Macedoniae acta archaeologica 10 (1989) · стр. 135–142
Монетите на Дирахион и Аполонија во збирката при Завод и музеј - Охрид
Содржина
МОНЕТИТЕ НА ДИРАХИОН И АПОЛОНИЈА ВО ЗБИРКАТА ПРИ ЗАВОД И МУЗЕЈ - ОХРИД
Во нумизматичката збирка при Завод и Музеј-Охрид досега се евидентирани 53 примероци ua бронзени и сребрени монети на Дирахион и Аполонија. Дел од нив се објавени.1
Монетите на Аполонија и Дирахион се присутни во стокопаричната размена во нашата земја, особено во нејзиниот југозападен дел. Иако е познато дека Аполонија и Дирахион како колонии на Коркира коваат монети од крајот на V в.п.н.е. кај нас се евидентирани монетни наоди од Ш в.п.н.е. до
Одделни научници сметаат дека едниот пат по кој продираат монетите на Дирахион и Аполонија води по Јадранскиот брег до Нарона, а потоа по должината на Неретва и Босна се до Сава, додека другиот по Моравско-вардарската долина. Така, јужните области на Панонија, а особено Румунија, обилуваат со овој тип на монети?.2
Од 53 монети на Дирахион и Аполонија кои ги има оваа збирка. 33 се бронзени а 20 се сребрени. Од бронзените, 7 припаѓаат на Дирахион а 26 на Аполонија. Од овие 7 бронзени монети на Дирахион, 4 се од типот Зевс (трипод и 3 се од типот Хелиос) лаѓа.
Монетите од типот Зевс /трипод се ковани во Ш в.п.ц.е. и правени се од добра бронза. Претставата на Зевс на аверсот од монетата е релјефна и изработена е во чисто хеленистички стил. На нивните реверси испишано е целосното име на магистратот. Монетата под бр. 3 припаѓа на типот Хелиос/ лаѓа. Таа е добро зачувана, претставите и натписите се релјефни, а на реверсот е испишано името на магистратот. Овој тип на монета е за една половина полесен и има за една половина помала парична вредност во однос на типот Зеветрипод.3
Од бронзените монети на Аполонија 13 припаѓаат на типот Артемида (трипод, 12 на Аполон) обелиск и една е империјална, кована во времето на Октавијан Август.
За монетите од типот Артемида/трипод би го рекле следното: изработени се од не толку квалитетна бронза, ковани се со различни калапи што е евидентно од самите претстави на аверсот и реверсот. Како резултат на тоа е и различната тежина и дијаметар коишто варираат од 10.64 гр. до 3,750 гр и од направени. Нивната тежина и дијаметар се движат од 2,450 гр до 4,800 гр и од 1.6 см до 1,7 см. На реверсот го носат истиот натпис како и монетите од типот Артемида/трипод, и од нив се за една половина полесни и помалу вредни
Треба да истакнеме дека натписот ATIOAAQNIATAN на бронзените монети од Аполонија е присутен од Ill в.п.це. до крајот на бронзените емисии со што се опфатени и оние од царската епоха кој се кај нас потврдени со империјалната монета под бр. 11, кована во времето на Октавијан Август.
Во врска со монетата под бр. 9 треба да се каже дека истата е единствена заради претставата на аверсот. ца Аполон кој е свртен кои левата страна (На останатите 11 примероци од овој тип Аполон е свртен кон десната страна). Самата претстава на Аполон е изведена со поголема пластичност и идеализирана убавина. Истото важи и за претставата на реверсот од монетата. Натписот е речиси уништен со исклучок на буквите: А...2... Разлика постои и во материјалот од-кого што е изработена монетата; по бојата која што ја има се гледа дека содржи доста бакар и калај, што не е случај со другите примероци. Ковањето на бронзените монети на Дирахион и Аполонија продолжува и по престанокот ца ковањето на сребрените монети. Ова ковање во Дирахиум трае дотогаш додека овој град не беше претворен во колонија во времето на Октавијан Август (27. г. пе. до 14 г.це.) а во Аполонија до времето на Трајан: (98-117 г. не.)."
