Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 183–197
Новооткриени доцноантички тврдини на Скопска Црна Гора
Содржина
Најновите археолошки проучувања на територијата на скопската котлина, покажаа дека во доцноантичкиот и рановизантиски период во неа била пројавена посебно интензивна градежна активност. Тоа се огледува низ бројните новооткриени населби и тврдини од оваа време. кои припаѓаат на веќе добро познатите категории на: опидуми, кастели, бургови, викуси и утврдени викуси. Нивниот досегашен збир неочекувано се доближува до бројката од 50, со што, по бројност ги надминува скоро сите други области на ср Македонија.1
Овие објекти обично се лоцирани на рабовите од скопската котлина, во клисурите на околните планински венци или на нивните последни падини (Жеден, Сува Гора, Водно, Караџица, Јакупица, Китка и Црн Врв). Скопска Црна Гора како северен природен бедем на оваа област и во овој период била од посебна важност за нејзината безбедност, бидејќи нај големите опасности за котлината доаѓале токму од север, Покрај стратегиската важност, оваа
планина, со изобилството на шума, вода, пасишта и обработливи површини, нудела можности за развој на повеќе стопански гранки, а со тоа и егзистенција на месното население. Затоа на нејзините јужни падини (секогаш добро сончани) и во оваа епоха биле изградени неколку населби и тврдини различни по својот карактер и значење. Досега во литературата се обрабоотени локалитетите Давина — с. Чучер, Градиште - с. Бразда, Градиште — с. Кучевиште, Кула - с. Булачани, Градиште - с. Виниче, Пударница — c. Никуштак, Каља – с. Чајлане и Градиште – с. Бучинце.2 (Т. I – сл. 1)
Во овој случај ќе бидат презентирани уште три новооткриени локалитети од овој терен, кои категориски и хронолошки се врзуваат за претходните веќе проучени и добро познати објекти и, се надеваме, ќе ја надополнат нашата претстава за распространетоста и изгледот на населбите и тврдините од доцноантичкиот период кај нас (Т. 1- сл. 1-бр. 4,5,6).
КУЛА – с. ЉУБАНЦИ
Ако од с. Љубанци се тргне по клисурата на Љубанска Река кон североисток, по еден час се стигнува до местото каде оваа река ја формираат два планински потоци. Едниот, Пешчина Река се спушта од врвот Црн камен, а другиот Коренска Река од Пупљак. Над нивниот меѓусебен слив се извишува стрмен планински гребен кој натаму продолжува се до врвот
Пупљак. Локалитетот, познат како „Кула“, „Маркова Кула“, или поретко „бидот“. го зафаќа најнискиот врв и западната падина на гребенот што го ограничуваат двата споменати потоци.3 > Се издига на 250 м. над долината на Љубанска река или на надморска висина од 1120 до 1140 м. Од Љубанци е оддалечен 4 км а од центарот на Скопје 16 км. воздушна линија“4 (T. 1- сл.2).
До Кула најлесно се стигнува по долината на Љубанска Река, од каде патот скршнува кон Пешчина Река, за да потоа по западната падина се искачи на самото седло. Југоисточно од локалитетот, во Коренска Река се спушта непристапна бездна, а од запад нешто поблага и во Пешчина Река. Единствениот непречен приод до Кула е од северната страна преку тесното седло. Локалитетот е стрмен и денес обраснат со густа шума и покриен со дебел слој од шумски хумус кој ги закрива остатоците од архитектурата и површинските наоди и го отежнува неговото истражување.
