Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 199–214

Градиште , с . Пчиња- доцноантички и рановизантиски кастел

Содржина
  1. МЕСТОПОЛОЖБА
  2. ФОРТИФИКАЦИЈА
  3. ДВИЖЕН АРХЕОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ

Во Кумановскиот регион се регистрирани релативно голем број археолошки наоѓалишта, од неколку културно-историски епохи и од различен вид.1 Повеќето од нив претставуваат утврдени населби што биле подигнати на стратегиски поволни позиции, покрај некогашните комуникации, по должината на речните долини или пак повлечени во позафрлените тешко пристапни предели, зависно од приликите и потребите на времето кога биле оформени. Нашите знаења за нив се елементарни и на почетни позиции. Ниту еден од тие локалитети досега не бил соодветно истражуван, ниту технички документиран, така што немаме увид во нивната големина, изглед, зачувани градежни елементи и движен археолошки материјал. Поради тоа се уште не сме во можност прецизно да говориме за нивната хронологија, да го согледаме нивниот меѓусебен однос, како и да го вреднуваме статусот и значењето на секој од нив, во рамки на епохите на кои тие припаѓаат.

Едно од подобро зачуваните наоѓалишта од ваков вид по течението на реката Пчиња е локалитетот Градиште кај с. Пчиња. Тој исто така не е истражуван, но во стручната археолошка литература споменат е неколку пати.2 При планиметриско снимање и техничко документирање на утврдените населби во Кумановско, во неколку наврати се задржавме на Градиштето кај с. Пчиња. Во овој труд објавуваме план на локалитетот и ги изнесуваме нашите забележувања.

МЕСТОПОЛОЖБА

Локалитетот се наоѓа 9.5 км југоисточно од центарот на Куманово (воздушна линија) и 1,6 км северно од с. Пчиња. Лежи во живописната карпеста клисура, која што реката Пчиња ја пресекла помеѓу ридовите Краста и Голиќ, формирајќи долг меандар што започнува од устието на Кумановска река, а на југ завршува кај с. Пчиња. Расположен е на крајот од еден венец на Голиќ, кој во вид на долг јазик стрмно се спушта кон коритото на Пчиња и завршува со варовничка купа, чиј карпест врв се издига 75 м над реката. Тука Пчиња прави свиок со лак од 180 степени, опфаќајќи ја купата од север, запад и југ, а потоа остро свртува кон плодната тесна долина што се простира јужно од селото (види исечок од карта на сл. 1). Денес клисурата е релативно тешко проодна, а и без изворска вода, но во минатото низ наа минувал пат кој се одвојувал од комуникацијата Кумановско поле - Овче Поле и се спуштал во источниот дел од скопската котлина.

Сл. 1 Исечок од топографска карта со позицијата на Градиште13 Fot. 1 Coupure de carte topographique avec la position de ,,GradiSte“
Сл. 1 Исечок од топографска карта со позицијата на Градиште13 Fot. 1 Coupure de carte topographique avec la position de ,,GradiSte“

Спротивниот брег (северно, западно и јужно од локалитетот) го чини голата карпеста источна падина на Краста, која речиси вертикално се спушта

Илустрација, стр. 201

во Пчиња, а го надвишува врвот од локалитетот со околу 150 м. Поради тоа, градиштето зазема вонредно поволна стратегиска позиција, со изразено дефанзивен карактер: пристапот до него природно е отежнат од три страни, со тројна природна препрека, а од поголема далечина е скриено од поглед. Но, едновремено, тоа е лишено од можноста за непосредна визуелна контрола над околниот терен. Оваа негова слаба сдтрана индицира постоење на помошен набљудувачки пункт во непосредната близина. Единствениот пристап до градиштето го чини тесното седло од источната страна, до кое денес води лоша коњска патека, што се пробива високо по западната падина на Голиќ. Сепак, во летните месеци, кога нивото на водата опаѓа, Пчиња лесно може да се прегази и северно и јужно од локалитетот.

