Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 161–181
Некропола од крајот на антиката од Хераклеја Линкестис
Во периодот од 1976-1980 год. изведувани се заштитни сондажни ископувања во источниот ареал на Хераклеја . Тогаш се откри и мал дел од Базиликата Де со двојна некропола од кои едната коегзистирала со базиликата, а другата е од средновековниот период1.2 Тие беа цел на систематските ископувања изведени во периодот од 1981-1986 год. Базиликата Де и истовремената некропола се подигнати врз остатоците на доцноантичкото. источно предградие на Хераклеја коешто постоело од средината на IV век. а страдало во првата половина на У век. Градежниот шут од неговите урнатини е однесен и употребен, веројатно за обновата на градските бедеми за време на Анастазие3 (491-517). Потоа, овој простор на градот останува надвор од бедемите4 и се користи за некропола. За изведување па „погребниот обред служел соодветниот храм на богослужба - Базиликата Де“.5 Таа е градена по обновата на градските бедеми, функционирала во текот на. VI век6 а страдала како и самиот град Хераклеја кои крајот на истиот век.7 (план 1) Околу нејзините источни партии откриена е некропола којашто главно коегзистирала со неа, а била напуштена набргу по пропаѓањето на базиликата, односно градот. Не е извесно до која мера базиликата била урната кога кон крајот на X НВО XI век овде поново се лоцирала некропола. Во секој случај во прашање е осведоченото почитување на сакралната гради ција на теренот, толку пати потврдена појава во овие области во средниот век.
Вкупниот број на гробовите од двете некрополи изнесува 66. Тие се нумерирани и документирани по оној редослед по кој се откриени. На постарата некропола и припаѓаат 35 гроба. ТНе се обележани со броевите 1- 22,26,31,36,37,45-51,63 и 66. „Јамите“ обележани како гробови 32 и 33, всушност не се гробови, а останатите гробови И припаѓаат на средновековната некропола.
КАТАЛОГ НА ГРОБОВИТЕ
Длабочина 1,38 м; основа на кота 607,00 м. Ориентација: ЈЗ-СИ; зап. партии се оштетени. Конструкцијата е од тегули на две води. Зачувани дим.: 0,60 (0,80) x 0,30 м. H=0,40 м. Скелетот е скоро наполно изгниен.
Наоди нема.
Гроб бр.2
Длабочина 1,00 м; основа на котата 607,35 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Скелетот е лошо зачуван, поставен е директно на земја. покриен само со една тегула на главата и телото.
Наоди нема.
Гроб бр.3
Длабочина 0,97 м; основа на котата 607.41 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Скелетот е детски. доста оштетен, поставен во конструкција од три лачни имбрекси. Дим.: 0,80 x 0,20 м. H=0,16 м.
Наоди нема.
Гроб бр. 4
Длабочина 1,26 mM; основа на кота 607.14 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Гробната конструкција е од два реда тегули двосливно поставени. а основата од тегула брз која е поставен оштетен детски скелет. Дим.: 0.72 - 0,80 x 0.40 mM. H=0,30 - 0,40 м.
Наоди нема.
Гроб 6p. 5
Длабочина 1,44 м.; основа на котата 607,12 - 607,16 м. Ориентација ји-СЗ. Конструкцијата е од тегули на две води. дим.: 0.80 X 0,50 м.Н--0.35 м. Скелетот е детски, мошне оштетен.
Наоди нема.
Гроб 6p. 6 (сл.да,б.в.)
Длабочина 1.43 - 1,53 mM; основа на котата 606—-607,07 м. Ориентација З-И. Гробната конструкција е од два чифта тегули на две води со имбрекси на сртот и венец од камења во основата; лоцирана е преку ѕид од напуштеното доцноантичко предградие на Хераклеја. Дим.: 1.53 X0,38 м. H=0,30-0,40 м. Остатоци од коски и заби на мошне млад покојник се положени врз основа од парчиња на тегули.
Наоди нема.
Гроб 6p. 7 (cn. 11a,6)
Длабочина 1,61 м; основа на котата 606,89 м. Ориентација: СЗ-ЈИ. Гробната конструкција е од тегули и имбрекси на сртот, со густ венец од камена и црепови во основата. Дим.: 1,30 x 0.90 м. H=0,33 м. Врз основата која се состои од една тегула најдени се само млечни заби.
Наоди нема.
Гроб бр. 8 (ел.10)
Длабочина 1.72-1, 76 mM: основа на котата 606.74-606.75 м. Ориентација 3-M. Гробната конструкција е од тегули и имбрекси. НО уништена во
средината (тука се откриени три оклопи на жалки). Дим.: 1,90 x 0,65 м.
Скелет и наоди нема.