ОСТАТОЦИ ОД ФОРТИФИКАЦИЈАТА (Т.П-а)
Денес, најдобро зачуван дел на тврдината е нејзиниот северен бедем и посебно неговиот источен крај со петоаголната кула, насадеца на карпите кои источно од неа, одеднаш стрмно се спуштаат Kon Коренска Река. Кулата е поставена со врвот кон седлото и е потпрена на северниот бедем кој оттука продолжува кон северозапад. Овој комплекс на кулата и бедемот со фоса и однапред насипани темели и покрај тоа што е денес делумно затрупан, се уште е висок 2,5 до 3,5 м. од околниот терен. Бедемот е широк 2,8 M. и продолжува кон северозапад во речиси права линија. Долг е 80 м и стрмно се спушта низ западната падина, така што неговите крајни точки (1 и 3 на
планот) се во меѓусебна висинска разлика од најмалку 20 м. Иако останатиот дел на северниот бедем е затрупан, без видливо лице, тој сосем јасно на теренот се следи како маркантна траса од градежен камен и шут, широка 4-5 и висока 2 до 3 м. Тука. на половината од бедемот се забележува лесно скршнување на трасата што упатува на постоењето на вовлечена порта (2) на која од север низ седлото доаѓал патот. Натаму, повторно се следи лицето на бедемот се уште широк 2,8 M, а на западниот агол (3) каде што тој завршува, би можела да се очекува уште една аголна кула, насадена на карпите кои оттука се спуштаат на запад.
Овде започнува западниот бедем на кастелот кој се протега кон југ под агол од 63 степени во однос на северниот. Поради ерозивноста на падината, тој е многу послабо видлив на теренот, манифестиран како тесна блага тераса од која извираат камења и вар. Трасата на овој бедем тече сосем праволиниски и на југ завршува на самиот раб од бездната (4) кон Коренска Река. Овој бедем е долг скоро 80 метри.
Поради високата и сосем непристапна бездна, југоисточниот бедем веќе не оди во права линија туку го следи самиот нејзин раб. Тој е на места зараснат во шума, оголен со видливо лице или сосем испран од карпите на кои имал исфрлено една веројатно триаголна кула (5) за контролирање и одбрана на овој потез. Северно од неа, бедемот, речиси под прав агол се спојувал со североистичната кула, затворајќи го периметарот на кастелот. Овие последни 13 м. од бедемот се слизнале од карпите, однесувајќи го со себе и составот на кулата со јужниот бедем.
Поради густата пошуменост и дебелиот хумусен слој, не може со голема точност да се согледа диспозицијата на зградитеи комуникациите во внатрешноста на тврдината. Од портата кои југ, се распознава траса на некаков внатрешен зид кој веројатно припаѓа на некоја поголема градба или е под5ид на главната улица. На јужниот агол, добро сончан и заштитен од ветрови. делумно се најираат зидови од некакви внатрешни простории каскадно нанижани една под друга. Тука се воедно и најзастапени површинските наоди и тоа неколку варијанти на доцноантички покривни тегули од коринтски тип и атипични фрагменти од садовна керамика. И покрај недостигот на керамички материјал и други подвижни наоди, основата и фортификациските елементи на оваа тврдина како и нејзината исклучителна втопеност и користењето на стратегиски можности на теренот ја сместуваат во категоријата на веќе познатите кастели од VI век (пр. Зелениково, Таор. Маркови Кули)“.5
Глобално земено, бедемите на нашиот објект затвораат еден рамностран триаголен простор со страни од 80 м. и површина од 0.3 хектари. Ваквиот план зборува за јасна и однапред испланирана концепција при
T. [- a, Кула, с. JbyOaHun, доцноантички кастел.
TE, = Loe. Kula, v. Ljubanei, late antique Castel. неговата изградба. Кастелот всушност ги следи самите линии на локалитетот и ги повторува во мало. Трите негови агли се три истурени пунктови за наблјудување и одбрана. По својата површина тој е еден од најмалите доцноантички кастели од околината на Скопје, со што на прв поглед повеќе потсетува на категоријата на најмалите тврдини — бургови. Од друга страна, маркантноста на неговите бедеми укажува на некаков приоритет или посебна грижа за негово посовршено обезбедување.
Овој кастел, заедно со другите погоре спомнати објекти бил вклопени во системот на тврдини кои ја обезбедувале северната граница на скопската котлина. Најверојатно бил изграден одеднаш заедно со уште неколку слични кастели од околината и тоа во рамките на градежната кампања на Јустинијан 1, (3a која Hé известуваат византиските извори)6 и тоа како одбрамбен пункт со стационирана посада.