ФОРТИФИКАЦИЈА

Градиштето е опфатено со одбрамбен бедем кој е приспособен на конфигурацијата на теренот. Темелот од зидот се гледа по должината на целата траса, освен на една отсечка од западната страна, каде теренот е карпест и стрмен и каде ерозијата делувала најсилно. На неколку места ЅНОТ се уште стои над земјата, зачуван во височина до 2,60 м, а во неговите рамки се назираат темелите од повеќе градби. Ваквиот степен на зачуваност овозможува и без ископување да се изврши прецизно техничко снимање на тврдината, а воедно, да се забележат нејзините витални елементи, фази на градење, опус на зидање, внатрешна структура и организација на просторот и други карактеристики. Најмаркантни се остатоците од источната страна на тврдината. Од оваа страна таа не била заштитена со природна препрека; тука бедемот бил основниот и единствениот носител на одбраната и редовно бил изложен на најсилни напади. Денес на овој сектор јасно се забележуваат три фази на фортификацијата.

Остатоците од првата фаза на фортификацијата се видливи само по должината на источната, јужната и делумно северната страна. Источниот зид бил проектиран во искосена линија, повлечена во правец си-ЈЗ, така што на најзагрозениот североисточен крај од тврдината било формирано тесно, полесно бранливо чело, кое е истурено нанапред, кон работ од седлото. Челниот зид е долг 32 м и се крши под тап агол (бр. 1 на планот и на сл. 2). Бранет бил само со една голема кула, поставена на северниот крај од челото, точно наспроти седлото (Ор. 2 на пл. ІН на сл. 2). Кулата има правоаголна основа, со димензии 8,00 x 4,80 м однадвор. 5идовите и се дебели 1,60 м, колку што изнесува и дебелината на челниот зид. Пред челото на тврдината, работ на седлото е пресечен со одбрамбен ров, ископан во карпеста подлога. Тој е широк 37 м (мерено од челото), а денес длабок близу два метри.

Бедемот од јужната страна на тврдината има лачна линија, формирана со неколку скршнувања под тапи агли, а се движи по изохипса, 15 м над реката. Падината од оваа страна е куса, но стрмно се спушта во реката; 5идот сосема е урнат, така што лицето од неговиот темел се гледа на повеќе места каде ерозијата го разголела теренот. Одбрамбениот зид од оваа страна, како и по должината на источната, не бил обезбеден со кули.

Од зидот што во оваа најстара видлива фаза го оградувал градиштето од неговата северна страна, зачуван е темелот од неговиот источен крај. Тој е распнат помеѓу лачниот агол што е формиран непосредно северно од челната Сх. 2 Источно чело на тврдината, исечок од план Fot. 2 Front est de la forteresse, coupure de plan

Илустрација, стр. 203

кула и високата карпа што стрчи западно од него, на оддалеченост од 37 M (бр. 3 на Пл. Ги на сл. 2).

Бедемот и чената кула од првата фаза се градени од кршен камен и многу малтер. Надворешните лица се 5идани со крупни парчиња, додека во јадрото се вѕидани поситни камења, но сложувани со редење. Фугите меѓу камењата од лицето на 5идовите биле дополнително малтерисани. Општо, фортификацијата од оваа фаза има белези на внимателно и многу солидно градење.

Бедемот од втората фаза на фортификацијата е најдобро видлив; неговата траса може да се следи по должината на целиот периметар од истата. Тој наполно ја следи претходната одбрамбена концепција, со делумно видоизменување само на челото, каде се додадени нови елементи. Пред старата правоаголна кула било дозидано масивно зајакнување во вид на петоаголна кула, градена од кршен камен и малтер, но без просторија внатре. Старата кула, несомнено добро зачувана во време кога бил дограден пентагонот, останала во натамошна функција. Пентагонот, кој не е органски врзан за кулата (посредува фуга), во основата е широк 10,60 м, (бр. 4 на пл. I и на сл.2). Неговиот клун образува агол од 95 степени и истурен е пред челниот зид од кулата просечно 9,50 м.

