Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 329–339

Нови детали за доцносредновековниот групен наод од Усје кај Скопје

Музејот на град Скопје во 1991 година откупи значаен доцносредновековен групен наод откриен на локалитетот Крст, недалеку од селската црква Св. Атанас во Усје, на околу 5 км југоисточно од центарот на Скопје."

Наодите се откопани при изградба на семејна куќа на ул. „Првомајска“1

Во таа пригода се пронајдени 96 монети и чифт масивни наушници -сите од сребро, собрани и закопани во кревок керамички сад, дополнително искршен при земјените работи.

На инсистирање на Комисијата за откуп теренот беше пребаран, но, освен расфрлените керамички фрагменти, не беа забележани никакви траги од времето на засолнувањето на депото.3

Бројноста, квалитетот, зачуваноста и составот на нумизматичкиот материјал предизвика особено интересирање кај научната јавност, така што тој беше компетентно и опстојно третиран во засебна студија.4

Авторот на оваа анализа, Вујадин Иванишевиќ, покажа дека депото содржело 12 венецијански матапани и 84 српски динари. Тие биле ковани од следните владетели: - 2 од Д. Контарини (1276-1280 г.);5

- 3 од Џ. Дандоло (1280-1289 г.);

- 7 од П. Гратениго (1282-1321 г.);

- | од Кралот Дагутин (1276-1282/1316 r.);

- 83 од Кралот Милутин (1282-1321 r.).

Детерминирањето на временската припадност и провенциенцијата на монетите обезбедува поголема извесност во анализата и на останатиот материјал од депото.

1321 година е значајниот хронолошки репер - terminus post диет, датум по којшто предметите доспеале под земја. Тоа значи, исто така, дека сите наоди од ова депо биле произведени и употребувани пред наведената година.

Покрај прецизноста на временската припадност (што се уште претставува една од најважните цели во археолошката мисла на нашето време), нумизматичкиот материјал е значаен показател и за состојбите во општеството, економијата, трговијата, циркулацијата на парите и нивната провениенција, но и за културата, обичаите и многу други аспекти од животот на еден простор во даденото време.

Дел од овие стојалишта веќе се согледани во наведената студија за монетите, меѓутоа, за да се добие поцелосна претстава за групниот наод од Усје, којшто, без сомнение, претставува еден од најзначајните, документирани, доцносредновековни археолошки откритија на движен материјал од регионот на Скопје, треба постојано да се обработат и останатите предмети од депото: чифтот наушници и керамичкиот сад6 (сл. 1а, б; сл. 4).

Наушниците од групниот наод од Усје претставуваат чифт маркантни примероци од т.н. тип со три јаготки.

Во Влезната книга на Музејот на град Скопје тие се водат под бројот 5333, а инвентарирани се под бројот 341.

На прв поглед, и двете наушници - како чифт се еднакви, но со оглед на нивниот начин на изработка со рачно обликување, тие не се потполно идентични. Освен тоа, кај едниот примерок механички е деформиран горниот дел од алката, а кај другиот има мали оштетувања на теглето и на кревките филигрански делови од јаготките. (ел. 1 а, 6, сл. 2 a, 6).

Димензиите на едната наушница се: 40 мм (должина) х 46 мм (ширина) и тежина од 17.00 гр, додека кај другата се: 48 мм (должина) x 42 мм (ширина) и тежина од 17.56 гр.

Идветенаушницисеизработениодквалитетносребро,приштосе7 применети посложените, златарски, изведбени техники на филигран и гранулација. Алките се оформени од двојно впреден тењ.8 кој на крајот од теглото е обликуван во кука за закопчување. Наспроти куќата долниот дел од алката завршува со петелка чинејќи го, на тој начин, специфичниот механизам за зацврстување на наушниците.

Сл. 2 а, б Чифт наушници (фототека - Музеј на град Скопје)
Сл. 2 а, б Чифт наушници (фототека - Музеј на град Скопје)
Илустрација, стр. 331

Украсниот дел се состои од три јаготки со еднаква големина, раздвоени меѓу себе и фиксирани на саканите позиции со намотување на тенка, двојно впредена, филигранска жица.9

Јаготките кај наушниците од Усје-Скопје се декорирани со калотесто издигнати осумлистни розети начинети од ажуриран филигран со крупна гранула на врвот. Во основата розетките се кружно оградени со фин впреден филигран. додека околу него има уште еден концентричен круг од крупни гранули.

