Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 143–151
Античката некропола кај Карбуница- Кичево
Содржина
Кржалица изведени се во септември 1983 год.1 Некропоалта се простира југоистично под селото Карбуница, недалеку од современиот пат Кичево - М. Брод - Прилеп. Земјиштето интензивно се обработува,2 подложно е на ерозија, поради што и дошло до нарушување на гробни конструкции, развлекување на тегули и камени плочи.
Рамковниот простор во кој се поставени сондите е со димензии: 30 х 20 M., но некрополата се простира и надвор од овие граници (што е потврдено со рекогносцирање). Откриени се шест гроба, од кои два хеленистички, два со неопределена временска припадност и два доцноантички. Во површинските откопи се наидува на фрагменти од керамички садови, покривни тегули и имбрекси.
ГРОБНИ КОНСТРУКЦИИ
Хеленистички гробови
Гроб 1. Војнички гроб - циста напрвена од големи грубо обработени мермерни плочи. Од покровот in situ беше плочата на западниот дел на гробот. Димензии: долж. 2,00 м., шир. 0,60 м., и длаб. 0,50 м. Подот преставува здравица. Ориентација исток-запад. Остеолошките остатоци на погребениот покојник, поствен со глава на запад, лошо се и делумно сочувани: само черепот, долните и горните екстремитети. Гробните прилози се поредени околу главата и рацете на покојникот: керадмички садови: бокал, ојнохое, чаша и кантарос; метал: бронзен сад - бокал, копје, врв од железна стрела и мала аплика од броза (сл. 1; T. I, 1).
Гроб 4. Над гробната конструкција се протега зид од поново време (темелни партии) созидан од камен и кал со височина од 0,50 м. По кревањето на зидот се оцрта гробот интактен. Конструиран е од мермерни плочи. Димензии: долж. 1,75 м., шир. 0,50 м. и длаб. 0,50 м. Ориентација сз-ЈИ. Во гробот се констатирани две погребувања: кремација од хеленистичко време и скелетна анхумација од доцноримски период.
Остатоците од кремираниот покојник - интензивен гореж и калцинирани коски, беа положени во западниот дел на цистата, во длабнатиот дел. Единствениот гробен прилог - керамичен лакримариј, е поставен во југоисточниот агол. Скелетната инхумација во доцноримскиот период е извршена преку првиот закоип, со ориентација И-3, со главата на запад. Остеолошкиот материјал е во лоша состојба и не е целосно зачуван. Кај нозете на покојникот е поставен керамичен сад и стаклена паница, фрагментирана
Гроб 2. Во непосредна близина на гроб 1 се појави гробна конструкција — елипсеста јама, заградена со приделкан камен, покриена со камени плочи. Димензии: долж. 1,60 м., шир. 1,00 м. и длаб. 0,50 mM. Ориентација И-З. Не е потврден остеолошки материјал, ниту археолошки. Спорадично се јавува гореж. Идентификуван е како кенотаф, но оваа конструкција би можела да има и некаква улога во фунералниот ритус во однос на гроб 1, имајќи ја во предвид неговата близина (сл. 2).
Гроб 3. Направен од приделани мермерни плочи (циста). Подот преставува здравица. Деструктуиран. Димензии: долж. 1,17 м., шир. 0,54 м., длаб. 0,35 м. Ориентација ји-СЗ. Без присуство на остелошки материјал. без гробни прилози. Можеби детски гроб. Хронолошки и културно неопределен
Доцноантички гробови
Гроб 5. Како и претходниот гроб 3 - циста, така и гроб 5 е направен од камени плочи без покрив, деструктуиран. Подот е изведен од кровни тегули (дол. 0,65 м., шир. 0,40 м. деб. 0,03 м.). Диво прокопан. Од остеолошкиот материјал зачувани се само делови од долните екстремитети на возрасна индивидуа. Без гробни прилози. Димензии: долж. 1,90 м., шир. 0,40 м., вис. 0.50 м. Ориентација И-З (Т. 1, 5).
Гроб 6. Гробот е во форма на циста, направен од камени плочи. Покривот е разрушен, но судејќи по остатоците од тегули и имбрексите (долж. 1,13 м., шир. 0,20 м. со орнамент во вид на брановидна линија од eee a
Т. I: 1, 3 и 4 Хелинистички гробови; 4, 5 и 6 доцно антички гробови; 1,3,4 Tombes hellénistique; 4,5,6 tombes de la basse antiquite
надворешната страна), претпоставуваме дека бил на две води. Подот преставува здравица. Ориентација С-Ј. Остеолошкиот материјал делумно е зачуван: череп, коски од долните и горните екстремитети. Гробниот прилог керамичен сад - стомна, поставена е на камена плоча до левото стопало. Покрај садот беа откриени остатоци од остеолошки материјал, на претходно погребен покојник (T. I, 6).