Новиот челен зид, што започнува од пентагонот, истурен е пред старото чело до 3,70 м, но веќе по неколку метри се искачува преку стариот зид (или ја сече неговата траса на местото каде овој преходно бил урнат). Долг е само 20 м и фланкиран со уште една новоизградена кула. Нејзината основа е во форма на триаголник, но пред клунот страните и се прекршуваат под тапи агли, така што кулата добива петоаголен изгед (бр.5 на пл. I и на сл 2). Со ова скусување на кулата за 1,30 м всушност бил одбегнат остриот раб на клунот, кој би бил многу понеотпорен на странични удари од проектили, исфрлени од опсадни машини. Денес кулата слабо се гледа; јужната половина и е срамнета до темелот, а северната е под урнатини од подоцнежен зид што стоел врз неа.

Од оваа кула кон јз одбрамбениот зид ја следи линијата на источниот бедем од претходната фортификација, но повлечен е навнатре за 1,60м, така што постариот урнат ѕид послужил како цврст подѕидан темел. И во втората фаза источниот бедем не бил обезбеден со кули. Тоа најдобро се гледа кај ји агол од тврдината, каде што идното платно е зачувано над земјата во височина до 2,60 м и во должина над 60 м (бр. 6 на пл. Г): пред него трасата од постариот-до темел зарамнет бедем останала до денес чиста, без урнатини од кули. Во профилите на ова 5идно платно може да се забележи дека бил применет нешто поинаков опус на зидање. 5идот бил граден постапно, во мошне изразени хоризонтални појаси, Обете лица му се сложувани од покрупни камења (но не како кај постарата тврдина), а внатрешноста е исполнета како со крупни парчиња така и со ситни отпадоци од кршен камен, измешани со малтер и нафрлени без ред, така што 5идот има шупликава структура. На одделни места, врз вградените камења се гледаат остатоци од налепен постар малтер, кој за нијанса се разликува од бојата на малтерот со кој било изведено зидањето. Ова, заедно со другите показатели (поставеност на зидот непосредно зад оној од постарата фаза, градбата во хоризонтални појаси, задржување на истата дебелина на зидот од 1.60 м, недостатокот на срушен материјал од постарата тврдина), говори дека градењето на бедемот од втората фаза било изведено со непосредно разградување на стариот оштетен зид, се до денес видливата нивелета и со употреба на истиот материјал. Тоа воедно ја исклучува секоја евентуалност помеѓу двете фортификации да постои временски хијатус.

Бедемот од јужната страна на градиштето исто така е подигнат непосредно зад постариот зид и ја има истата лачна диспозиција, приспособна на теренот. На западниот крај прави тројно скршнување на куса дистанца и се искачува на 8 м повисока изохипса, за потоа да избие на карпите кои вертикално се спуштаат во реката. Но, почнувајќи од првото скршнување па натаму (бр. 8 на, планот), видлив е темелот од само еден зид. Несомнено, тоа е зидот од постарата тврдина, кој подоцна бил само обновуван и, понекаде,

Од западната страна локалитетот е многу стрмен и карпест. "Тука ерозијата на теренот е силна, така што трасата од сосема разурнатиот 5ид може да се следи само на оние места каде карпите врз кои тој бил граден биле претходно зарамнети. Натаму на сз бедемот оградувал мала тераса, во чиј северен крај се наоѓал главниот влез од тврдината (бр. 7 на пл. 1). Влезот претставува преграден, вешто искористен природен процеп меѓу две високи карпи кои вертикално се издигаат над левиот брег на Пчиња и кои горе биле наткрилени со бедем, така што бил добиен еден вид вовлечена порта, меѓу карпите минува стрмна пристапна рампа, која одозгора можела да биде вонредно добро бранета.

Северната падина од локалитетот е тешко пристапна; обрабена е со голи карпи, стрмна и поради тоа не била погодна за урбанизирање. Денес е обрасната со густа ниска вегетација. Почнувајќи од влезот во тврдината, бедемот ја одбегнува истата, во права линија се искачува по карпите кон врвот на купата, потоа прави еден испуст во вид на клин и продолжува кон северната петоаголна кула. Тука, само на источната делница, бедемот бил подигнат зад зидот од постарата тврдина.