Но, повеќе податоци одат во прилог на тоа дека овој кастел це го задржал својот исклучително воен карактер. Во околината на Кула постојат повеќе топоними кои му даваат на овој крај печат на старо рударско место. На падините што се издигаат од левиот брег на Љубанска Река, се наоѓа месноста Згуровце.7 Според зборовите на селаните. тука. во коритото на реката некогаш биле наоѓани парчиња од згура. И потокот Пешчина Река, во својот долен ток, под самиот кастел се нарекува Пиралишта. "Тука. низ стрмните карпи низ кои тече потокот, со преградување е створени ред од вирови, кои веројатно служеле за промивање на рудата“. Во околината постојат топоними кои упатуваат на оваа занаетчиска гранка: Железарци, Ковачев Дол. На почетокот од овој век. постоеле обиди за отворање на рудник кај врвот Цри Камен.
Ако сево ова се земе во обзир, станува сосем веројатна претпоставката дека овој кастел одредено време бил во функција на оваа стопанска гранка. штитејќи ги рударските окна и металургиските работилници лоцирани во неговата близина“. И надвор од бедемите, покрај патот што од северозапад водел до кастелот, на теренот се распознаваат темели на одделни градби (можеби работилници) од подградието. Тука, на западната падина. под месноста Манастириште би можела да се очекува некропола со гробјанска црква". Овде и денес, низ падината се цеди вода. која своевремено, каптирана, можела да го снабдува кастелот со питка вода.
Иако проблемот околу крајот на животот во овие тврдини кај нас се уште не е сосем разјаснет, би можело да се претпостави дека и во овој кастел животот замрел ane КОН крајот на VI или во VII век непосредно по Аварословенскиот продор . Материјални докази за евентуално повторно заживување на кастелот и во средниот век засега не се констатирани.
КОМПЛЕКСОТ НА КУЛАТА СО СЕВЕРНИОТ БЕДЕМ (T. ІІ-В)
Источниот агол на тврдината со петоаголната кула и делот на северниот бедем на кој таа е потпрена, денес се најдобро зачуваните делови од некогашниот кастел. Нивните необично добро зачувани елементи овозможуваат да се проникне во некои детали околу изградбата на овој објект, до кои инаку, без пообемни археолошки ископувања не би можело да се дојде.
Најпрво, тоа се точните контури и димензии на фортификациските елементи. нивната основа и пресеци како и опусот на зидање (Т.П-В)!. Северниот бедем со својата широчина од 2,8 м засега е еден од најмаркантните во составот на доцноантичните кастели од околината на Скопје. Страничните зидови на кулата изнесуваат по 1.6 м додека дебелината на челото 3.3 метри. Овој пентагон. со внатрешна потковичеста просторија (3.2 x 3,8 м) бил прилепен кон северниот бедем и претставувал една од клучните точки. пресудни за безбедноста на тврдината. Велиме прилепен. бидејќи и денес јасно се распознава дека зидовите на бедемот и кулата не се органски поврзани. туку само прилепени еден до друг. Помеѓу uns јасно се распознава вертикален раб.
Дали ова мора да укажува на две хронолошки одвоени градежни етапи, т. е. дека кулата е дополнително дозидана до бедемот? Можеби токму затоа. северниот бедем бил толку широк за да се компензира отсуството на кули. и дури подоцна кога се покажал како неефикасен при одбраната, бил зајакнат со кули (една или повеќе).