Гроб бр. 9 (сл.да,б.в.16)
Длабочина 1,62; основа на котата 606,88 м. Ориент. З–И. Гробната конструкција од тегули и имбрекси е поставена во убаво оцртана гробна јама со правоаголна форма и дим.: 1.15 х 0.55 м. Детски скелет зачуван со траги поставен е директно на земјата. Кај главата најдени се чифт сребрени ушници со звездолик додаток од втората половина на VI и преминот Kon VII век“и неколку стаклени, оштетени мониста..9
Гроб бр. 10
Длабочина 1,53 м: основа на котата 606,97 м. Ориентација. ЈЗ-СИ. Конструкцијата е од четири фрагментирани тегули. Дим.: 0.65 х 0.25 м. H=0,21 м. Покојникот е мало бебе (долж 0.47 м.) поставено на земја. на гроб. со испружени раце.
Наоди нема.
Гроб 6p. 11(cn.3)10
Длабочина 1,55 м; основа на котата 606,85 м. Ориентација: 3-H. Под овој гроб е гр. 26. Во убаво оформена правоаголна јама (1.20 х 0.70 м), поставена е двосливна конструкција од тегули и имбрекси прекриена со могила висока 0,45-0,50 м, обележана одозгора со „гробен белег“ од густо поредени камења, парчиња од тегули, имбрекси и тули во вид на правоаголна површина со димензии, 60 x 1,00 м. Дим. на гроб. констр. 1,00 x 0,50 м. H=0,41 м. Во могилата под „белегот“ има и шут, фрески и прозорско стакло од базиликата - значи гробот е подигнат РО нејзиното урнување кон крај на VI век.11 Основата на гробот е од тегула. Детски скелет во траги.
Наоди нема.
Гроб бр. 12 (сл.3)
Длабочина 1.85 mM; основа на котата 606,54 м. Ориентација: 3-И. Во трапезовидна циста оформена од 4-5 реда речен камен во сувозид со основа од четири фрагментирани тегули положен е возрасен покојник - маж, на плеќи со испружени раце и нозе. Цистата (долж. 1,70 м., 0,47 м на запад и 0,38 м на исток) е покриена со шест плочи од камен и шкрилец, над кои има земјен насип дебел од 0,70 м. Горната површина на оваа могила е назначена со „гробен белег“, од густо наредени црегови и камења со правоаголна форма (2.10 х 1 м). Под овој „белег“ во насипот како и во гроб 11 има остатоци од урантата базилика: шут, фреско и прозорско стакло, што значи дека и овој гроб е подигнат по уривањето на Базиликата Де.12 '2 Според положбата (и конструкцијата?) можеби е во прашање позначајно граѓанско или црковно
Гроб бр. 13
Длабочина 1.47 mM: основа на котата 606,93 mM: Ориентација: 3-И. Гробната конструкција е двосливна од. тегули и имбрекси, со нецелосен венец од камења околу основата. Јамата е овална со дим.: 1x0,50MmM.,a гробот е со дим.: 0,89 x 0.50 м. Н--0.41 м. Основата е од тегула. Најдени се само неколку млечни и првите вечни заби.
Наоди нема.
Гроб бр. 14 (са. 18, 20, 21)
Длабочина 1,67 м; основа на котата 606,73 mM. Ориентација: 3-И. Гробот € од тегули и имбрекси на две води. Јамата е правоаголна (1,80 x 0,60 м, а гробот 1.80 x 0,50 mM; H=0,43 м). Во самиот гроб има остатоци од урнатините на базиликата (шут, фрески, стакло како и кај гробовите 11 и 12). Скелетот е скоро сосема изгниен. Околу стомакот најдено е парче од деформирана бакарна фибула во секундарна употреба (7) или случајно затекната на теренот,13 кај натколениците дислоцирана (?) или случајно затекната коскена игла во три фрагменти, додека во пределот каде би требало да се очекуваат
Сл. Ца, 6 Гроб 7 Fig. 11a, b Grave 7
стопалата две корозирани железни клинчиња со квадратен пресек и испакната глава со долж. околу 2 см.
Гроб бр. 15 (сл. 12, 17, 19)
Длабочина 1,68 м: основа на котата 606,82 м. Ориентација: СЗ-ЈИ. Гробната конструкција (дим.:1,10 х 0,52 м; Н--0,42 м) е двосливна од тегули и имбрекси. Основата е од тегула. Во пределот на главата најдени се неколку млечни заби и гердан од стаклени мониста.14 со копец и јамка за закопчување изработени од бакарен тел, два фрагменти од железна белегзија, мошне корозирани;, во пределот на десната рака,15 како и два заба од див зајак покрај
Гроб бр. 16 (сл. 13)
Длабочина 1,40 м; основа на котата 607,10 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Покојникот е дете до една година, положено бочно на десната страна, директно на земја, со згрчени раце и нозе, покриено само со парче тегула. (дим.:0,52 x 0,40 м; H=0,24 м). Наоди нема.