Во обете фази, фортификацијата обградувала површина од близу три хектари. Функционално била изделена во три целини, условни со конфигурацијата на теренот: „горен град“ кој го опфаќал највисокиот дел од локалитетот и кој од источната страна бил бранет со двете челни кули; голема средна тераса која се простира низ падината јужно од акрополата и долна тераса со главната порта на западната страна. Во внатрешноста на секоја од нив се назираат темели од поголем број градби, зидани со кршен камен и малтер. Особено паѓаат в очи големите простории кои се наредени покрај источниот и јужниот одбрамбен зид, потпирајќи се на него,

"Третата фаза на тврдината најслабо е сочувана. Се забележува фрагмантарно и само кај челото од градиштето. Таа го опфаќала само највисокиот дел од локалитетот - пораншениот „горен град“ и нема релации со претходната фортификација, Овој пат новиот челен ѕид бил распнат помеѓу правоаголната кула од првата фаза и триаголната кула од втората фаза на тврдината. Поточно, со својот северен крај новиот 5ид лежи врз одамна разурнатото чело од првата фаза, во рамнина на неговото лице и ја следи неговата линија, а со јужниот крај налегнува врз разурнатиот тригон од втората фаза (бр, 6 на сл. 2). Ова покажува дека пред градењето на последниот зид челото од претходната тврдина било стравотно разурнато - до самиот темел, односно до остатоците од најстарата тврдина. Новиот зид бил граден исто така со кршен камен и малтер. но дебелината им изнесува само 0.60 м, така што веројатно имал улога на парапет-градобран. Во исто време била дозидана и разурната северна правоаголна кула, но само од внатрешната страна и со дебелина на

Сл. 3 Површински наоди на грнчарија Fot. 3 Trouvailles superficielles de céramique
Сл. 3 Површински наоди на грнчарија Fot. 3 Trouvailles superficielles de céramique

зидовите 0,90-0,95 м. Од сз агол на кулата кон запад се протега уште еден зид, граден во ист опус и со иста дебелина, во близина на кулата, тој е пресечен со потерна широка 0,65 м (бр. 7 на сл. 2). Без ископување не може да се установи дали тој претставува северен периметрален зид од последната утврдување или пак му припаѓа на некаков голем објек, што ни се чини поверојатно.

На јужната падина источно од фортификацијата, почнувајќи речиси од самиот источен бедем, се простирало отворено подградие со површина од околу еден хектар. Денес на површината се гледаат темели од повеќе објекти, ориентирани во правец исток-запад и скалесто распоредени на косиот терен.

Североисточно од градиштето, на спротивниот брег на Пчиња, убаво се гледа трасата од некогашниот пат што минувал низ клисурата (бр.9 на Пл.1). Насипот, којшто се следи во должина од 200 м, бил подѕидан со камења, во сувоѕидна техника. Подѕидот денес е зачуван во височина до 0,90 м, а земјаниот насип над него изнесува уште 2,10 м. Коловозот по целата должина е обраснат со висок три. Наспроти градиштето, трасата на патот ја препречуваат стрмни карпи кои вертикално се спуштаат во самата река, така што натамошно движење од таа страна на реката не е можно. Затоа, тука, морал да постои мост, веројатно со дрвени носачи, преку кој патот е префрлувал на левиот брег на Пчиња, токму под самото градиште. Непосредно јужно од градиштето постоел уште еден мост, бидејќи стотина метри понатаму трасата на патот пак се гледа на десниот брег на Пчиња, на неколку места всечена во карпите.

ДВИЖЕН АРХЕОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ

Локалитетот се користи како пасиште; никогаш не бил обработуван, така што големи нарушувања на горниот културен слој главно нема. Исклучок во овој поглед прави западната страна од локалитетот, која е сосема оголена од ерозијата и, делумно, појасот од јужниот одбрамбен зид, каде ерозијата открила и пресекла ред од простории што се потпирале на бедемот, така што дел од нивната содржина се нашол под линијата на зидот. Ваквата состојба овозможува оптимален увид врз хронологијата на локалитетот преку бројниот археолошки материјал што се среќава на површината.3

Неколку ретки керамички наоди (рачка од скифос, дел од хидрија, јазичеста рачка од рачно изработен грнец) говорат дека на ова место постоел живот уште во предримско време, но врз основа на тие скромни остатоци не може да се каже во колкав обем и со каков интензитет се одвивал тој живот. Сиот друг материјал се врзува за крајот од антиката.