Морфолошки тие припаѓаат на т.н. киевски шип со три еднакви јаготки од филигран и гранулација, за чијшто изглед, просторна и временска припадност, варијанти и вариетети од пооддамна опширно се расправало во стручната литература.10

Кај истражувачите на овој накит преовладува мислењето дека тие се инспирирани од византиската продукција!11 макар што има мислење и за нивната постара, античка провениенција.12

Сепак, неодминлив е фактот дека наушниците и обетките со три еднакви јаготки биле мошне омилени меѓу Словените и се често присутни во репертоарот на нивниот накит. Тие се особено застапувани во Украина (пред се, во киевскиот регион, според којшто и го добиле името киевски), потоа во Русија, Полска, Чешка. Словачка, Романија, додека на Балканот најмногу се среќаваат во Далмација - во старохрватската држава, донекаде ги има и во Босна, Србија, Бугарија, како и во Македонија.

Киевските остави во коишто се пронајдени повеќе варијанти на наушници со три еднакви јаготки се од особено значење за овој накит и неговото датирање.

Во Украинаи Русија се споменуваат примероци од овој тип изработени од племенити материјали, датирани уште од Х-ХШ век.13 Нивното присуство, сепак, е најзабележително во бројните депоа (клади) засолнети - закопани при воените или некои други опасности, пред се, во периодот од 70-тите година на XII век до 1240 година, до времето на монголската наезда.14

Далмација, исто така, е позната по бројните варијанти на наушници со три јаготки.

Првите истражувачи на старохрвайската културна група, како и останатите наушници најдени во нејзините рамки, и оние со три јаготки ги датирале во [X-X век,15 за потоа горната граница да се помести до XI век, и на крај, да се допушти и тоа дека ретки примероци од нив доспеале до доцниот среден век. Показател за последната датација се маркантните наушници со три ажурирани јаготки и две коленца меѓу нив, од гробот 88 - некропола Брнази кај Сињ, коишто се датирани со монети од Лудовиг Анжувински (1342-1382). Тоа е доказ дека и во Далмација као посебна варијанта, наушниците со три јаготки траеле и во XIV век.16

Во периодот од XIII-XIV век наушниците со три јаготки се забележителни не само во Далмација"17 туку и во северните делови на Хрватска,18 Бугарија,19 Србија?20 Македонија,21 како и во делови од „Панонија, средна Европа и Русија“? Ова во голема мера го потврдуваат и примерите од ликовните извори.

Обетки со три еднакви јаготки се насликани на портретот од кралицата Ана, жената на кралот Радослав од Студеница од првата половина на XIII

Особено е интересен податокот дека во Кралевата црква во Студеница, насликана во 1314 година, дури и малата Богородица носи една варијанта на обстки со три јаготки.24 Наушници со три јаготки се прикажани и на една конзола од камбанаријата на црквата Св. Дује во Сплит, датирана во XIV век.25

На самиот почеток од ХУ век (1402-1405 г.) насликан е портретот на ктиторката Вукосава од Руденица којашто, исто така, имала наушници со три јаготки.26

Последново е навестување за траењето на овој тип наушници и во периодот што следи. Ликовна потврда има и од XVI век од Крепичевец, на портретот од ктиторката Ѕора.27

Археолошките наоди од XVII-XVIII век „па и потоа во Далмација, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Романија, Русија и Украина“28 покажуваат дека наушниците со три јаготки опстојуваат еволуирајќи во барокизирани и пренагласени форми коишто се пренакитени со разни други додатоци како синџирчиња, трепетушки, украсни камчиња - стакленца и сл., во согласност со естетиката и нагизданоста на фолклорниот накит од наведеното време.29

Токму затоа, заради долгото траење на многу големи простори, наушниците со три јаготки од групниот наод од Усје-Скопје, најдени во затворена целина, како дел од депо датирано со монети, претставува значаен репер за детерминирањето, изгледот и развитокот на овој тип накит.