ПРЕГЛЕД И ДАТИРАЊЕ НА ГРОБНИТЕ НАОДИ
а. Хеленистичка керамика
1. Чаша од типот „Мегара“, со широк реципиент и рамен обод - кон надвор свртен и рамно прстенсто дно. Орнаментирана е со назначени хоризонтални ребра. Направена ¢ од пречистена глина, премачкана со сивкаст премаз. Висина 0,7 см..; пречник на реципиентот 0,10 м.. Изработена во некоја од домашните работилници под влијание на импортот. Ваков облик на чаши е омилен во Атинба и на грчкото копно. Временски се датира, веројатно од околу 160 г. пред н.е. до почетокот на н.е. Наоѓалишта од оваа форма на чаши се: Охрид, Стоби, Солин, Трогир и др.3 Најблиски аналогии ар во наодите од некрополата на локалитетот Дебој во Охрид4 (Гроб 1; поставени рачки. На вратот е насликан, со бледо црн фирниз - фриз од растителни орнаменти — бршленови лисја. Димензии: вис. 0,09 м.; преч. на отворот 0,075 м.; преч. на дното 0,04 м. Најблизок примерок, стилски и по начинот на изработка е наодот од некрополата на лок. Дебој, гроб 162“,5 кој се датира во Ш-И век пред н.е. (Гроб 1; T. II, 2).
Кантарос - изработен од пречистена глина, со бледо црвена боја, значително фрагментиран. Од надворешната и внатрешната страна премачкан со бледо цри фирниз. Профилирано дно и две вертикални спротивно
3. Ојнохое-изработено од пречистена глина со светло сива боја, премачкано со сив фирниз. Оштетено. Стомакот е во форма на пречсен конус, цилиндричен врат извлечен кон надвор, со лентеста вертикално поставена рачка. На вратот и сотмакот има хоризонтални и вертикални канелури а
дното е профилирано и вовлечено. Димензии: вис. 14,5 см., преч. на дното 0.05 м. Најблизок на нашиот наод е ојнохоето од гроб 162 на некрополата на локалитетот Дебој, Охрид6 ж датирано во Ш-П век пред н.е. (Гроб 1; T. Ил, 3). По форма и орнаментика, аналогии за нашиот наод наоѓаме во црнофирнисаното ојнохое,7 најдено во могилата 3 на некрополата во месноста „Коилото“ Н.Р. Бугарија - погребување со кремација, датирано во V-VI век пред н.е.8 „ определено како атички производ“,9 внесено меѓу трачкото племе Becu, по пат на импорт.
Нашето ојнохое е имитација на атичките производи, изработено во една од домашните работилници. Имајќи ги предвид богатите и развиените градски центри на Јадранскдиот брег, грчките колонии Аполонија и Дирахион како и Лихнидос во Дасаретија, чии културни и економски дострели се рефлектираат меѓу илирските племиња по пат на трговија и размена. На тој начин е изработено и импортирано во овие краеви. Сличен на нашиот наод е црнофирнисаното ојнохое од јужната некропола на локалитетот Исар – Марвинци, Валандово, гроб 18 датирано во првата половина на |У век пред
. Доцноантичка керамика
6. Стомна. Сад со една лентеста рачка. Работена на брзо колце од пречистена црвена глина со примеси на лискун. Оштетена. Има прстенесто и вовлечено дно. На стомакот има хоризонтални канелури а на вратот пластиyen прстен. Целата површина на садот е мазнета. Димензии: вис. 0.26 м.: пречник на дното 8,5 см. Слични садови на нашиот се наодите од некрополата кај Кладово, каталошки единици 45-48 по форма. со тоа што глеѓосани се 45- 47 а само 48 е со мазнета површина, која имитира глеѓ, одговара на нашиот наод.15 Вакви садови со витки форми. издолжени. со прстен околу вратот. изгледа се одлика на долното Подунавје. можеби источен Балкан. веројатно врзани за Германите, бидејќи се познати во „екрополите од типот Sintana де Mures Cernjahov а исто така и во Intercisa16 "“. На овие за пример им служат металните садови. Овие садови се датираат во IV век.17 Појава на римска грчарија под нивно влијание може да се очекува дури во втората половина на IV век. Врз основа на овие паралели нашиот наод од гроб 4 го датираме кои крајот на IV или почеток на V век (Гроб 4; Т.ІІІ, 2). 7. стомна направена од глина со бледо црвена боја, премачкана со кафеав премаз. Топкалеста форма, со рамно и вовлечено дно, на стомакот со плитки и концентрични канелури: вратот е цилиндричен со инкасто проширување. Има лентаста профилирана рачка. Димензии: вис. 0.21 м.: преч. на дното 0,09 м.; преч. на ободот 0.075 м. Ваквата форма позната е од многу наши антички локалитети. Датирана е во IV век!“18 (Гроб 6; Т.Ш. 3).