Гроб бр. 17
Длабочина 1,67 - 1,70 м; основа на котата 606 “0 - 606,83 м. Ориентација: СЗ-ЈИ. Гробната конструкција е двосливна од тегули и имбрекси со дим.:1,07 x 0,52 м; H=0,41 м. Како и кај гробовите 11, 12 и 14 и овде (внатре во гробот) има остатоци од урнатините на базиликата16.17 Основата на гробот е една тегула на која се откриени траги од детски скелет. Во пределот на стопалата најдено е мало корозирано клинче18 а во делот на десниот фемур нечитлива бронзена монета од доцноантичка продукција.
Гроб бр. 18
Длабочина 1,54 mM; основа на котата 606,96 mM. Ориентација: СЗ-ЈИ. Гробот е подоцна растурен. Се гледаат дислоцирани црепови и делови од коски. Дим. сса 0,70 x 0,44 м. Претставува детски гроб без наоди.
Гроб бр. 19 (ел. 4)
Длабочина 1,27 mM; основа на котата 607,23 м. Ориентација: СЗ-ЈИ, со девијација кон С-Ј. Конструкцијата е од парчиња тегули поставени скоро вертикално (дим.:0,00 м х 0,21; H=0,21 м). Основа нема. Зачувани се само млечни заби. Гроб бр. 20 (сл. 4)
Длабочина 1,60 м; основа на котата 606,90 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Конструкцијата е двосливна од тегули и имбрекси подоцна оштетена во источните партии. Дим.:1,30 x 0,60 м; H=0,35 м. Околу основата наредени се неколку камења. Најдени се дислоцирани, скоро како да се дополнително собирани, коски од возрасен покојник. Десно од главата најдена е нечитлива бронзена монета (можеби во својство на обол). Гроб бр. 21 (сл. 2, 4, 14)
Длабочина 1,33 - 1,37 м; основа на котата 607,13 - 607,17 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Гробот 21 и 22 имаат заеднички „гробен белег“ од наредени камења над насип од земја со дебел. 0,53 м. Гробната конструкција е од два имбрекса и основа од фрагментирана градежна тула. Дим.:0,63 х 0,27 м; H=0,17 м. Скелетот е зачуван и припаѓа на бебе, положено на левата страна — благо згрчено, со испружени раце. Наоди нема.
Гроб бр. 22 (cn. 2, 4)
Под „гробниот белег“ од камења и насипот најден е гроб 22 (види гр. 21). Гробот е подоцна оштетен; зачувани се само расфрлени црепови. Коски нема. (Зач. дим.:0,60 х 0,20 м.).
Гроб бр. 26
Длабочина 2.06 - 2,14 M; основа на котата 606,26 - 606,34 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Гробот е лоциран под гроб 11 и припаѓа на постарата фаза од некрополата. Гробната конструкција е солидна, изведена од два слоја тегули и имбрекси двосливно поставени (дим.:1,90 x 0,55 mM; H=0,40 м). Врз основа од тегули откриен е лошо зачуван скелет на возрасен покојник. Наоди нема.
Гроб бр. 31
Длабочина 1,65 м; основа на котата 607,19 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Гробот е конструиран од тегули и имбрекси на две води со по некој камен гореден околу основата. Дим.:1,03 x 0,40 м; H= 0,36 м. Гробот е поставен врз ЅНІ од доцноантички објект (од предградието"“).19 Лоциран е во јужниот брод, во делот каде не е сочуван подот па се поставува прашањето дали е подигнат пред изградбата, за време на функционирањето (7) или по уривањето на базиликата Де. Откриени се незначителни траги од детски скелет положен на земја. Наоди нема. Гроб бр. 36 (ел. 1)
Длабочина 1,94 - 2,08 м; основа на котата 606,46 м. Ориентација: 3-И. Гробовите 36 и 37 се пресечени, односно надслоени со „рецентен зид“, веројатно од средниот век (План 1). Кај гробот 36 се забележуваат поголеми нарушувања и оштетувања. Од гробната конструкција зачуван е западниот дел кој се состои од тегули и имбрекси на две води со сочувани дим.:0,60 х 0.48 м; Нх0,40 м. Преку оваа конструкција има земјен насип (0,60 м.) и на крај „гробен белег“ од камења и црепови со дим.:2,30 х 0,90 м. Коските се
изгниени и дислоцирани. Идентификувана е потколеница на возрасен покојник. Во земјениот насип под „белегот“ откриена е фрагментирана фибула од времето меѓу 290 - 320 год. од н.е.“9,20 Но не е сигурно дали е во врска со гробот. Гроб 6p. 3771 Длабочина 2,05 м; основа на котата 606,35 м. - 606,41 м. Ориентација: ЈЗ–СИ. Гробната конструкција е мошне солидна, од три чифта тегули поставени на две води со имбрекси на сртот. Дим.:1.80 x 0,60 м; H=0,39 м. Основата е од четири парчиња од тегули врз која е поставен на грб со испружени нозе и раце скрстени на појасот, грацилен скелет на млада жена. Наоди нема.