Севкупниот изглед на наушниците од Усје-Скопје покажува дека тие биле луксузни продукти на вешти мајстори од повидни работилници. Притоа, треба да се обрне внимание на обликувањето на теглото, јаготките, механизмот на закопчување, масивноста, металот (сребро), од којшто се изработени, и скапите изведбени техники на филигран и гранулација.

Дел од овие карактеристики се среќаваат и кај други типови на наушници од доцниот среден век, особено од XIV век. како стилска одлика на накитот од тоа време.30

Не земајќи ги предвид незабележителните механички деформации и оштетувања, кои можеби настанале дополнително по закопувањето, треба да се обрне повеќе внимание на малата, но сепак забележлива излижаност на надворешната површина и на автентичната „поправка“ на едната алка. Тоа дава за право да се помисли дека тие биле во употреба одреден број години. (сл. 16, сл. 26).

Сл. 4. Керамичко садте (фототека - Музеј на град Скопје)
Сл. 4. Керамичко садте (фототека - Музеј на град Скопје)

Ако 1321 година се земе како време по кое или кога тие биле закопани, а нешто пред тоа и биле произведени, тогаш има основа тврдењето дека наушниците од групниот наод Усје кај Скопје потекнуваат од почетокот на XIV век.

Финесите во изгледот, начинот на изработка на алките, јаготките и механизмот за прицврстување. како и релативно прецизното датирање нив ги квалификува како скоиска варијанта на киевскиот тип.

Керамичкиот сад во којшто биле засолнети монетите и наушниците од групниот наод од Усје кај Скопје, првично не беше забележан ниту понуден на Музејот на град Скопје. Низ разговорите водени со членовите на Комисијата за откуп, неговиот пронаоѓач се присети на „неугледните“ керамички фрагменти растурени околу другите наоди. При обиколката на теренот со внимание беа собрани поголем број откршоци, но, како што се забележува и од реконструкцијата. не беа најдени сите делчиња од садот.31 (сл. 3-4.)

Сепак. во целост може да се согледа неговата форма, декорација и начинот на изработка, како основа за натамошно типолошко и хронолошко детерминирање.

Останува нејасно на кој начин бил покриен садот. а не беше откриена ниту држалката за чиешто постоење има видливи траги на површината.

Керамичкиот сад од групниот наод од Усје-Скопје, во Влезната книга од Музејот на град Скопје се води под бројот 5332, а е инвентиран под бројот 342.

Неговиот облик има нагласена профилација, со речиси сферен реципиент, со рамна стопа и со врат кој во блага косина се проширува и завршува со одвај нагласена лачна устинка, а имал и држалка која е откршена, што всушност потсетува на едноушесто минијатурно грне. Тоа е изработено според примерот на грнците со една држалка познати уште од XII век, но особено карактеристични 3a XIII и XIV Вех.

За разлика од наведените грнци коишто служеле за подготовка и чување на прехранбени продукти и коишто биле со поголеми димензии (високи до 20.00 см, со пречник на дното од околу 9.00 см), примерокот од Усје-Скопје е висок 10.00 см. со дијаметар на стопата од 6.00 см. Ваквите мали димензии упатуваат на волумен што кореспондира со индивидуалните потреби, односно соодветствува на трнче - шолја за консумирање храна или пијалак од страна на едно лице.

Во пределот на вратот и на рамениот дел од реципиентот, видливи се по неколку плитко врежани, паралелни линии како единствена декорација на надворешната површина.

at Конзервацијата и реконструкцијата на керамичкиот сад ја изврши Марија Пандиловска. Бабиќ B., 1986, 286, сл. 90-92; Bajalovié-Hadzi Pedié M., 1981, T. IV, 3-4, T. X, 1-5. На дното нема траги од печатот на работилницата.

Глината од којашто е направен садот е средно пречистена, изработката е на брзоротирачко колце, а печењето е невоедначено, што на керамиката и дава од светлоцрвена до темносива боја.

Сето тоа упатува на евтин производ од масовната продукција карактеристична за доцниот среден век. Со оглед на датирањето на монетите и наушниците и посочениот terminus post quem од 1321 година како време по кое предметите биле закопани, и керамичкиот сад би можел да се датира на почетокот на XIV век. Во прилог на ова датирање треба да се земе предвид и кршливоста на керамичкиот материјал воопшто, и малата веројатност, како предмет за секојдневна употреба, садот да се ползувал подолго време.