в. Метал
1. Железно копје во форма на издолжен лист со назначено пластично ребро. Долж. 0,39 м. Копјето временски му припаѓа на Ш-П век пред н.е. Овој вид на оружје е пронајден во војничките гробови на некрополите во соседните области: Дасаретија!919 и Пелагонија?020 во претходните векови, ју -Џ пред н.е. и тоа по едно до три копја во гроб, со различна големина (Гроб 1:
2. Врв од железна стрела со Kpyxell пресек, оштетен. Димензии: долж. 0.1 м. се датира во Ш-И век пред п.е. (Гроб 1: Т.П.8).
3. Дел од бронзена апликација во вид на лента, со профилација и испупчување на надворешната страна. Димензии: долж. 0,055 м.: шир. 0,007 м. Веројатноа преставува дел од опремата на покојникот. Се датира во Ш-П век пред u. е. (Гроб 1: Т.П.7).
Bpousen сад. оштетен. Направен од бронзен лим, со топкалеста форма и рамно дно: вратот е цилиндричен со проширување. Масивна лентеста рачка (налепена на садот) започнува од ободот со роглести краци и пластични испунченија а се завршува на мевот со срцовидна аташа. На ободот. во пределот под рачката постои перфорација во вид на симетрично поставени крукчиња кои говорат за можност на постоење на капак. Димензии: вис. 0.11 M.; преч. на обод 0.065 м. Садот служел за налевање на некаков пијалок кај античките народи, како што бил обичај и кај Келтите. Вакви садови со срцовидна аташа наречени се по паоѓалиштето Идрија кај Ваче во Словенија „тип Идрија“ (ел.27:5):!. Изработувани се во Кампанија и северна Италија и по пат на трговија внесувани меѓу шародите кои во тоа време живееле на Балканот: Илири, Келти и др.22 Садови од типот .Идрија најдени се на повеќе локалитети во Југославија: Тржишче кај Церкнице во Словенија, Дебело Брдо кај Сараево во Б и X, во Македонија Гребенишко Кале кај Охрид и Романија на Косово.23 Тие се изработувани во | век пред ц.е.““. (Гроб 1; T.ИЛ.6). Подвижниот археолошки материјал- керамички фрагменти од садова керамика, најдени во текот на испитувасето надвор од гробните целини ги имаат одликите на латеноидната. хеленистичката и доцноримската керамика. :
Испитувањата покажаа дека на оваа некропола се вршени погребувања во хеленистичкиот период, Ш-1 век пред п.е. и доцноримскиот период. ГУ-У век од нашата ера. Скелетната инхумација во гробот 1 на Кржалица. датирана во II-I век пред н.е., според гробните наоди, укажува дека паралел-НО со кремација. која се јавува на почетокот на хеленизмот како идеја од југоисток и станува доминантен начин ла погребување во соседните области Пелагонија и Пајонија а во следните векови можеби и единствен. кај Илирите во Дасаретија““.25 на некрополите Прентов мост кај Опеница (паралелно со кремација, Ш век), Шум. Требенишко Кале. Демир Капија и др. егзистира и понатаму скелетното погребување. Гробот 4, каде како примарно е извршено погребување со кремација - неговото датирање не може попрецизно да се изведе од причина што од гробните прилози е зачуван само лакримариј кој се јавува низ целиот хеленистички период (IV - I век. пред н.е..). Местото на наоѓање на лакримариумот во цистата26 дава можност за рамковно датирање на погребувањето во трекот на Ш-П век пред п.е. Овој начин на погребување се поклопува со основната идеја во фунералниот ритус на хеленизмот. Како што гледаме и на оваа некропола во хеленистичкиот период се јавуваат два начина на погребување: инхумација и кремација.