Гроб бр. 45
Длабочина 1,84 м; основа на котата 606,46 м. Ориентација: 3-И. Тоа е растурен гроб, се гледаат само контурите и куп од нафрлени камења и искршени црепови со траги од човечки коски22 2, Дим.:1,30 x 0,65 м.
Наоди нема.
Гроб бр. 46
Длабочина 1,70 м: основа на котата 606,70 м. Ориентација: 3-И. И овој гроб како и предходниот (види гр. 45) е растурен и уништен. Се состои од куп нафрлени камења со дим.:2.00 - 1,80 х 1,20 м.
Скелет и наоди нема.
Гроб бр. 47
Длабочина 1,59 м; основа на котата 607,01 м. Ориентација: Ј3-СИ. Гробот има двосливна конструкција од тегули и имбрекси, со дим.:1,12 х 0,53 м; H=0,44 м. Основата е од парчиња тегули. Зачувани се заби од 6-7 годишно дете.
Наоди нема.
Гроб бр. 48
Длабочина 1,40 м; основа на котата 607,20 м. Гробот е скоро наполно уништен од ров од Првата св. војна.
Tpo€ 6p. 49 (ел. 5)
Длабочина 1,27 M; основа на котата 607,33 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Гробната конструкција е од тегули, фрагментирани тули и имбрекси. Дим.:0,80 x 0,32 м; H=0,46 м. Врз основа од парчиња тегули најдени се млечни заби.
Гроб бр.50 (сл.5)
Длабочина 1.17 mM: основа на котата 607.48 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Основата е од парчиња на тегула со остатоци од скелет на бебе преку косе положена една тегула на една вода. Наоди нема.
Гроб бр.51
Длабочина 0,86 M; основа на котата 607,86 м. Гробната конструкција е од неколку парчиња тегули, со дим.: 0,80 x 0.30 m; H=0,15 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Врз основа од парчиња тегули има траги од детски секелт. Наоди Гроб бр.63 (сл.б, 7, 15)
Длабочина 1,85 mM; основа на котата 606,85 — 606,80 м. Ориентација: 3-И. со девијација од 5° kon ЈЗ-СИ. Гробната конструкција е на две води, но не од тегули туку од посебно изработени земјени плочи.23 На сртот се поставени вообичаени форми на имбрекси.
Покојникот - млад маж, е положен на грб, има исправени нозе, левата рака му е испружена, десната свиена под карлицата, а главата навалена на десното рамо. Наоди нема.
Гроб бр.66 (сл.15)
Длабочина 2,02 м; основа на котата 606,63 м. Ориентација: ЈЗ-СИ. Конструкцијата е од тегули на две води и имбрекси на сртот со дим.: 1,94 х 0,63 м; H=0,42 м. Од север гробот е пробиен во средината и затрупан со камења. Источните и западните партии изгледаат интактно. Покојникот е положен на грб, возрасен е, скелетот му е лошо сочуван. Наоди нема.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКРОПОЛАТА
Ископаните 35 гроба од оваа некропола се само еден дел од неа. Најголемата концентрација и зачуваност се среќава источно од Базиликата Де. Еден ров од Првата светска војна со правец си-ЈЗ, широк до 4,5 м со кој е уништен северниот брод и северниот дел од нартексот на базликата, несомнено уништил и голем број на гробови.
Рекичката Сива Вода која сега тече јужно од оваа локација ги исполнила овие ровови со песок и чакал, а течела и ги однела и јужните делови од нартексот, неговиот јужен анекс и поголемиот дел од јужниот брод проширувајќи се и до 14 м (План 1). Источно од Базиликата Де констатирани се два реда од некрополата. Едениот е сосема неправилен, всушност тој се приспособува на контурите од базиликата користејќи го максимално просторот околу апсидата. Следниот ред на исток е поправилен. Источно од него се наидува па „рецентен“ зид, веројатно од средниот век (правец С-Ј), кој уште повеќе, на исток затвора некаков простор, што за жал остана недоистражен и во кој се наидуваше на траги од развиениот среден век (XIII-XIVв.)24 Од тие причини евентуалните гробови од оваа некропола на овој простор биле веројатно уништени, на што не упатуваат и остатоците од гробовите 45 и 46, како и ситуацијата со гробовите 36 и 37. (План I).