По површината на локалитетот расфрлено е големо количество градежен шут: камен од горните партии на градбите, тули, тегули. Особено бројни се парчињата од рамни тегули, со тенок профил, плитки жлебови и низок фалц на подолгите страни. Тоа е познатиот доцен коринтски тип, вообичаен кај сите познати наши наоѓалишта од доцноантичко-рановизантиско време. Фрагментите од грнчарија се помалубројни и многу иситнети (сл. 3, 1-7). Тие редовно носат типолошки обележја на доцноантичката продукција, која со неизменсти карактеристики се задржала и во рановизантиско време. Редок исклучок претставуваат парчиња од рачно изработени садови, со груба фактура и сиво-кафеаво печење, чија што надворешност е покривана со црвено-кафеава боја (сл. 3, 8). Особено чести се деловите од рановизантиски

Сл. 4 Површински наоди на амбалажна керамика Fot. 4 Trouvailles superficielles de céramique d'emballage
Сл. 4 Површински наоди на амбалажна керамика Fot. 4 Trouvailles superficielles de céramique d'emballage
Илустрација, стр. 209
Сл. 5 Ситни предмети од метал и коски Fot. 5 Trouvailles superficielles d’objets en métal et en os
Сл. 5 Ситни предмети од метал и коски Fot. 5 Trouvailles superficielles d’objets en métal et en os

амфори, со хоризонтално наребрени рамена или декорирани со помош на чешел, окер до бледоцрвено печени и прекриени со жолто-бела енгоба (сл. 4, 1). Ваквите амфори на балканскиот простор егзистирале од IV до првата половина на УП век;4 аналогиите на варијантата со широк труп, кон која припаѓа наодот што го презентираме, датираат од УТ век.

Многу често се среќаваат делови од поголеми и помали питоси, меѓу кои се разликуваат два типа - првиот со доцноантичка профилација на грлото (почесто кај примероци со помали димензии), а вториот со масивен, дебел и висок раб, што го имаат само големите питоси. На еден фрагмент од вториот тип, најден на просторот од акрополата, втиснати се два печати во вид на крст: еден мрежасто шрафиран, а другиот компониран со тројно втиснување на еден ист правоаголен печат со натпис QEOC (сл. 4,2).

Од ситните метални предмети што ги собравме со повеќекратно пребарување (железни спојки, клинови, алки, врвови од стрели, ножови, врв од косир), внимание привлекуваат: една железна фибула, чии директни аналогии не ни се познати, но која очигледно стои во типолошка врска со доцноантичките „крстести“ фибули, па може да се датира пошироко во ГУ-У век5 (сл. 5,1); потоа, една карактеристична бронзена тока од источноготски тип (сл. 5,2), чии претставници се широко распространети на Балканот во истекот на У и првата половина од VI век;6 како и една специфична железна тока од торбичка за појас (сл. 5, 3), чии малубројни примери од територијата на Југославија се припишани на германските народи (источни Готи), а се датирани во У-УП ВЕК.

Кон овие наоди се придружува и една железна парагнатида од шлем кој припаѓа на типот Spangenhelm (си. 6, 3), а чија најблиска паралела претставува луксузниот шлем што е откриен во Хераклеја.7

Регистрираме и делови од двореден чешел, изработен од коска (сл. 5, 4), какви што се многу чести во временскиот опсег од IV—VI век, како и еден цилиндричен предмет од обработен еленски рог, украсен со врежување (ел. 5, 2 ve, идентични претставници од V—VI век кај нас се најдени во Баргала и

тоби

Во прилог на истото датирање (IV-VI век) говорат и неколкуте бронзени и бакарни монети:

- монета кована во Тесалоника, во времето на Констанс (333-350) (сл. 7,

- две монети од времето на Аркадиј (395- 408) (сл. 7, 2-3);

- монета кована во Кизик, во времето на Хонориј (395- 408) (сл. 7, 2-3);