Од друга страна. повеќе аргументи we одат во прилог на ваквото толкување. Имено. вакви елементарни пропусти и импровизации не се типични за доцноантичките. поточно. за рановизантиските кастели од овој тип, кон ВО најчест случај се градени одеднаш. со однапред строго дефинираlla, темелно проучена. урбанистичка. densa = и стратегиска концепција и денес добро позната со своите врвни решенија" Затоа би била многу поприфатлива претпоставката според која и Седемот и кулата се зидани едновремено, по памерио конструктивно независни еден од друг. поради безбедносни причини. Не треба посебно да се нагласува основниот дефанзивец карактер на ваквите доцноантички тврдини. чија примарна функција покрај другото. била да го издржат и нападот на опседните машини. Секако, вековните искуства покажале дека фортификациите многу подобро ги издржуваат рушењата за време на опсадите, ако се градени во одделни сегменти кои во случај на рушење паѓаат поединечно пе повлекувајќи ги со себе здравите делови од зидот. По cé изгледа дека во нашиот случај се работело за ваков градежен пристап. Кулата е изградена како посебен градежен сегмент, независен од бедемот за да, во случај да биде силно оштетена, при рушењето не го повлаче со себе и бедемот.
На ова укажува и самата ситуација на источниот агол од нашиот кастел. Тука, северниот бедем скршнувал на југ. под агол од 83 степени во однос на источниот. Негови делови се зачувани неколку метри јужно од аголната кула. Во едно за нас непознато време. голем дел од овој источен бедем, во должина од 13 м, од било какви причини се слизнал од карпите на кои бил фундиран, но тогаш, токму поради тоа што не бил органски поврзан со кулата, не го повлекол со себе нејзиниот источен зид. Затоа тој и денес се уште стои на карпите во висина од над 3 м. оштетен само на делот од лицето со кое бил палепен на бедемот.
На ваквиот, би рекле „асеизмичко-безбедносен“ градежен концепт. укажуваат и другите конструктивни детали од овој дел на нашиот кастел.
Пред се да кажеме дека и кулата и бедемот се градени во типичниот. за овој период и за ваквите градби „опус емплектон“. со кршен камен врзан со големо количество вар, на тој начин што обете лица на ѕидовите се внимателно ѕидани, а внатрешноста е многу погрубо исполнувана со разновидни камења. помешани (втиснати) во варов малтер. Во опусот на зидањето се забележува користење на кршен камен разновиден по форми и димензии. Карактеристично е користењето на цепени камени плочи и тоа како замена на тули за опшивање на рабовите и аглите на кулата.
При снимањето на фасадите на петоаголната кула. констатирани се хоризонтални зопи на зидање. јасно разграничени со широка фуга. ТНе само на прв поглед можат да укажуваат на хронолошки фази. бидејќи бројноста на овие зони и нивната секогаш иста висина, потполно го исклучуваат ваквото толкување (види T. Ц-в. T.1ll-cn. 1).
Секоја зона започнува со поголеми. неправилно кршени. а завршува со погрижливо одбрани камења. чии фуги се внимателно пополнети со ситни камења, Зоната ца крајот се нивелира со ситни камчиња и плочки. густо залиени со вар. при што се добива рамно ниво (либажен слој) кое кружи хоризонтално. на иста висина низ сета кула. На западниот и северозападниот ѕид, врз секоја од зоните се наоѓаат квадратни отвори (димензии 15 x 15 см). кои продолжуваат хоризонтално и во јадрото на зидовите. Најверојатно се работи за лежишта од дрвени серклажни греди со кои биле армирани овие два зида од кулата. секогаш најповеќе изложени на удари15
Со ваквиот начин на градење, кулата добила структура формирана од прстенести сегменти. залепени но независни еден од друг. Во случај една од овие зони да била оштетена, таа при рушењето це ги повлекувала и зоните
поради дрвените серклажи од кои секој ја крепел зоната на ѕидот над него, се додека оштетувањата не биле пломбирани.
На остатоците од нашата петоаголна кула констатирани се 4 вакви зоци со висина од 70 до 80 см, кои секако продолжувале и во горните, денес уништени партии на градбата.
И потковичестата внатрешност не е случајно применета. Очевидно е дека при удари однапред, апсидата била оној конструктивен елемент кој добро ги поднесувал силите на ударот и рамномерно ги распоредувал низ целата кула, а кого рамните 5идови секако не би го издржале.
Во внатрешноста на кулата, денес делумно затрупана, среде шутот се распознаваат парчиња од бигор кои наведуваат на можноста дека кулата, во горните партии, била засведена.