Според тоа, во проучувањата на оваа некропола не е можно да се спроведуваат картирања и статистички анализи за демографските, социјалните, патолошките, старосните и другите особености на истражуваната популација. Сепак, од она што е зачувано на теренот можат да се согледат неколку важни карактеристики, како: типот на некропола, формите на гробните конструкции, начинот на погребување, верската, етничката, временската приапдност и тн. Статистичките прикази што се прават во нашите проучувања треба да се сфатат парцијално, односно дека се однесуваат само на пронајдениот дел од оваа некропола, а не на некрополата во целина.
Распоредот на гробовите на местата каде оштетувањата на теренот се помали покажува дека оваа некропола е од типот на редови. Во рамките на овие редови, заради оштетувањата, не е можно да се издвојат некои потесни семејни, социјални или други специфични формации како помали целини. Сите гробови имаат по една погребна индивидуа.
Според својата конструкција и материјалите што се употребени, сите гробови се делат на две основни групи: на гробови формирани од камен и на гробови формирани од керамички односно покривни црепови.
Конструкција од камен се јавува само во еден случај (гроб бр.12 сл.3,). Тоа е правоаголна циста градена во сувозид и покриена со камени плочи. Место-положбата покрај челниот дел на Базиликата Де како и солидната изградба кажуваат дека овде било погребано повидно црковно или граѓанско лице.
Останатите гробови се формирани од црепови. Притоа се среќаваат двосливни конструкции од тегули со имбрекси на сртот како доминантен облик, како и гробови кои не се конструирани на две води, оформени само од тегули или само од имбрески.
Ориентацијата на гробовите главно е 3-И, но со нагласено присуство на девијации во правец Ј3-СИ, како е впрочем и ориентирана и самата Базилка Де (план 1). Главата и лицето на покојниците се кон изгревот на сонцето. Само во случаите на гробовите бр. 21 и 6б лицето е свртено кон север, односно лево, а покојниците од гробовите бр. 16,17 и 63 се свртени кон десно со лицето кон југ. Вака малиот процент на отстапувања зборува во прилог на тоа дека овие нарушувања се во врска со распаѓањето на ткивото, а не со некакви погребни обичаи.
Сите покојници се погребани со инхумација. Тие се испружени и положени на грб. Благото згрчување што се забележува кај покојниците во гробовите бр. 16 и 21 (во прашање се сосема мали деца) веројатно е последица на болеста, а не на некои погребни обичаи (сл. 13,14).
Иако коските на рацете се во најголем број случаи изгниени, сепак се забележуваат варијации на двете основни положби карактеристични за христијанскиот ритус: испружени и прекрстени на половината како и нивни варијации и комбинации. (Две испружени раце се констатирани во гробовите 12 и 26, една испружена, другата е распадната во гроб бр. 21, една испружена, а другата на карлицата кај бр. 63, една на карлицата, а другата не е зачувана - гроб бр. 47 и двете на половината - гроб бр. 37).
Наоди нема. нема. може да се очекува решение на овие проблеми““.
Посебен проблем25 при проучувањето на оваа некропола, покрај останатото, е и слабата зачуваност на остеолошкиот материјал што е резултат на изразитата киселост на почвата. Само во исклучителни случаи може да се зборува за антрополошките особености на покојниците и тоа пред се за полот и возраста, додека останатите особини (расните, палеопатолошките, демографските и ТН.) не се проучени, а со оглед на нивната сосотојба тешко и да
Очигледно е дека во оваа некропола, всушност во делот што е зачуван и истражен, најголем процент паѓа на детските гробови. Покрај другото, тоа го нагласува и населбинскиот карактер на некрополата, а секако и општите животни прилики и хигиено-здравствените услови.
Длабочината на гробовите варира од 0.86 м до 2,14 м под нивото на површината. Меѓутоа, оваа состојба не е толку драстична ако се земе предвид фактот дека нивото на теренот паѓа во правец на исток (на триесетина метри растојание по околу 1,00 м) и нешто поблаго во правец на југ (план 1). Исто така, треба да се нагласи и тоа дека на теренот доста се интервенирало (земјоделие, ровови, одвоз на земја за приватни тулани), а особено тоа го чинеле наносите на потокот Сива Вода чии води однесувале делови од културните слоеви, а нанесувале пластови на чакал и мил (план I).