- монета од времето на Јустин I (518-527) (сл. 7, 5);9

- монета од времето на Јустинијан 1 (527-965) (сл 7, б).“е

Треба да се одбележат и неколку податоци во врска со позначајните поранешни случајни наоди од овој локалитет, што ги добивме од месните жители, учесници во нивното откривање. По Втората светска војна, се до раните шеесетти години, жителите на с. Пчиња копале на повеќе места во потрага по стар керамичен градежен материјал, кој го вградувале во селските фурни. Притоа, биле ископани и претурени содржините од редици објекти чии контури се гледале на површината. Во една таква прилика, јужно од карпестиот врв на локалитетот биле ископани група дрводелски, земјоделски и градинарски алати (копачи, дикли, секири, тесли, една полукружна стругалка за дрво, еден лозарски и еден овоштарски косир, еден клуч)11

Сл. 6 Наоди на дефанзивно и офанзивно5 оружје Fot. 6 Trouvailles superficielles de monnaies
Сл. 6 Наоди на дефанзивно и офанзивно5 оружје Fot. 6 Trouvailles superficielles de monnaies
Сл. 7 Монети од IV-VI век Vis Fot. 7 Monnaies, TV7 -
Сл. 7 Монети од IV-VI век Vis Fot. 7 Monnaies, TV7 -
Илустрација, стр. 212
Илустрација, стр. 212

При копање на просторот од акрополата, непосредно западно од северната челна кула, биле извадени и однесени два-три камени столбови уче ол стара црква. Поради обемното прекопување на тој простор, денес контурите на објектот не можат да се фиксираат, но неговиот сакрален карактер го потврдува ориентацијата на зидовите, кои одат во правец исток-запад, како и фрагментот од споменатиот питос со отпечатени крстови, што го затекнавме на тоа место.

Во потрага по стар градежен материјал, било копано и во сз дел од локалитетот, но работата била прекината поради откривањето на гробови. При проверката на овој податок, во профилот на стариот ископ, покрај самиот бедем, расчистивме еден гроб кој веќе беше полуразголен со поранешното копање и од ерозијата што потоа следела (точка бр. 10 на In. 1). Истиот бил вкопан во шутот од бедемот, кој во тоа време веќе бил урнат, а на ниво кое е значително повисоко од денес зачуваниот темел на зидот. Конструкцијата била оформена од камења и парчиња тегули, собрани на самото место и употребени без определен ред. Покојникот - млада индиви-Aya, веројатно од женски пол — бил положен на плеќи, со раце поставерни врз карлицата. Ориентиран изразено нехристијански, во правец С - Ј, со отстапување од 20 степени кон запад. Прилози немаше.

Врз основа на видливите остатоци од фортификацијата и површинските наоди од лок. Градиште кај с. Пчиња, можат да се извлечат следните заклучоци. Фортификацијата по својот изглед, лоцираност, одбранбена концепција и фортификациски елементи, како и начин на градење, во целост одговара на потребите, праксата и стандардите од доцноантичкиот — рановизантискиот период. Првата од трите видливи фази секако веќе постоела во IV век и има карактеристики што се мошне чести, дури вообичаени, кај доцноантичките фортификации: природно бранета позиција; контури максимално приспособени на конфигурацијата на теренот; тесно чело, истурено кон најлесно пристапната страна, брането обично со една кула и ров пред неа.12 Тврдината егзистирала долго и не го менувала својот изглед се до обновата од втората видлива фаза. Оваа пак, судејќи по новите фортификациски елементи — петоаголната и триаголната кула, сосема сигурно се врзува за познатата воено-градителска дејност во времето на Јустинијан I, кога таквите кули стануваат носители на одбранбената концепција ширум византиското царство.13 Вештото компонирање на делови од старата тврдина со овие нови елементи покажува дека обновата е дело на воен архитект. Во оваа фаза, како и во претходната, тврдината зафаќала простор од 3 хектари, без отвореното подградие од источната страна, според што, а имајќи ги предвид и останатите карактеристики, таа припаѓа на категоријата кастели.

Кастелот стравотно настрадал некаде во крајот од VI век и наскоро бил целосно напуштен. Скромната обнова што следела (III фаза) ro опфатила само највисокиот дел од локалитетот. Нејзиниот карактер не може да се дефинира без ископување. Во секој случај, се работи или за стражарски пункт Словени, во своето кусо задржување на ова место, ги оставиле врз урнатините своите нехристијански гробови и „варварска“ рачно изработена керамика, како последни археолошки траги.

