската и Димитровската могила, ссср, поврзани со тотемските верувања и почитувањето на сонцето кај Аланите30 (сл.б).“" Скоро истоветен со нив е цртежот од Сакачи Алан, на брегот на р. Амур (сл.7), за чија интепретација А.П.Окладников31 ја наведува „Приказната за главата“ со потекло во богатиот нанајски фолклор, а според која од главата се издигнал легендарниот херој Марго чии подвизи таа натаму раскажува. Представи на коњ со човечка глава на грбот среќаваме на завршетоците на аварските32 појаси: и на еден вотивен околувратник од Скане, Шведска, кој припаѓа на културниот ареал на Викинзите и кој во речиси неизменет вид се среќава во уметноста на северните народи до XIX Вех.33
Појавата на различни видови сродни форми, во овој случај на амулети, на големи географски оддалечености иако е често синхрона, не е неопходно генетски взаемно поврзана. Таа се изродува од истоветните потреби на разни народи кои егзистираат во слични животни услови, на близок степен на социјален развиток. Поради тоа овој вид на наоди е крајно непогоден за тесно аналогно идентификување и датирање. Воедно, големите пространства на кои се среќава еден одреден тип на амулети, и покрај евентуалните разлики во стилската изведба, секако сведочат за идентичните културни струења.
Деталите на изведбата како израз на занаетчиската развиеност, говорат и за виталноста на одреден култ. Во колку ликот е посумарно даден, дотолку и традицијата е повоопштена, деталите се запоставени, а единствената идеја низ текот на времето е универзализирана. Но, кога се работи за ваква група на амулети како што е нашата, поврзана со бројни детали кои ги воединуваат во единствена целина, се чувствува посредувањето на јака култна идеја.
Кое е тоа племе кое зад себе го оставило толку неопходниот заштитник на патиштата на пегав коњ, кој на своите приврзаници им дарува „боженска благодет и душа“34
Постоењето на бојните пеги, специфичниот антрополошки тип на лицето и обележувањето на челото како обичај на азијатските народи, типот на капата и седлото, и потеклото на тангристичката религија во далечните азиски простори, ни укажуваат на врската со нивното население. Како посредник со овие далечни краишта ни се наметнуваат хунобугарските и Аварските напливи од крајот на V до крајот на VIII век.35 (сл.8) Со еден бран на овие етнички струења веројатно се населило племето-носител на минијатурните амулети. Ваквата претпоставка наоѓа поддршка во датирањето на Мадарскиот култен центар во периодот од VI до почетокот на УШ век.“е
Нашите оскудни сознанија остануваат како задача на археологијата за одгатнување на прашањата што ни ги постава овој мал народ населувајќи се на просторот на Балканскиот Полуостров, каде нашол најблиски услови за живеење до оние од прататковината.
Белешки
- Примерокот од Битолско (дим. 33:28 мм) денес е изложен во збирката на раносредновековни археолошки наоди во Музејот4 на Македонија, додека оној од Прилеп се наоѓа во приватна сопственост на колекционерот Бошевски Димче, на кого му се заблагодарувам на љубезната соработка ↩
- И. Балкански, Археологическа карта на Белоградчишко, София 1965, 73, Т XI – 148. ↩
- N. Mavrodinov, Le trésor protobulgare de Nadyszentmiklós, Budapest 1943, 106 ↩
- Ibid; С. Георгиева, Д. Бучински, Старото златарство във Враца, София 1959, 135, Т XXX – 13 ↩
- С. Машов, Амулети – кончета във Врачанския музей, мпк XIV4 книга 2–3, 1974, 65 сл. 1 ↩
- N. Mavrodinov, op. cit., 106 ↩
- шев, Модел на юрта от Девня, Археология XVIII, книга 1, 1976, 43—44 сл. 5 ↩
- г. тои е изложен во одделот за словенска археологина во National Museum, London. За оваа информација, како и за бројните совети при обработката на материјалот му изразувам благодарност на колегата Кирил "Трајковски ↩
- N. Mavrodinov. op. cit. ↩
- Н. Мавродинов, Старобългарското изкуство, София 1959 ↩
- Д. Овчаров, за смискла и значението на един вид раносредновековни амулети, Сборник в памет на професора Станчо Ваклинов, бан, Софии 1584, 136-139 ↩
- С. Лисицов, Графитни изображения и знаци върху източната крепостна куртина на Велики Преслав, Плиска - Преслав 4, Cocdua 1985, 200-206, сл. 3,4; ЈІ. Дончева - Петкова, Разкопки на западната крепостна стена в Плиска, Плиска — Преслав 4, Софил 1985, 91–116, сл. 31, 33; Р. Рашев, Конникът в старобългарското изкуство, Археология книга 2-3, с.л. 1984, 60-7-, сл. дв. ↩