Што се однесува до вертикалната стратиграфија забележани се повеќе фази на некрополата. Најстарите гробови, кои се истовремено и најдлабоки (гроб бр. 26.37 и 66) припаѓаат на најстариот стратум на некрополата. Во случајот со гроб бр. 26 кој е наслоен со гроб бр. 11 тоа се констатира со најголема сигурност (план 1).
Локацијата на гроб 31 од просторот на јужниот брод и тоа во делот кој нема зачуван под,нуди три можни решенија: гробот да е граден пред подигањето на базиликата, за време на нејзиното функционирање или по нејзиното урнување (план I).
Гробот бр. 6, па и гробот бр. 31 поставени се преку зидови што припаѓаат на објекти од доцноантичкото предградие напуштено во првата половина на V в.2“.26 Оваа ситуација укажува на тоа дека некрополата е подигната најрано во втората половина на У в. Меѓутоа, прецизни показатели за почетоците на некрополата нема.
Над насипите на гробовите 5,7,26 и 37 откриен е компактен слој со шут од базиликата, односно тие се сигурно подигнати пред нејзиното урнување. За разлика од нив, во некои интактни гробови (гроб бр. 11,12,14,17) присутни со фрагменти од фрески, шут и прозорско стакло од базиликата, што зборува за тоа дека некрополата постои и извесно време по нејзиното урнување.
Ако руинирањето на Базиликата Де го доведеме во врска со пропаѓањето на Хераклеја, кон крајот на VI в., напуштањето на некрополата треба да се очекува набргу потоа.
инвентар во гробовите не е броен, што е вообичаена појава кај некрополите од овој вид на крајот од антиката.
Накит е забележан кај тројца покојници (гроб бр. 9, 14 и 15), железни клинчиња во два гроба (гроб бр. 14 и 17) и монети ва два (гроб бр. 17 и 20).
Бронзените монети (инв. бр. 4852 од гроб Ор. 20 откриена во пределот на главата) дури и во случај да се употребени како ободи не се погодни за датирање бидејќи и двете се сосема оштетени.
Железни корозирани клинчиња со мали димензии (долж. околу 2 см) наоѓани се во пределот на стопалата (два во гроб бр. 14 и едно во гроб 17). Тие се во врска со обувките на покојниците или можеби со ненаков погребни обичај, додека постоењето на мртовечки сандак сосема е исклучено (сл. 24).
Бронзената фибула (инв. Ор. 4848 а,б) откриена во пределот на стомакот на покојникот во гробот бр. 14 или е секундарно употребена или случајно затекната на теренот така што нема никаква хронолошка вредност било за самиот гроб или за некрополата како целина (сл. 18). И покрај оштетувањата, таа може да се доведе во врска со галско-римските форми од периодот La Тепе П?".
Слична е состојбата и со коскената игла искршена на три дела (инв. бр. 4847 а,б,в,) и ископана околу нозете на покојникот во гроб 14. Атипичната форма е непогодна за датирање, а местото на наодот укажува дека можеби и не е во врска со покојникот на овој гроб (сл. 20).
Најпогодни за датирање се, секако, чифтот наушници со ѕвездолик висулец и механизам за закопчување со цевче (инв. бр. 4791 a,6), од гробот на девојче обележан со бр. 978. Anxure (D=21mm) се изработени од сребрена жица и гранули со траги на позлата. Без сомнение тие се продукт на рановизатинското златарство затоа што оваа форма е честа особено во втората половина на VI и почетоците на VII Вех. Сличен облик се среќава и во Садовец - Бугарија чиешто рушење е за време на Тибериј - Маврикиј..30
Во истиот гроб, заедно со наушниците најдени се и четири мониста (инв. 6;-. 4792 а-г) и тоа во пределот на вратот, кои секако припаѓале на ѓердан. Меѓу зачуваните мониста се констатирани две форми: издолжени, членести од светло зеленикаво стакло (дим. 15Х3 мм) и топчести, жолтеникавокафеавкасти, исто така, стаклени (дим.: 5x3 мм).
Во гробот бр. 15 во пределот на вратот најден е целосно зачуван ѓередан од мониста (инв. бр. 4849 - сл. 17). Во оваа низа се среќаваат членести, издолжени мониста исто како и во гроб 9, потоа топчести, со иста форма и димензии како во гроб 9, но од светлозеленикаво стакло, како и мониста од модросино стакло со цилиндричен и издолжен облик и две покрупни. можеби за re позиции, едното со биконусна форма, а другото со шестоаголен пресек“".31
Покрај јужната граница ua гробот бр. 15, веројатно во пределот ua десната рака (којашто изгледа била испружена) најдена е железна, мошне корозирана белегзија скршена на два дела (инв. бр. 4850 а,б, D=63 mm, а на пресекот до 10 мм. сл.19). Индикативно е што белегзијата е од железо 2 што е најдена со ѓерданот, односно со мониста што се датирани покрај другото и со 5вездоликите наушници.