За определување на етничката припадност на погребените покојници во гробовите | и 4, ќе ги наведеме податоците што ги дава римскиот историчар Тит Ливије (гл. XLIII 9-10 и 18-21) во врска со војувањето на македонскиот крал Персеј со Римјаните во пашата земја 170 и 169 год. пред н.е.“". Говорејќи за воените операции во 169 год. пред н.е. што ги презел Персеј во пенестинската земја. против Илирите и Римјаните. ци дава опис на заземањето на главниот град на Пенестите Ускана од страна на Персеј. Под Илири овде се мисли на племето Пенести, чија територија се наоѓала на тромеѓето од Илирите. Дарданите И Македонците““.28 Според тоа и Кичевската котлина влегувала во пенестинската територија. На некрополата Кржалица. во гробовите | и 4 веројатно се погребени припадници на ова племе.
Во доцноримскиот период во гробовите 4.5 и 6 на некрополата се извршени скелетни погребувања. Во гробот 4 (Т. I), употребена е хеленистичка циста за доцноримски закоп а гробниот прилог - стомна со имитација ua глеѓ укажува на влијание на Готите од Долното Подунавје и тоа од крајот на 1V и почетокот на V Вех”? врз доцноримската. Од историските извори се знае дека Готите се населени во Трачката диецеза по 375-376 год.30 а подоцна. по битката кај Хадријанопол по 378 год. царот "Теодосие ги населил во областа Илирија. Во 391-392 год. Teonocue војувал со готските групи во мочуриштата и планините ца Македонија и Тесалија?!.31 По 396 год. Алариховите Готи доаѓаат до Дирахион каде што Аларих е прогласен за началник ца војските во Илирик:.32 Нивното присуство во овие краеви ќе остави траги во доцноримската материјална култура. Во прилог на тоа е и наодот на садот од гробот 4. Употребата на постара гробна циста за секундарен закоп, заедно со гробниот прилог не наведува ца мислење дека можеби во гробот 4 секундарно е погребен варварин - Tor или пак автохтон граѓанин на доцноримското царство. односно граѓанин на префектуратра Илирија во Источното римско царство.
Доцноримските гробови од некрополата „Кржалица“ припаѓале веројатно на населбата чии остатоци ги наоѓаме на локалитетот „Калањско Плење“, во непосредна близина на некрополата, а остатоци од хеленистичката населба што би била поврзана со гробовите од истиот период на „Кржалица“ се уште не се утврдени.
Белешки
- MAA "Испитувањата се дел од програмата „Заштитни испитувања на некрополите Под Чука. Китино Кале - Кичево, Кржлица - Карбуница“. Работите се изведени во организација на „Музеј на Западна Македонија во нов“-Кичево а под раководство на археоилогот Гордана Спасовска Димитриоска. Во теренската работа учествуваа дипл. историчари на уметноста и археолози: Бобан Хусеноски и Бранка Танеска. Техничката документација ја изработи Бобан Хусеноски. Фото документацијата ја изработија Гордана Спасовска Димитриоска и Стојан Софрониоски. Бокал. Изработен од пречистена глина, со темно сива боја, јаки измазнети зидови. Мевот е топчест, дното е рамно и прстенасто. Вратот е цилиндричен и широк со обод извиен кон надвор. На лентестата рачка постојат два ушести израстоци кои го надвишуваат ободот. Димензии: вис. 0.185 м.; пречник на ободот 0,10 м.; пречник на дното 0.075 м. Аналогии за нашиот сад наоѓаме во наодот од Чепигово"11 датиран во II-I век пред ue. (Гроб 1; T. Il, 4). ↩
- Првите податоци за некрополата ги добивме од сопственикот на нивата Кице Ристески во 1976 год. Истата била и диво прокопувана. Евидентирана е во Археолошката карта на општина Кичево XXII, Археолошки музеј на Македонија, Скопје 1980. ↩
- KELTOI, Kelti i njihovi suvremenici na tlu Jugoslavije, Ljubljana, 1984, 85–86. ↩
- Од археолошкото богатство на Македонија, Скопје 1980, 74. ↩
- Ibid., 74 –br. 398 ↩
- Ibid., 72 –br. 393. ↩
- Д. Цончев, А. Милчев, Разкопки в чаната на язовир „Батак", Известия на Археологическия институт, XXXII, бан, София 1970, 185 (Сл. 72-73), 201 и 203. ↩
- *Ibid., 201. ↩
- Ibid., 203. ↩
- В. Соколовска, Исар–Марвинци, Жива Антика св. 2, Скопје 1982, 178–179. т.2, сл.9 ↩