- T. Talbot — Rice, Stara umetnost centralne Azije, Beograd 1968, 206-208, сл. 196, во овој манастирски центар на Хотан е откриен храм од VIII век чии надворешни зидови се живописани со слични сцени. ↩
- Древна кинеска култура, Загреб 1984, аналогни по форма се седлата на фигурините во боена глегосана керамика приложени во гробницата Чјен Линг, пров. Шенси, Кина, каде се погребани принцовите Ји Те /–706/ и Чанг Хуан; Arnulf KoLLautz, Die Ritzzeicnnung von Nosa. Problemi seobe naroda и Karpatskoj kotlini, Novi Sad 1978, 135-155, sl. 2. ↩
- Rjetnik simbola, Zagreb 1983, Tetoviranje 696, Trokut - 715/16, Ilustrovana enciklopedia tradicionalnih simbola, Ljubljana 1986. ↩
- T. T. Rice, 50. ↩
- M. Elijade, Samanizam, Novi Sad 1985, 139-140. ↩
- Д. Овчаров, ор. cit. 137. ↩
- Michele Pirazzoli Serstevens, Umetnosdt Azija - Kina, Enciklopedia Larousse, T 1, 682, тие се карактеристични за префинетото сликарство на Хан Кан кој ги насликал сите коњи од царската коњушница на Тај Цонг, дин. Т'анг (627–649). ↩
- Rječnik simbola, Glava – 164, Točka 705, Konj 270/1; Ilustr. Enc. Trad. S. glava 43 ↩
- Rječnik simbola, Konjanik 277, 272. ↩
- Сергей Г. Кляшторныӣ, Праболгарскıӣ Тангра и древнетюркскıӣ пантеон, Сборник в памет на професора Станчо Ваклинов, София 1984, 18–22. ↩
- одн. „Јер jol pajana или „...tenri“, ибид. 20; Денес двата лика кај алтајските народи се поврзуваат со светлиот - добар бог Улге и црниот - зол бог Ерлик. Р. Рашев, за езически лицев образ, Сборник в памет на професора Станчо Ваклинов, Codbun 1984, 129-135; нивната појава како памански ликови секако е последица на природна асимилација предизвикана од блиската идеја на доминантната и широко распространета религија. ↩
- Velike civilizacije srednjeg veka III/1, 245–247. ↩
- С.Г. Кляшторныӣ, 20/1. ↩
- ibid., 18. ↩
- Ж. Въжарова, Славяни и Прабългари, София 1976, карта 1. ↩
- Е. Е. Кузьмина, Конь в религии и искустве Саков и Скифов, Скифы и Сарматы, Киев 1977, 96-119. ↩
- Амулети кај кои коњаникот се потпира со рацете на телото на коњот, коњаник со копје во раката, со штит и меч, и со птица. ↩
- Древние+30 племена восточной Европы, Путеводитель по выставке, Ленинград 1978, 79. ↩
- Д. Овчаров, op. cit. 138 сл. 3. ↩
- Ibid. 138. ↩
- The Museum of National Antiquities – Stockholm, Stockholm 1971; Д. Овчаров, op. cit. 138 сл. 3. ↩
- С. Г. Кляшторныӣ, op. cit. 20. ↩
- J. Ковачевин, Аварски каганат, Београд 1977. 84-5 ↩
- В. Бешевлиев, Първо-българите – бит и култура, София 1981, 147 ↩
- DŽIDROVA LJUBINKA - Skopje ↩
Summary
An inтerpretation of а specific туре of AN amulet from тие балкан from тие medieval period
(SUMMARY)
Among the numerous horse and horse-rider figures known through out the history, we note a specific type of a miniature amulet, with a depiction of a horse in a left profile, galoping and with a human head on the back. So far only twelve examples of this kind are known: 2-in Macedonia, from the village Zovik near Bitola and from Goren grad-Varosh, near Prilep; 9-in Bulgaria - Belogradchik 1, Vidin 1, the village Vraca 2—Lovech, village Ostrov2 1, and from the village Sino Brdo. 1—Vracha, Plovdiv 1 and two from a unknown sites, know1 in the museum in Varna; and 1 from Hungary. Since, they have been discovered as chance finds it is not possible to give a direct linking with a certain material or data. The analysis of some of the forms: the figure of the horse decorated with ,,battle spots“, the small but rised saddle, the dominating human head with the ,. marked“ forehead and ап elongation wich resembles a cap, they all refer to the period of the late antiquity and the early middle ages. A period when e large number of nomad tribes wondered about in central Asia. When those from the slopes of Hingan and Altai, southward to Tibet and to the shores of the Caspian and the Black Sea, to the west, are all united by the same belief, the sublime Sky-Tenri, as a supreme deity of the tangristic religion, where ‘the spotted horse, the deity of the roads has e special place. These characteristics allow us to assume and to attribute these devine powers to our horse-amulet. Like a historic link between Asia and the Balkan is the Hun-Bulgarian movement towards the V-th and the VI-th century, followed up by the tribes of the I-st and the П-пад Avar Khaganate. During these ethnic movments, the holders of this amulet settled on the area of the Balkan peninsula, leaving behind the memory of a long gone culture.