Во прилог на сево ова оди и наодот на монета од Јустинијан | (инв. бр. 4804) покрај насипот на гроб 8 (во просторот меѓу гробовите 8 и 9).
"Дали наодите на клипичиња (гроб 14 и 17) и трите оклопи од жалки во оштетениот дел на гробот бр.38 имаат некакво ритуално значење или се случајност не е извесно, особено заради нецелосната истраженост на некрополата. Симптоматична е и појавата на два зајачки заба во пределот на десната рака во гробот на младо девојче (бр- 15).
Анализата на откриените гробови околу Базиликата Де покажува јасно дека во оваа некропола биле погребувани последните генерации на хераклејските граѓани.
Малиот број на гробни прилози, отсуството, односно минималното присуство на пагански обичаи, начинот на погребување, ориентацијата и положбата на покојниците, како и останатите особености укажуваат на тоа дека оваа популација е длабоко христијанизирана. Гробните конструкции и прилозите донекаде ја отсликуваат и имовната состојба на овие градски жители, додека морталитетот на малдото население е одраз и на целокупната стварност во немирните времиња на крајот од антиката во овие области.
Белешки
- Е. Манева. Резултати од заштитните ископувања „extra muros“ во Хераклеја, Масеԁ. acta archaeol. 7-8 (1987) 125-142. ↩
- E. Манева, Гробовите бр. 24 и бр. 25 од лок. ,,extra тиго5“. Зборник на трудови 4-5, (Битола 1983/4) 35-45; Истата, Предходен извештај за двојната некропола на базиликата Де во Хераклеја, Зборник на трудови 6-7-8 (Битола 1987), 35-47.. ↩
- > Е. Манева, за карактерот и времетраењето на источното, доцноантичко предградие од Хераклеја. Maced. acta archaeol., 9 (1988), 175-186. ↩
- I. Mikulčić, Frühchristlicher Kirchenbau in der S.R. Makedonien, XXXIII Corso di cultura sull' arte ravennate e bizantina, Ravena 1986, 234-237, abb.2. ↩
- Манева, Базиликата Де on Хераклеја (Материјали од Симпозиумот на античката секција. на садј, Охрид 1987 - во печат). ↩
- V. Popovié, Aux origines de la slavisation des Balkans: la constitutions des premiéres Sklavinies macedoniennes vers la fin du VI^e^ siècle, Comptes rendus de l’Académie des Inscriptions et Belles-Lettres, Paris 1988, 231-257; Истиот, Byzantines, Slaves et autochtones dans les provinces de Prévalitane et Nouvelle Epire, Collection de l’École française de Rome 77, Rome 1984, 211. ↩
- За лоцирањето на средновековните некрополи врз ранохристијански објекти во ср Македонија има бројни примери. Е. Манева, Гробовите бр. 24 и бр. 25... ор. cit. 38, еби. 9. ↩
- Е. Манева, Heraklea Lynkestis, Базилика „extra muros“ ранохристијанска и словенска некропола, Arheološki pregled, (1985), 140; Истата, Неколку видови накит од крајот на антиката од Хераклеја, Културно наследство... (Скопје 1987), 45-54. ↩
- Подетално, види натаму2 во текстот, анализа на археолошките материјали од некропола- ↩
- E. Манева, Maced. Acta Archaeol, 7-8, op. cit., сл. 10. ↩
- Cf.n. 6 ↩
- E. Манева, Maced. acta. archaeol. 7-8, op. cit. сл. 10 ↩
- Stéphanie Boucher, Inventaire des collections publiques, Bronzes antiques, Paris 1971, 121, fig. 150-170 spec. 156-161. ↩
- R.G. Davidson, The Minor Objects, Corinth vol. XII, Princeton, New Jersey (1952) 288, 289. ↩
- Железните белегзии често се среќаваат на локалитетите од крајот на антиката. ↩
- Според идентификацијата на д-р Никола Христовски, проф. на Земјоделскиот факултет = Битола, станува збор за горните два секачи — единки на див зајак. Никакви други коски од ова животно (како впрочем ни од скелетот на пекојникот освен забите) не се најдени. ↩
- Cf.n. 6. ↩
- Не е исклучено присуството на клинчињата да се доведе во врска со погребниот обичај кој треба да го спречи враќањето на покојникот, но можно е тие да се делови и од обувките. ↩
- Е. Манева, Maced. acta archaeol. 7-8 op. cit. 138-140, Истата, за карактерот... Mac. acta archaeol., 9-10, op. cit. ↩
- Д. Бојовић, Римске фибуле Сингидунума, Београд 1980, 84, T. XLI. ↩
- E. Maneva, Arheol. pregled. (1985), op. cit., 140. ↩
- Источно од Базиликата Де се протега ѕид со правец C-J. Источно од наведениот ѕид гробовите се уништени (посебно бр. 45 и 46, види План I), а на наведениот простор се наидува на материјали од развиениот среден век со населбински карактер. За жал, овде е откриен само мал појас; Види: Е. Манева, Средновековна некропола кај Базиликата Де, Историја XXII (1986), 168-199. ↩