ГРАДИШТЕ (БЕГОВИШТЕ) - с. КУЧЕВИШТЕ (Т. Гел. 3)
На оддалеченост од 3 км северно од Кучевиште (16 км северно од центарот на Скопје) во меѓуречјето на Урвичка и Побушка Река се издига тесен и стрмен гребен кој денес го носи името Беговиште. На неговиот јужен крај, на надморска висина од 900 м доминира висока чука позната кај селаните како Градиште. Тука, на самиот врв и неговата јужна падина се наоѓаат остатоци од една доцноантичка укрепена населба. Од селото до самиот локалитет води широк пат, кој продолжува и натаму на север кон врвовите Рамно и Бањашница. Тој воедно ја претставува комуникацијата на некогашната населба со котлината ".
ОСТАТОЦИ ОД ФОРТИФИКАЦИЈАТА (T. IV)
Wea, како поради својата конструктивна независност. така делумно и одеднаш се прекинува.
На дваесеттина метри под овој подѕид се забележува уште еден (4) кој секако на запад го следел патот и се надоврзувал на јужниот бедем. Кај југозападинот агол, неговата состојба денес е нарушена со изградбата на
Денес на локалитетот се распознаваат се уште добро зачуваните подеидани тераси и обиколни зидови од населбата. На северната страна се гледа потегот на челниот бедем (7-1 на планот) широк 1,50 м подигнат во права линија и однапред заштитен со ешарпа. Кај северниот крај на него се падоврзувала единствената кула (1), по која зидот продолжува кон исток (1- 2), спуштајќи се низ двете подѕидани тераси. Со оглед на близината на седлото и правецот на патот, па оваа страна би можел да се очекува еден од главните влезови, лоциран веднаш до кулата или кај завршетокот на североисточкиот зид (2). Источно од кулата, на североисточниот бедем се надоврзувале и двете источни тераси (А и Б), кои натаму се протегале кон југ. Првиот подѕид потоа скршнувал на запад, се составувал со челниот бедем и на тој начин ја затворал највисоката тераса (А). Подѕидот на втората тераса е подобро зачуван. Од источниот агол, неговата траса продолжува на југ и циз неколку преломи свртува кон северозапад (3). Тука овој подѕид, во целата своја ширина избива на површината, од каде може да се заклучи дека бил широк 1.50 м, граден од грижливо но це многу вешто реден кршен камен поврзан со малку варов малтер. Натаму. на јужната падина неговата линија современиот подеид и новите објекти што ги опфаќа. Западно од овие современи градби започнува јужниот бедем на населбата (5-6) кој воедно претставува и подѕид на јужната падина. Долг е 180 м и се протега во една линија, со исклучок на неколку благи преломи, а видлив е на 3 до 4 м под
линијата на длабоката ешарпа. Од источниот агол (6) по стрмнината кон север се искачува западниот бедем кој на врвот (7) се спојувал со челинот зид. Трасата на овој бедем (широк 1,10 м) денес добро забележлив на карпестиот ари упатува на можно постоење на порта во неговото југозападно подножје кај
Локалитетот денес не се ора и можеби затоа не обилува со подвижен археолошки материјал. Единствено на јужната падина, стрмна и ерозирана, се среќаваат фрагменти од садова керамика (Т.Ш- сл.2). Тоа секако треба да значи дека оваа падина (секогаш добро заштитена од северните ветрови) и покрај косината, била најгусто населена. На тоа укажуваат и оголените остатоци на зидови од објектите кои тука биле терасесто поставени.
Иако локалитетот не е многу зачуван и богат со подвижни наоди, сепак дава можност да се суди за карактерот и неговата временска припадност.