МАА кој уште некое време го контролирал патниот премин или пак само за обграден простор на тукашниот црковен објект. Не е јасно ни колку тој се одржал, но сигурно не долго, бидејќи рушителите на кастелот, можеби од. Димитријевии, Гепидска некропола „Кормадин“ код Јакова, Pay војворанских музеја 9, Нови Сад 1960, 10, 16; Т. VI, 10. Од територијата на ср Македонија познати ни се у ште три „токи за торбички“ од овој тип: еден декориран примерок од коска со железен трн најден е (во контекст на материјал од V век) во објектот „Домус фулоника“ во Стоби (Инв. МП-71-141; НВ. 27, стр. 78); еден железен примерок од преспанскиот регион (В. Битракова-Грозданова, Ископувањата на Голем Град во 1980 година, Масеԁ. acta archaeol. 9, Скопје 1988, 205, сл. 10); и еден од долното течение на Брегалница (И. Микулчиќ, Градот Црешче, Годишен зборник на филозофскиот факултет, кн. 14 (40), Скопје 1987, 151, сл. 2).

Белешки

  1. М. Грбиќ, Археолошки наоѓалишта во Македонија. Гласник на мкд, Скопје 1954, 111- 112, 118, 123-124; В. Соколовска, Археолошки испитувања во Кумановскиот базен, Зборник на Археолошкиот музеј ГУ-У, Скопје 1966, 99 и н.; Археолошка карта на Собранието на Општина Куманово (интерна документација на Републичкиот затоа 38 заштита на спомениците на културата). ; ↩
  2. М.Грбиќ ор. cit., 124; И. Микулчиќ, Територија Скупи, Жива Антика XXI/2, Скопје 1971, 471; Истиот, Tabula Imperii Romani K-34, Ljubljana 1976, 98; Г. Микулчиќ, Археолошки наоѓалишта во Македонија потврдени со монети од 6 век, Maced. acta archeol. 7-8, Скопје 1987, 185. ↩
  3. За поранешни (недокументирани) наоди види литература во белешка 2. ↩
  4. Осврт врз досегашната проученост на овие амфори види кај Г. Кузманов, Типология и хронология на рановизантиските амфори (IV-VI вб.), Археология, XV/1, София 1973, 14-21, Обр. 1 и наведената литература; Ђ. Јанковић, Подунавски део области Аквиса у VI и почетком VII века, Београд 1981, 150 , Сл. 63-б. ↩
  5. N. Miletić, Ranosrednjovekovna nekropola u Rakovčanima kod Prijedora, Glasnik ZMBIH XXV, Sarajevo 1970, 144; D. Mrkobrad, Arheološki nalazi seobe naroda u Jugoslaviji, Beograd 1980, 36-37. ↩
  6. Д. Димитријевић, Гепидска некропола „Кормадин“ код Јакова, Рад војвођанских музеја 9, Нови Сад 1960, 10, 16; T. VI, 10. Од територијата на ср Македонија познати ни се у ште три „токи за торбички“ од овој тип: еден декориран примерок од коска со железен трн најден е (во контекст на материјал од V век) во објектот „Домус фулоника“ во Стоби (Инв. МП-71-141; НБ. 27, стр. 78); еден железен примерок од преспанскиот регион (В. Битракова–Грозданова, Ископувањата на Голем Град во 1980 година, Maced. acta archaeol. 9, Скопје 1988, 205, сл. 10); и еден од долното течение на Брегалница (И. Микулчиќ, Градот Црешче, Годишен зборник на филозофскиот факултет, кн. 14 (40), Скопје 1987, 151, сл. 2). ↩
  7. Е. Манева, Шлем со спојки од Хераклеја, жива антика, Год. 36, 1-2, Скопје 1986, 71-86; Истата, Casque a fermoir d’Heraclée, Archaeologia lugoslavica 24, Ljubljana 1987, 101-110, fig. 2-3, со наведената литература. ↩
  8. Два примерока во експозицијата на Археолошкиот музеј на Македонија, необјавени. Третиот примерок (од Стоби) најден е во „Домус фолоника“, во контекст на материјал од IV-VI век (Инв. МФ-70-12; Н.Б.5, стр. 26). ↩
  9. Апоен од пет нумии, кован во Херсонес. Види: W. Hahn, Moneta imperii Byzantini, Band I, Wien 1973, 44; Taf. II, Nr. 77. ↩
  10. Апоен од осум нумии, кован во Тесалоника веднаш по реформата на императорот, помеѓу 539 и 542 година. Види: W. Hahn, op. cit., 67; Taf. 30, Nr. 173; Ph. Greierson, Byzantine coins, Berkaley and Los Angeles 1982, 352; Pl. 7, 109. ↩
  11. Наодот се чува во Музејот на град Скопје. Не е објавен. Се води како „депо“, што е можеби неосновано со оглед дека потекнува од самиот локалитет. ↩
  12. За примери на доцноантички утврдувања во Скопската котлина види: И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, Скопје 1982, 5би н. ↩
  13. С. Бобчев, Крепосните кули с издаден раб и значението им за укрепяването на античките градове, Известия на ли - XXIV, София, 1961, 103-145; – В. Велков, Исторически извори за крепосните кули с издаден раб, Известия на ли-XXIV, 147-151. За примери во Скопската котлина види И. Микулчиќ, op. cit., 61-62; Sl. 23, 42, 49. ↩