- Страничните плочи на гробот се од едната страна рамни, а од другата благо свиени и профилирани. Дим.: 0,99 х 0,60 (053) м и дебел. 0,07 м. Основата на гробот се состои од две сосема рамни плочи со дим.: 0,98 х 0,60 х 0,05 м. На западната челна страна, кај главата поставена е керамичка плочка со трапезовидна форма и полукружен додаток на врвот, облик којшто во целост е приспособен на двосливната конструкција на гроб со лачен имбрекс на сртот. Иста ваква плочка е констатирана кај грбот бр. 9 од некрополата во с. Раштани – недалеку од Битола. Види Л. Кепеска, Г. Филиповска, Резултати од истражувањата во с. Рашчани, Мас. acta. archaeol. 7-8, (1987) 200, 201, сл. 5,6. Авторите сметаат дека се работи за кенотаф, без прилози, кој би можел да е од античко време, макар што не се отфрла ни претпоставката дека е од среден век. Во случајот со гробот 63 од некрополата кај Базиликата Де таква дилема нема затоа што над него се простира слојот со средновековни гробови, (гроб. 62) како и 64, 65 и 23) а тој самиот стратиграфски одговара на некрополата што коегзистира со Базиликата Де. ↩
- Cf. n. 22 C.M. Ross, Catalogue of the Byzantine and Early Mediaeval Antiquities in the Dumbarton Oaks Collection, Washington 1965, vol. I, T.LXXXI/160. Д. Овчаров, М. Ваклинова, Ранновизанииски паметници or Baarapua IV7 - УП век, София 1978, сл. 110. 311, Bolta, Nécropole du Bas-Empire a Rifnik prés де Sentjur, Inventaria Archaeologica, fase. 12 (1969) 109, 115; G.R. Davidson, Corinth vol. XII op. cit., 288, 289. ↩
- Скелетките ги третираше Д-р Димитар Нечовски — патолог од Медицински центар - Битола. ↩
- Е. Манева, Maced. acta archaeol. 7-8, op. cit. сл. 11 ↩
- Cf.n. 13. ↩
- ELICA MANEVA - Skopje ↩
- LATE ROMAN CEMETERY EKOM HERACLEA ↩
- (SUMMARY) ↩
- At the eastern part of Heraclea, after the reconstruction of the fortress under Anastasius, the town has been narrowed. Оп this site “extra muros™ the Basilica D with an accompanying cemetery2 has been errected, and it dates from the 6th century AD. Arround the eastern parts of this Basilica a cemetery2 was found, which together with the other objects on this site, are considerably damaged by trenches of WW1 and by the layers of the near-by stream Siva Voda. ↩
- graves were found. Among them only one is made of stone in a shape of walled cupola, the others are made of tegulae, imbrices, or of both and they have two-planed roofs. Several times a tumulus with grave “marking“ is stated. All graves were oriented WE with deviations towards SW-NE and NW- SE. ↩
- The bodies were placed with their legs stretched, head towards west and with the arms stretched or crossed. All of them are burried, but due to the acidity of the or are not well-preserved. Obvious is the large percentage of children graves ↩
- In the cemetery1 a vertical stratography is stated. Over several graves, i.e. over their tumulus, there is a compact layer of spolia from the ruined Basilica (D), which indicates that they are constructed before it was destroyed, while in some intact graves, either in their tumulus or in the grave itself there are traces of the ruins of Basilica D, an indication that they are built after the Basilica was destroyed. ↩
- If the destroying of the Basilica D is connected with the fall of the town of Heraclea towards the end of 6th C. AD, it should be expected that the cemetery was abandoned immediately after that. The archeological foundings, although rare, are supporting this claim. ↩
- Two damaged coins (obolus?) and iron nails found in two graves, as well as the early Roman fibula and bone pins, are not suitable for dating. The earrings with star-shaped pendants can be dated from the second half of the 6th C. towards the beginning of the 7th C. AD. The other pieces of jewelry, glass beads and iron bracelette belong to the repertoire of the 6th C. AD. ↩
- Also important is the discovery of a coin from the period of lustinianus along the grave levee. ↩
- The burial population is consisted of Christians. In fact those were the last ↩