Населбата, во своите бедеми и подзидани тераси опфаќала површина од околу 2,5 хектари. Површинската керамика, специфичната локација и начинот на градење на бедемите ја поставуваат нејзината крајна фаза во доцната антика. Но овој објект не припаѓа на категоријата на кастели. Тој пред cé, со својата терасеста структура ја задржува предримската традиција на постепен развој на населбите. Бедемите (со исклучок на челниот), следејќи ги линиите на теренот често се кршат под неправилни агли и не се бранети со бастиони или кули (освен единствената челна). Градени се од кршен камен и поврзани со вар но не во цврстата техника на емплектон, карактеристична за кастелите, туку во поскромен опус со слабо користење на варов малтер. На локалитетот не е констатирана градежна керамика (тули, тегули и имбрекси), што треба да значи дека ако не сите, тогаш барем повеќето куќи во населбата биле градени од камен, плитар и кал, а покриени со органски материјал.
Сите овие податоци упатуваат на заклучок дека во овој случај се работи за посиромашна населба-викус кој егзистирал пред крајот на антиката, а во доцноантичкиот период бил заштитен со систем од одбрамбени бедеми. Со овие свои карактеристики и обележја оваа наша населба се вклопува во групата на веќе откриени вакви објекти во Скопско: кај селата Д. Количане, Говрлево, Матка, и припаѓа на категоријата на доцноантичките укрпени викуси.18
ГРАД - с. КУЧЕВИШТЕ (Т. У)
Узводно, по Урвичка Река на 3 км северно од претходниот локалитет, се наоѓа многу живописна долинка од сите страни окружена и скриена со околните стрмни ридови (Лоништа, Шлемарци, Беговиште и Лески). ОД врвот Рамно кон северниот дел на долинката се спушта Крушков Рид кој над устието на потоците Репишта и Скокало формира гребен со карпест врв висок 1080 м. Од обете страни гребенот е ограничен со двата спомнати
планински потоци кои натаму се вливаат еден во друг. составувајќи ја Урвичка Река. Од карпестиот врв на исток кон потокот Репишта се спушта стрмна и сосема непристапна бездна, која кон југ преминува во поблага падина. Кон запад, гребенот нешто поблаго се спушта кон другиот поток кој поради бројните водопади е наречен Скокало.
Од чаталот на двата потока по оваа падина се движел некогашниот пат кој се искачувал по неа се до седлото и од север влегувал во населбата. Овој пат на север продолжува до врвот Бањашница, а на југ, поминувајќи низ Беговиште и Градиште се до Кучевиште и Побужје. Многу потешко до населбата се стигнувало од југ, преку патеката која и денес се искачува по самиот срт на гребенот.
Сиот гребен, освен карпестиот врв и источната безда е многу густо обраснат со шума, која сосем го оневозможува неговото подетално истражување. Среде густо израснатите стебла извира еродираниот културен слој исполнет со гареж шут, камења и пред се бројни фрагменти од антички покривни тегули од корински тип со неколку варијанти (Т.Ш-ел.3). Се јавуваат и фрагменти од садовна керамика со тенки хоризонтално врежани линии, како и садовни рабови, дна и рачки типични за доцноантичкиот и рановизантиски период. Од металните наоди засега регистрираме само еден железен клинец со кон напред повиена глава, но за многу поинтересни наоди од овој локалитет (метални кантари, коси...) дознавме од жителите на Кучевиште. Посебно треба да се одбележи дека траги од некогашната населба не се забележуваат на самиот карпест врв, кој е сосем гол, без никакви траги од зидови и културни слоеви, туку на западната и југоисточната падина. Ако основната улога на овој објект била стратегиска, тогаш тврдичата секако би го опфаќала токму самиот врв на гребенот, тешко пристапен но лесен за одбрана. Но ако основната намена на објектот била за живеење, тогаш секако дека гребенот бил избегнат поради потешките услови (северни
lok "GRADIŠTE" Begovište 5. KuéevisSte
Т. У. Лок. Град, с. Кучевиште, ситуационен nian на локалитетот.
T. V. Loc. Grad, y. Kuéeviste, situation plan of the locality. ветрови, карпеста подлога, припек...), а за домување биле одбрани многу попитомите, но поподложни на напад, падини (А и В на планот).