Засега не е можно да се претпостави под какви околности и зошто некој, во мало, неугледно, керамичко сатче засолнил имот од 96 монети и чифт луксузни наушници.

Нема сомнение дека тоа било сторено заради некаква опасност (воена, или некоја друга), дека е избрано бележито место, како и тоа дека ниту сопственикот ниту неговите блиски не стигнале да се вратат и да го откопаат свосто, не така мало сребрено богатство.

Elica Maneva

Institute of Art History and Archaeology Faculty of Philosophy — Skopje

NEW DETAILS ON THE LATE MEDIEVAL HOARD

FROM USJE NEAR SKOPJE

Белешки

  1. Откупот е извршен на 15.05.1991 година од Комисија во чиј состав влегувал археолозите Ленче Јованова од Музејот на град Скопје, Јован Кондијанов од Музејот на Македонија и Елица Манева од Филозофскиот факултет - Скопје. ↩
  2. Групниот наод од Усје го откри Љупчо Тодоровски, сопственик на семејната куќа кога го насочивме наодот да го понуди на Музејот на град Скопје. ↩
  3. Првичните податоци за депото од Усје кај Скопје се изнесени од Ленче Јованова во Археолошка карта на Република Македонија, Скопје 1996, том II, оддел XXVI, Скопје, лок. 80, р. 362, 387; Археолошка карта на Република Македонија. том III, Скопје 2002, p. 100, карта 9, локалитет 579. ↩
  4. TvaniSevié V., 1996, 113-138. ↩
  5. IvaniSevi¢ V., 1996, 113-138. ↩
  6. За отстапените материјали за обработка благодарност на кустосите Л. Јованова и М. Ончевска Тодоровска од Музејот на град Скопје. ↩
  7. Прецизна анализа за составот на материјалот не е извршена. ↩
  8. Алките кај наушниците со три еднакви јатки често се изработени од мазен, единечен тељ. Корзухина Г. Ф., 1954, T. XXIX, 4, 5, T. XXXIII, 8, T. XXXIV, 4-6, T. XXVI, 1-6, T. XLVIII, 28-35 etc; Jelovina D., 1976, T. XXXVIII, 5-8, 16, 17, T. XXXIX, 7, 8, T. XL, 4,5, T. LVI, 1-3, LXII, 7, 9-12, T. LXI, 1, 2, T. LXXXII, 5-19, T. LXXXIII, 1-15 etc. ↩
  9. За класификацијата, генезата и типовите на наушници со 1, 2, 3 и повеќе јаготки во најразлични форми, големини и изведбени техники, види: Ковачевиќ J., 1949, 114-125. ↩
  10. J. Ковачевиќ обетките и наушниците со три еднакви јаготки со топчест облик и „многу богато и разновидно орнаментирани“, ги нарекува киевски шип или тип ВІ и ВІІ, прва и втора варијанта. (Кај втората варијанта јаготките се ажурирани): Ковачевиќ J., 1949, 115-116; Ковачевиќ J., 1953, 148, сл. 78. ete. ↩
  11. М. Ќоровиќ-Љубинковиќ се залага за византиското (малоазиско) потекло на наушниците со јаготки, наспроти хрватските истражувачи од првата половина на XX век коишто сметале дека тие се автентичен накит во далматинско-хрватскиот културен круг уште во IX-X век. Таа, исто така, смета дека наушниците со јаготки не биле типични само за едно тесно подрачје, туку дека биле повеќе дел од луксузниот „градски“ накит, биле одлика на велмошката одежда и украс на владетелските слоеви и се употребувале паралелно со другите типови (на пример. со оние од т.н. белобрдска култура). hoporuh-Jby6unkosmh М.. 1953, 204-205. ↩
  12. Marshal F. H., 1911, cat. no. 2565, 2567. ↩
  13. Рмебаков Б. А.. 1948, 337, рис. 89. ↩
  14. Корзухина Г. Ф., 1954, T. XXIX, 4, 5, T. XXXIII, 8, T. XXXIV, 4-6, T. XXXVI, 1-6, T. XLIII, 28-35, etc., сите од ITV7 група остави (клади) датирани од 70-тите години на XII век до 1240 година, односно до монголската наезда. ↩
  15. S Karaman Lj., 1956, 130. ↩
  16. © Gunjata 5., 1955, 126, 128, T. Ш, 88. ↩
  17. Jelovina D., 1976, 100. ↩
  18. Vinski Z., 1949, 34-35, J. Ковачевиќ 1949, 117, sl. 8, 124, п. 88. ↩
  19. Решава-Попова P., 1962, 78, 115, T. 1, 4, со наведени аналогии и литература; Александров I., 1984, 31, н. 8, обр. 3, со наведена литература и аналогии. ↩
  20. Б. Радојковиќ ги прикажува чифтот наушници од Зајачар од XIV7 век, како и позлатените примероци од XIV-XV7 век од Грборези во Босна. Радојковиќ Б., 1969, кат. бр. 25 и 26; Д. Милошевиќ обработува три наушници од втората половина на XIV век од Народниот музеј во Белград, но без податоци за местото на наод. Милошевин Д.. 1990, кат. бр. 254-256 etc. : ↩
  21. Манева Е., 1992, Т. 18, 89/9а, б; М. Ќоровиќ-Љубинковиќ споменува „сребрени византиски обетки од околината на Скопје (сега во Народниот музеј)“, какви што се најдени и во Теба - Грција. hoposuh-JbyGunkosuh M., 1953, 206; Примероците од Грција коишто секако се средновековни. Ф. Маршал ги датира од 1-Ш в. од н.е. Marshal Г. H., 1911, cat. по. 2565, 2567. ↩
  22. Детален опис за наоѓалиштата на сите видови обетки и наушници со јаготки са обемна литература види: Ковачевин Ј., 1949, 118-125. ↩
  23. Поровип-Грубинковит M., 1953, 206, сл. 4; Ковачевин Ј.. 1953, 155, сл. 87, бр. 1. ↩
  24. Ђоровић-Љубинковић М., 1953. 206. ↩
  25. Karaman Lj., 1940, 36. ↩
  26. е Ковачевиќ J., 1953. ↩
  27. Ковачевиќ J., 1953,76, сл. 42. ↩
  28. Roposuh-Jby6unKornh M., 1953, 204-205. ↩
  29. hoposuh-JbyOunkosuh M., 1953, 204-205, сл. 5; Нешева-Попова P., 1962, 82, T. II, 12-15; Ивановин Б.. 1995, 76-77. кат. бр. 234-236. ↩
  30. Длександров I, 1984, обр. 3: Ралојковин Б.. 1969. кат. бр. 15. 20, 21, 25; Милошевин Д.. 1990, кат. бр. 252, 252, 254-257; Манева Е., 1992, Т. 21, с/2а, 6, 58/50 ete. 5 km. to the southeast of Skopje. ↩
  31. The researches have shown that 12 coins are Venetian matapans and 84 are Serbian denars. ↩