Дирахион бил моќен град низ целиот антички период. Тој ја зачувал својата супериорност по однос на ковање на сребрени монети, а која констатација се потврдува со фактот што и во нашата збирка од вкупно 20, 16 примероци припаѓаат на Дирахион а само 4 се на Аполонија. Монетите се добро зачувани и припаѓаат на периодот од Ш-! век пред н.е.
Монетата под бр. 12 е кована во Дирахион и припаѓа на второто раздобје, според В. Б. Грозданова (III фаза по X. Цека, 200–100 г. п.н.е.).6 Овие монети се одликуваат по кружното поле со зрнеста линија во кое е сместена претстава на крава која дои теле, свртена кои десно. Името на магистратот е испишано над оваа претстава и е комплетно. Во горното поле над натписот имаме претстава на женска глава. Монетата е мошне интересна бидејќи на истата за првпат среќаваме ваква претстава - женска глава. На реверсот од монетата имаме вообичаена претстава на Алкиноева градина и натпис со името на епонимниот притан. Монетата под бр. 13 припаѓа на истиот тип како и монетата под бр. 12. Се разликува по натписот ка аверсот и реверсот како и по претставата на Хелиос во горното поле од аверсот на монетата.
Монетата под бр. 14 исто како и претходната, припаѓа на Дирахион. Кована е во I в.п.н.е. За овој тип на монети карактеристично е што се со плиток релјеф работени од слабо сребро или пак од бронза со сребрен премаз. На некои примероци легендите се нејасни, што е случај и со нашиот примерок. Тежината им е редуцирана. Алкиноевата градина добива заоблени страни или остри агли на четириаголното поле. За овие монети X. Цека смета дека се имитации - антички фалсификати поради нивниот продор на централниот и источниот дел на Балканот.7
Монетата под бр. 15 е од Аполонија и припаѓа на првата фаза на ковањето на Монуниос, според В. Б. Грозданова (според X. Цека, најстара е И фаза од ковањето. од 250-200 г.п.ц.е.)."
3a овие монети е карактеристично што имаат чисто поле на аверсот - испишана во кратенка. На нашиот примерок е целосна. На реверсот имаме претстава ua Алкиноевата градина (квадрат со стилизирани флорални елементи).
Од горе изложениот материјал се гледа дека Дирахион во нашта збирка е застапен со многу побогата типологија на драхми во однос на Аполонија, иако е познато дека двата града во ковањето на драхмите следеле еден општ монетен систем со кого се доведувала во согланост како тежината така и изборот на металната плочка.
Во оваа прилика регистрирани се уште следните имиња на магистрати на драхмите ца Дирахион и Аполонија:
ДИРАХИОН
1. EYMOY5 - APIHZTENQZ 2. MAXATAZ-ZQUIPOY
АПОЛОНИЈА
Во врска со ковањето на бронзените монети. се наметнува заклучокот дека двата града водат свои независни монетни политики, при што, Аполонија има далеку побогата типологија на бронзени монети во однос на Дирахион а што е секако резултат на нивниот различен економски развој.
Притоа, треба да се истакне дека самата присутност на 25 бронзени монети од типот Артемида/трипод и Аполон/обелиск кај нас го потврдува фактот за големиот култ кои овие две божества. можеби многу посилен кон Артемида отколку кон Аполон во Аполонија во тој временски период.
Досега евидентираните 53 примероци на бронзени и сребрени монети на Дирахион и Аполонија во нашата нумизматичка збирка укажуваат на интензивната стокопарична размена што ја имал Лихнидос во тој период со центрите на источниот јадрански брег.
КАТАЛОГ
Бронзените монети на Дирахион
1. Ав. Глава на Зевс кон десно во хеленистички стил со дијадема. Рв. Трипод во ловоров венец, наоколу името на магистратот: ОАУМІІІХОУ
здола натпис: АУ ЕР.