До наредните проучувања отворено останува прашањето околу тоа како населбата била фортифицирана. Несомнено дека при планирањето на бедемите биле искористени сите природни одбрамбени можности на теренот. На запад веројатно бедемот ги следел ниските карпи кои се спуштаат кон северозапад, а потоа повторно се искачувал кон седлото. Од источната страна покрај бездната воопшто не морал да постои никаков бедем. Единствено уште југоисточната тераса В морала да биде добро заштитена и поврзана со бедемот на терасата А. Според просторот на кој засега се констатирани површински наоди, може да се претпостави дека населбата зафаќала површина од околу 0,5 хектари.
Повеќе податоци упатуваат на постоењето на други придружни објекти во непосредната околина на овој локалитет. Во близината на устието на потоците Репишта и Скакало, селаните неодамна откриле гробови (поблиски детали за ова не се познати), кои можат да укажуваат на локацијата на месната некропола. Да го забележиме овде и интересниот топоним „Комненови цркви“ кој се однесува на месноста неколку метри низводно од изворот на Репишта. Според зборовите на селаните, се работи за отвори во карпите кои личат на црковни врати или испосници.
Овој локалитет се наоѓа длабоко скриен во недрата на Скопска Црна Гора и воопшто не е видлив не само од котлината туку и од околните ридови. Но и покрај тоа, неговата непосредна околина ги нудела сите основни услови за егзистенција. Од претходниот локалитет е оддалечен само 3 км. што е очигледно премала дистанца за две не толку мали населби. Аналогно на другите слични случаи од овој период (како кај Долно Количане и Барово) би можело да се постави претпоставка за Градиште кај Беговиште како нешто постара населба и Град во прво време нејзини рефугиум кој подоцна покажувајќи се како посигурен, постепено ќе го апсорбира во и околу себе населението од околните населби лоцирани поблиску до вечно несигурната железна руда. Селиштето „Згуровце“ и рушевинте на црква кај лок. „Римска црква“ ги спомнува И. Микулчиќ (види: Траги од ранохристијански базиликии околу Скопје. ГЗФФ. кн. 7 (33). Скопје. 1989. 123);
За улогата на римската војска во заштитата на рударско-металургиските центри и комуникации во Горна Мезија и Дарданија види: И. Микулчиќ, Старо Скопје, 56.
Локалитетот „Манастириште“ се наоѓа на сртот над костелот. Тука, во непосредна близина на бачилото се распознаваат темели од некакава градба, според селаните, „римска црква“.
3
u Ова е стратиграфеки потврдено со ископувањата во акрополата на рановизантискиот град на „Маркови Кули“, во слојот од подот 2 (И. Микулчиќ и Н Никуљска, Рановизантискиот град на Маркови Кули на Водно кај Скопје - истражувања 1977 г., Масеԁ. acta archaeol. 5, Прилеп-Скопје, 1979, 71.)
"? Вредностите на висинските коти на планот се заокружени.
И. Микулчиќ, Старо Скопје, 62; С. Бобчев, Крепостните кули с издаден остър раб и значението им за украпяването на античните градове, или, кн. XXIV, София, 1961.
Други вакви, темелно испланирани и одеднаш градени кастели во Скопската котлина; кај Зелениково, Таор и Маркови Кули-Водно (си. И. Микулчиќ, Старо Скопје.)
‘© Според J. Трифуноски (н.д. 20, 72, 91), овие стари патни правци биле повторно обновени и во турскиот период, а се користеле до скоро како најкратка комуникација на скопската котилина со пределите северно од Скопска Црна Гора.
"7 За овие традициисп. И. Микулчиќ, Старо Скопје. 19. 75, 76; истиот. Проблемот на Антигонеја, гзфф. кн. 11 (37), Скопје, 1984, 129.
79 Локалитетот е познат и како „Испосници“. J. Трифуноски (0.c. 80). зборувајќи за манастирот Св. Архангел (Кучевиште), спомнува дека околу него се наоѓале келии од кои едната е кај месноста „Испосници“.