- I. Mikulčić, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza od Egejske seobe do Avgusta, Beograd 1966, 76, T. XXI, sl. 35 ↩
- В. Соловска, op.cit.,180 и (Т. 6, сл. 23–25). ↩
- О. Велимировић-Жижић Налаз у Момишићима, Старинар X –X I, 1964–1965, Београд 1966, 195. ↩
- Op. cit., 202. “Op. a, 202. ↩
- Б. Јанковић, Покретни налази са некрополе и утврђења код Кладова, Старинар XXI – XX, 1973–1974, 221, Сл. 9: 21–24. ↩
- Б. Јанковић, op. cit., 213–214, со посочена литература Muntenia; Intercisa: E. Dunăreanu – Vulpe, Tezaurul de la Pietroasa, București–1967. 28; сл. 23–26. ↩
- Б. Јанковић, ibid., 215. ↩
- Д. Кораћевић, Античко Скупи – каталог, Музеј на град Скопје, 56. ↩
- Lahtov, Problem Trebeniske kulture, Narodni muzej-Ohrid, Ohrid 1965, 113, 155, T. XXVI,C. ↩
- I. Mikulčić, op. cit., 58. ↩
- KELTOI, op. cit., 90–91. ↩
- Ibid., 90. ↩
- Лахтов, Археолошко ископување на „Требенишко Кале“ кај селото Требениште-Охридско 1953-1954 година, Лихнид I-III, Охрид 1959, 42, T. XVII, cn. 3; J. Todorovic, Importoni nalazi na romajskoj nekropoli, Praistoriska Romaja, Beograd 1975, 40, 106, grob 2, TV-L. ↩
- Ibid. Ibid. ↩
- I. Mikulčić, op. cit., 62. ↩
- Мики, op. cit., 58. Ibid., 61. ↩
- Н.+27 Вулић, Из античке историје наше земље. ГСКА СХ, други разред, 82, Београд 1934, ↩
- Ф. Папазоглу, Средњебалканска племена у предримско доба. АНУ4 Босне и Херцеговина 1969. 129: Ф. Папазоглу. Македонски градови у римско доба. Жива Антика. Скопје 1957, ↩
- Машкин. Историја старога Pima, Београд 1951, 518. ↩
- В.+31 Велков, Градът в Тракия през късната античност. София 1959, 38. ↩
- На Стефан Симјаноски мед. техничар од Кичево и во оваа прилика му благодарам urro во 1976 година ми укажа на постоење на оваа некропола. ↩
- GORDANA SPASOVSKA DIMITRIOSKA – Kičevo ↩
- Лакримариј. Симетричен тип, изработен од жолта пречистена глина со премаз од светло кафеава боја по целата површина, јајцевидна форма со висока стопа. Димензии: висина 0,11 M.; пречник на стопата 0,027 м.. Лакримарии од ваков тип се наоѓани во хеленистичките гробови во Стоби, Охрид, Исар – Марвинци,12 Момишиќи.13 Во себе носат стилски и технолошки одлики на хеленистичката керамика од крајот на IV7 до I век пред н.е.14 Поради немање на други гробни наоди, овој наод не можеме попрецизно да го датираме (Гроб 4 ; Т. III, 1). ↩
Résumé
La necropole antique de Karbunica pres de Kicevo
(RESUME)
L’étude archéologique de la nécropole nommée ,,KrZalica“ prés du village de Karbunica, région de Kitevo, a été entreprise, en vue de protection, au mois de sepembre 1983. Cette étude avait un caractére de sondage et a été entreprise dans le but d’établir lappartenance chronologique et cultuelle de la nécropole. Оп a découvert et étudié six constructions funéraires de la période hellénistique et de la basse antiquité. De la période hellénistique datent les sépultures n° 1 et 4 (inhumation primaire), n0 2 (cénotaphe), les sépultures п“ 5 et 6 sont de la basse antiquité, tandis que la sépulture n° 3 est d’une période indéterminée.
Les tombes hellénistiques (n0 1 - tombe de guerrier avec inhumation de squelette et n0 4 — incinération) sont datées des III au I siécles avant notre ете.
Dans les sépultures de la basse antiquité (п“ 5 et 6) on avait fait une inhumation de sqelette; elles appartiennent aux ГУе et Ve siécles арге5 notre ére. Par la richesse en contributions funéraires, on distingue la sépulture n0 1 оп on a découvert: des vases en céramique — bocal, bol, oenochoé et canthare; un vase métallique (bocal avec une attache cordiforme), une lance, la pointe d’une fléche et une applique en bronze (T. II, 1-8), ayant tous des caractéristiques stylistiques et technologiques de la période hellénistique.
Dans les sépultures de la basse antiquité п“ 4, 5 et 6 (avec inhumation de squelette), les contributions tombales sont modestes — rien qu’un vase еп céramique (T. III, 2 et 3) avec avec des caractéristiques de Геродие de la basse antiquité et, dans la tombe n0 5, un vase en céramique — un pot exécuté sous l'influence de la céramique gottique.