T - 4,420 гр. Д - 1,6 см
Ш в.п.н.е. Н. Сека, стр. 60“. 2. Ав: Исто како бр. 1
Рѕ. Исто како бр. 1; наоколу името на магистратот: ZKY®O...
T - 5,180 rp. Д - 1,7 см
Ш в.п.н.е. Н. Сека, стр. 60. 3. Ав: Глава на Хелиос кон десно.
Рв. Клун на лаѓа кон десно, со името на магистратот:
Т - 3,980 гр. Д - 1.4 см
III в.п.н.е. Н. Сека, стр. 60
Бронзени монети на Аполонија
4. Ав. Глава на Артемида кон десно.
Рѕ: Трипод во поле од ловоров венец; наоколу натпис:
ATIOAAQNIATAN
T - 8,820 rp. Д - 2,2 см
втора половина на Ш в.п.н.е. Н. Сека, стр. 62.
Ав. и Рв. исто како кај бр. 4.
Т - 10,640 гр. Д - 2,2 см
Ав. и Рв. исто како кај бр. 4.
T - 8,230 гр. Д - 1,9 см
. и рв. исто како кај бр. 4.
Т - 5,420 гр. Д - 1,6 см
Ав. и Рв. исто како кај бр. 4.
Т - 3,740 гр. Д - 1,6 см
Од овој тип на монети имаме 11 примероци. 9. Ав. Глава на Аполон кон лево, со ловоров венец.
Рѕ. Обелиск во ловоров венец. Натписот е фрагментарен: A...Q... Т - 3,820 гр. Д - 1,70 см
Ш в.п.н.е. Н. Сека, стр. 62. 10. Ав. Глава на Аполон кон десно, со ловоров венец.
Рв: Обелиск во ловоров венец и натпис во два реда:
ATIOAAQ
NIATAN
T - 3,52 rp. Д - 1,7 см
Ш в.п.н.е. Н. Сека, стр. 62.
Од овој тип на монети имаме 12 примероци.
11. Ав. Портрет на Октавијан Август кон десно. Во десното поле, натпис: CEBACTO(C)
Рѕ. Рог на изобилство во ловоров венерц. Околу натпис:
ATIOAAANIATAN
T - 11,720 rp. Д - 2,6 см
| в.н.е. Н. Сека, стр. 106
Монетата е изработена од извонредна бронза.
Сребрени монети на Дирахион
12. Ав. Крава,која дои теле, кон десно; згора натпис: EYNOY2
Рѕ. Алкиноева градина; наоколу натпис: APISTENQZ / АУР
Т - 3,40 гр. Д —1,9 cm
Il в.п.н.е. Н. Сека, стр. 192, бр. 168. 13. Ав. Крава дои теле, кон десно. Згора натпис: МАХАТАЅ
Над натписот претстава на Хелиос.
Рв. Алкиноева градина, околу натпис: ZΩΠIPOY / ΔYP
Т - 2.180 гр. Д - 1,8 см; посребрена (бронза) 14. Ав. Крава дои теле кон лево. Згора нечитлив натпис: NIKANA.... Рв. Алкиноева градина. Натписот е нечитлив.
I в.п.н.е. Т - 2,600 гр. Д - 1,8 цм.
посребрена (бронза)
Сребрените монети на Аполонија
15. Ав. Крава која дои теле свртена кон десно. Згора натпис: ДИОН YZIOZ Рв. Двоен квадрант со флорален орнамент. Наоколу натпис:
Ш в.п.не. T = 3,100 гр. Д = 1,8 см
Н. Сека, стр. 185, бр. 42. 3 H. Ceka, Questions de numismatique illirienne, Tirana 1972, p. 60.
+ Ibid, p. 62.
ов. Битракова Грозданова, Споменици.., 95.
Монетата под бр. 1 ја има публикувано В.Б. Грозданова во делото: Спомениците од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје 1987.