Summary

New Details on the Late Medieval Hoard from Usje near Skopje

In 1991 the Museum of the city of Skopje purchased 96 coins and a pair of earring (all made of silver), which were concealed in a plain clay cup. The hoard was discovered during the construction of a house on Prvomajska Street 26 at the site Krst in the vicinity of the Church of St Athanasius in the village of Usje at some

They were issued by the following rulers:

“ — D. Contarini (1276-1280) - 2 specimens;

. G. Dandolo (1280-1289) — 3 specimens;

. P. Gradenigo 1289-1321) — 7 specimens;

- King Dragutin (1276-1282/1316) - one specimen;

* King Milutin (1282-1321) -- 83 specimens.

The pair of earrings with three identical ornaments are massive luxuriant specimens from some prominent workshops. There are no traces that they had been used before their concealing and they can be assumed to date from the beginning of the 14th century.

According to the finely elaborate details the earrings represent a Skopje variety of the Kiev type. Figs. la, b, 2a, b.

The clay cup in which the finds were deposited is reminiscent to a small onehandle pot. This cheep product for wide use in the Late Middle Age presumably dates from the beginning of the 14th century. Figs 3, 4.

At this stage of research it is not possible to presume the circumstances and reasons for concealing of this abundant silver treasure.

There are no doubts that it must have been done under threat of some peril (military or some other danger), that some marked place was chosen for its concealing and that neither the owner, nor his relatives managed to come back for it and dig it up.

Библиографија