NIKOS CHAUSIDIS - Skopje
Белешки
- За овие новооткриени населби и тврдини, како и за нивната категоризација види: И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982. ↩
- Ibid., 37, сл. 15 (локалитети под реден број 5-7, 30, 31, 34, 39). ↩
- Локалитетот под истото име го спомнува Горче Петров, Материяли по изучването на Македония, София, 1896, 540. Покрај другото, тој го наведува и преданието за тоа како наводно „Кула“ била со тонови освоена од страна на Турците. „Кула“ ја забележал и J. Трифуноски, Скопска Црна Гора - природна средина, прошлост, населја, становништво и привреда, Скопје, 1971, 19, 89, 91. ↩
- Локалитетот го посетивме во неколку наврати 1984-85 год. и тоа со В. Лиличиќ (со кого топографски ги снимивме остатоците) и со студенти од катедрата за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот ф-тет во Скопје. ↩
- И. Микулчиќ, Старо Скопје 48-53, 89-90, 103-106; ваков пример на римската тврдина со бедеми кои формираат рамонстран триаголник се сретнува и на дунавскиот лимес, сп. В. Кондић, Босман, рановизантиско утврђење, Старинар, XXXIII-XXXIV, Београд, 1984, 137-145. ↩
- И. Микулчиќ, Старо Скопје, 62; В. Велков, Исторически изври за крепостните кули с издаден раб, Известия на археологическия институт, кн. XXIV, София, 1961, 147-151. ↩
- Овој и следните податоци ги дознавме од Цветко Рајовски (76 год.) од с. Љубанци; Ј. Трифуноски (о.с. 89,91) ги наведува истите топоними, спомнувајќи потоа дека северно и од с. Бањани, во месноста „Момчин Дол“ се наоѓаат рударски окна од кои некогаш била вадена inhabitted. ↩
- Подоцнежните византиски тврдини се градат на високи недостапни терени, каде што при опсадите, најчесто не можат да бидат инсталирани тешки опседни машини. Затоа нивните бедеми не морали да бидат градени во опус микстум со хоризонтални зони од тули (наменети пред се за заштита на бедемите од рушење при удари со камени ѓулиња), туку од кршен камен, зајакнати со цепени плочи или најмногу со хоризонтални дрвени серклажи – (С. Бобчев, Смесената зидаря и римските и рановизантийските строежи, или. XXIV. София. 1961,142). Ваков начин на армирање, со дрвени греди е констатиран и во рановизантискиот период, во челниот бастион на кастелот кај Маркови Кули - Водно (еп. И. Микулчиќ. Н. Никулска, Рановизантиски град „Маркови Кули“ на Водно, Масеԁ. acta archaeol. 4, 1978, 139.) ↩
- истиот, Старо Скопје. 74-76, 81-83, 95-96. ↩
Summary
The Newly Found Late Antique Fortifications in Skopska Crna Gora
(SUMMARY)
The uptodate surveys show that in the antique and early byzantine period in the valley of Skopje a large number of fortified settlements have been built, located on the near by hills.
In this case three newly discovered fortifications of this epoque. have been presented. They are all located on the south slopes of Skopska Crna Gora, which with the ones formerly discovered had formed the north defensive chain of Skopjes valley.
The Castel of the locality “Kula“ – v. Ljubanci is in the shape of a equilateral triangle with massive walls. The north wall and the five angle tower, skillfully built in a special building technique especially emphasize them selves. Some facts point out the connection of this Castel with the Miningmetalurgy activities in these parts. Roman tegulas of a Chorintian type are often found.
The locality “Gradite“ - Begoviste —- v. KuéeviSte, poorer settlement belonging to the type of fortified vicus. It is built in Pre-Romans urbanistic traditions in the shape of scale teraces reintorced and surrounded with walls of broken stone and mortar in a weaker technique. Rare fragments of ceramic dishes are found on the surface. There is no sign of tegulas.
North of the formerly mentioned the locality “Grad“ is found drawn in deeply in the mountain. It is located on a terrain, deeply in the woods, because of what its fortification and urbanistic picture is still hard to be percieved. On the inhabitted terraces fragments of tegulas and ceramics are often found. Rarely it is the case with the metal finds. It is probably a refugium that has later been, permanently