Résumé

"Gradiste", une forteresse de la basse Antiquite et de la haute periode byzantine pres du village de Pčinja

(RESUMME)

Dans ce rapport, je présente les résultats de la documentation technique sur les vestiges superficiels de la localité nommée GradiSte, prés du village de Ptinja (région de Kumanovo), que j’ai faite en 1985 lors de la reconnaissance du terrain.

Cette localité se trouve dans le défilé rocheux de la riviére de P&inja, a 9km5 au sud-est de Kumanovo et a lkm6 au nord du village de Ptinja. Elle représente une forteresse, située sur une colline pas trés élevée et encerclée des trois cétés par le lit de la riviére. La fortification fut construite en trois phases. La forteresse de la phase ie plus ancienne avait, a |’intérierur de ses remparts, une superficie de 3,1 ha. On n’en défendait l’'accés que d’une seule tour rectanguiaire, placée au front de la forteresse. Aux IVe, Ve et pendant une partie du Vie 5. la fortification garda le méme aspect.

La deuxiéme phase représente une rénovation de la forteresse sous Justinien Ier lorsqu’un nouveau mur fut élevé des côtés sud, est et partiellement nord, derriére ia ligne du mur de la phase précédente. Devant la tour rectangularie qui avait gardé sa fonction, on ajouta une construction de renfort de forme pentagonale au sud de laquelle fut construite une tour trigonale. Pendant cette phase et probablement avant, a l’est de Ja fortification s’étendait un faubourg ouvert d’un hectare de supergicie environ. Du cété opposé de la riviére, au nord de la forteresse, se termine le tracé bati d’une ancienne route qui passait dans le défilé et traversait 1a la rivitre a travers un pont en bois.

La rénovation effectuée pendant la troisiéme phase n’a touche que la partie la plus élevée de la localité, notamment l’ancienne acropole ou seulement une partie de celle-ci. Elle fut effectuée vers la fin du VIe siécle aprés que la forteresse fut détruite et abandonnée. Ce fut une construcion modeste, aujourd’hui mal conservée et d’un caractére insuffisamment défini. П s’agit soit d’un poste qui contrélait, encore un certain temps, le passage de la route, soit d’un espace fermé autour du sanctuaire qui existait 1a.

Les trouvailles archéologiques superficielles y sont nombreuses et elles se rapportent a la période allant du [Ve au Vle siécle: tuiles de la basse antiquité, poterie de la basse antiquité et de la haute période byzantine, parties de pithoi, amphores de la haute periode byzantine, menus objets en métal et en os, monnaies de |’époque de Constance, d’Arcadius, d’Honorius, de Justin ler, de Justinien Ier. Les vestiges archéologiques les plus récents sont les parties d'une céramique