DANICA RAZMOVSKA BACHEVA - Ohrid
Белешки
- ТВ.Б. Грозданова, Спомениците од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје 1987, 95; Монети од античкиот период во збирката на Народниот Музеј-Охрид, Лихнид V 1983, ↩
- П. Поповиħ, Новац Скордиска, Београд / Н. Сад 1987, 113; Ковање и ковнице античког и средњевековног новца, Београд 1980, 15, 16; F. Papazoglu, Poreklo i razvoj ilirske države, Godišnjak V, Sarajevo 1967, 137. ↩
- Монетите од типот Аполон/обелиск по број се 12. Прилично се добро зачувани, имајќи го предвид слабиот квалитет ца бронзата од која што се кравата која дои теле е свртена кон десно. Обично легендата на аверсот е забелешки Горе посочените карактеристики важат и за монетата под бр. 14, но со уште едно дополнување: покрај нечитливиот натпис на аверсот и реверсот кое нешто ни оневозможува прецизно датирање на монетата, претставата на кравата со теле е свртена кон лево (обично оваа renee Кај ее на Дирахион е свртена кон десно; битна карактеристика која се јавува по Монетата под бр. 13, покрај главната претстава на аверсот, има и појава на симбол (Хелиос) над натписот. Покрај тоа присутен е и зрнест круг околу целата претстава; карактеристики на драхмите од периодот 200-100 г. од ст. е. ↩
- Ibid, p. 179; Е. Петрова, Илирските драхми во збирката на Археолошкиот музеј - Скопје, Maced. acta archaecol. 6, Скопје 1980, 55-57. ↩
- В.Б. Грозданова, Спомениците.., 95. ↩
Summary
Coins from Dirachion and Apollonia in the Collection of the Museum of Ohrid
(SUMMARY)
In the collection of the Institute and the Museum of Ohrid, 53 coins from Dirachion ana Apollonia, were recorded. They are silver and bronze coins, and have been found as chance-finds in Ohrid and its vicinity. Apollonia and Dirachion were colonies of Corcyra, and they2 minted coins since the Sth century B.C. , but we have recorded coins that date from the 3rd century B.C. to the 151 century A.D.
From this collection of 53 pieces, 33 coins are made out of bronze, while the other 20 are silver ones. From the bronze coins, 7 of them are from Dirachion, while 26 from Apollonia. Out of the seven coins from Dirachion, 4 are from the Zeus type (tripod), and 3 from the Helios type (boat). They were minted in the 3rd century B.C. From the 26 coins from Apollonia, 13 of them belong to the Artemis type (tripod), while 12 are of the Apollo type (obelisk), and one imperial coin minted during thge reign of Octavious Augustus.
The coins of the Artemis (tripod) and the Apollo type (obelisk) were minted during the 3rd centuryB.C. This collection has 20 drachma coins, of which 16 are from Dirachion, while 4 of them are from Apollonia. In this paper we refer to four drachma coins from Dirachion and Apollonia, which have not been published and date from the 3rd century B.C. to the 1st century B.C. It is assumed that the minting of the drachmas in Dirachion and Apollonia took place in the 3rd century B.C. after the death of Monunous, to the year of 37 B.C., when they2 were replaced with denars. The minting of13 the bronze coins continued in Dirachion to the period of Octavious Augustus ( 27 year B.C. to the 14 year A.D.) and in Apollonia to the period of Traian (98-117 A.D.).
Some separate finds have been registered in Macedonia: 53 coins in Ohrid (26 from Dirachion and 27 from Apollonia); - Prilep 15 coins from Dirachion: Skopje - 8 from Dirachion and 1 from Apollonia. Besides these finds on the territory of Yugoslavia depos of coins from Dirachion and Apollonia have been registered in: Zaklopache near Belgrade, Pechinare and Nova Pazova, and in Chalopek near Pech.
The presence of the 53, bronze and silver coins from Dirachion and Apollonia in Ohrid (in the museum collection), speek of the active trade and monetary exchange of Lychnidos, with the large commercial centars on the east Adriatic coast during this period.